За да купите ново возило, потребен ви е приход од 100.000 долари годишно, а просечното американско семејство заработува 80.000 долари годишно. Цените на новите автомобили се зголемени за неверојатни 30 проценти во последните четири години, покажуваат последните податоци на „Ко-пилот“, а пишува Политика рс. Пандемијата со коронавирус, инфлацијата и недостатокот на евтини опции се чини дека се главни причини поради кои просечниот Американец повеќе ...

Најдобриот македонски атлетичар и државен рекордер во повеќе дисциплини, Дарио Ивановски, го освои второто место на полумаратонската трка во Мајами, САД со одлично време, 1:05;17 часа. Топлото време (27 степени) беше главната пречка што Ивановски не успеа да го собори македонскиот, воедно и личен рекорд од 1:04;45 часа. Настапот во Мајами за Ивановски беше загревање пред следниот голем предизвик, маратонот во Севилја, Шпанија на 18 февруари. ...

Иако најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ не успеа да ја одбрани титулата на Австралија опен, тој остана светски рекет број 1. Феноменалниот Србин ја започна 409-та недела на врвот на АТП листата. Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски, на најновата АТП листата „падна“ за три позиции и од оваа недела се наоѓа на 329. место во светот. Ѓоковиќ е на првата позиција со 9.855 бодови, 1.200 помалку од претходната листа. Тој сигурно ќе биде ...

Германските компании од 1 февруари ќе воведат експериментална четиридневна работна недела и ќе ја мерат продуктивноста на работниците. Експериментот во кој ќе има 45 компании ќе трае шест месеци, а вработените ќе ги задржат сегашните плати и покрај намалениот број работни часови, пишува „Блумберг“. Целта на овој експеримент е да се провери дали тврдењата на синдикатите дека луѓето кои работат помалку не само што се посреќни или поздрави туку се ...

Француските фармери денеска најавија најмасовни протести досега ќе го блокираат пристапот до големите градови, а навестија дека планираат „опсада“ на Париз, објавија локалните медиуми. Властите ќе распоредат околу 15.000 полицајци, додека министерот за внатрешни работи Џералд Дарманен побара од полицијата и жандармеријата да покажат умереност и да интервенираат само како последна мерка, доколку е загрозен интегритетот на луѓето или во случај на ...

Да бев претседател, ќе имаше мир во целиот свет, наместо тоа, ние сме на работ на Трета светска војна, изјави вчера поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Тој тврди дека дека „слабоста и предавањето“ на претседателот Џо Бајден се виновни за смртоносниот напад со беспилотно летало во Јордан во кој загинаа тројца американски воени лица. Во објавата на „Truth Social“, Трамп се осврна на, како што рече, „дрскиот“ напад со беспилотно ...

Италијанецот Јаник Синер со епски пресврт триумфира денеска во финалниот меч на престижниот тениски турнир Аустралијан Опен против Данил Медведев. Тој успеа да оствари победа по скоро четири часа игра на „Род Лејвер Арена“. Медведев беше далеку подобар, поквалитетен во првите два сета кои ги реализираше со 6-3 и 6-3. Меѓутоа, почнувајќи од третиот сет Јаник заигра на повисоко ниво пред се на својот сервис каде беше сигурен, па се доведе во ...

Што се случува во светската сила САД? Се уште постојат стравувањата од конфликт меѓу федералните единици и државните одреди на Тексас. Сета ова голема тензија во најдемократската земја во светот дојде по одлуката на американскиот Врховен суд за отстранување на жичената ограда меѓу Тексас и Мексико која ја постави Гувернерот на најголемата сојузна држава во САД. Гувернерот на Тексас, Грег Абот му се закани на американскиот претседател Бајден дека ...

Украинската служба за безбедност(СБУ) соопшти дека открила корупција при купување оружје во вредност од околу 40 милиони долари, по што во тек е истрага против петмина високи лица во Министерството за одбрана и еден добавувач на оружје, јави Би-би-си. Се вели дека претставниците на одбраната потпишале договор за 100.000 минофрлачки гранати во август 2022 година. Плаќањето било однапред извршено, со одреден трансфер на средства во странство, но ...

Колумна на Пеце Лозанов: Вешто лице или експерт од своја област кој го има пресудниот збор за делење на правдата. Најчесто нивните дела се половина од пресудата. Без нив споровите се одолжуваат дури и со години, такви се скоро сите поголеми случаи на пример: “Ласкарци“, “Империја“, “Струма“ … каде се чека мислење на вешто лице од неколку години. Во Македонија според регистарот за вештаци објавен на Министерството за правда ги има вкупно 1205 ...

Лука Дончиќ со 73 поени го предводеше Далас до победа на гостувањето кај Атланта од 148-143, тоа беа најмногу поени за Словенецот на еден натпревар. Ѕвездата на Далас, Лука Дончиќ го имаше натпреварот на кариерата, Словенецот често има брилијантни партии, но овојпат се надмина себеси постигнувајќи фантастични 73 поени. Дончиќ беше незапирлив, покрај поените, имаше и десет скокови и седум асистенции. Со ова фантастичниот Словенец им се приклучи ...

