Пикерот Милан Лазаревски ќе остане во Вардар најмалку до 2026 година откако и официјално го продолжи договорот со „црвено-црните“. Повеќекратниот македонски првак и македонскиот репрезентативец соработуваат две години, а клубот беше задоволен од настапите и двете страни брзо се договорија за продолжување на верноста. Лазаревски кој за две седмици ќе го прослави својот 27 роденден, сезонава е еден од предводниците во тимот, и со своите игри се ...

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз не успеа да се пласира во полуфиналето на Австралија опен, што значи дека нема шанси по завршувањето на првиот грен слем во сезоната да се врати на првото место на АТП листата. Ѓоковиќ ќе биде број 1 сигурно до 19 февруари. Тоа значи дека Новак ќе има 412 загарантирани недели на чело на АТП листата. Шпанецот имаше можност во случај на победа да стигне до врвот на листата во Мелбурн, бидејќи Ѓоковиќ го брани ...

Голем руски воен транспортен авион Ил-76 се урна во регионот Белгород во Русија, кој граничи со Украина. Авионот се урнал во областа Корочански, јавија руските медиуми, без да ја прецизираат причината за падот. Руското Министерство за одбрана соопшти дека во авионот имало 65 украински воени заробеници, од кои сите загинале во несреќата. Тие тврдат дека биле префрлени од руските сили за да бидат разменети за руски затвореници. Авионот превезувал ...

Германија се споменува како ветена земја за здравствените работници од Балканот, но како функционира здравствениот систем таму покажува и случајот со докторката што доби отказ откога нејзините колеги пријавиле дека ја напуштила болницата во Хамбург 28 минути порано по 24-часовна должност, а таму работела 23 години. Франциска Шлосер ја тужеше болницата и доби 400.000 евра отштета. – Не можам да дозволам обвинението да стои така. Не направив ништо ...

Oвогодинешниот тридневен попис доаѓа во време на засилено јавно незадоволство поради неуспехот на локалните власти да ги решат проблемите на луѓето кои живеат на улица – во автомобили, шатори и картонски засолништа. Пописот од 2023 година покажа дека округот Лос Анџелес има 75.500 бездомници, што е девет отсто повеќе од претходната година. Од 2015 година, бројот на бездомници е зголемен за 70 отсто во областа и за дури 80 отсто во самиот град. ...

На меѓунардниот атлетски митинг во Архус, Данска, под „капата“ на Светска атлетика (СА), Андреас Трајковски постави нов македонски рекорд во скок во далечина во сала со прескокнатите 7,67 метри. Претходно македонскиот рекорд изнесуваше 7,65 сантиметри, исто така на Трајковски, поставен во 2022 година. Трајковски е државен рекордер во скок во далечина и на отворено, 7,91 метар. Трајковски кој од пред две години е дел од атлетската репрезентација ...

Часовникот на апокалипсата или судниот ден и годинава, како и минатата, е на 90 секунди од полноќ, што симболично го означува крајот на човештвото, објави непрофитната организација „Билтен на атомски научници“ која секоја година ги приспособува стрелките во согласност со случувањата во светот. Организацијата соопшти дека светот се наоѓа во момент на историска опасност и оти застрашувачките трендови продолжуваат да го насочуваат кон глобална ...

Вообичаено секој ден АМСМ излегува со податоци околу состојбата на патиштата во Македонија. Тоа е многу корисна информација за секој што има намера да патува. За денеска пишува: Поради поставување на заштитна мрежа на Регионалниот пат Р1102, делница Велес – Градско, на ден 24.01.2024 г., ќе биде затворена за сообраќај во период од 09:00 – 16:00 часот. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози. ...

Да бидеме обединети, единствени, да одиме заедно кон целта… Многу вакви пораки во изминативе години упатуваа највисоки македонски државни функционери. Најчесто за државни празници, шефот на државата Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски јавно порачуваа деке е потребно заедништво а не кавги и продлабочување на внатрешните судири во македонското општество. Но, дали потоа работеа на остварување на заедништвото? И Ковачевски и Пендаровски ...

Американскиот Стејт департмент ја повика Приштина да ја преиспитаат одлуката за укинување на српскиот динар како платежно средство, објавија српските медиуми. – Ја повикуваме Владата на Косово да ја разгледа одлуката, да се консултира со засегнатите заедници, да одговори на загриженоста изразена од меѓународната заедница и да обезбеди доволно време за спроведување на нејзините одлуки, со цел да се ублажи влијанието што овие одлуки ќе го имаат ...

Ситно брои владата на ДУИ и СДСМ. Веќе утре наутро сите министри сосе премиерот ќе бидат во оставка. Што сработеа, сработеа за доброто на народот во Македонија, сега ќе чекаат народот да ги оцени. Додуша некои од министрите пак ќе се министри во техничката влада, ама на пример на премиерот Ковачевски му остануваат уште неколку часа од збогувањето со удобната владина фотелја. Ќе треба Димитар Ковачевски да си ги собере во кутија личните работи од ...

