Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Грчката министерка за туризам, Олга Кефалогиани, ги уверува израелските посетители дека се безбедни во Грција, и покрај серијата напади врз туристите што предизвикаа осуда од грчката еврејска заедница, пренесе Катимерини. Кефалогиани изјави во петокот дека Грција „гарантира безбедност“ на сите посетители. „Расистичките и насилните акти се казнуваат на примерен начин, добиваат целосна осуда и немаат место во нашата демократија. Грција ...
Владата на бугарскиот премиер Румен Радев го внесе билатералниот спор со Македонија во својата „Програма за управување 2026-2030“, со конкретна формулација и со рок до мај 2030 година. Секако, тоа не мора да значи дека Софија на овој начин си поставува рок дотогаш да го „реши македонското прашање“, но дефинитивно значи дека односите со Скопје се формализирани како една од задачите што актуелната бугарска власт планира да ги следи практично до ...
Пол Погба повторно е без клуб, откако Монако и францускиот фудбалер спогодбено го прекинаа договорот, иако соработката требаше да трае до јуни 2027 година. Погба во Монако помина само една сезона и одигра шест натпревари, со вкупно 115 минути на теренот. Повредите дополнително му го отежнаа враќањето по долгата суспензија поради допинг. Сега 33-годишниот фудбалер повторно ќе бара нов клуб, а меѓу можните дестинации се споменуваат МЛС и ...
Хејден Панетиер (36) била во врска со браќата Брајан и Зак Хикерсон – кои биле заедно на местото на настанот кога актерката почина од предозирање, открива „Дејли мејл“. Шокантната вест доаѓа откако Зак Хикерсон (38) првпат бил виден како се држи за раце со Хејден, додека папараците ги фотографирале. Зак одбил да коментира кога го контактирал „Дејли мејл“ откако полицискиот извештај открил дека и тој и неговиот брат Брајан (37) – повременото ...
Една од препораките на Институтот за јавно здравје за заштита од западнонилската треска која ја пренесуваат комарците е: „применувајте заштитни средства (репеленти) во облик на лосион, стик, аеросол-спреј или крем за кожата и за облеката, кои ги одбиваат комарците“. „Слободен печат“ направи обиколка низ продавниците во градот за да ги види цените на овие производи. Најевтиниот што го пронајдовме чини 305 денари и на рафтот имаше само еден ...
Иако повеќе од 90 отсто од испитаните примероци покажале дека водата за пиење во Македонија е исправна, дел од домаќинствата и натаму користат вода која не е ниту биолошки ниту хемиски проверена, а најголем проблем останува третманот на отпадните води, пишува „Порталб“. Податоците од „Статистика на животната средина за 2025 година“ на Државниот завод за статистика покажуваат дека од 2013 до 2022 година, повеќе од 90 отсто од анализираните ...
Со емотивна објава и топла приказна, од хрватската писателка и колумнистка Ведрана Рудан се прости уредничката во „Арс Ламина“, Татјана Димовска-Атанасова. Рудан почина вчера по тешка борба со ракот на 76 години, а веста за нејзината смрт беше објавена и на нејзината официјална страница со пораката: „Ведрана замина во подрачје без сигнал“. Димовска-Атанасова во објавата се присети на нивното запознавање на Саемот на книгата во Скопје, на ...
Екраните се неизбежен дел од секојдневието, а децата сè почесто поминуваат голем дел од слободното време со телефон во рацете или пред телевизор. Иако технологијата има свои предности, прекумерната употреба може негативно да влијае врз нивниот развој. Во последно време сè повеќе се зборува за екранитис – термин што се користи за низа развојни тешкотии поврзани со прекумерното време пред екран. Проблеми со вниманието и концентрацијата, ...
Од септември, две училишта во општина Аеродром ќе воведат едносменска настава, наместо како досега во смени. Тоа се училиштата „Александар Македонски“ во Реонски центар и „Димитар Македонски“ во Лисиче. Во моментов во училиштето „Александар Македонски“ се одвиваат градежни работи за доградба на три нови училници со кои ќе се овозможи едносменска настава. Инвестицијата е поддржана од Министерството за образование и наука во вредност од 2,2 ...
Република Чешка го поддржува членството на Северна Македонија во Европската Унија и е подготвена да направи сè што е потребно за земјава што поскоро да стане членка на Унијата, порача денеска заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Чешката Република, Петр Мацинка, по средбата со македонскиот колега Тимчо Муцунски. Тој рече дека Чешка е подготвена да помогне во спорот меѓу Скопје и Софија, преку изнаоѓање решение ...
