Турските новинари кои се наоѓаат во Саудиска Арабија на стадионот во Ријад објавија дека натпреварот од Суперкупот меѓу Фенербахче и Галатасарај е одложен. Натпреварот меѓу Фенербахче и Галатасарај требаше да се одигра на стадионот Ал Наср со почеток во 18:45 часот. Турските новинари присутни на стадионот објавија дека натпреварот е откажан и дека ќе се игра на друго место, сега се чека само официјална потврда од двата клуба. Причината за ова е ...

На социјалните мрежи се појави видео од експлозија во станбен облакодер во Киев. На видеото се гледа како проектилот удира во зградата и како се создава огромна експлозија и голем облак од чад. Во денешниот огромен руски напад врз неколку украински градови загинаа најмалку 28 лица, а повеќе од 140 беа повредени. Само во Киев загинаа пет лица, а 30 се повредени. Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека, според проценките, Русија ...

Во периодот од 18 до 24 декември во Грција е регистрирани зголемен број на заразени со Ковид-19, на хоспитализирани лица, но и на починати, согласно податоците од Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), а Министерството за здравство упатува силна препорака за носење маски во здравствените установи и вакцинација на лицата над 60 години, јави дописничката на МИА од Атина. Според неделниот извештај на ЕОДИ, починале 62 лица на возраст од ...

Оние кои ќе одбијат работа во Германија повеќе нема да добиваат помош во вид на компензација, изјави германскиот министер за труд – Хубертус Хајл. Според неговиот план, на секој што целосно ќе одбие да работи, ќе му бидат укинати бенефициите до два месеци. Но, државата ќе продолжи да им ги плаќа становите за да се спречи бездомништвото. – Планираната уредба за вкупни одбитоци е наменета за оние кои неразумно и самоволно одбиваат да прифатат ...

Горзад Михајлов ќе биде тренер на Вардар во вториот дел од сезоната и тој доаѓа на местото на Александар Васоски кој пак го наследи него во Силекс. Ангажманот на Михајлов го потврдија од Вардар преку социјалната мрежа Фејсбук. – ФК Вардар ја известува јавноста дека Горазд Михајлов од денес е нов шеф на стручниот штаб на тимот. Му посакуваме среќа и успешна соработка со најтрофејниот клуб во Македонија. Добредојде во црвено црното семејство, стои ...

Универзитетската клиничка служба на Косово соопшти дека од јануари до крајот на 2023 година се регистрирани повеќе од 2.000 случаи на рак, што е зголемување за речиси 15 отсто во однос на 2022 година, кога биле регистрирани 1.750 случаи, пренесе „Бета“. Универзитетската клиничка служба соопшти дека од јануари 2023 година на Клиниката за онкологија на Универзитетскиот клинички центар на Косово им се нудат 50.000 онколошки услуги, јавија ...

Машката ракометна репрезентација на Македонија ја совлада селекцијата на Црна Гора со 39:37 (22:17) во рамките на подготовките за настап на Европскот првнсnтво (ЕП) во Германија. Македонија утре се враќа од Стара Пазова, а ракометарите ќе добијат два слободни дена, по што на 2 јануари ќе продолжат со тренинзите. На 4 и 5 јануари Македонија ќе одигра два контролни натпревара со Грција во Скопје. Ракометарите за Германија ќе патуваат на 8 јануари. ...

Турција денеска уапси 29 осомничени екстремисти на Исламската држава кои наводно планирале напади врз синагоги и цркви, објави министерот за внатрешни работи Али Јерликаја. Припадниците на разузнавачките и полициските сили претресуваа адреси во девет провинции, вклучително и Истанбул и главниот град Анкара, рано во петокот за да ги уапсат осомничените, напиша Јерликаја на платформата „Икс“. Полицијата во рациите конфискувала дигитални документи, ...

