Астон Вила продолжува со сериозното засилување на тимот, откако клубот официјално потврди две нови засилувања непосредно пред почетокот на сезоната. На „Вила Парк“ пристигнува Матео Руџери од Атлетико Мадрид за 25 милиони евра, со можност сумата да биде зголемена преку дополнителни бонуси. Италијанскиот фудбалер треба да донесе нови решенија во тимот на англискиот премиерлигаш. Второто, но можеби и поинтересно засилување е јапонскиот голман ...

Атлетико Мадрид ја започна новата сезона во Примера со триумф, откако на домашен терен ја совлада Малага со 2-0. По првите 45 минути без голови, „јорганџиите“ успеаја да го скршат отпорот на гостите во второто полувреме. Во 70. минута Ли Канг-ин постигна одличен погодок за 1-0, со што на најдобар можен начин го одбележа својот официјален прв настап по трансферот од Пари Сен Жермен. Конечниот резултат го постави Алекс Баена во 85. минута, ...

Американскиот пејач и актер Џастин Тимберлејк сподели ретки семејни фотографии од своите синови Сајлас (11) и Финеас (6) и им овозможи на обожавателите мал увид во нивното заедничко лето. Тимберлејк (45), кој ги има синовите со сопругата Џесика Бил (44), на Инстаграм објави серија фотографии од семејните моменти во изминатите месеци. Двојката е позната по тоа што ја чува приватноста на децата и многу ретко ги покажува нивните лица на ...

Швајцарските гласачи најверојатно следниот месец преку референдумот ќе го отфрлат народниот предлог, со кој во Уставот попрецизно и построго би се дефинирала неутралноста на земјата, покажува медиумска анкета објавена денеска, пренесува Ројтерс. Речиси две третини од испитаниците се изјасниле против иницијативата за неутралност, според анкетата спроведена за весниците „20 Минутен“ и „Тамедиа“. Швајцарците на 27 септември ќе гласаат за ...

Френсис Клифорд Смит осум пати ја јадел својата „последна вечера“ пред погубување. Но, откако секојпат му била одложена егзекуцијата, тој стана затвореникот со најдолг стаж во историјата на САД, пред да почине во јуни на 101-годишна возраст, пишува „Би-би-си“. Осуден за убиство во 1950 година кога имал 25 години, Смит до крајот на животот ја одржуваше својата невиност. Според службениците од затворот во Конектикат, тој во последните години ...

Гравитациската сила не е иста во сите делови од Земјата, а оваа нерамномерност влијае и на вистинскиот облик на нашата планета. Сега, НАСА објави визуaлизација што живописно ги илустрира овие глобални разлики, пишува „Евроњуз“. Што е геоид? Геоидот е име за математички модел што покажува како би изгледала Земјата ако е обликувана исклучиво од гравитацијата и ротацијата. Ако сите надворешни влијанија како што се плимата, ветровите и струите ...

Атлетико Мадрид практично го смета случајот со Хулијан Алварез за завршен уште од моментот кога целата ситуација изби во јавноста. Две јавни појавувања на извршниот директор Мигел Анхел Хил Марин само го потврдија тоа, со јасна порака дека вратата е затворена. Секојдневно се појавуваат нови информации за интересот на Барселона, но Атлетико не отстапува ниту милиметар. Ништо не се променило од самиот почеток. Сите кои досега зборуваа за ...

Доколку опозицијата побара предвремени парламентарни избори, тогаш сум спремен да свикам лидерска средба, да договориме термин и повторно да ги победиме СДСМ на избори, рече претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во гостување на ТВ Сител. Тој посочи дека со неговата партија добиле мандат од граѓаните за четири години, кој завршува во пролетта 2028 година. „Сè уште имаме техничка влада, што значи дека крајот на мандатот на оваа ...

Британската кралица Камила првпат јавно проговори за тешкото емотивно искуство што го доживеала додека со членовите на кралското семејство ја чувала во тајност дијагнозата за рак на својот сопруг, кралот Чарлс Трети. Камила рекла дека „копнеела да го изговори тоа, но дека очигледно не можела“, откако дијагнозата на кралот Чарлс беше официјално објавена во февруари 2024 година. Кралицата за тој период зборувала во краткиот филм снимен во ...

Пожарникарите во Србија се борат со десетици пожари што горат со денови. Едно лице загина во пожарите, неколку други се повредени, а ситуацијата може дополнително да се влоши од нов топлотен бран проследен со ветер и продолжување на сувата сезона, пренесува српски Курир. Најголемата борба со пожарот се одвива во природниот резерват Делиблатско Песочиште, на Столови во близина на Краљево и во областа Кладово. View this post on Instagram A ...

Откако влезе како замена во второто полувреме на пријателскиот натпревар на Баерн Минхен против Хајденхајм во вторникот, Џамал Мусиала на теренот беше само осум минути пред повторно да колабира, само четири дена по првиот таков случај. Сцената беше многу слична на онаа од натпреварот против РБ Лајпциг во саботата, а 23-годишниот фудбалер по инцидентот беше тешен од своите соиграчи. Мусиала потоа откри дека има „лесно третирачки напади на ...

