Зоолошката градина во Скопје веќе еден век е сведок на многу убави, но и несекојдневни приказни поврзани со нејзините жители. Преку фејсбук-објава на Државниот архив на РС Македонија јавноста имаше можност да се потсети на еден интересен, но и вознемирувачки настан, на кој се сеќаваат постарите генерации во главниот град. Истражувајќи ги старите изданија на весникот „Нова Македонија“, Архивот наишол на несекојдневната драма во Градскиот ...

Научниците откриваат дека сексуалната синестезија може да предизвика неволни појави на бои, облици, па дури и цели сцени за време на сексуалното возбудување или оргазам, пишува „Вајс“. Дали некогаш сте доживеале толку интензивен оргазам што сте имале чувство дека гледате бои? Не како метафора, туку навистина сте забележале живописни нијанси пред очите? За некои луѓе тоа е реално искуство и, според научниците, станува збор за невролошка ...

Понекогаш вниманието ни го привлекува детаљ што другите речиси и не го забележуваат. Токму на оваа идеја се засноваат популарните визуелни тестови на личноста кои кружат на социјалните мрежи, пишува „Сенса“. Од научна гледна точка, психолошкиот тест е метод што се користи за мерење и процена на различни аспекти од човековото однесување, способности, особини на личноста и менталното функционирање. Пред вас е илустрација на која се кријат ...

Името на Ибн Сина познат како Авицена, со векови се помни како едно од најголемите лекари, научници и филозофи на средниот век. Неговото најпознато дело, „Канон на медицината“, со векови се проучувало и на Истокот и на Западот, нудејќи сеопфатен поглед врз здравјето, исхраната, движењето, сонот и рамнотежата меѓу телото и умот. Неговите совети и денес звучат исклучително современо, а ова се клучните работи на кои Авицена им придавал ...

Добра вест стигнува од Битолско Лознани – пожарот што се закануваше на населените места во регионот е успешно ставен под контрола, а благодарение на навремената и одлучна реакција на надлежните служби и на помошта од локалното население, куќите се спасени и нема уништени или оштетени семејни објекти. И покрај тешките услови и непристапниот терен, противпожарните екипи, доброволците и мештаните успеаја да го запрат ширењето на пламените ...

Во реваншот од третото квалификациско коло на Конференциската лига на УЕФА, на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје фудбалерите на Шкендија одиграа реми (0:0) против Хибернијан. Поради поразот од првиот меч (2:1 во Единбург, елиминиран е и последниот македонски претставник ова лето, а во плејофот од натпреварувањето оди шкотскиот претставник. Пред стартот на натпреварот, имаше едноминутно молчење за Имер Река, првиот секретар на ФК ...

Разбојник вечерва се обидел да ограби обложувалница во скопската населба Ченто, при што бил избоден вработен во објектот, објави „Скопје1“. Според првичните информации, нападот се случил во самиот објект на обложувалницата, а по драматичниот инцидент, повредениот вработен бил преземен од екипа на Итната медицинска помош и пренесен во Ургентниот центар. На местото има голем број полицајци, кои преземаат мерки за обезбедување на просторот. ...

Надлежните грчки институции досега официјално не го известиле Македонскиот конзулат во Солун за тоа колкумина македонски државјани се евакуирани од туристичкото место Сивири на Халкидики, каде попладнето и вечерва беснееше голем шумски пожар, информираа од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Македонски државјани телефонски се обратиле до претставништвото за информации, при што им биле пренесени упатствата и насоките ...

Познатата водителка Опра Винфри одговори на децениските критики упатени на нејзина сметка, поради тоа што им даде медиумска платформа на Фил Мекгроу познат како Д-р Фил и Мехмет Оз понат како Д-р Оз, кои подоцна станаа влијателни ТВ-личности и политички активни фигури. Во интервју за „Еми магазин“, 72-годишната Винфри ги објасни причините зошто првично ги ангажирала во нејзиното популарно шоу, пишува „Пипл“. Винфри го запознала Д-р Фил за ...

Еурофарм Пелистер ги заврши подготовките во Словенија со максимален ефект, откако во последниот натпревар славеше против Словењ Градец со 22-21. Битолчани претходно беа подобри од селекцијата на Катар и словенечката Крка, па така запишаа три победи во исто толку одиграни натпревари. За македонскиот вицепрвак ова беа првите подготовки под водство на искусниот хрватски тренер Лино Червар, кој летово го презеде тимот. По завршувањето на ...

Големиот шумски пожар што го зафати подрачјето на Сивири, на првиот крак на Халкидики, е ставен под контрола по тешка интервенција на противпожарните и спасувачките служби. Огнената стихија предизвика масовна евакуација на жители и туристи, а стотици луѓе беа извлекувани директно од плажите со бродови и други пловила. Во големата поморска спасувачка операција од плажата во Сивири било спасено вкупно 481 лице. Во акцијата биле вклучени два ...

