
Скопје
26ᴼ /
26ᴼ



„Ролинг стоунс“ ќе ја затвори својата северноамериканска турнеја на 21 јули далеку од раздвижените градови во кои што свиреше досега. Рокерите ќе настапат во Риџдејл, Мисури, кој има помалку од илјада жители, излегувајќи на сцената во живописната арена „Тандер Риџ“ среде планините Озарк. Амфитеатарот со 20.000 седишта, од кој има поглед на езерото Тејбл Рок, беше отворен во мај. Изграден е од основачот и извршен директор на продавниците за ...
Оркестарот на Филхармонијата ќе свири на отворањето на Охридско лето на 12 јули на Антички театар од 21 часот. Фестивалот ќе се отвори со концерт на виолинистот Џулијан Рахлин од Литванија, кој ќе биде и диригент. На програмата се Концертот за виолина и оркестар во е-мол оп. 64 од германскиот композитор Феликс Менделсон и класичната Увертира-фантазија „Ромео и Јулија“ од рускиот композитор Петар Илич Чајковски. Рахлин првпат настапи со ...
Скопскиот диџеј и водител Зоран Ристевски, познат како Зоки Бејбе, вели дека запознавањето со Грејс Џонс по концертот во Скопје на 6 јули е остварување на неговиот детски сон. Организаторите на концертот на американската музичко-модна икона му овозможија да се запознае и слика со Џонс по нејзиниот настап на стадионот на АРМ. „Со ‘Авалон’ имам долга соработка и на разни начини сме имале прекрасни моменти. Имав можност да пуштам музика пред голем ...
Цезар салатата наполни 100 години. Рецептот за оваа популарна салата му се припишува на италијанскиот имигрант Цезар Кардини, кој ја измислил на 4 јули 1924 во неговиот ресторан „Палатата на Цезар“ во Тихуана, Мексико. Додека се соочувал со напливот на Американци кои ја преминувале границата во времето на прохибицијата, тој една вечер измешал цели листови зелена салата со состојките кои ги имал при рака, како масло со вкус на лук, ворчестер сос, ...
Шарените гратчиња и карпите со лимонови дрвја на крајбрежјето на Амалфи во Италија привлекуваат пет милиони туристи годишно. Сепак, патувањето дотаму не е лесно. Главниот начин да се стигне до гратчињата како Амалфи и Позитано е да се лета до Неапол, а потоа да се патува со воз и автобус, што одзема доста време. Ова наскоро ќе се промени бидејќи најблискиот аеродром во регионот заштитен од УНЕСКО ќе почне и со меѓународни летови. Аеродромот ...
Научниците пронашле докази дека пеперутките од видот лажен адмирал патуваат околу 4.200 километри преку Атлантскиот Океан без да запрат. Со ова откритие се става крај на една деценија долга мистерија, која почна кога ентомологот Херард Талавера пронашол десетина вакви пеперутки на плажа во Француска Гвајана во октомври 2013. Инсектите, кои вообичаено ги нема во Јужна Америка, имале дупчиња и гребаници на крилјата. „Изгледаа исцрпено. Веќе не ...
Грејс Џонс донесе малку екстраваганција во Скопје, одржувајќи незаборавен концерт во Градски парк пред илјадници фанови. За 76-годишната американска музичко-модна икона со јамајканско потекло времето како да застанало, ама пред неколку децении, кога беше на врвот на популарноста. Нејзиниот алт вокал звучи моќно како некогаш, телото ѝ е еластично како на тинејџерка, а модните додатоци впечатливи и уникатни. Концертот почна доста доцна и траеше ...
Во шведскиот град Гетене, 320 километри југозападно од Стокхолм, се продаваат парцели со цени кои почнуваат од само една круна или девет американски центи за квадратен метар. Гетене е рурална област со 5.000 жители кои живеат во самиот град и 13.000 во пошироката околина. Сместен е на брегот на езерото Венерн, кое не само што е најголемо во Шведска, туку и во Скандинавија и цела ЕУ. За планинарите, Гетене има и мала планина во близина, Кинекуле. ...
Грејс Џонс, една од најекстравагантните и најоригинални појави во современата поп-култура, вечерва ќе го има првиот концерт во Македонија. Седумдесет и шестгодишната Џонс ќе настапи на стадионот на АРМ во Градски парк во рамките на фестивалот Скопје колинг. Организаторот „Авалон“ најави дека американската музичко-модна икона со јамајканско потекло ќе одржи 90-минутен спектакл во придружба на бенд од 2-мина музичари. На неодамнешниот концерт во ...
Облека, модни додатоци и вредни предмети од „Версаче“, „Гучи“ и „Прада“ во сопственост на Елтон Џон се продаваат на аукција на Ибеј. Првата серија предмети беше пуштена во продажба во февруари, од дијаманти на „Картие“ до француски антиквитети и свилени кошули од „Версаче“. Пејачот, кој е прогласен за еден од најдарежливите милијардери во 2024, неодамна отвори нова продажба, а приходот ќе биде наменет за неговата фондација за борба против ...
