Централен музички настан на почетокот на јуни во Скопје веќе 25 години е ОФФест, фестивалот на „музиката на светот“, или по ново, како што ни објасни Оливер Белопета, „глобалната музика“, која ќе биде презентирана со учесници од 12 земји. Јубилејно 25. издание на ОФФест ќе се одржи од 3 до 6 јуни во Скопје. Првите три фестивалски вечери ќе се одржат во Националната опера и балет, а последната во Младинскиот културен центар. Следејќи ја ...

Оффест, фестивалот на музиката на светот по 25. јубилеен пат ќе се одржи од 03. до 06 јуни на сцените на МОБ и МКЦ. Организаторот најави 8 концерти со репрезентативни имиња и покрај тоа што, како што кажа, спонзорите се намалиле, Град Скопје не го финансира фестивалот откако градоначалник станала Данела Арсовска, па досега, ресорното министерство како покровител доделило 35 илјади евра, а Скопје нема ни летна сцена. Затоа амбициите за ...

Од 3 до 6 јуни, Скопје повторно ќе стане центар на светската музика, со јубилејното, 25-то издание на ОФФест 2026 и настапи на извонредни артисти, со особено силно присуство на африканската музичка сцена. Разновидноста на звуци, од традиционални до современи експериментални изрази, го прави ОФФест уникатно доживување за сите љубители на музиката. Фестивалските вечери ќе се одвиваат на две препознатливи локации – првите три вечери во ...

– „Оффест“, во целото фестивалско минато, секогаш имал големи африкански имиња од сите земји, меѓутоа, обично биле по еден, максимум по двајца изведувачи секоја година, и тоа од одреден регион. Годинашниов фокус значи дека обединуваме повеќе региони на Африка. Правиме еден пресек од тие региони, што сè се слуша и што е најактуелно. Притоа, се разбира, тоа ќе биде интересно да се види, оти овде се создаде една традиција да се сака африканската ...