На денешен ден, во 1954 година во Струмица, е роден Гоце Арнаудов, легендата на македонската фолк-музика. Препознатлив по својот моќен глас и безвременските хитови, кои и ден-денес нè веселат, тој остави траен белег на македонската музичка сцена. Арнаудов уште на десетгодишна возраст почнал да свири на гитара и да пее во групата на неговиот татко. По завршувањето на средното образование, Арнаудов ја формирал групата „Крик“, со која се ...
Кошаркарскиот клуб Соколи 1933 продолжува да го засилува ростерот за новата сезона во која се големи шансите да настапува во најсилната македонска кошаркарска лига. Штипскиот клуб го договори искусниот Александар Костоски, кој треба да донесе квалитет и лидерство во тимот. Костоски во кариерата настапуваше за повеќе македонски клубови, како и во Франција и Романија. Посебен белег од репрезентативната кариера му е Евробаскетот 2015, каде што ...
Преку мобилен телефон, граѓаните ќе можат да ги следат актуелните вести, соопштенија, настани и јавни повици, но и директно да пристапат до електронските услуги и сервисите што ги нуди Општина Центар. Општината ја пушти во употреба својата официјална мобилна апликација, која моментално е достапна за преземање на App Store за корисниците на iOS, а во следните неколку дена ќе биде достапна и за Android корисниците преку Google Play. ...
Не постои опасност за прилепското село Чаниште и за трите манастири, тие се безбедни и огнот се контролира, информираше денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Тој рече дека пожарот се движи во насока на мариовското село Крушевица. „Линијата е многу долга, но јас сум оптимист дека барем оваа линија денеска ќе ја изгаснеме благодарение на четирите `пинцгауери` на Дирекцијата, како и огнените тимови на ...
Собранискиот спикер Африм Гаши информираше дека во тек е изгадбата на паркинг за возилата на пратениците и останатите службеници, а паркиралиштето ќе биде сместено во просторот зад Собранието, веднаш до домот на АРМ. Гаши: Паркингот кај Собранието ќе биде готов до крај на 2026 година – Одблиску го следев текот на градежните работи за уредување на просторот околу Собранието. Овој простор добива поуреден и пофункционален изглед, создавајќи ...
Македонскиот тренер Виктор Треневски по повеќе години повторно ќе работи во српскиот фудбал. Тој е назначен за нов тренер на Бежанија, клуб кој има амбиции да се врати во највисокиот ранг на српскиот фудбал. Треневски добро го познава фудбалот во Србија, а најголем белег како играч остави во дресот на Партизан. По богата кариера на теренот, сега добива нов предизвик на тренерската клупа. „Бежанија има тежина и традиција, а гледам и дека ...
Американскиот актер Вуди Харелсон го прими „Почесното срце на Сараево“ за исклучителен придонес во филмската уметност, на Сараевскиот филмски фестивал. Признанието му го врачи директорот на фестивалот Јован Марјановиќ во исполнетото летно кино „Металац“, каде што публиката го поздрави актерот со долг аплауз. По свеченоста, Харелсон им се придружи на гледачите на проекцијата на филмот „Добре дојдовте во Сараево“ (Welcome to Sarajevo), во кој ...
Иран разгледувал можност за напади врз воени цели во Европа доколку американскиот претседател Доналд Трамп ја ескалира војната, објави „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на два извора запознаени со плановите. Според изворите, иранските сили разгледувале можни напади врз американски воени објекти во југоисточна Европа, вклучително и во Бугарија. Софија минатиот месец одобри американски авиони за дополнување гориво да ја користат воздухопловната ...
По неколкугодишна дебата, законот со кој се воведува право на асистирано умирање денеска официјално стапи во сила во Франција, објави „Ле монд“. Законот беше објавен во Службениот весник на Франција, откако претседателот Емануел Макрон го потпиша и формално го прогласи. Уставниот совет минатиот петок го одобри законот, под услов да се применува кај пациенти со тешки заболувања. Правото на асистирано умирање ќе им овозможи на пациентите ...
„Ер трактор“ на грчката Противпожарна служба вчера паднал во морето додека црпел вода во близина на Астакос, соопштија локалните власти. Пилотот, кој бил единствениот човек во леталото, бил спасен и е во добра здравствена состојба. Инцидентот се случил во морскиот простор југоисточно од пристанишниот град Астакос. Пилотот бил извлечен од приватен чамец, по што бил преземен од патролно пловило на грчката крајбрежна служба и пренесен до ...
