Скопје
                                    10ᴼ /
                                    10ᴼ
                                
                                Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, упати искрени честитки до македонскиот репрезентативец Енис Барди по повод раѓањето на неговата ќерка Аја. „Честитки Енис Барди за најубавиот гол во животот — раѓањето на ќерката Аја! Бидете здрави и нека ве радува, Аја“, напиша Омерагиќ во својата порака. Фудбалската федерација и спортската јавност му посакаа на Барди многу среќа, љубов и радост со новиот член на ...
Членовите на Европскиот парламент денеска на последниот ден од овонеделната пленарна сесија во Стразбур во одвоени гласања ќе се изјаснат по двете инцијативи за изгласување недоверба на Европската комисија на Урсула фон дер Лајен. Гласањето следи откако во понеделникот европратениците одржаа дебата по иницијативите за недоверба предложени од десничарската група Патриоти за Европа (ПФЕ) и од екстремно левичарската Левица. Образложувајќи ја ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес соопшти дека размислува за потенцијална посета на Блискиот Исток за време на наредниот викенд, додавајќи дека се приближуваат кон спогодба за прекин на непријателствата во Газа. Во изјава пред новинарите во Белата куќа, тој рече дека разговорите се движат во добра насока и дека постои „голема шанса“ да се постигне договор за запирање на војната во Појасот Газа според неговиот предлог. Трамп истакна дека ...
Македонските патишта пречесто се сведоци на тешки сообраќајни несреќи во кои има човечки жртви. За жал и оваа недела ситуацијата не е подобра. Вчера на експресниот пат Штип – Кочани загина едно лице, а 4 завршија во болница. Завчера на магистралниот пат Кичево-Охрид, над селото Попоец исто така загина едно лице. Сето ова алармира и повикува на поголема будност кај учесниците во сообраќајот. Од МВР велат дека се постојано на терен. Само во ...
Новоизбрана градоначалничка на западногерманскиот град Хердеке претрпе повреди опасни по живот по напад со нож во нејзиниот дом. Полицијата вели дека нема политички мотиви во нападот. Ирис Шталцер, од централно-левичарската Социјалдемократска партија (СПД) на Германија, се здобила со повеќе убодни рани од нож, според безбедносни извори на агенцијата ДПА. Според извештаите, итниот повик го направиле нејзините малолетни деца, на возраст од 15 и ...
Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром со победа ја стартуваше сезоната во АБА 2 лигата. Вечерва на домашен терен МЗТ Скопје Аеродром славеше победа над српската екипа Вршац со 75:63 (14:15; 20:22; 22:11 и 19:15). По првото полувреме кое им припадна на гостите со 37:34, македонскиот првак третиот период одигра најдобро и ги казнуваше грешките на ривалот и со скор од 22:11 дојде до предност, која на крајот се покажа и решавачка. Во ...
Во Шарм ел Шеик започна нова рунда преговори меѓу Израел и Хамас со посредство на Египет. Мировениот план предвидува меѓународна преодна управа за Газа, предводена од поранешниот британски премиер Тони Блер. На двегодишнината од почетокот на најновата фаза од израелско‑палестинскиот конфликт, кој се смета за еден од најдолгите модерни војни, денес започна нов политички процес со цел да се постигне траен мир и конечно воспоставување независна ...
Скопје се фали дека е позната туристичка дестинација, но Скопје има места и објекти што не е баш добро да ги видат туристите. Едно од таквите места е полуизгорената и одамна напуштената галија на Вардар, во најстрогиот дел на градот. До кога тоа ругло ќе стои и ќе го нагрдува Градот во близината на ГТЦ? Прашањето е особено тешко затоа што два градоначалника се фалеа дека ќе ја отстранат, но не го направија тоа. Прво Петре Шилегов уште во 2021 ...
Многу дивоградби се распослани низ Скопје. Вчерашната информација дека ќе се рушат дивоизградените објекти на спортскиот аеродром Стенковец охрабруваат дека конечно ќе се застане на патотот на незаконските градења. Но, скопјани прашуваат дали охрабрувањето ќе има краткотрајно дејствие. -Искуството ни вели дека ќе им простат на многуте дивоградби. Бараме овој пат да тргнат потемелно во рушењето и конечно да воведат ред во скопскиот градежен ...
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган објави дека Турција ги презема првите чекори кон воведување на заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик. Изјавата дојде за време на состанокот на Организацијата на турски држави, кој се одржува во Азербејџан, и беше пренесена во живо на неговиот профил на социјалните мрежи. Ердоган истакна дека првиот конкретен чекор во оваа насока е направен со печатењето на азбуката на дело посветено на ...