Во два случаја забележани во полицискиот билтен вчера, заталкани куршуми оштетиле автомобили во Скопје. „На 12.08.2026 во 10:55 часот во СВР Скопје, С.Р.(53) од скопско пријави дека на подрачјето на Чаир, од заталкано зрно од огнено оружје била оштетено ветробранско стакло од товарно возило „опел“ со скопски регистарски ознаки. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР за првиот случај. Во вториот, оштетена е шофершајбна ...

Патнички воз денеска попладне излета од шините на југот на Англија, по што беше покрената голема спасувачка операција. На местото на несреќата се распоредени бројни полициски и итни служби, потврдија властите, пренесува Си-ен-ен. Несреќата се случила околу 15 часот и 54 минути по локално време во близина на железничката станица Луис, во округот Ист Сасекс, околу 70 километри јужно од Лондон. Британската транспортна полиција објави на Икс ...

Сер Алфред Џозеф Хичкок е роден на 13 август 1899 година во Лејтонстоун, предградие на Лондон, како најмладо дете на трговецот Вилијам Хичкок и неговата сопруга Ема Џејн, родена Вилан. Починал на 29 април 1980 година во Лос Анџелес, на 80-годишна возраст. Хичкок израснал во католичко семејство и се школувал во језуитскиот колеџ „Свети Игнатиј“ во Стемфорд Хил. Детството му било осамено, а позната е и анегдотата според која неговиот татко, ...

Охридското Езеро и натаму се одржува над просечното августовско ниво, покажуваат најновите податоци на Управата за хидрометеоролошки работи. Денеска нивото на езерото изнесува 693,57 метри надморска височина, што е за 11 сантиметри над просекот за август, утврден на 693,46 метри. Во однос на дозволениот минимум од 693,10 метри, нивото е повисоко за 47 сантиметри. И температурата на водата е над просечната. Утринава во 7.30 часот биле ...

Кратките преговори со Алберт Риера вродија со плод, па управата на Црвена звезда успеа за само неколку дена да го убеди шпанскиот тренер да се пресели во Србија и да го преземе првиот тим на најтрофејниот српски фудбалски клуб, објавија српските медиуми. Информацијата ја потврди најпознатиот фудбалски новинар Фабрицио Романо, а наскоро се очекува и официјалното претставување на Шпанецот во Белград. Риера потпишал двегодишен договор со Црвена ...

Белгискиот репрезентативец, Јури Тилеманс ова лето го напушти „Вила Парк“ и направи трансфер во Манчестер јунајтед за 35 милиони фунти. Тилеманс во Астон вила пристигна во 2023 година како слободен играч од Лестер и одигра важна улога во успешниот период на клубот под водство на Унаи Емери. Минатата сезона помогна во освојувањето на Лигата на Европа, а постигна и гол во финалето. Tielemans’ Touches™️ pic.twitter.com/J1sLioj668 — Manchester ...

Гала-вечерта на Музејот на Филмската академија (Academy Museum Gala), еден од најпрестижните настани во Холивуд, ги објави добитниците на признанијата за 2026 година. Годинашни лауреати се актерката Шарлиз Терон, актерот Колман Доминго и познатиот режисер Џон Карпентер, пишува „Холивуд репортер“. Иако настанот е поврзан со Американската филмска академија, тој претставува посебен бренд и иницијатива на Музејот во Лос Анџелес. Овогодишното ...

Ретко е епиграфот на еден филм толку концизно да сумира сè што ќе видите. Но, кога „Тони“ (Tony), новиот филм за покојниот готвач и писател за храна Ентони Бордејн, започнува, на екранот се појавува цитат од неговата значајна книга од 2000 година „Кујнска доверливост“ – мемоари за неговите рани денови работејќи во ресторанските кујни. „Бев – искрено – разгален, несреќен, нарцисоиден, самодеструктивен и безгрижен млад кретен“, вели цитатот. ...

Тројца битолчани, за кои има сомнение дека се ловокрадци, рано утрово околу три часот биле уапсени на територијата на Националниот парк „Пелистер“, откако полицијата ги затекла вооружени, соопшти МВР. „На 13.08.2026 во 03.00 часот на место викано „Голема грива“ во Национален парк „Пелистер“, полициски службеници од Полициското одделение Велушина и од криминалистичката полиција при СВР Битола ги лишија од слобода Н.С.(33) од Битола, Р.Ј.(53) ...

Поранешниот вицепремиер Артан Груби и уште седуммина други луѓе обвинети за злоупотреби во „Државна лотарија“, на 24 август ќе седнат на обвинителна клупа во Кривичниот суд. Ова го соопшти Судот откако Обвинителството поднесе обвинение. – Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против Артан Груби и други лица. На сите обвинети им се става на товар кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 5 ...