Германските машиновозачи утрово повторно не работат и ова ќе биде најдолгиот штрајк на германските железници во историјата. Штрајкот, кој започна во 2 часот изутринава, а треба да трае до вечерта во понеделник на 29 јануари, е четвртиот круг индустриски акции во спорот меѓу синдикатот на машиновозачите ГДЛ и железничкиот оператор Дојче Бан (DB). Штрајкот дојде само две недели по претходниот прекин на работата, кој речиси целосно го парализираше ...

Голем пожар во Кинески трговски центар избувна утрово околу 7 часот во Белград, во населбата Блок 70. Од деловните објекти се крева густ облак чад додека пожарникарите се обидуваат да го локализираат огнот. Ова е нов пожар во овој комплекс по големиот пожар во 2021 година. Се уште не е позната причината за пожарот. На лице место интервенираат 15 противпожарни возила и 51 пожарникар. Сопственциите на трговските дуќани коишто се уште не се ...

Во весникот „Револуција” кој го покренал во 1895 година, како прво македонско социјалистичко гласило ги објавил и овие негови мисли: „Македонија не припаѓа, ниту на Бугарите, ниту на Србите, ниту на Грците, а си припаѓа сама на себе.., Ние сакаме Македонија да биде за Македонците…“ Ваквите јасни заложби и повици за ослободување на Македонија и создавање на независна македонска Република доаѓаа од тогаш 26-годишниот велешанец Васил Главинов кој ...

Турскиот парламент го одобри предлог-законот за протоколот за пристапување на Шведска во НАТО, јави ТРТ. По вчерашното гласање во турскиот парламент, Унгарија стана единствената членка на НАТО која сè уште не ја одобрила кандидатурата на Шведска за влез во Алијансата. Предлог – законот е испратен до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на конечен потпис, што се очекува да се случи во наредните неколку дена. Во октомври 2023 година, турскиот ...

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) изрече санкција кон Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) заради недолично однесување за време на гостинската химна на Англија. Во извештајот на УЕФА стои дека исвиркана била националната химна на Гордиот албион за време на мечот на Арената „Тодор Проески“ во Скопје кој се одигра на 20 ноември. Поради тоа, според членот 16, ФФМ ќе треба да плати казна од 15.000 евра. Натпреварот меѓу Македонија и Англија ...

Македонскиот женски ракометен клуб Ѓорче Петров денес по ждрепката во ЕХФ ги дозна противниците на 1/4 финалето во ЕХФ Купот, како и за евентуалното полуфинале. Ѓорче Петров за ривал во следната фаза го доби тимот на Елче Мустанг. Првиот меч се игра во гости на 9/10 март, а реваншот во Скопје е предвидено да се игра на 16/17 март. Ако Ѓорче Петров го мине Елче, во полуфиналето ќе има друг шпански противник, победникот од дуелот меѓу Гранољерс и ...

Во Скопје од утре до недела ќе се одржи Европско првенство во пинг-понг за играчи до 21 година. Во СЦ „Јане Сандански“ се е подготвено за овој голем спортски настан да помине во најдобра ред. Директорот на АМС Наумче Мојсоски ги повика и останатите „помали“ федерации да го следат примерот на Пингпонгарската федерација. – Македонија за прв пат ќе биде домаќин на едно вакво првенство. Ова ќе биде прв ваков настан по многу години организиран од ...

Во Украина веќе го нема оптимизмот што беше забележан минатата година за брзо завршување на конфликтот, јавува воениот дописник на шпанскиот весник „Мундо“ Хавиер Еспиноза. Според неговите зборови, самите Украинци веќе признаваат дека конфликтот може да се одолговлекува и да трае со години. – Мора да се каже дека ова чувство се споделува низ целата земја, во сите делови на земјата каде што сум ја посетил. На исток, во областите блиску до ...

Колумбиската морнарица пресретнала подморница со речиси 800 килограми кокаин. „Нарко-подморница“ долга 15 метри, прва откриена оваа година, е запленета во водите на Колумбија, јавува Би-би-си. Морнарицата процени дека „уловот“ вреди 27 милиони долари и рече дека се верува дека подморницата била на пат кон САД или Европа. Уапсени се три лица кои биле во подморницата. – Со оваа заплена беше спречен профит од близу 27 милиони долари на ...

Војската на Израел соопшти дека 21 војник е убиен во Газа, што го означува најсмртоносниот ден за израелските сили од почетокот на нивната копнена операција. Портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ), Даниел Хагари, изјави дека се верува дека ракетна граната го погодила тенкот во близина на двете згради во кои се наоѓале, пренесува „Би-би-си“. Зградите експлодирале веројатно како резултат на мините поставени таму. ИДФ соопшти дека се уште ...