Светското население се зголеми за 75 милиони луѓе оваа година, а на 1 јануари ќе надмине осум милијарди луѓе, според податоци од Бирото за попис на САД. Растот на светската популација за изминатата година беше нешто под 1 процент. Како што почнува новата година, се очекуваат во просек 4,3 раѓања и два смртни случаи во секунда, покажуваат проекциите на Бирото за попис на САД. Стапката на раст на населението во САД минатата година беше 0,53 отсто, ...

На крајот од секоја година вообичаено е да се прави топ – листата на најдобрите песни кои оставиле белег во 365-те денови. И во Македонија се пееше многу и конкуренцијата беше силна. Тесно, ама сепак победи, премиерот Димитар Ковачевски. Тој својот хит го обзнани на крајот на 2022 година и потоа завладеа со етерот целата следна година. Еве, како оди таа песна: -Факт е дека за само пет години, од 2017 година наваму, изградени се патишта во ...

Најголем собирач на македонски народни умотворби. Тоа е епитет кој речиси секогаш го придружува изговарањето на името на Марко Цепенков, кој почина на денешен ден пред 103 години, на 29 декември 1920 година. Од сите собирачи на македонското народно творештво, Цепенков има временски најдолг запишувачки „стаж“ – повеќе од 40 години собирал народни умотворби. Освен тоа, за разлика од другите најистакнати собирачи на македонските народни умотворби – ...

Едно од најпријатните изненадувања минатата сезона, екипата на ГРК Тиквеш во пролетниот дел од тековниот шампионат ќе има нов тренер. Радослав Стојановиќ од денес е новиот шеф на стручниот тренерски тим на екипата од Кавадарци. -Своите ракометни почетоци ги имав во овој регион па сега е време со својата работа да возвратам на регионот од чија ракометна школа излегоа квалитетни ракометари. Се радувам што сум тука во улога на тренер и познавајќи ...

Агенцијата за млади и спорт во соработка со Сојузот на спортски федерации по 69-ти пат ги избра најдобрите во спортот во Македонија. Во изборот учествуваа 30 национални спортски федерации (НФС), 13 спортски медиуми и седум членови на највисокото тело за спорт во државава, Советот за спорт. Се гласаше во девет категории, со по пет номинирани, а три признанија беа доделени на најдобрите за остварувања во училишниот спорт. Признанието за најдобра ...

Српскиот неделник „Недељник“ ја објави традиционалната листа на 100 најбогати луѓе во регионот. Како што велат, листата претрпе големи промени и сега доминираат три компании од Хрватска. На листата водат сопствениците на хрватскиот „Инфобип“ Силвио и Роберт Кутиќ и Изабел Јелениќ. Вредноста на нивната компанија за една година се зголемила за речиси 807,6 милиони евра и сега изнесува 3,307 милијарди евра. Второто место го зазема Дубравко Гргиќ, ...

Иран и Русија го финализираа договорот според кој во иднина ќе користат рубли и риали наместо долари во билатералната трговија, објавија во средата иранските државни медиуми. Договорот бил финализиран за време на состанокот на гувернерите на централните банки на двете земји одржан во Русија, се наведува во извештајот пишува „Ројтерс“. И Иран и Русија се под санкции на САД. – Банките и економските субјекти сега можат да ја користат ...

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас заминува од Наполи и кариерата ја продолжува во бундеслигашот Лајјпциг. Со Наполи тој го освои „скудетото“, емоции што засекогаш ќе останат запаметени на стадионот „Диего Марадона“. Наполи на социјалните мрежи сподели видео со кое му се заблагодари на Елмас за сѐ што стори во нивниот дрес. – Ти благодариме за емоциите кои ни ги даде. Сега те чекаат нови предизвици и ние секогаш ќе навиваме за тебе, објави ...

Фудбалската репрезентација на Македонија ќе одигра контролен натпревар против Хрватска на 3 јуни наредната година во Ријека. -Им благодарам на колегата претседател Муамед Сејдини и на моите пријатели од Фудбалскиот сојуз на Македонија за пријатната комуникација и постигнатиот договор околу одигрувањето на овој пријателски натпревар, кој одлично се вклопува во плановите на нашата репрезентација во пресрет на Европското првенство. Македонија во ...