Албанската полиција уапси три лица поврзани со убиството на судијата Калаја, настан што ја шокираше јавноста и отвори сериозни прашања за безбедноста во судовите. Според извештаите, во инцидентот биле повредени уште три лица, мотивот засега е непознат, а осомничениот Шкамби по пукањето сам се предал и бил приведен. Албанскиот парламент оддаде едноминутен молк, а дебатата се насочи кон подобрување на заштитата на судиите. Делегацијата на ЕУ ...
Премиерот во заминување на Косово, Албин Курти, денес изјави дека мешањето на Србија во Косово е „посериозно од руското влијание во Европа“. -Мисијата за набљудување на изборите на Европската унија на парламентарните избори на 9 февруари го евидентираше мешањето на Србија во нашите избори. Мешањето на други држави претставува кршење на демократијата и суверенитетот на таа земја. И покрај сè, Србија не претрпе никакви последици од ЕУ, поради што ...
Вечерва во Битола се комплетираше 9-тото коло во првата лига со натпреварот меѓу Пелистер и актуелниот шампион Шкендија. Битолчани одолеаја на нападите на гостите од Тетово кои настапија без македонскиот репрезентативец Решат Рамадани, голманот Бабукар Гаје кој замина со репрезентацијата на Гамбија, како и новопечениот албански репрезентативец Клисман Цаке. Натпреварот заврши без голови, 0:0, а врнеше и дожд. За Пелистер ова е прв освоен бод по ...
Вчера денот беше убав и погоден за маратонците во Скопје. Зошто не беше погоден и за скопјани кои во мал број излегоа да го следат најголемиот спортски настан годинава во кој имаше дури 14.000 учесници, меѓу кои врвни атлетичари од Кенија, како и нашиот супер маратонец Дарио Ивановски и други негови македонски колеги? Маратоните во светските градови се настан, атракција, не само спортска, туку комплетна општествена и социјална манифестација. ...
Ракометарките на Металург Автокоманда олекувано го потврдија својот пласман во 3.коло на ЕХФ Европскиот куп. Денес, во реваншот од 2.коло од Европскиот куп, Металург на домашен терен го одигра тимот од Луксембург, Диферданж со 31:24. Уште од самиот старт, Металург го наметнаа своето темпо и во 13-тата минута поведоа со 9:4. Гостите се обидоа да се вратат во игра и ја намалија разликата на 10:7, но тоа беше нивниот максимум. Металург не дозволи ...
Израелската Влада ѝ нареди на војската да ги ограничи офанзивни операции во Појасот Газа и соопшти дека се подготвува за „итна имплементација“ на првата фаза од планот на американскиот претседател Доналд Трамп по одговорот на Хамас, објавија израелските медиуми. – Како резултат на одговорот на Хамас, Израел се подготвува за итна имплементација на првата фаза од планот на Трамп за ослободување на сите заложници, се вели во соопштението од ...
Еден граѓанин и двајца спасувачи загинаа за време на обилните дождови во бугарското одморалиште Елените на Црното Море, објави денес бугарскиот министер за внатрешни работи Даниел Митов. Тој понатаму изјави дека лицето кое починало било во соба на приземјето од неговата куќа кога пристигнал првиот голем бран. „Ова е голема катастрофа во која мора да преземеме сите потребни мерки за надминување на последиците“, нагласи Митов, пренесе бугарската ...
Аеродромот во Минхен повторно работи откако ноќеска беше затворен поради неидентификувани дронови. Тоа доведе до откажување на повеќе од десет летови. Најмалку 17 авиони беа приземјени, што погоди околу 3.000 патници, додека уште 15 авиони беа пренасочени кон други аеродроми. Портпаролот на авиокомпанијата „Луфтханза“ изјави дека летовите утрово продолжиле според планираното. Властите засега не потврдија од каде дошле дроновите. Неколку ...
Израелските поморски сили приведоа повеќе од 400 пропалестински активисти кои патуваа со 41 брод во рамки на флотилата „Глобал Сумуд“, чија цел беше да стигне до Појасот Газа и да ја пробие израелската поморска блокада, соопштија израелските власти. „Во операција што траеше околу 12 часа, израелскиот поморски персонал спречи обид за масовен упад на стотици луѓе на 41 брод. Тие изјавија дека имале намера да ја нарушат законската поморска блокада ...
Земјотрес со јачина од 5.0 степени ја погоди денеска западна Турција, со епицентар во Мраморното Море, на 39 километри оддалеченост од покраината Текирдаг, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Земјотресот бил почувствуван и во Истанбул, кој е оддалечен околу 100 километри од епицентарот на земјотресот, наведуваат турските медиуми. Според соопштението на EMSC, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од девет километри. ...
