Културно информативен центар – Скопје забрзано навлезе во сите пори на градското културно живеење. Културниот аспект веќе ги покажува своите резултати преку освежена и интензивирана годишна програма, која започна со својата реализација во Центарот. Новина во работата на Културно информативен центар – Скопје беше и враќањето на информативниот карактер на установата што го воспоставиме преку издавање на првиот број на првиот електронски градски ...

Ново изненадување од Замрзнатиот Петко и 5+ Фамилија, проследено со многу музика, игра и дружење, ве очекуваат на СЛАДОЛЕНД – овогодиннешната мини-турнеја на 5+ Бенд. По повод јубилејот на 5+ образовната и забавна платформа која повеќе од 15 години успешно ги забавува и едуцира не само децата, туку и родителите, 5+ БЕНД и 5+ ФАМИЛИЈА подготвија ново музичко-сценско доживување за децата – овој пат фокусирајќи се на пораки за здрава и чиста ...

Со оглед на тоа дека Samsung доволно го има „испеглано“ Galaxy Fold и ланскиот Fold3 реално беше спремен за масовна продажба, очекувањата за оваа година се вртат околу неколку мали промени. Главната од нив може да се каже дека е поврзана со димензиите поради две причини. Едната е дека Galaxy Fold уште е реално доста голем уред, па зависно од тоа како корисникот го носи својот телефон, тоа може да претставува мала непријатност. Втората е поврзана ...

Во труд објавен во кинескиот Modern Defense Technology, група научници сметаат дека сателитите од Starlink на Елон Маск може да претставуваат проблем за безбедноста на земјата. Тие препорачуваат развој на методи кои би можеле да ги онеспособат сателитите, како и такви кои би овозможиле нивно уништување. Starlink е проект дел од SpaceX на Елон Маск кој има за цел да овозможи интернет пристап на секоја точка на Земјата. Тоа планираат да го ...

Макпетрол АД како општествено одговорна компанија и компанија која се грижи за задоволување на потребите на своите ценети потрошувачи секогаш е во чекор со најновиот техничко-технолошки напредок во примената на најновите адитиви за подобрување на карактеристиките на горивата како од експлоатационен така и од заштитен карактер на самото возило како и животната средина. Во соработка со еден од најголемите производители на адитиви во светот – Afton ...

Иако новите SSD дискови функционираат поразлично од HDD дисковите, сепак податоците од било кој вид на уред за податоци може да бидат вратени назад. Поради ова, доколку имате компјутер кој сакате да го продадете или да го дадете на некој, препорачливо е да го избришете на начин кој ќе овозможи заштита на вашите стари податоци. За разлика од порано, Windows 10 и Windows 11 овозможуваат лесно „форматирање“ на компјутерот со додатна можност за ...

Honda, кои го претставија својот план за производство на електрични модели, го прикажа изгледот на својот прв целосно електричен SUV, Prologue. Овој автомобил ќе почне да се продава во САД од 2024 година, а ќе видиме дали во Европа ќе има некоја варијанта, каде изборот на автомобили од овој производител е доста помал изминатите години во споредба со САД. Honda Prologue, барем од тоа што може да се види од едната слика, која е само илустрација, е ...

За повеќето популарни смартфони има неофицијални информации пред нивното претставување, но тие се обично во форма на слики и карактеристики. Во случајот со Pixel од Google работите одат чекор подалеку, па веќе неколку пати можевме да ги видиме уредите „оставени“ некаде или да видиме видео од како некој ги има без да се знае како успеал да дојде до нив. Google Pixel 7, кој Google го најави на годинешната I/O конференција, беше на кратко достапен ...

Согласно објавените податоци од Народната Банка на Република Северна Македонија, Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ го анализираше бројот и вредноста на реализирани онлајн трансакции со домашни платежни картички кон странски е-продажни места со цел да се креира слика каде најчесто Македонците купувале онлајн во текот на 2021 година. Во текот на изминатата година македонците реализирале вкупно 14,2 милиони онлајн трансакции со ...

Европската инвестициска банка (ЕИБ), банката на Европската Унија, денес официјално го инаугурираше своето претставништво во Скопје во склоп на просториите на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија. Со овој чекор, банката на ЕУ ја потврдува својата поддршка за одржлив раст и зелена транзиција на земјата. Новото назначено локално присуство ќе ја засили техничката и финансиската поддршка за приватните и јавните инвестиции ...

Microsoft објави листа на најдобрите апликации кои се достапни во нивната продавница за апликации на Windows. Апликациите кои се прогласени како најдобри се прогласени врз основа на гласање од страна на Windows заедницата, како и апликации избрани од страна на компанијата, односно Editor’s Choice Awards. Гласањето за апликациите започна на почетокот од овој месец, па еве и кои се апликациите кои корисниците на Windows ги сметаат како најдобри. ...

