Најмалку 23 луѓе утринава загинаа во директен судир меѓу автобус и камион на автопат во бразилската сојузна држава Парана, пренесува „Ројтерс“. Во несреќата, која се случи околу 3 часот наутро по локално време, беа повредени уште петмина. Повеќето од загинатите биле патници во автобусот, а загинал и возачот на камионот, соопшти Федералната сообраќајна полиција. Првичните информации укажуваат дека камионот преминал во спротивната сообраќајна ...

Младиот црногорски напаѓач Андреј Костиќ ја менува средината и до крајот на сезоната ќе настапува за Спарта Ротердам како позајмен фудбалер од Милан. Костиќ има само 19 години, но веќе привлече големо внимание со настапите за Партизан. Минатата сезона беше редовен дел од белградскиот тим, забележувајќи 35 настапи, 11 голови и една асистенција. Неговите игри му донесоа трансфер во Милан, кој за неговите услуги плати 3,5 милиони евра, а преку ...

Британскиот актер Том Холанд се очекува да заработи најмалку 100 милиони долари за главната улога во новиот филм „Спајдермен: Нов ден“, пренесува „Гардијан“. Неименувани извори упатени во договорот на Холанд велат дека тој однапред добил хонорар од 20 милиони долари, што е двојно повеќе од она што го зема за претходниот филм за Спајдермен, „Спајдермен: Нема пат кон дома“ од 2021 година. Но, извонредниот успех на овој филм во кино-салите ...

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ откри кои се трите клучни работи што му помогнале да изгради долг и успешен брак со сопругата Јелена Ѓоковиќ, неговата љубов уште од средношколските денови. Новак (39) и Јелена (40) се запознале како средношколци во Србија. Откако тој се преселил во Монте Карло за професионално да се занимава со тенис, повторно се зближиле додека Јелена студирала во Италија. Подоцна започнале заеднички живот, а во 2014 година ...

Компанијата „Мател“, во соработка со сопствениците на авторските права за ликот на Мерилин Монро, произведе нова специјална кукла „Барби“ по повод 100 години од раѓањето на филмската легенда. Новиот модел е инспириран од познатиот розов фустан што актерката го носеше во филмот „Мажите повеќе сакаат русокоси“ од 1953 година., пишува „Холивуд репортер“. Ова е седма по ред кукла изработена во чест на Мерилин Монро. Нејзиниот дизајн верно го ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес ја разреши Ирина Мудра од функцијата заменик-шеф на кабинетот на претседателот поради истрага за можни финансиски злоупотреби, објави „Њу војс оф Украина“. Украинското Национално биро за борба против корупцијата (НАБУ) претходно пребарало локации поврзани со Мудра во рамките на операцијата „Форест Гамп“. НАБУ соопшти дека во операцијата е откриена наводна криминална организација во која биле ...

Додека во македонската јавност се поставуваат прашања дали и каков дијалог се води со Бугарија, под или надвор од радарот, од јавно достапните соопштенија извесно е дека од страна на Софија во моментов најмногу се води разговор на една тема: Ива Михаилова. Ретко се случува на страницата на бугарското МНР да се видат последователни соопштенија на една иста тема, како што е во случајот со младата девојка од Кочани, која својот живот и кариера ...

Ждребе на францускиот одгледувач „Штала Монсо“ постигна нов ценовен рекорд на престижната аукција на едногодишни ждребиња во Довил, каде што беше продадено за 4,6 милиони евра. Според организаторите на аукцијата, ждребето од расата „норманди“, „уште еднаш се впиша во книгата на рекорди“, со „надминување на претходниот рекорд од три милиони евра, кој беше поставен минатата година“, пренесува „Фигаро“. Родено од кобилата Дедли Најтшејд и ...

Осумдесет и двегодишен маж вчера бил пронајден починат во двор од семејна куќа во скопската населба Ќерамидница, соопшти Министерството за внатрешни работи. „На 18.08.2026 во 11:37 часот во СВР Скопје било пријавено дека во двор од семејна куќа на подрачјето на населба Ќерамидница во Скопје починал Т.Б.(82) во Скопје. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт“, соопшти МВР. По насоки на јавен обвинител телото на починатиот било ...

Селин Дион откри дека симптомите на реткиот невролошки синдром на вкочанета личност почнала да ги чувствува дури 17 години пред лекарите конечно да ѝ ја постават дијагнозата. Во декември 2022 година, канадската музичка ѕвезда јавно соопшти дека ѝ е дијагностициран синдромот, кој предизвикува силни мускулни грчеви и во одредени моменти може речиси целосно да ја онеспособи. Поради здравствената состојба, Дион најпрво ја одложи светската ...