Кандидатот за градоначалник на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денес ги посети ракометарите на Вардар, по победата во дерби пресметката со лутиот ривал за титулата Пелистер. Вардар оствари победа, а веднаш потоа Орце Ѓорѓиевски порача дека од јануари месец, Градот Скопје сериозно ќе му даде поддршка на ракометниот клуб Вардар. Исто така кажа дека од јануари, Вардар се враќа во Кисела Вода во салата „Расадник“, која ќе биде отворена на почетокот од ...
Апел за помош да го спасиме Спасение! – Нашиот студент по медицина Спасение Анчески од Скопје се соочува со најтешката битка – акутна миелоидна леукемија (АМЛ). Првата хемотерапија во Македонија не даде резултати. Сега неговата надеж е лекување во Загреб, каде што постојат поголеми шанси за закрепнување. Времето е клучно – потребна е финансиска помош за да продолжи со третманот, се наведува во апелот кој кружи на социјалните мрежи. Секој ваш ...
Змјотрес со јачина 6,9 степени според Рихтер го погоди централниот дел на Филипините, особено провинцијата Себу, предизвикувајќи урнување згради, прекини на електричната енергија и сериозни штети на инфраструктурата. Според официјални извори, бројот на загинати се искачи на 69 лица, а повеќе од 150 се повредени. Притоа, најтешко погоден е градот Бого, кој се наоѓа близу епицентарот, каде што болниците се пренатрупани и кога спасиоците копаат ...
Најдобрата женска ракометна репрезентација на Македонија во втората половина на октомври го почнува новиот циклус на квалификации. Македонските ракометарки ќе се обидат по осми пат да биде дел Европското првенство. Македонија во квалификациите за шампионатот во 2026 година ќе ги има селекциите на Германија, Словенија и Белгија. Натпреварите ќе се играат во три т.н. прозори и тоа по два во октомври 2025, и по два во март и април 2026 година. ...
Европа не е во војна, но „веќе не е ниту во мир“ со Русија, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц.. -Ќе го кажам со една фраза што можеби ќе звучи шокантно: ние не сме во војна, но веќе не сме ниту во мир, рече Мерц на медиумски настан во Диселдорф. Тој оцени дека војната што ја води Русија е „војна против нашата демократија и против нашата слобода“ и дека целта на Москва е да го подрие единството на Европската Унија. Мерц потсети дека ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп потпиша декрет со кој се воведува царина од 10 проценти за увоз на дрвена граѓа, додека царината за тоалетни и кујнски елементи и тапацирани дрвени производи ќе изнесува 25 проценти, соопшти Белата куќа. Царините за дрвената граѓа и производи од дрво ќе стапат во сила на 14 октомври. Од 1 јануари, царините ќе бидат дополнително зголемени на 30 проценти за тапацирани дрвени производи и на 50 проценти за кујнски ...
Американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес одржаа клучен состанок во Белата куќа, за време на кој Трамп го претстави својот сеопфатен план за прекин на војната во Појасот Газа. По неколкучасовни разговори, израелскиот премиер официјално изрази поддршка за планот на Трамп, опишувајќи го како важен чекор во поставувањето на темелите за мир не само во Газа, туку и на целиот Блиски Исток. Планот на Трамп ...
Кошаркарките на Баскет Кам со титула ја отворија новата сезона, откако вечерва го освоија трофејот во Супер купот „Драган Василев – Цевка“ со триумф над Вардар од 63-44. Вардар беше рамноправен противник на паркетот во СРЦ „Кале“ во првото полувреме, заминувајќи на пауза со предност од 25-24, но Баскет Кам ја оправда фаворитската улога со многу поквалитетна игра во продолжението. Баскет Кам ја доби резултатски третата четвртина со високи 24-7 и ...
Земјотрес со јачина од 5,4 степени ја погоди денеска западна Турција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ). Земјотресот се случил во 12:59 часот по локално време и бил на длабочина од девет километри, според податоците објавени на веб-страницата на ЕМСЦ. Според податоците од Турската дирекција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), епицентарот на земјотресот бил во областа на градот Симав во округот ...
Повеќе станбени згради и објекти се оштетени во текот на изминатата ноќ во руските напади врз Киев, Запорожје, Соломјански и областа Свјатошински, а досега е потврдено дека најмалку седум лица се повредени во нападите, соопштија регионалните власти. Шефот на воената управа на градот Киев, Тимур Ткаченко во објава на Телеграм посочува дека пет лица се повредени во нападот врз тој град, пренесува Укринформ. Тој рече дека повеќе станбени згради и ...