Според британската компанија Which?, Google Chrome е најлошиот интернет прелистувач кога е во прашање откривањето на „фишинг“ измамите, односно нападите. Според резултатите од оваа компанија, Chrome има откриено и спречено само 28% од нападите на Windows и само 25% од нападите на macOS. Ова, според компанијата, е загрижувачки кога ќе се земе во предвид дека ова најмногу користениот прелистувач во Британија, а истото важи и за остатокот од ...

Google работи на нова функција во нивната Google Health Studies апликација која на корисниците може да им донесе повеќе информации за квалитетот на нивното спиење. Според информациите, оваа функција моментално им е достапна на вработените во компанијата, па не е познато дали и кога ќе им стане достапна на сите корисници. Се верува дека сигурно би ја добиле корисниците на Pixel телефоните, а подоцна достапноста може да биде проширена на сите ...

Скопје, 30.05.2022 – Влезот на „Максим Горки“, попозната и како улицата на јапонските цреши, од неодамна го краси делото „Будење“ („Awakening“), на стрит-арт муралиската Нина Симовска од Just Because. Целосната реализација и изработка на оваа креација е подарок од dm дрогерие маркт за Скопје и е дел од актуелната кампања „Почувствувај ја моќта на инспирацијата“. Градејќи мост помеѓу уметноста и убавината, најголемиот дрогериски ланец во Европа ...

Apple ќе ја одржи својата позната WWDC конференција идниот понеделник, односно на 6 јуни, а доколку се земат неофицијални информации во предвид, истата ќе донесе доста интересни новини низ сите категории на производи од компанијата. Најголемиот број на информации доаѓаат од познатиот Марк Гурман од Bloomberg кој најчесто е во право со тоа што го објавува, па може да го сметаме како сигурно. Тој истакнува дека, иако нема да има некои поголеми ...

Во објаснувањето на уредникот на магазинот Fortune за рангирањето на компаниите се наведува дека се воделе од брзината на адаптацијата на новонастанатата деловна клима. „Со оглед на тоа што компаниите се стремат да поттикнуваат промени кога станува збор за стратегии за привлекување таленти, различноста, одржливоста и социјални прашања, потребно им е поразновидно лидерство на самиот врв. Но, им требаат и согледувањата и силата кои доаѓаат со ...

Скопје, 26 мај – Вчеравечер, во просториите на Телеком се одржа првиот ИНФО – ДЕН за третиот по ред младински предизвик: „Генерација без граници“ (Generation Unlimited), кој го организираат УНИЦЕФ и Фондацијата Телеком за Македонија. Повеќе од 60 млади луѓе, средношколци и студенти подетално се информираа за годинешниот предизвик, на тема: „Технологија за планетата – Дигитални технологии за справување со климатските промени“. Оваа година, ...

После скоро три години од претходната сезона и неколку „трејлери и тизери“, Stranger Things 4 конечно е достапна за гледање. Со оглед на тоа што серијата оди на Netflix, тоа значи дека целата нова сезона е веднаш достапна уште од денеска, па секој може да ја изгледа со сопствено темпо. Ова е една од најпопуларните серии не само на Netflix, па доста „фанови“ со нетрпение чекаа да стане достапна четвртата сезона. Колку од ...

Скопје, 27 мај 2022. Huawei, водечката светска технолошка компанија, им овозможува на своите корисници пристап до илјадници опции за летови, хотели и изнајмување автомобили преку својот пребарувач Petal Search, откако склучи договор за соработка со Skyscanner, обезбедувач на глобални информации за патувања. Пребарувањето на повеќе локации за да се најде соодветен хотел и да се направат аранжмани за патување е минато сега кога Petal Search се ...

Проектот ХалкЕко на Халкбанк АД Скопје со кој се поттикнуваат здрави животни навики и грижа за природата, но и се зголемува шумскиот фонд и се реализираат други активности во насока на заштита на животната средина, од страна на Министерството за економија е прогласен за најдобар општествено одговорен проект во категоријата „однос со животната средина“. Министерството за економија по 13ти пат го организираше изборот на најдобри ...

Скопје, мај 2022 година – vivo, бренд бр. 5 на паметни телефони ширум светот и официјално го објави своето присуство на македонскиот пазар. Познат по тоа што е бренд кој се фокусира на клиентите и нивните реални потреби, vivo наместо да прави иновации поради иновации, воведува некои од почетните технологии од индустријата за паметни телефони, како што се скенерот за отпечатоци на екранот или системот за камера стабилизиран со гимбал. vivo ...

Додека уште не се знае точно дали Елон Маск ќе стане сопственик на Twitter, компанијата има свои додатни проблеми, покрај обвинувањето од страна на Маск дека бројката на лажни и спам сметки е многу поголема од што се кажува. Од Twitter се договорија со Федералната Комисија за Трговија (FTC) да платат 150 милиони долари како казна за обвинувањето дека тие ги имаат злоупотребено податоците на корисниците. Поточно, од компанијата не ги информирале ...