Микел Артета не крие дека амбициите на Арсенал се огромни. По освојувањето на шампионската титула, „топчиите“ сакаат да останат на врвот, а шпанскиот стратег постави уште поголема цел – клубот да стане најдобар во светот. Арсенал во новата сезона влегува со големи очекувања, а раководството дополнително го засили составот. Добриот знак дојде и со убедливата победа над Манчестер Сити во Комјунити Шилд. Артета смета дека притисокот од ...

Трабзон би можел да направи уште еден сензационален потег на трансфер-пазарот. Турскиот клуб, кој неодамна го доведе Мохамед Салах, сега наводно размислува и за ангажман на Карим Бензема. Според турскиот новинар Јагиз Сабунџуоглу, Трабзон првично преговарал со Ал Хилал за Дарвин Нуњез, но разговорите не оделе според планот. Во меѓувреме, на клубот му бил понуден Бензема, по што веднаш започнале разговори за можноста за реализација на ...

Македонските граѓани кои пристигнуваат на аеродромот во Виена во следните недели треба да сметаат на променет и побавен транспорт до центарот на градот. Причината се големи железнички прекини во Виена, предизвикани од реконструкција на железничката мрежа и пожар на кабли долг околу 20 километри. Најважната промена е што возот С7 во моментов не поаѓа од Виена Мите, една од главните станици за патниците кои до аеродромот се упатуваат од ...

Граѓаните да отстрануваат застоена вода од дворовите и редовно да ги чистат олуците. На прозорците и на вратите да постават комарници и да избегнуваат престој надвор во зори и на самрак кога комарците се најактивни. Да носат облека со долги ракави и панталони и да користат средства против комарци. При евентуална појава на симптоми – висока температура, главоболка, вкочанетост на вратот и слично, веднаш да побараат лекарска помош. Ова се ...

Дали знаевте дека најстарата фотографија во историјата е направена во 1826 година – или 1827 година? Нејзин автор е Жозеф Нисефор Ниепс, кој ја снимил сцената пред својот прозорец во Бургундија, Франција. Пред тоа, во 1825 година, францускиот пронаоѓач направил слика од гравура користејќи го процесот на хелиографија, но погледот од прозорец се смета за најстарата фотографија во светот, за која се знае дека е формирана во камера. Историјата ...

Кога тројца полицајци пристигнале пред ноќен клуб во Вашингтон доцна по полноќ, затекнале маж како гази млада жена што лежела на тротоарот. Тие го запреле нападот и го уапсиле. Во службениот извештај, сепак, полицаецот Ксавиер Хименес забележал необичен детаљ: во непосредна близина патролирале околу 15 припадници на Националната гарда, но никој од нив не реагирал, пишува Ројтерс. Инцидентот ја отсликува ограничената улога на војниците што ...

Во Општина Аеродром нема утврдени жаришта на комарци, но локалната самоуправа во координација со здравствените институции и Град Скопје продолжува да презема мерки за заштита на населението, изјави денеска градоначалникот Дејан Митески. – Жаришта нема утврдено, меѓутоа има заболени на територијата на Општина Аеродром и претпоставувам дека се поради контакт во некоја од контактните зони. Аеродром не е изолирана општина во Скопје со физички ...

Двајца мажи, на возраст од 62 и од 20 години, добија кривични пријави откако полицијата во хрватската населба Босиљево откри големи количества нелегално оружје во куќа која експлодираше на почетокот на август, објави „Вечерњи лист“. Полицијата утврдила дека во куќата се чувале експлозивна направа, автоматска пушка, пригушувач и поголемо количество забранета воена муниција. Според Карловачката полициска управа, 62-годишниот маж неовластено ...

Украински државјанин денеска беше уапсен во Пула под сомнение дека бил дел од групата која го саботирала гасоводот „Северен тек“ меѓу Русија и Германија во 2022 година, објави „Јутарњи лист“. Хрватската полиција го уапсила Владимир З. врз основа на потерница издадена од германските власти. Тој е обучен нуркач и се сомничи дека заедно со други соработници учествувал во поставувањето експлозиви под вода, со кои биле предизвикани експлозиите на ...

Сојузот на борци од Тетово ќе почека пратениците да се вратат од одмор за да дознаат дали народните избраници ќе застанат зад нивното барање со законски измени да се забрани улиците, плоштадите и мостовите во градот под Шара да носат имиња на личности поврзани со фашизмот, нацизмот и со тероризмот. Сојузот доставил барање до координаторите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, Левица и на ЗНАМ да почнат постапка за измени и дополнувања на Законот за ...

Вработен во банка во Гевгелија доби кривична пријава бидејќи со месеци неовластено пристапувал до сметките на двајца клиенти и присвоил речиси 150.000 евра. „ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против К.К.(52) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ‘проневера во службата’. Во период од 07.11.2025 до 03.03.2026 пријавениот, како стручен соработник во експозитура на банка во Гевгелија, во 13 наврати ...