Пожарникарите синоќа имаа тешка битка со огнот кај прилепското село Крушевица, кај Мариово. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, доцна синоќа информираше дека пожарникарите успеале да го сопрат огнот и да го повлечат под патот, со што е намалена опасноста за селото. „Имавме огнена битка во непосредна близина на селото Крушевица, но успеавме да го сопреме и да го повлечеме скроз долу од патот. Многу чад, тешко е ...
Италијанскиот коњ Варен, едно од најпознатите грла во светот, угина на 31-годишна возраст по компликации предизвикани од срцев удар. Варен, познат и како „Il Capitano“ (Капетанот), во својата петгодишна тркачка кариера од 1998 до 2003 година оствари 62 победи на 73 трки, меѓу кои и 53 победи на Гран при натпревари, заработувајќи повеќе од шест милиони евра од наградниот фонд. „Беше ферари со мозок“, изјави неговиот долгогодишен возач ...
Комитетот на Врховната рада на Украина ја поддржа кандидатурата на Јевгениј Хмара за функцијата министер за одбрана. Одлуката беше одобрена од сите 15 присутни членови, објавија украинските медиуми. Парламентарниот комитет за одбрана едногласно го поддржа номинираниот Јевгениј Хмара за функцијата министер за одбрана, објави пратеникот Јарослав Железњак на социјалните медиуми. Гласањето на пленарна седница на Врховната рада е предвидено за ...
Чарлс Спенсер, братот на покојната британска принцеза Дијана, се подготвува да објави книга за нејзиниот живот, ветувајќи дека ќе ја открие вистината за неа како што се приближува 30-годишнината од нејзината смрт. Дијана, првата сопруга на сегашниот британски крал Чарлс Трети имаше 36 години во август 1997 година кога таа и нејзиниот љубовник загинаа во сообраќајна несреќа, бегајќи од фотографите во Париз. Книгата „Лебедова песна: Дијана, ...
Томас Вокап сака да го напушти Олимпијакос и да го раскине договорот со европскиот шампион, но клубот од Пиреја не планира да му дозволи лесно заминување. Триесет и тригодишниот грчки репрезентативец веќе го информирал раководството за својата намера, додека Олимпијакос тврди дека нема основа за еднострано раскинување и очекува Вокап да се појави на подготовките. За услугите на искусниот плејмејкер најголем интерес досега покажал Дубаи, но ...
Администрацијата на Доналд Трамп со месеци депортира мексикански државјани во различни земји од Централна Америка, иако Мексико е подготвено да ги прими сите свои граѓани кои се протерани од САД, објави „Си-би-ес њуз“. Според двајца претставници на американското Министерство за внатрешна безбедност кои зборувале анонимно, американските имиграциски власти ги испраќаат депортираните Мексиканци во Гватемала и во Хондурас, наместо директно да ги ...
Татко и син од Гостивар седум години живееле под закани од страна на двајца турски државјани, кои со уцени им откупиле злато и имот по многу ниска цена, соопшти Министерството за внатрешни работи. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднела кривична пријава против двајцата турски државјани – Т.Д. (55) и З.Д. (54), поради сомнение дека сториле кривично дело „изнуда“. „Пријавените, во континуитет, од 2019 до 2026 ...
Секоја година сѐ повеќе туристи го посетуваат Скопје, а во градот речиси ништо не се прави за да им се овозможи попријатен престој на гостите што решиле да поминат неколку дена и да потрошат пари во главниот град на Македонија. Тука не се мисли на сместувачките капацитети, кои ги има доволно, туку на проблемите на кои туристите наидуваат кога треба да ги посетат објектите во Скопје што задолжително треба да се видат при туристичка прошетка. ...
Лесли Вогел, мајката на трагично починатата актерка Хејден Панетиер, за првпат се огласи во јавноста по ненадејната смрт на нејзината 36-годишна ќерка. Во телефонско интервју за „Ен-би-си, Вогел изјави дека Хејден била исклучително талентирана личност, но истакна дека растењето во забавната индустрија е огромен предизвик, пишува „Пипл“. „Исклучително е тешко да останеш верен на себе во тој свет. Хејден, за жал, го изгуби својот пат и ...
Еден загинат и седуммина се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила ноќеска кај Младеновац во Србија, пренесуваат српските медиуми. Според информациите, до несреќата дошло кога автомобил марка „ауди“ се забил во автобус, откако од непознати причини возачот преминал во спротивната лента на патот и директно удрил во автобусот. Поради силината на ударот, „аудито“ отскокнало од патот и силно удрило во бетонската ограда покрај ...