
Скопје
16ᴼ /
16ᴼ



На големо задоволство на корисниците, Македонски Телеком ја збогатува својата понуда на MaxTV со содржините на првата македонска стриминг платформа GLEY. Во рамките на MaxTV, со GLEY, корисниците ќе можат да ги следат најновите домашни, регионални и светски филмови и серии, како и детска програма којашто е комплетно синхронизирана на македонски и албански јазик. Единствено во Телеком, платформата GLEY ќе биде достапна за следење директно преку ...
Nothing својот прв смартфон, Phone (1), треба официјално да го претстави на 12 јули. Поради големите очекувања кои доаѓаат од најавата од страна на основачот Карл Пеи, добро е што го видовме барем дел од телефонот, па можеме да имаме подобра претстава што да очекуваме. Телефонот беше прикажан минатата недела кога Nothing и StockX најавија дека ќе им овозможат на 100 луѓе да предвреме нарачаат свој Phone (1) преку процес на наддавање кој започна ...
Huawei на пазарот настапува со неколку видови на часовници, што значи дека секој може да се пронајде себеси, односно да го избере стилот кој го сака од еден ваков производ. Претходникот на часовникот кој сега го имаме на тест, Watch GT 2 Pro, беше еден од најубавите часовници на пазарот, а посебно привлечен го правеше стилот кој е целосно како класичен часовник. Со Watch GT 3 Pro, Huawei го продолжува тој стил, но го носи на неколку нивоа ...
Од почетокот на пандемијата, нашиот свет значително се промени и повеќето компании мораа да се прилагодат на новото нормално, со преземање големи чекори кон својот пат за дигитализација. Повременото „работење од дома“ стана „постојана домашна канцеларија“, повремените видео конференции речиси ги заменија состаноците лице в лице, а убаво е да се има виртуелни платформи за услуги на клиентите стана норма. На ова неочекувано брзо патување, бројни ...
Бројни истражувања покажуваат дека на младите им е потребна поголема финансиска писменост. Особено во кризни и турбулентни времиња, знаењата и вештините поврзани со финансиите се од клучна важност за нашето секојдневно живеење. Имено, финансиската писменост на возрасните кај нас изнесува 56% од максимумот што е значително пониско во споредба со возрасните од Европската Унија и земјите од ОЕЦД. Дополнително, анкетите покажуваат и дека младите во ...
На својата WWDC 2022 конференција, Apple ја претстави втората генерација од нивниот M чип, односно M2 чипот. Имаше доста шпекулации за што е тоа што може да се очекува од овој чип, па може да се каже дека тие беа во главно потврдени на настанот. Во основа беше познато дека M2 нема да претставува драстична промена, па овој чип дури го користи истиот процес на производство кој се користеше кај другите чипови од компанијата. Главната разлика е во ...
TikTok е толку голема конкуренција на Meta, што веќе од компанијата и не се ни обидуваат да го сокријат истото. Промените кои во периодот што следи може да се очекуваат на нивните две апликации, Instagram и Facebook, одат во подиректно приближување на нивниот главен конкурент. Проширување на просторот на кој се прикажуваат објавите на Instagram е нешто што веќе се тестира од минатиот месец. Оваа промена оди заедно со поголемо прикажување на ...
Telegram денеска официјално ја претставија најавуваната претплата за користење на апликацијата. Telegram Premium ќе им овозможи на корисниците доста ексклузивни функции за 5 долари месечно, а од компанијата истакнуваат дека ова ќе им помогне да продолжат да ја развиваат апликацијата уште долго време. Бесплатната верзија останува достапна како и досега со стандардните функции. Од компанијата исто така информираат дека нивната апликација ја ...
Microsoft официјално ја заврши поддршката за Internet Explorer минатата недела, а со тек на време и целосно ќе го избрише овој прелистувач од Windows 10, а во Windows 11 воопшто и не беше вклучен. Повеќето сигурно се прашуваат зошто воопшто е важно дали е завршена поддршката за Internet Explorer, нели повеќето корисници и така го користат Google Chrome, но тоа сепак не е случајот. Многу компании кои имаат стари веб апликации направени за овој ...
ЛОЗАНА, Швајцарија – Речиси секој осми пушач од 22 земји верува дека лидерите треба да ги почитуваат нивните ставови и интереси при одлучувањето за регулативите за тутунот и никотинот, покажа новото меѓународно истражување на компанијата Филип Морис Интернешнл. Истражувањето спроведено за Филип Морис Интернешнл од независната истражувачка компанија Поваддо на повеќе од 44.000 возрасни граѓани покажува силна поддршка за балансиран пристап кон ...