Единаесет лица загинаа, а повеќе од 50 се повредени денеска во сообраќајна несреќа во северозападна Турција, јавија локалните медиуми. Причината за несреќата се уште не е утврдена, наведува турската агенција, пренесува „Хабертурк“. Медиумите јавуваат дека областа е покриена со густа магла и дека видливоста е слаба. – Според првичните сознанија, најголем број смртни случаи во несреќата предизвикал третиот автобус кој удрил во патниците кои ...

Колумна на Никола Тасев: Со син ми пред неколку дена решивме да му напишеме писмо на Дедо Мраз. Си замисливме желби (дете како дете ги бришеше моите, за да имало повеќе место за неговите), ама срочив и јас неколку, па земавме хартија да пишуваме: „Драг Дедо Мразе…“ И се до утрово му глумев на синот дека чекам Дедо Мраз да ни врати. Ама испадна дека сум бил во заблуда, оти навистина добивме одговор. Просто се изненадив кога утрово во поштенското ...

Армијата на Израел е сè поподготвена решително да ја прошири својата борба против шиитската милиција Хезболах во Либан, тврди началникот на Генералштабот на оваа земја Херзи Халеви. Денеска одобривме различни планови за иднината и мора да бидеме подготвени за офанзива доколку е потребно“, рече началникот на Генералштабот Херзи Халеви за време на посетата на воениот штаб во северниот израелски град Сафед. Израелските одбранбени сили „и во нив ...

„Зборуе Радио Скопје, зборуе Радио Скопје, Драги слушатели, од салата на Собранието вршиме директен пренос на Второто заседание на Антифашистичкото собрание на Народното ослободување на Македонија…”. Ова беа зборовите на познатиот писател и борец во НОВ Владо Малески со кои на 28 декември 1944 година беа означени два историски настана: почеток на работата на Радио Скопје и првото пренесување на македонскиот збор во етерот. До историското ...

Поранешниот лидер на германската Социјалдемократска партија (ГСДП) и поранешен вицеканцелар на Германија Зигмар Габриел изјави дека e неуспешна интеграцијата на мигрантите, ја пренесува неговата изјава „ДПА“. Габриел повика на нов курс во миграциската политика на Германија пред европските избори следната година. – Луѓето не се слепи и можат да видат дека, од една страна, Европа не ги заштитува ефикасно своите надворешни граници, а од друга ...

Сообраќајнaта некултура царува по македонските патишта. Како резултат на сето тоа има и многу незгоди, повредени и за жал многу загинати. Републички совет за безбедност во сообраќајот денеска објави дека во текот на годинава, заклучно ноември, на македонските патишта се случиле вкупно 106 сообраќајни незгоди со смртни последици, во кои животот го загубиле 114 лица. – Секојдневно сме сведоци на голем број сообраќајни незгоди кои често имаат и ...

Двајца браќа од Флорида се уапсени откога еден од нив ја застрелал сестрата за време на расправија за божиќните подароци. Девојката (23) била застрелана во градите од својот брат тинејџер (14) додека го држела својот 10-месечен син. По тоа, другиот брат (15) го извадил пиштолот и пукал во него. Полицијата соопшти дека до пукањето дошло за време на расправија за божиќните подароци, односно за тоа кој ќе добие повеќе од нив. Шерифот Боб Гуалтиери ...

Јавноста со стравување чека што ќе направи Владата околу големиот хидроенергетски проект ХЕЦ „Чебрен“. Ќе го даде под концесија на странци дури 60 години или поради многуте аргументи на јавноста дека тоа не треба да се стори – ќе ја прекине постапката. За Здружение на инженери на Македонија дури и нема потреба да има дилема оти рокот за потпишување на договорот е завршен и постапката треба Владата да констатира дека е завршена. Сепак, јавноста ...