СКОПЈЕ, 27.05.2022: Македонската компанија АССЕКО СЕЕ, дел од полската групација АССЕКО, успешно 20 години по ред ја продолжува имплементацијата на меѓународно признатиот ISO 9001:2015 стандард. АССЕКО СЕЕ, која инаку е еднапрвите ИТ компании кои се стекнаа со овој истакнат сертификат, доби пригодна плакета од сертификационото тело по повод 20. годишнината од првата имплементација на стандардот, на настан кој се одржа во просториите на ...

Веќе неколку години читаме за тоа дека Google планира да претстави Pixel уред на преклоп, односно со екран кој се превиткува, но тоа никако да се случи. Информациите обично се неофицијални, но тие сепак во повеќето ситуации се имаат покажано како точни, па може да се сметаат како такви и на оваа тема. Pixel Fold, односно Pixel Notepad, како што исто така може да биде наречен, требаше да го видиме конечно оваа година, некаде во последната ...

Живееме во време кога многу е лесно да се заборави колку е потребен и корисен Wi-Fi пристапот на јавните места. Можеби повеќето од нас сега имаме мобилни пакети кои вклучуваат брз интернет пристап со не толку мало месечно ограничување, но има ситуации кога тоа не е практично како што се мисли. Информацијата дека Скопје Сити Мол има пуштено повеќе точки низ трговскиот со бесплатен Wi-Fi иако навидум звучи едноставно, ни го привлече вниманието, ...

Преку мал „тизер“ на кинеската мрежа Weibo, Motorola најави дека некаде во јули ќе го претстави првиот смартфон во светот кој ќе дојде со камера која има 200 мегапиксели. Дека вакво нешто може да се очекува стана јасно минатата година кога Samsung го претставија нивниот ISOCELL HP1 сензорот со 200 мегапиксели кој доаѓа со „ChameleonCell“ технологија која овозможува групирање на 16 пиксели и добивање на една слика до 12,5 ...

3 настани, 3 града од 30ти мај. Кеитаро ви најавува IT Happy Hour. Ве очекуваме на опуштена IT дружба во Скопје, Охрид и Битола. Настанот е бесплатен, а своето место можете да го резервирате на: Следете не на нашите профили на Facebook, LinkedIn и Twitter за повеќе информации за специјални награди и изненадувања кои ве очекуваат на сите 3 локации. IT Happy Hour настаните се организирани од интернационалната компанија Кеитаро, што започнува со ...

Proton Mail сервисот е познат веќе неколку години како сервис кој нуди шифрирана имејл комуникација. Корисниците кои испраќаат пораки помеѓу себе можат да бидат сигурни дека нивната комуникација нема да биде прочитана од трети страни, но ова сепак не важи за пораките со други сервиси. Од компанијата, која е лоцирана во Швајцарија, во меѓувреме претставија дополнителни сервиси, исто така со акцент на приватноста на корисниците преку ...

Скопје, 25 Мај 2022 – Samsung Electronics и Hyundai Motor Group објавија дека електричното возило GV60 Genesis ќе биде првото што ќе поддржува дигитални клучеви со ултра широк опсег (UWB) достапни на Galaxy уредите. Седумте најнови модели на паметни телефони Samsung Galaxy ќе поддржуваат дигитален клуч напојуван од UWB технологија. Дигиталниот клуч ќе биде достапен преку апликацијата Samsung Pass – систем за складирање на дигитални ...

Некаде во април прочитавме дека Windows 11 ќе добие поддршка за „виџети“ од трети страни, односно од програмерите на другите достапни апликации, не само моментално достапните кои се од Microsoft. Тогаш се работеше за неофицијална најава, па секако чекавме да видиме што ќе кажат од Microsoft на темата. Од компанијата официјално го најавија доаѓањето на оваа функција на Windows 11, а временската рамка ја поставија за до крајот на ...

Утре дожд

58 минути - Макфакс - +3
weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
2.16
54%
1015
weather icon

Белград

17ᴼ / 17ᴼ
1.18
44%
1015
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
1.64
53%
1013
weather icon

Софија

13ᴼ / 13ᴼ
1.28
57%
1015
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
1.67
52%
1015
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 19ᴼ
0.45
54%
1013
weather icon

Атина

20ᴼ / 17ᴼ
3.58
59%
1016
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
2.16
64%
1015
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.61
67%
1015
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 14ᴼ
1.34
54%
1013
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 18ᴼ
1.79
35%
1012
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
3.99
45%
1017
Currency

61.525

Currency

54.9881

Currency

73.1796

Currency

35.6426

Currency

39.5037

Currency

65.5444

Currency

7.63169

Currency

0.68868

Currency

0.37382

Currency

0.52117

Currency

1.41766

Currency

0.64544

Иридиум

134266.78

Алуминиум

2.49

Кобалт

42.99

Никел

15540.32

Рутениум

19869.16

Калај

32.76

Сребро

1038.85

Злато

102521.84

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

31265.33

Родиум

172810.26

Цинк

2.64