И оваа година, Македонски Телеком, во соработка со ИПСОС, спроведе истражување за дигиталната зрелост на македонските компании. Целта на истражувањето е да се добие увид во дигиталната подготвеност на компаниите во Македонија, да се разберат навиките и потребите за користење дигитални алатки, но и да се поттикнат малите и средни бизниси успешно и побрзо да се дигитализираат. И во 2022 година, истражувањето беше спроведено врз репрезентативен ...
Starlink проектот од познатата вселенска компанија SpaceX на Елон Маск, стана официјално достапен во Македонија. Овој интернет пристап е овозможен преку голем број на сателити кои се поставени во ниската орбита на Земјата, а во годините што следат се планираат повеќе илјадници сателити за оваа намена. Целта на SpaceX со Starlink е да овозможат интернет пристап на сите делови од Земјата. Во некои делови ова би значело прва можност за интернет ...
Microsoft оваа недела го претстави Microsoft Defender за приватните корисници. Ова софтверско решение е замислено како едно централно место преку кое ќе може да се менаџира безбедноста на сите уреди кои ги има корисникот, како и на семејството. Microsoft Defender, иако е бесплатен како додаток, може да се користи само со постојна претплата на Microsoft 365, односно е достапен за корисниците на Office пакетите. Апликацијата е достапна на сите ...
Скопје, 17.06.2022– Дали сте спремни? После флешмоб и џубокс, со хип хоп бетл се доближуваме поблиску до настанот кој ќе спои преку 20 земји од Европа. На Европското првенство во танци 2022, кое ќе се одржи од 2ри до 5ти јули, во Ист Гејт и СЦ Јане Сандански, ќе учествуваат преку 3000 танчери од цела Европа. За таа цел, оваа сабота (18.06.2022), со почеток од 18 часот, на платото во Ист Гејт, како последна најава за првенството, ќе се ...
Почнувајќи од оваа недела, сите корисници на Firefox прелистувачот ќе ја имаат автоматски вклучено функцијата Total Cookie Protection. Досега за вклучување на оваа функција беше потребно користење на Strict нивото во Enhanced Tracking Protection или да се користи Private режимот. Со оваа новина, сите корисници на десктоп верзијата од Firefox, поточно на Windows, macOS и Linux, ќе ја имаат предноста од дополнителна заштита на нивната приватност. ...
Својот прв и многу оптимистички најавуван телефон, Nothing ќе го претстави на посебен настан кој ќе се одржи на 12 јули. Nothing Phone (1) е најавуван како уникатен уред кој треба да ја промени „монотоната“ понуда на пазарот со години на која во главно доминираат Apple и Samsung, барем така најавува основачот на компанијата Карл Пеи. Како една од главните карактеристики која се очекуваше, врз основа на ланскиот дизајн на првиот производ од ...
Со години алгоритамот на Facebook беше прилагодуван да што повеќе ја прикажува содржината која ја објавуваат пријателите на корисниците, како и содржината која се смета како интересна за корисникот и генерално популарна. Ситуацијата кај друштвените мрежи сепак е доста променета изминатите години, па Facebook веќе не е толку популарна мрежа, а ова посебно важи за помладите генерации. Веднаш може да се претпостави кои се мрежите кои имаат поголема ...
Скопје, 15 јуни 2022 година – vivo официјално го лансира својот предводник на паметен телефон X80 Pro 5G во Европа, со што на корисниците ќе им донесе ново премиум мобилно искуство, со нови функции за кинематографска фотографија, коинженерирани со ZEISS. Надоврзувајќи се на основите на професионалната мобилна фотографија од серијата vivo X, новиот X80 Pro, со својот уметнички филмски режим, врвни перформанси и технолошки иновации, продолжува да ...
Adobe започна со тестирање на бесплатна верзија од Photoshop која ќе работи целосно преку интернет прелистувач. Оваа Photoshop веб апликација ќе ги има и дел од напредните функции од десктоп апликацијата, а планот е во иднина тие да се наплаќаат, додека бесплатни ќе останат основните функции. За почеток Photoshop преку веб е достапна во Канада, објавуваат од The Verge, но се планира во иднина да им биде пуштена на сите корисници. Кога точно се ...
Скопје, 15.06.2022г. – А1 Македонија веќе втора година по ред ја отвора програмата A1 WayUp и е во потрага по млади дипломци кои сакаат да го градат својот кариерен пат и да работат на реални проекти преку кои ќе стекнат вештини на иднината. Компанијата отвора вкупно 18 позиции за платена пракса, со полно работно време, а практикантите ќе имаат можност да го стекнат своето прво работно искуство и да работат на проекти од областа на анализа на ...
