Скопје
                                    10ᴼ /
                                    10ᴼ
                                
                                Едно лице загина и најмалку девет се тешко повредени откако торнадо синоќа погоди област северно од Париз. Префектурата Вал-д’Оаз рано утрово соопшти дека едно лице починало, четири лица се во критична состојба, а уште пет се во сериозна состојба по невремето во Ермон, во северните предградија на Париз. Локалната временска апликација Météo Express објави снимка која покажува торнадо како соборува три крана. – Ненадејно и невообичаено интензивно ...
Родриго Раз од централно-десничарската партија победи на претседателските избори во Боливија, добивајќи околу 54,5% од гласовите. Победата доаѓа во време која земјата е погодена од тешка економска криза, а лево-ориентираната партија која беше на власт две децении ја изгуби поддршка од народот. Иако Раз ќе стане претседател, сепак на парламентарните избори неговата партија не освои мнозинство, што значи дека ќе треба да формира коалиција за да ...
Возач на автобус што превезувал навивачи на кошаркарскиот тим Пистоја беше убиен синоќа во Италија откако навивачи на соперничкиот тим Себастијани го нападнаа автобусот на автопат. Тој починал откако бил удрен во главата од тула, јавува италијанската новинска агенција АНСА. Нападот се случил на автопатот Риети-Терни, околу 80 километри североисточно од Рим. Навивачите на Себастијани фрлале камења и други предмети кон автобусот додека тој ...
Во една од најспектакуларните кражби во историјата, во музејот Лувр во Париз, беа украдени осум вредни накитни предмети од колекцијата на Наполеон и француските кралеви. Кражбата траела само седум минути, а крадците користеле камион со кревачка платформа и пила за да се пробие прозорецот на Галеријата Аполон. Меѓу украдените предмети се наоѓаат дијадеми, ѓердани, обетки и брошеви. Министерот за внатрешни работи назначи специјализирана единица ...
Умерениот политичар од левиот центар, Туфан Ерхурман, победи на претседателските избори во турскиот дел на Кипар, освојувајќи 62,8% од гласовите. Неговата победа отвора можност за обновување на преговорите на ОН за обединување на Кипар, кои се прекинати од 2017 година. Ерхурман е противник на решението за две држави што го поддржува Турциј и најави дека ќе се залага за федерално решение, поддржано од ОН, со цел да се заврши речиси 50-годишната ...
Украина нема да даде ништо на Русија, порача претседателот Володимир Зеленски, најавувајќи засилување на одбранбената и енергетската соработка со меѓународните партнери. Ова негова изјава доаѓа по последната средба со Доналд Трамп, на која претседателот на САД го повикал Зеленски да ги прифати руските услови за прекин на војната. Зеленски единствено ја поддржал идејата на Трамп за замрзнување на фронтовските линии како почетна точка за ...
Европската комисија изјави дека секоја можна средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин би била добредојдена доколку таа би придонела за постигнување „праведен и траен мир“ во Украина, објави Анадолија. Зборувајќи на прес-конференција, портпаролот на Европската комисија, Олоф Гил, рече дека „претседателката (Урсула) фон дер Лајен го поздравува секој чекор што води кон праведен и траен мир за Украина. ...
По оценувањата за септемвриските квалификации, националниот тим се најде на 65. место, како резултат на нерешените средби со Белгија и Казахстан. Македонската фудбалска репрезентација доживеа пад на новата ранг-листа на ФИФА за најдобрите селекции во светот. Според објавените податоци, нашата репрезентација е рангирана на 65. место, што е пад од две позиции во однос на претходниот рејтинг. Овој резултат дојде во услови кога тимот одигра два ...
Роден сум во 1986-тата година, и тоа некој ќе каже, доволно рано за да ги паметам улиците на една земја која штотуку ја губеше својата перспектива, да го чувствувам немирот кај моите дома, но и наоколу, за неизвесноста околу нашата држава и иднина, но и доволно доцна за да ги почувствувам сите нејзини последици. Нашите родители чинам, беа последната генерација која веруваше дека системот, со сè негово, барем обезбедува некаква предвидливост. ...
Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во Будимпешта, откако денеска ќе го прими украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа, јавува Асошиејтед прес. „Верувам дека денешниот телефонски разговор со Путин донесе значаен напредок“, напиша Трамп на социјалните мрежи непосредно по разговорот. Средбата со Путин треба да се одржи за околу две недели, но точниот датум не е ...
Македонија, но и Балканот денеска се сеќаваат на Тоше Проески, кој пред 18 години трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, на пат кон Загреб. Впрочем, на легендарниот Тоше се сеќаваме секој ден во сите овие изминати години. Неговите песни уште со истата силина не греат и прават горди дека Тоше беше дел од нас. Животот на Тоше заврши во годината кога одбележуваше десет години успешна кариера и кога таа почна да ...
Конвој на косовските безбедносни сили (КБС) утрово поминал низ Северна Митровица, потег што предизвика вознемиреност меѓу локалното население и реакција на социјалните мрежи, каде снимките од колоната брзо се проширија. Според договорот од 2013 година, припадниците на КБС не смеат да навлегуваат во северниот дел на Косово без претходна согласност од командантот на КФОР. Од КБС велат дека станувало збор за ненамерна грешка. „За време на ...
Пишува: Никола Тасев Ете заврши долгонајуваната посета на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен на Македонија. Се уште се слуша ехото од таа вчерашна нејзина средба со македонскиот државен врв. Во тој оддек има и некои работи што останаа недообјаснети за јавноста. Да, таа јасно побара смена на Уставот и јасно укажа дека топката е во македонскиот двор, сепак тоа не е нешто ново, напротив многупати сме го слушнале. Но ...
Се уште се слуша ехото од вчерашната посета на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на Македонија. Во тој оддек има и некои работи кои останаа недообјаснети за јавноста. Да, таа јасно побара смена на Уставот и јасно укажа дека топката е во македонскиот двор, сепак тоа не е нешто ново, напротив многупати сме го слушнале. Но заинтригира кратко напишаното од Фон дер Лајен дека ЕУ е подготвена. И тука е нејаснотијата, а ...
Треба ли во Македонија да се врати задолжителниот воен рок? Оваа дилема повторно се наметнува во јавностa особено откако неодамна беше соопштено сека Србија веќе врши подготовки за задолжителната воена служба таму да трае 75 дена, а слично постапува и Хрватска каде од 1 јануари се очекуваат првите војници во касарните откако се воведе задолжителен воен рок кој трае 2 месеци. Прашањето се наметна и пред една година кога тогашната македонска ...
Најмалку 19 лица загинаа попладнево во западната индиска држава Раџастан кога автобус се запали, објавија индиските медиуми, повикувајќи се на полициски извори. Според NDTV, автобусот превезувал 57 патници на рутата помеѓу Џајсалмер и Џодпур кога од задниот дел на возилото почнал да излегува чад, пренесува Ројтерс. Возачот го запрел автобусот покрај патот, но пожарот се проширил на целото возило за неколку минути. Покрај 19-те смртни случаи, ...
Реконструкцијата на Домот на културата во населбата Ченто влегува во завршна фаза и се очекува до крајот на годината да биде пуштен во употреба. Според Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков околу 60 проценти од градежните активности се веќе завршени. Тој истакна и дека дека заложбите на Владата и на Министерството се во насока на континуирана поддршка и развој на културната инфраструктура во сите општини, како и создавање еднаков ...
Најмалку 14 лица загинаа при уривање во рудник за злато во градот Ел Каљао, во јужна Венецуела, како последица на поројните дождови во регионот, соопштија денеска итните служби. Екипите за спасување информираа дека потрагата продолжува и дека телата на загинатите биле пронајдени во три одделни јами на рудникот „Куатро Ескинас де Каратал“. „Првата фаза од спасувачките активности е испумпување на водата од сите јами во секторот, за да се намали ...
Радијаторите за парно остануваат ладни. Иако, според утринските мерења, деновиве температурите во Скопје се под 10 степени, топлина од централното греење не стасува во домовите. Дали во „топлификација“ друго им покажува термометарот или пак ќе чека да дојде 15-ти октомври, кога веќе снабдувачот со топлина има обврска да „пушти“ парно? Повеќе денови се исполнети сите други услови за да има парно, односно времето е ладно. Но, скопјани добија ...