Лидс Јунајтед продолжува да го гради тимот за новата сезона во Премиер лигата, а најновото име во составот е Нико Елведи. Швајцарскиот репрезентативец стави потпис на повеќегодишен договор со англискиот клуб и пристигнува со огромно искуство од германскиот фудбал. Иако Лидс не ги објави финансиските детали, според информациите од Англија трансферот би можел да достигне околу 8,5 милиони фунти, со дополнителни бонуси. Елведи во Лидс ...

Само 12 месеци по пристигнувањето на „Етихад“, Тијани Рејндерс го напушти Манчестер сити. Малкумина можеа да предвидат ваков расплет по неговото спектакуларно деби за „граѓаните“ пред една година, кога постигна гол, запиша две асистенции и беше прогласен за играч на натпреварот против Вулверхемптон. 🚨🇸🇦 Official, exclusive story confirmed. Tijjani Reijnders signs for Al Qadsiah from Man City for €61m fee. pic.twitter.com/eGsGgCrm8T — ...

Ракометарите на Охрид ја забележаа втората победа на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, во СРЦ „Билјанини Извори“, овојпат против Војводина со 30-19. Охрид претходно на првиот натпреварувачки ден ја совлада селекцијата на Египет до 20 години, додека Војводина претрпе пораз од Загреб. Во победата над Војводина, голманот Дино Славиќ имаше феноменална партија со дури 15 одбрани, додека Иванковиќ, Мате и Ѓукиќ постигнаа по пет гола. Охрид ...

Канје Вест „остана без глава“ во својот најнов музички спот, а за целиот концепт и организација е заслужна токму неговата сопруга, Бјанка Ценсори. Познатиот рапер го објави новиот бизарен видеоспот за песната „OK“, каде што гостува и раперот Дон Толивер, пренесува „ТМЗ“. За потребите на снимањето, Бјанка решила да го смести својот сопруг право на маса за обдукција во застрашувачки амбиент. Во спотот, Канје е прикажан како тело без глава, ...

Министерството за внатрешни работи (МВР) преку соопштение потврди дека на „Табановце“ од денес започна да се применува системот „Безбеден град“ и за странските возачи, откако медиумите објавија дека на преминот повеќе странски државјани чекаат да платат казна, а притоа има метеж од возила. „На Граничниот премин ‘Табановце’, при излез од државата, се појавуваат возила кај кои системот има претходно евидентирано сообраќајни прекршоци. На ...

Преку системот „Безбеден град“ почнаа да се санкционираат прекршоците направени со возила со странски таблички, па стотина возачи што транзитираат низ Македонија денеска мораа да чекаат и да платат казна на граничниот премин со Србија. View this post on Instagram A post shared by Grčka Info | Smeštaj u Grčkoj (@grckainfo.official) Од Министерството за внатрешни работи (МВР) за „Слободен печат“ веќе потврдија дека „Безбеден град“ ќе почне да ...

Американската компанија за развој на вештачка интелигенција „ОпенАИ“ објави нова верзија на алатката „Четџипити“, наменета за корисници на возраст од 13 до 17 години, со посебни безбедносни заштити, родителска контрола и функции за учење. Новата верзија треба да биде стандардно искуство за тинејџерите, а системот е развиен во соработка со Универзитетот Стенфорд, со функции што треба да ги охрабрат учениците сами да решаваат проблеми, наместо ...

Навивачката група „Чкембари“ соопшти дека нема организирано да ги следи натпреварите на Пелистер во регионалната ракометна лига, бидејќи ова натпреварување не го смета за приоритетно. Битолските навивачи во своето обраќање до јавноста изразија и незадоволство од распоредот на натпреварите. Според нив, начинот на кој е направен календарот остава впечаток дека регионалната лига не го добива вниманието и сериозноста што би требало да ги има. ...

Принцезата Евгенија и нејзиниот сопруг Џек Бруксбанк неодамна открија дека нивната новородена ќерка се вика Аделаида Елизабета Анина Бруксбанк. Иако многумина мислат дека членовите на британското кралско семејство имаат целосна слобода да го одберат името на своето дете, реалноста е поинаква, пишува „Хелоу“. Во кралскот семејство има строги правила за однесување, патување, облекување, но и при изборот на имиња за своите деца. Британската ...

Американската поп-икона Мадона го прослави 68-от роденден во Грција, а прославата на островот Крф била далеку од обична – со традиционална музика, грчки специјалитети, кршење чинии, големо обезбедување и посебни мерки со кои ѝ била обезбедена приватност. Кралицата на поп музиката го прослави роденденот во селото Курамадес, каде што со семејството и пријателите вечерала во традиционална таверна. Покрај Мадона биле нејзините деца, како и ...