Од денеска официјално корисниците веќе нема да можат да го користат Internet Explorer, поточно неговата верзија 11 која беше последна. За повеќето корисници ова не претставува некаква промена во начинот на функционирање, па се сведува само на интересна вест. Internet Explorer 11 воопшто и не беше достапен на Windows 11, што значи дека оваа одлука се однесува на Windows 10. Со некоја идна надградба овој стар и непопуларен интернет прелистувач ...
Уште не е до крај познато дали ќе продолжи процесот на купување на Twitter од страна на Елон Маск. Kако главна пречка се појави обвинувањето од негова страна дека мрежата не ги објавува точните бројки за лажните и спам сметки. Маск смета дека бројката на вакви сметки е многу поголема од тоа што се објавува, а од Twitter на крај се сложија да му дадат пристап до потребните информации за да може да ги провери овие тврдења. Тој утре, односно на 16 ...
По најавата во јануари оваа година, познатиот стриминг сервис Disney+ официјално стана достапен и во Македонија. Корисниците можат да се претплатат на сервисот исто како и на конкурентните и да ја гледаат содржината на повеќе уреди, а достапни се и профили со што може да се користи од страна на повеќе корисници. Цената по која е достапен Disney+ изнесува 7,99 евра месечно или 79,90 евра доколку се плати однапред цела година, со што се добива ...
Новата технолошко индустриска зона Скопје 3, ќе стане првата високотехнолошка зона која ќе се фокусира на напредни технологии и ќе функционира како Јавно приватно партнерство. Директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски, на денешната презентација на студијата за изводливост изјави дека новата технолошко индустриска развојна зона ќе понуди нов концепт на работење. „Целта е, а тоа го покажа и студијата, да генерираме инвестиции некаде над 850 милиони ...
Иако во денешно време повеќето имаме мобилни планови кои вклучуваат повеќе месечен интернет пристап со одлични 4G, а сега и 5G брзини, сепак не ретко се случува да гостите кои ни се дојдени, повеќе би сакале да се поврзат на домашната Wi-Fi мрежа. За ова може да има неколку причини, како на пример послаб сигнал од мобилната мрежа во тој стан или куќа или штедење на месечното ограничување. Наместо да ја кажувате вашата лозинка, па гостите да ...
Во мај, менаџерот за производи во Thunderbird Рајан Ли Сајпс, најави дека мобилната апликација од овој познат имејл клиент доаѓа наскоро. Иако имаше предлози и најави да се поддржи веќе постоечки проект, сепак се очекуваше дека ќе биде развиена целосно нова апликација. Сега официјално е најавено дека целосно нова апликација нема да се развива, па Thunderbird на Android ќе дојде во форма на веќе познатата K-9 Mail апликација. Оваа апликација исто ...
NASA планира да креира посебно тело во рамките на агенцијата кое ќе ги истражува познатите неидентификувани летачки објекти, кои сега посебно се нарекувани неидентификувани воздушни феномени. Посебно значење се дава на именувањето на овие појави поради големото значење кое го има изразот НЛО и обично се поврзува со постоењето на вонземјани и наводното криење на нивното постоење од страна на владите. Од агенцијата истакнуваат дека нема докази ...
Дивизијата за управувани услуги на Сеавус само што го доби својот 250-ти вработен. Ова е огромно достигнување за дивизијата во која работат луѓе од 15 различни националности и од 17 различни градови во светот. Всушност, во последниве неколку месеци, истата порасна за дури 65 вработени, од кои десетмина доаѓаат од ITOSE талент програмата на компанијата. „Возбудена сум и благодарна што нашиот тим ја достигна бројката од 250 вработени. Имајќи го ...
После години на барање во File Explorer да се додадат „табови“, Microsoft конечно најави дека официјално работи на развојот на оваа функција во април оваа година. Сега функцијата е спремна за тестирање, па стана достапна во најновата верзија од Windows 11 во Dev каналот. Dev каналот од Windows Insider програмата не е поврзан со некоја конкретна верзија од Windows 11, што значи дека не можеме да знаеме кога Microsoft планира да ја пушти оваа нова ...
Telegram е една од најпопуларните апликации за разговори во светот, а и една од најуспешните кога е во прашање конкурирањето на Messenger и WhatsApp од Meta, Viber и другите. Две причини се одговорни за успехот на Telegram. Едната е брзината на работата на апликацијата која додека не ја пробате, не очекувате дека тоа е нешто кое може да се забележи во денешно време. Тука се и стандардните функции кои го прават разговарањето преку Telegram ...