Најмалку 241 лице загинаа во изминатите 24 часа во Појасот Газа, а 382 се повредени, додека шест Палестинци загинаа рано утринава на северот од окупираниот Западен Брег, според Министерството за здравство на Газа предводено од Хамас и Министерството за здравство на Западниот Брег. Најмалку 20.915 Палестинци се убиени, главно деца и жени, во повеќе од 11 недели борби во Појасот Газа, пренесе Би-Би-Си. Шест Палестинци загинаа рано утринава, а ...

Комитетот за надворешни работи на турскиот парламент ја одобри кандидатурата на Шведска за НАТО, што е клучен чекор кон проширување на западниот блок по 19-месечно одложување за време на кое Анкара бараше отстапки од Стокхолм врзани за тероризмот. Следниот чекор е гласање во парламентот, кое се очекува да се одржи во рок од неколку недели и таму да биде одобрена кандидатурата. Потоа се очекува турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган да го ...

Оваа календарска година, на која и се наѕира крајот Албанија ќе ја запише како најуспешна во историјата, во однос на посетата од странски туристи, чиј број е над 10 милиони евра. Веста денеска ја објави албанскиот премиер Еди Рама на социјалните мрежи, оценувајќи дека е „фантастично достигнување незамисливо до пред неколку години“. -Убава вест. Заедно со Божиќ, бројот на странски туристи во Албанија достигна 10.011.500. Фантастично достигнување ...

Лејтон Кларксон, играчот за врска на Абердин, поранешен фудбалер на англискиот Премиерлигаш, Ливерпул, „смета клубот треба да стори се“ за да го задржи македонскиот репрезентативец Бојан Миовски и по јануарскиот преоден рок. Според шкотските медиуми, Селтик веќе подготвува понуда за 24-годишниот Миовски кој сезонава постигна 14 гола во сите натпреварувања. – Тој е напаѓач со врвен квалитет. Би сакал да остане и знам дека тоа го сака остатокот од ...

Денеска последен на подготовките во Стара Пазова, Србија пристигна голманот и капитен, Никола Митревски. Тој доцнеше поради клупски обврски во Порто. Со тоа Кире Лазаров, селекторот на македонската ракометна репрезентација, на располагање ги има сите играчи кои ги повика на подготовките за настап на Европското првенство (ЕП) во Германија во јануари. На подготовкиѕе во Србија, Стручниот штаб главно внимание и’ посветува на физичката подготвеност ...

weather icon

Скопје

31ᴼ / 31ᴼ
2.06
22%
1017
weather icon

Белград

30ᴼ / 29ᴼ
2.06
34%
1016
weather icon

Загреб

32ᴼ / 31ᴼ
2.57
40%
1014
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
3.6
24%
1018
weather icon

Сараево

32ᴼ / 32ᴼ
1.14
19%
1015
weather icon

Љубљана

32ᴼ / 30ᴼ
0.89
42%
1015
weather icon

Атина

32ᴼ / 29ᴼ
5.36
28%
1016
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
2.06
39%
1017
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
3.09
33%
1017
weather icon

Букурешт

31ᴼ / 30ᴼ
3.6
31%
1015
weather icon

Будимпешта

32ᴼ / 30ᴼ
6.17
27%
1013
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 23ᴼ
4.63
64%
1016
Currency

61.535

Currency

53.4215

Currency

71.8858

Currency

34.3015

Currency

38.9054

Currency

65.4658

Currency

7.44954

Currency

0.68164

Currency

0.36489

Currency

0.52488

Currency

1.34838

Currency

0.61752

Алуминиум

2.55

Иридиум

142524.59

Кобалт

42.99

Никел

14770.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.55

Сребро

1157.66

Злато

108292.15

Бакар

9.71

Паладиум

33661.83

Платина

40334.14

Родиум

176025.34

Цинк

2.62