Пробувам да се сетам на нешто крупно што властите изградија, но не ми текнува. А друго ќе беше ако ја направеа гасификацијата, барем до половина да го направеа Клиничкиот центар или автопат… Испадна дека огромни народни пари се арчеа, а ништо не изградија, ни вели скопјанката Елена Владата на ДУИ и СДСМ предводена од премиерот Димитар Ковачевски заминува во историја. А историјата, или запишува за долго сеќавање, или „брише“ оти нема што вредно ...

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел соопшти дека нема да се кандидира на изборите за Европскиот парламент што ќе се одржат летово. Неговата одлука доаѓа неколку дена пред да се сретнат европските лидери во Брисел, пренесува Политико. -Сите напори ќе ги посветам на моите сегашни должности со непоколеблива решителност. Секогаш ќе бидам жесток поддржувач на Европа која е демократска, силна, обединета и господар на сопствената судбина. На ...

Македонската судиска двојка Славе Николов и Ѓорѓи Начевски ќе ја делат правдата на денешниот прв полуфинален натпревар на Европското ракометно првенство меѓу Франција и Шведска. Натпреварот кој ќе го даде првиот финалист на Европското првенство во Германија е на програмата од 17:45 часот во Келн. Николов и Начевски се меѓу најдобрите светски ракометни судии, а главни арбитри во финалето на претходното Европско првенство, како и во финалето на ...

Повеќе од 300 германски земјоделци денеска пристигнаа со трактори во партиското седиште на коалициската Влада во Берлин, на нов протест против плановите за намалување на субвенциите за гориво. Протестите во изминатите недели покажаа дека професијата стои заедно и дека е постигнат пресврт што предизвика прелевање на чашата, изјави претседател на Здружението на фармери од покраината Бранденбург Хенрик Вендорф. Според здружението, земјоделците ...

Меѓународниот суд не му нареди на Израел да ја прекине својата офанзива во Газа, туку побара од него да стори сé што е во негова моќ за да спречи акти на геноцид. Меѓународниот суд на правдата (МСП) пресуди дека има јурисдикција да ги сослуша аргументите на обвинителството за геноцид и го отфрли барањето на Израел да го отфрли случајот. На Израел му е наредено да ги преземе сите мерки во негова моќ за да спречи геноцид, пренесува „Би-Би-Си“. На ...

Претставничкиот дом на Флорида го поддржа предлогот да се забрани користењето на социјалните мрежи од страна на лица помлади од 16 години, без оглед на одобрението од родителите. Нацрт-законот усвоен од федералниот Претставнички дом пред два дена, не прецизира кои платформи ќе бидат забранети. Предлог-законот не се однесува на апликациите што се користат за размена на приватни пораки меѓу поединци. Пред да стигне до потпис на гувернерот, ...

Кина денеска влезе во најпрометниот период од годината со масовна миграција на луѓе и очекувани девет милијарди домашни патувања за време на 40-дневниот метеж по повод Лунарната Нова Година, во Годината на Змејот, јавуваат државните медиуми. Тоа е речиси двојно повеќе од 4,7 милијарди патувања за време на празничната сезона во 2023 година, кога беа укинати многу строгите ограничувања поврзани со Ковид-19. Милиони луѓе ќе патуваат во своите родни ...

Владата е во оставка. Некои министри ќе бидат пак реизбрани и во техничката влада. Ама ќе го нема премиерот Димитар Ковачевски. Членови од владата веќе како да ја чуствуваат големата празнина која настана во Владата откако премиерот мораше да се збогува од функционерската фотелја. Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, само со пофални зборови за својот шеф: -Изминатите две години беа предизвикувачко и плодно патешествие во кое ...

Најмалку 20 Палестинци загинаа синоќа, а 150 се ранети во израелски напад додека чекале ред за храна во Газа, соопшти Министерството за здравство во Појасот. Портпаролот на Министерството, Ашраф ал-Кидра изјави дека бројот на загинати најверојатно ќе се зголеми, бидејќи десетици тешко ранети луѓе се донесени во градската болница Ал-Шифа. Израелската војска соопшти дека го истражува инцидентот, но повтори дека целта не била цивили. Од 7 септември ...

Поранешниот претседател на САД Доналд Трамп синоќа на судењето во Њујорк повторно ги негираше обвинувањата на колумнистката Џин Керол, која од него бара отштета од 10 милиони долари за клевета и сексуална злоупотреба, пишува „Гардијан“. Трамп помина четири минути на говорницата на сведоци, откако адвокатите на Џин Керол ја претставија својата верзија за случајот. Судијата го одби предлогот на поранешниот американски претседател за отфрлање на ...