Евролигата се подготвува за голема промена во форматот, бидејќи сезоната 2026/27 е предвидена да биде последна во која натпреварувањето ќе се игра со 20 кошаркарски клуба во систем на кружни натпревари. Планот е елитното европско клупско натпреварување да се прошири од сезоната 2027/28, додека сегашниот систем на лигата би можел да се замени со конференции. Ова го откри генералниот менаџер на Олимпија Милан, Христос Ставропулос, кој ...

Поранешната победничка и водителка навогодишниот избор за „Мис Универзум Канада“, Ешли Калингбул, го прекина финалето на натпреварот за да упати јавна критика на двете натпреварувачки поради тоа што носеле скандалозни костими кои содржат елементи на традиционалната облека на домородните народи. Калингбул, која е припадничка на домородниот народ Кри и првата староседелка што ја освоила оваа титула во 2024 година, реагираше за време на ...

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, објави видео од големиот пожар кај селото Лозани, битолско. Кажа дека огнот стигнал до куќите, но благодарение на пожарникарите и локалното население е спречена голема катастрофа. Сепак, рече Ангелов, опасноста продолжува. – Пред малку селото беше во опасност, куќите се веднаш зад нас. Благодарение на пожарникарите од Битола и локални селани спречена е катастрофа, но ...

Полицијата на Косово соопшти детали за апсењето на лице осомничено за шпионажа, кое било лишено од слобода на граничниот премин Мердаре. Станува збор за Ф. С., кој по одлука на Специјалното обвинителство е задржан во полициски притвор 48 часа, јавија косовските медиуми. По апсењето, истражители од Дирекцијата за истрага на организиран криминал и тешки кривични дела, со судски налог, извршиле претрес во домот на осомничениот во селото Драгаш, ...

Дарвин Нуњез би можел повторно да заигра со Мохамед Салах ова лето, откако поранешниот напаѓач на Ливерпул, наводно, постигнал договор за трансфер во Трабзонспор. Нуњез е надвор од плановите на Ал-Хилал и една година по заминувањето од Ливерпул, ова лето повторно бара нов клуб. Иако пред некое време се поврзуваше со враќање во Ливерпул, а интерес за него покажуваше и Њукасл, најверојатната дестинација за Уругваецот е Турција. Турскиот ...

Американскиот технолошки гигант „Гугл“ официјално ја претстави новата серија паметни телефони „Пиксел 11“, која носи повеќе меморија, новиот чип „Тензор Г6“ и значително поголема интеграција на вештачката интелигенција, пишува „Евроњуз“. Основниот „Пиксел 11“ сега доаѓа со 256 гигабајти простор за складирање, додека верзијата од 128 гигабајти е укината. Почетната цена изнесува 899 долари, односно околу 770 евра, што е за 100 долари повеќе од ...

Полската тенисерка Ига Швјонтек ја елиминираше Елина Свитолина со 6:3, 1:6, 6:3 и се пласираше во финалето на турнирот во Торонто, Канада, каде што ќе игра за титулата со Елена Рибакина, која ја победи Коко Гоф со 2:1 во сетови во одличен финиш. Швјонтек ја победи Свитолина, од која ги загуби двата претходни мечеви оваа година, и се пласираше во своето прво финале оваа сезона. Нејзин ривал во дуелот за трофејот ќе биде Рибакина, која ја ја ...

Фудбалска Европа вчера се запозна со еден од најголемите таленти од генерацијата 2009 – Брајан Џомени Маџо. Напаѓачот на Астон вила постигна гол на своето деби за клубот од Бирмингем против Пари Сен Жермен во Суперкупот на Европа, израмнувајќи на 1:1. Маџо е роден во Енфилд, Англија на 12 јануари 2009 година и има само 17 години. Неговата физичка градба потсетува на Ромелу Лукаку, а поради неговата висина, силата и голгетерскиот инстинкт, ...

Адина Михај (31) и нејзиниот партнер Мадалин Думитру (30) се осудени на по 17 години затвор поради смртта на двајца мажи кои ги дрогирале и ограбиле. Михај се претставувала како сексуална работничка и договарала средби во домовите на жртвите, додека Думитру ѝ помагал во изработката на профили на интернет. Двојката во јуни ја признала вината за убиство од небрежност, а пресудата им била изречена денеска во судот во Оксфорд, објави „Скај њуз“. ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Загреб

5ᴼ / 0ᴼ
1.03
79%
1028
weather icon

Софија

-3ᴼ / -3ᴼ
0.51
100%
1031
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
2.83
92%
1031
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
89%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.58
67%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
0.0
63%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
81%
1026
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
72%
1032
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 1ᴼ
1.79
79%
1029
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 6ᴼ
2.57
92%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Рутениум

61086.42

Сребро

1670.34

Злато

130856.75

Кобалт

33.53

Платина

49319.25

Алуминиум

3.07

Родиум

295786.87

Паладиум

32279.35

Бакар

12.58

Калај

46.54

Иридиум

315077.32

Цинк

3.76