Фудбалската федерација на Македонија и официјално ја повлече поддршката за Џани Инфантино во трката за нов мандат како претседател на ФИФА. Одлуката следува по состанокот на претседателите на националните федерации членки на УЕФА со раководството на европската фудбалска централа. ФФМ испрати и официјално писмено известување за својот став. Од федерацијата објаснуваат дека одлуката е поврзана со начинот на управување со ФИФА, особено со ...

Струга ТЛ продолжува да го засилува составот и покрај добриот почеток на сезоната. Македонскиот прволигаш договори соработка со нигерискиот офанзивец Даниел Акинлосоту. Акинлосоту последно настапуваше на Кипар за Монмерексе, а претходно беше под договор со турскиот клуб Аланијаспор. Станува збор за левоног фудбалер кој може да игра во нападот и по крилните позиции. Со неговото ангажирање, Струга добива дополнителна опција и квалитет во ...

Со нови законски решенија се отвора можност за намалување на цената на електричната енергија за домаќинствата за 5 до 10 проценти, тврди ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение. Во соопштението се наведува и дека со преземените мерки за субвенционирање на електричната енергија, директно се заштитува стандардот на граѓаните и се спречуваат ценовни шокови за домаќинствата. Долгорочната цел е Македонија да произведува повеќе домашна електрична енергија и ...

Академијата што беше основана да обучува судии и обвинители како филтер што мора да го помине идниот правосуден кадар, од почетокот на 2025 година е без студенти. Деветтата генерација идни судии и обвинителни е блокирана уште од 2023 година, кога по одлука на Антикорупциската комисија беше ставена во мирување постапката за прием на 130 идни судии и обвинители. Во меѓувреме, Владата ги запре незавршените постапки за вработување, а ...

Работнички продолжува да го креира тимот за новата сезона, а најново засилување во составот на Владимир Мирковски е Тарик Брунчевиќ. Станува збор за 206 сантиметри висок крилен центар, кој во досегашната кариера има настапувано во повеќе европски земји, меѓу кои Србија, Романија, Словенија, Русија и Франција. Од него во Работнички очекуваат поголема стабилност во рекетот, особено во скокот и дефанзивата. Брунчевиќ зад себе има одлична сезона ...

Хрватската писателка Ведрана Рудан почина на 77-годишна возраст, по долго и тешко боледување, а како што е откриено – семејството ќе ја исполни нејзината желба за последното испраќање. Како што пренесуваат хрватските медиуми, Ведрана Рудан ќе биде испратена во вечно почивалиште во најинтимниот круг на нејзиното семејство. Тоа била нејзина желба која нејзиното семејство ќе ја испочитува. – Ведрана отиде во подрачје без сигнал – беше објавено ...

Возач вчера со автомобил удрил 10-годишно дете на улица во Градско, по што избегал од местото на несреќата. „На 18.08.2026 во СВР Велес било пријавено дека околу 13:00 часот на улица ‘Александар Македонски’ во Градско, патничко возило удрило во 10-годишен малолетник од село Уланци, општина Градско, по што возачот со возилото го напуштил местото. Во несреќата со телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општа болница Велес. Увид ...

Заклучно со 18 август, според последните податоци на ИЈЗ, во земјава се регистрирани вкупно 38 случаи на западнонилска треска – 36 потврдени и два веројатни, од кои 37 во скопскиот регион, а еден од Велес. Досега четири лица починаа од болеста, станува збор за машки лица на возраст од 62 до 83 години од Скопје, кои биле хоспитализирани во Клиниката за инфективни болети во Скопје. Кај три починати лица биле регистрирани коморбидитети, кажаа на ...

Сушата повторно ја отвори дебатата за државната помош за земјоделството во Австрија. Штетите годинава се огромни, па повторно се бараат дополнителни мерки за поддршка на земјоделците. Но, системот и без новите интервенции располага со милијарди евра јавни средства, даночни поволности и посебни правила. Во исто време, просечниот земјоделец не живее раскошно, што ја прави дилемата посложена: како да се заштитат малите фарми, без државните пари ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
70%
1029
weather icon

Софија

1ᴼ / 0ᴼ
2.06
88%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.73
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1029
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
66%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.6
61%
1032
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.45
73%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
3.6
73%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Сребро

1670.34

Кобалт

33.53

Родиум

295786.87

Паладиум

32279.35

Бакар

12.58

Цинк

3.76

Калај

46.54

Платина

49319.25

Алуминиум

3.07

Иридиум

315077.32

Рутениум

61086.42

Злато

130856.75