Вечерва (5 јули) од 20 часот, на малата сцена на Драмски театар во Скопје ќе се одржи театарската претстава „Кенди“ според романот на Лук Дејвид, во продукција на театарот „Златен елец“. Адаптацијата и режијата се на Тамара Стојаноска, а играат Лео Поповиќ и Бобан Алексовски. Претставата лани ги доби наградата за најдобра партнерска игра „Бранко Ѓорчев“ на Интернационалниот фестивал на дуодрама „Бранко Ѓорчев“ во Неготино и наградата „Биш“ за ...
Недела на дизајн во Скопје, фестивалот за индустриски дизајн и дизајн на производи, ќе се одржи од 6 до 10 ноември во „Јавна соба“, Мала станица и во „Литература“ во „Дајмонд мол“. Темата на настанот е чиста мобилност. Ќе има изложбен дел за компании, панел дискусии, работилници, стручни дизајн предавања, работилници за деца и музичка програма. „Целта на фестивалот е да се подигне свеста за функционалноста на дизајнот и создавањето иновативни ...
Дел од најголемите хитови кои ги напишал легендарниот композитор Григор Копров се испеаjа на концертот „Најдобrото од Копров“, што се одржа сношти (4 јули) во Операта во рамките на Скопско лето. Повеќето песни ги испеа младата пејачка со богат вокал Ана Петановска, со која Копров соработува. Настапија и Наде Талевска, секогаш вокално бесперкорна, Горан Наумовски, кој е дел од организацијата, Денис Димоски и Владо Јаневски како специјален гостин. ...
„Меморија“ ќе одржи концерт во Скопје на 16 ноември во салата „Борис Трајковски“. Ова е трет скопски концерт на познатиот поп-рок бенд по повратничкиот во 2017, кој беше последниот музички настан на Саемот пред да се урне. На прес-конференцијата на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, басистот и лидер на бендот Петар Георгиевски-Камиказа се расплака по промоцијата на баладата „За тебе“. Оваа песна тој и бендот ја напишале како посвета ...
„Со тебе не гледам саат (бејбе)“ е новата песна на „Дупер“, која излезе вчера (3 јули) на јутјуб каналот на групата. Музиката и аранжманот се на Илчо Нечовски, а текстот го напиша Борис Какуринов. Песната е снимена и миксана во студиото „ХХЛ“ на Дејан Момировски. За песната е снимен и спот во режија на Трифун Ситниковски. Во спотот играат Методи Пендаровски, Мила Велевска, Владимир Какуринов, Павлина Нечовска, Константин Какуринов и Симон ...
Повеќе од 500 учесници од 20 ансамбли четири дена низ Велес ќе го шират звукот на фолклорниот мелос од десетина држави. Вчеравечер (3 јули) беше отворен 19. Меѓународен фолклорен фестивал во Велес, настан кој има најголема посетеност и најголем интерес во градот за една градска манифестација. Фестивалот ќе се одржува до сабота вечер. „Од годинава, фестивалот е дел од Светската организација на фолклорни фестивали ЦИОФФ. Иако е од меѓународен ...
Познатата српска пејачка и претставничка на Евровизија, Констракта, синоќа настапи на музичкиот настан „Ѕвездена симфонија“ на стадионот во Битола, со кој се отвори Битфест. Таа испеа дел од својот репертоар, а публиката ја почести и со хитот на Дино Двојник „Зошто правиш слон од мене“ (Зашто правиш слона од мене). „Станав популарна пред две години, а имам скоро 50 и ова ми е првпат да настапувам со цел оркестар. Сликајте ме и испратете ми ...
За српскиот актер Никола Ѓуричко секое доаѓање во Скопје е значајно, најмногу затоа што пред 40 години, во 1984, пеел на детскиот фестивал „Златно славејче“. Сношти (3 јули), тој настапи во „Јавна соба“ со својот бенд „Џони миднајт трио“, кој е основан во Лос Анџелес, каде што актерот живее со семејството. Ги свиреа песните од албумот „По сеќавање“ (Po sećanju), авторски песни на бендот и преработки на поп и рок хитови од поранешна Југославија. ...
„Здраво, Битола моја, никој не може да те замени“, рече поп-дивата Каролина Гочева на синоќешниот концерт во Битола, кој беше дел од музичкиот спектакл „Ѕвездена симфонија“, со кој се отвори 16. издание на Битфест. И покрај познатите музичари од странство кои беа дел од програмата, публиката најмногу реагираше со аплаузи на настапот на Каролина со Камерниот оркестар. На стадионот имаше неколку илјади луѓе од Битола и околните општини, кои на цел ...
Стотици илјади антилопи се снимени како ги поминуваат саваните во Јужен Судан, што се смета за најголема миграција на цицачи на светот. Оваа централноафриканска држава беше опустошена од војна во изминатите децении, поради што е небезбедно да се прават научни истражувања, па и податоците за движењата на дивиот свет се ограничени. Се верува дека околу шест милиони антилопи секоја година се селат од саваните на југот кон мочуриштата на северот и ...