Македонија (читај народот) исплати нови 1,3 милион евра овој месец за 1.260 македонски функционери, министри, пратеници, судии, градоначалници, обвинители, директори… од државниот буџет по основ на покачувањето од 78 отсто што го аминуваа уставните судии во март минатата година. А ветуваа дека тоа нема да се случи и дека ќе си ги намалат огромните плати, но ете милиони евра овие десетина месеци отидоа во функционерски џебови. Сепак, мора да се ...

Прогласувањето на македонскиот јазик за службен јазик во ослободената Македонија во текот на Втората светска војна – беше историски настан за македонскиот народ. Тоа се случи на Првото заседнаие на АСНОМ на 2 август 1944 година. Друг историски датум околу јазикот беше отпечатувањето на „Македонската граматика“ што се случило на денешен ден пред 78 години, на 26 јануари 1946 година. Затоа и дене се навраќаме на овој голем настан. Задача за ...

Босанскиот репрезентативец, Харис Делалиќ договори соработка до крајот на сезоната со МЗТ Скопје Аеродром. Делалиќ во МЗТ дојде од Игокеа, каде што изминативе две сезони настапуваше во АБА-лигата. Кариерата ја почна во поранешниот европски шампион Босна, а има играно уште за екипите на Челик Зеница, Слобода Тузла, како и на белгиските прволигаши Шарлоа и Леувен. Делалиќ веќе е пристигнат во Скопје и вечерва ќе ги бодри новите соиграчи од ...

Електричните возила ќе ги потиснат другите автомобили. Вака зборуваа пред извесно време од американскиот производител на електрични автомобили „Тесла“. Сега пак од таму има друга порака. – Вкупниот приход скокна 19 отсто, на 96,8 милијарди долари, по скокот на испораките. Нето-добивката порасна за истиот процент достигнувајќи 15 милијарди долари. На крајот на годината приходите нагло забавија, со стапка на раст од само три отсто, а раководството ...

Приклучувањето на Шведска во НАТО стана долга приказна, скоро па како македонската. Имено, потребно е официјално одобрение од сите 31 земја-членка, но тоа се уште се нема случено од страна на Унгарија. Претходно, одобрението на Турција генерално се сметаше за најголемата преостаната пречка што треба да се надмине. Унгарскиот премиер Виктор Орбан вчера изјави дека ќе ги повика пратениците да го одобрат приемот на Шведска при првата можност. ...

Дојде денот кога Димитар Ковачевски ќе се поздрави со премиерската фотелја и големиот владин кабинет. Каде ќе заседне од утре и не е толку важно за широката македонска јавност. Важно е да се види што тој остави, по што ќе биде запаметен неговиот двегодишен мандат и водењето на извршната власт во Македонија. Ред е прво да си припомниме што тој многу самоуверено истакна кога ја презема премиерската функција: -Имаме ретка можност и шанса во период ...

Колумна на Ивица Боцевски: Зошто обединетата албанска опозиција се наоѓа под невиден притисок од сите страни да не исфрли свој кандидат за претседател на престојните избори? Засега единствено е извесно дека ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе излезат со свои кандидати за претседател на државата. Двете партии имаат повеќе од 30 пратеници кои што се предуслов за истакнување кандидатура за претседател, ВМРО-ДПМНЕ ја закажа и својата конвенција за 2 март, а СДСМ ...

Хаосот околу ултимативното менување на личните документи во Македонија продолжува. Владата ( а и Претседателот на државата) веќе две недели кажуваат дека нешто ќе превземат, ама денеска мнинистрите си даваат оставка, а гужвите, долгите редици, повеќечасовно долго чекање, нервозите, понижувањата за граѓаните останаа. Зошто власта остави крајно лоша ситуација? А, се можеше лесно да се реши со наједноставно продолжување на ултимативниот рок кој ...

„Со оваа декларација се изразува сувереноста на Социјалистичка Република Македонија согласно уставните определби за независност и територијалниот интегритет на македонската држава, како и правото на македонскиот народ на самоопределување, вклучувајќи го и правото на отцепување…“ Вака гласел првиот член од документот кој на денешен ден пред 33 години, на 25 јануари 1991 година го донеле пратениците во првиот повеќепартиски македонски парламент. ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
0.51
59%
1016
weather icon

Белград

21ᴼ / 19ᴼ
1.54
64%
1015
weather icon

Загреб

24ᴼ / 18ᴼ
0.0
61%
1016
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
2.06
55%
1018
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
1.56
42%
1016
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 16ᴼ
1.03
89%
1018
weather icon

Атина

26ᴼ / 25ᴼ
3.13
52%
1010
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
1.54
68%
1014
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
0.51
46%
1015
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 18ᴼ
2.06
62%
1018
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 20ᴼ
0.0
51%
1016
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
7.72
73%
1012
Currency

61.53

Currency

52.6208

Currency

71.3842

Currency

34.3134

Currency

38.0999

Currency

65.2724

Currency

7.33049

Currency

0.65673

Currency

0.35837

Currency

0.52559

Currency

1.28824

Currency

0.60048