Властите на американската сојузна држава Илиноис синоќа почнаа потрага по 23-годишниот Ромео Ненс, осомничен за убиство на осум лица со огнено оружје во градот Џолиет, на околу 56 километри од Чикаго, извести полицијата. Масовниот убиец бил пронајден во голема полициска потрага во близина на градот Наталија, Тексас, каде по пресметката со полицијата извршил самоубиство. Засега не е познат мотивот за убиствата, но осомничениот ги знаел своите ...

Колумна на Никола Тасев: Ќе дојдат странски инвестиции, ќе се вбризгаат во македонската економија, милијарда, три, пет… ама прво треба да го смениме името на државата и откако ќе станеме членка на НАТО ќе бидеме местото каде инвеститорите ќе трчаат да пристигнат. Ќе дојдат дури и Гугл, Фејсбук… а и многу други големи светски брендови. Вака, пред неколку години тогашниот премиер Заев, со рака на срцето и со милни зборови ги уверуваше македонските ...

Екипата на ракометниот клуб Охрид не се шегува кога станува збор за амбициите, а доказ за тоа е најновото засилување кое треба да пристигне. „Спортклуб.мк“ дознава дека нов играч на охриѓани треба да биде одличниот 29-годишен хрватски десен бек Никола Јукиќ. Станува збор за искусен играч кој има и три настапи за најдобрата селекција на Хрватска, а во Охрид доаѓа по шест месеци минати во Мудхар од Саудиска Арабија. Но она што е за издвојување е ...

Нема крај на сообраќајна некултура и на непочитувањето на правилата низ Македонија. Инаку, во мноштвото на сообраќајни прекршоци пребрзото возење е најчест сообраќаен прекршок. Здивените возачи се чуствуваат комотно по македонските патичта и само додаваат гас. Ограничувањето на брзината на 50 километни на час по градските подрачја, знаци за ограничување од 100, 110, 120 километри на час на автопатиштата како да не постојат. Се вози пребрзо при ...

По првпат по повеќе од 15 години, односно од кризата во 2008 година, годинава повторно ќе има масовни отпуштања на работници во градежната индустрија во Германија. Се проценува дека поради кризата во станоградбата, околу 10 илјади луѓе ќе останат без работа, објавија германските медиуми. Очекуваме дека околу 10.000 работници ќе треба да бидат отпуштени во наредните месеци, изјави за германската новинска агенција „ДПА“ Тим-Оливер Милер, генерален ...

Хаосот околу ултимативното менување на личните документи во Македонија продолжува. Со тоа продолжува и малтретирањето и понижувањето на македонските граѓани. Веќе сите видоа дека власта е крајно неорганизирана, а и не баш заинтересирана хаосот да го среди. Сега на големите гужви се додава и тоа дека и државниот правобранител Насер Зибери кажа – има информација за недостаток на обрасци за лични документи. Што значи ова? Може на мразот да чекаш со ...

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го изрази своето задоволство што ја добил поддршката од гувернерот на Флорида, Рон Де Сантис во трката за номинација на Републиканската партија за претседателските избори во земјата во ноември. Де Сантис вчера попладне на социјалната мрежа „Х“ објави дека се повлекува од трката и стои зад Трамп. -Голема чест ми е што ја имам неговата поддршка. Со нетрпение очекувам да работам со него за да го ...

Министерството за одбрана на Тајван соопшти дека вчера се регистрирани шест кинески балони кои летале над Тајванскиот Теснец, од кои еден прелетал над островот. Другите пет балони одлетале над северниот дел на Тајван, но не прелетале над копното. Сите балони се движеле кон исток пред да исчезнат. Претходно тајванското Министерство за одбрана ја обвини Кина за загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај со балони и со психолошката војна ...

Маж и жена се пронајдени мртви заедно со две девојчиња во куќа во Норфолк, Англија, соопшти тамошната полиција, а пренесува „Скај њуз“. Маж и жена починале од убодни рани во пределот на вратот, додека точната причина за смртта на девојчињата се уште се утврдува, соопшти полицијата. Во петокот наутро, полициските службеници ги пронашле телата на 45-годишната Бартломеј Кучински и две девојчиња, за кои се верува дека се негови ќерки. Заедно со нив ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
0.51
59%
1016
weather icon

Белград

21ᴼ / 19ᴼ
1.54
64%
1015
weather icon

Загреб

24ᴼ / 18ᴼ
0.0
61%
1016
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
2.06
55%
1018
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
1.56
42%
1016
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 16ᴼ
1.03
89%
1018
weather icon

Атина

26ᴼ / 25ᴼ
3.13
52%
1010
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
1.54
68%
1014
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
0.51
46%
1015
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 18ᴼ
2.06
62%
1018
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 20ᴼ
0.0
51%
1016
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
7.72
73%
1012
Currency

61.53

Currency

52.6208

Currency

71.3842

Currency

34.3134

Currency

38.0999

Currency

65.2724

Currency

7.33049

Currency

0.65673

Currency

0.35837

Currency

0.52559

Currency

1.28824

Currency

0.60048