Грчката пејачка со потекло од Нигерија Лав Итоја рече дека ја сака Битола зашто во градот нема ни ронка расизам. Таа е дел од музичарите кои настапуваат вечерва на настанот „Ѕвездена симфонија“, со кој вечерва се отвора 16. Битфест на стадионот „Петар Милошевски” во Битола. „Ќе донесам енергија и добри вибрации на сцената и ќе отпеам две преубави песни“, рече Итоја. Настанот започнува во 19 часот, а настапуваат и Констракта, Каролина Гочева, ...
„Модата и филмот“ беше насловот на традиционалната годишна ревија на Меѓународниот институт за мода „Изет Цури“, која се одржа во киното Милениум во Скопје. Студентите со своите дизајни прикажаа мотиви од светски познати филмови и серии, како „Матрикс“, „Господар на прстените“ „Појадокот кај Тифани“, „Титаник“, „Пријатели“ и други. „Моделите беа инспирирани од цртани филмови, акциони филмови и научна фантастика, со потсетување на култни филмски ...
Македонските композитори Григор Копров и Владимир Дојчиновски-Дојчин ја напишаа новата песна на хрватскиот пејач Владо Калембер. Копров е автор на музиката, а Дојчиновски на аранжманот на песната „Во љубовта сме кралеви и питачи“ (У љубави смо краљеви и просјаци), а текстот е на Саша Драгиќ. Оваа авторска тројка првпат соработува заедно. За песната наскоро ќе се снимат спот и македонска верзија, која Калембер ќе ја промовира на неговите следни ...
Вечерва (3 јули) од 20:30 часот, на сцената Долни Сарај во Охрид концерт ќе одржи „Танец“ во рамките на 63. Балкански фестивал на народни песни и игри. На 5 јули од 19 часот на Летната сцена на НУ Завод и музеј во Прилеп ќе има целовечерен концерт со изворен вокално-инструментален репертоар по повод отворањето на 50. Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“. Ансамблот „Танец“ ќе настапи и на манифестацијата „Галичка свадба“ на ...
Лубеницата е плод на летото. Во Америка е попопуларна од дињата затоа што е најдобро разладување во топол ден, составена од 91 процент вода. Едно парче лубеница е како да сме испиле чаша вода. Лубеницата е преполна со хранливи материи и антиоксиданси, кои вклучуваат витамини А и Ц. Бидејќи е претежно водена, може да послужи како добар избор за дневен внес на вода. Лубеницата содржи и калиум и магнезиум и релативно е нискокалорична. Во 150 грама ...
На 4 јули во Културно информативниот центар на Македонија во Софија ќе биде промовиран романот „Последното име на иднината“ од македонскиот писател Живко Грозданоски. Книгата во 2018 ја издаде „Антoлог“. За книгата, која ја трасира животната линија на тунелскиот инженер Јоха од Јена, Германија, ќе разговараат преведувачот Маријан Петров и авторот. По „Куфер за тројца“ („Или-или“, 2014), кој беше преведен од Тања Попова и објавен во Бугарија во ...
Јоланда Гжелчик, сопругата на полскиот амбасадор во Македонија Кшиштоф Гжелчик, донираше 50 книги за градската библиотека „Гоце Делчев“ од Велес, сите од полски автори, преведени на македонски јазик. Гжелчик е координаторка на проектот „Полска на полица“, со кој полската литература им се приближува на читателите во Македонија преку донации на дела од полски автори преведени на македонски јазик. Гжелчик го посети и Народниот музеј Велес, при што ...
Во чест на диџејот Кире Чипуровски-Чипуро (фото), кој почина пред две години на 44-годишна возраст, се одржа хуманитарна забава во битолската касарна наречена „Кај авионите“. На настанот учествуваа бројни битолски диџеи: и охридскиот рок бенд „Бекдор“, во кој членува музичар кој е дел од блиската фамилија на Чипуровски. Идејата е овај настан да прерасне во традиција. Собраните средства ќе бидат донирани за хуманитарни цели. Чипуро беше ...
Раперот Раде Врчаковски-Врчак заедно со аренби дуото „ДНК“ ќе одржи концерт во Охрид на 29 јули, на плажата Голден бич од 21 часот. Пред нив, настап ќе има диџејот Ајри Скреч. „Идниот месец ќе имам концерт во Охрид со ‘ДНК‘, а од септември се враќам со нови песни“, најави Врчак. При крајот на минатата година, тој по долги години сними нова песна, „Посреќна“ во дует со „ДНК“. На манифестацијата Златна бубамара на популарноста во февруари ...
Виена е прогласена за најпогоден град за живеење на светот на годишната листа на Економист интелиџенс јунит. Организацијата рангираше 173 градови според здравствената заштита, културата, животната средина, стабилноста, инфраструктурата и образованието. Виена е на врвот на листата трета година по ред, добивајќи „совршени“ оценки во четири од пет категории. Копенхаген го задржа второто место, а Цирих се искачи од шестото на третото место на ...