Група од 29 држави ја тужи „Мета“ и бара потенцијални казни до стотици милијарди долари и промени во деловните практики на компанијата. Судењето веќе почна, а „Мета ги отфрли обвинувањата од американските држави дека намерно се обидела да ги направи децата зависни од Фејсбук и Инстаграм, со цел да профитира од тоа, пренесува Њујорк тајмс. Четирите држави што ја претставуваат групата што тужи – Калифорнија, Колорадо, Кентаки и Њу Џерси – ја ...

Во јуни, Ливерпул одби понуда од 25 милиони евра, од италијанскиот шампион Интер за Кертис Џонс. Ливерпул го проценуваше 25-годишниот фудбалер, кој има уште една година од актуелниот договор, на околу 35 милиони фунти. Сега се очекува новата понуда од 30 милиони фунти од „неоаѕурите“ да биде доволна за двата клуба да постигнат конечен договор. Извори од Италија тврдат дека усна согласност веќе е постигната, но двата клуба наведуваат дека ...

Исидора Трифуновиќ, сопруга на српскиот актер Сергеј Трифуновиќ, јавно проговори за инцидентот што се случи на почетокот на август во трговски центар во Белград. Откако при излегување од продавница се активирал алармот против кражба, таа беше приведна и против неа е поднесена кривична пријава под сомнение за кражба. Исидора тврди дека облеката „случајно завршила во нејзиното ќесе“. Во поткастот „Безбедно место“, Исидора раскажала дека таа и ...

Секој работен ден со почеток во 16 часот гледајте Вести на „Слободен печат“. Следете ги најновите содржини од домашната и светската политика во информативниот блок, во кој ќе ви презентираме и актуелности од повеќе области како здравство, економија, хроника, регионални случувања, спортски информации… Модератор на вестите е Александра Вуксановиќ. Секој работен ден со почеток во 16 часот гледајте Вести на „Слободен печат“. Следете ги ...

Езри Конса, дефанзивецот на Астон вила, утре треба да ги помине медицинските прегледи и потоа да потпише долгорочен договор со Арсенал. Неговиот трансфер би можел да биде комплетиран во следните денови, но речиси сигурно нема да биде навреме регистриран за првиот натпревар на „топџиите“ во новата сезона. Арсенал во петок ја започнува одбраната на титулата во Премиер лигата против Ковентри, додека следниот меч го игра на 31 август, кога ...

Лекари во Шри Ланка отстраниле огромен камен од мочниот меур на 55-годишен маж, тежок дури 3,1 килограми. Медицинскиот тим верува дека станува збор за најголемиот досега документиран камен од овој вид што бил отстранет со хируршка интервенција, објави Би-би-си. Операцијата била извршена минатата недела во Општата болница во Тринкомали, на истокот од земјата. Пациентот првично бил примен во болница поради мозочен удар. Додека го лекувале, ...

Македонската репрезентација до 20 години е подготвена за настап на Медитеранските игри во Таранто, каде што младите македонски фудбалери ги очекуваат три натпревари во групната фаза. Селекторот Александар Таневски го објави списокот од 19 фудбалери на кои ќе смета на турнирот. Македонија е во група со Тунис, Турција и Мароко. Голмани: Стефан Јованоски, Давид Илоски. Одбрана: Златко Радески, Адис Мурати, Давид Голубов, Лука Атанасовски, ...

Сопругата на актерот Сашко Коцев, докторката Смиљана Бундовска се потсети на почетоците на нивната љубов и на годините поминати заедно, споделувајќи стар спомен на Фејсбук. „Среќни 15 години пријателство! За уште многу“, напиша Смиљана, а веднаш под пораката додаде „+4“, со што посочи дека на 15-те години што ги одбележува Фејсбук треба да се додадат уште четири. Така, нивната заедничка приказна трае вкупно 19 години. Таа сподели и колаж со ...

Бројот на загинати во земјотресот во Колумбија се искачи на 312, објави Националната единица за управување со ризици од катастрофи, јавува Анадолу. Агенцијата соопшти дека 4.611 луѓе се повредени, а 290 сè уште се водат како исчезнати, додавајќи дека се спасени 358 луѓе. Оттаму наведоа дека од земјотресот биле погодени 143.470 семејства и 294.278 лица во 15 департмани и 470 општини, додавајќи дека се оштетени илјадници објекти. „Исто така, ...

weather icon

Скопје

-1ᴼ / -1ᴼ
1.03
93%
1030
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
1.54
93%
1028
weather icon

Загреб

6ᴼ / 1ᴼ
0.51
74%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
100%
1030
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
3.01
94%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.54
88%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.58
65%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.03
65%
1024
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
81%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
3.13
65%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / -2ᴼ
1.03
93%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.12
92%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Злато

130856.75

Паладиум

32279.35

Иридиум

315077.32

Алуминиум

3.07

Родиум

295786.87

Кобалт

33.53

Цинк

3.76

Бакар

12.58

Рутениум

61086.42

Сребро

1670.34

Калај

46.54

Платина

49319.25