Реката Вардар треба да е украс на Скопје. Но, дали е така? Дури и во најстрогиот центар на градот во речните води има многу ѓубре. Просто има повеќе пластични шишиња, канти и ќеси отколку што има риби. Не ретко пливат грбно или градно дири и по некој шпорет, перална или автомобилски гуми. Ако на оваа грда слика се надодаде и тоа дека во Вардар се уште се слеваат фекални и отпадни води тогаш е јасно зошто прошетката покрај реката некогаш не е ...
Француското претседателство денеска го откри составот на новото владино тело, предводено од премиерот Себастијан Лекорну, во кое има и познати и нови лица. Како што пренесува Франс24, целта на формирањето е да се избегне продлабочување на политичката криза во земјата. Во новиот состав, Жан-Ноел Баро останува министер за надворешни работи, додека функцијата министер за вооружени сили ја добива досегашната министерка за труд Катрин Вотрен. ...
Процесот на предавање на 48 израелски заложници, од кои се верува дека 20 се живи, треба да започне денес во Појасот Газа. Според договорот, заложниците ќе бидат предадени на Црвениот крст, кој потоа ќе ги предаде на израелската војска. Возила на Црвениот крст веќе се забележани во Газа, а израелски хеликоптери чекаат веднаш надвор од Појасот. Израелски безбедносен функционер потврди дека првите заложници ќе бидат ослободени во утринските ...
Дванасет бодови од шест натпревари е билансот на Македонија во квалификациите за пласман на Светското првенство идната година. Првото место е императив за нашите репрезентативци, а пред одлучувачкиот меч против Велс, Македонија има „домашна задача“ против Казахстан. Столе Димитриевски, голманот на репрезентацијата очекува сосема поинаков меч од Гент и сега Македонија да се најде во ситуација да напаѓа и да ги освои трите бода. „Важен меч ќе ...
Во Косово денеска се одржуваат локални избори за градоначалници и советници во 38 општини, а сите избирачки места на северот беа отворени точно во 7 часот, јави порталот Коссев. Право на глас имаат 2.069.098 гласачи, а гласањето ќе трае до 19 часот, пренесе Бета. За градоначалници има 206 кандидати, од кои 20 се жени, а за општински советници се кандидираа 5.420 кандидати. На овие избори на гласачкото ливче има вкупно 93 политички субјекти – 32 ...
По осум одложувања, стапија во сила американските санкции врз Нафтената индустрија на Србија (НИС), што е во мнозинска сопственост на Русија, една од најважните компании за функционирање на целата српска економија. „Санкциите воведени од САД поради мнозинската руска сопственост во компанијата стапуваат во сила од шест часот утрово (9 октомври)“, соопштија од НИС. Уште во јануари, САД објави воведување санкции врз една од виталните компании за ...
– Американските власти соопштија дека 19 лица се загинати или се водат како исчезнати по разорна експлозија во фабрика за производство на експлозиви во сојузната држава Тенеси. Шерифот на округот Хамфрис, Крис Дејвис, изјави дека „има 19 лица по кои трагаме“. Тој не прецизираше колку од нив се потврдени како загинати, но потврди дека има и повредени. Причината за експлозијата во фабриката, која се наоѓа западно од Нешвил, сè уште не е утврдена. ...
Македонската репрезентација се враќа од Белгија со бод по нерешениот меч (0:0), а голманот Столе Димитриевски ја истакна одличната игра во одбраната. „Беше тежок натпревар, Белгија имаше силна офанзива и постојано нè притискаше. Но, одбраната ни беше перфектна. Игравме без грешка и го исполнивме планот“, изјави Столе Димитриевски. Гледајќи кон следниот меч против Казахстан кој се игра во понеделник во Скопје, Димитриевски додава: „Од првиот ...
Соединетите Американски Држави вршат дислокација на до 200 војници, веќе распоредени на Блискиот Исток, во Израел, со цел координација на операцијата, информираа официјални лица од САД. Американската армија ќе формира т.н. центар за цивилно-воена соработка во Израел, кој ќе опфаќа околу 200 војници. Во него ќе бидат вклучени и единици од арапски и муслимански држави, вклучувајќи ги Египет, Катар и Турција, кои ќе го следат прекинот на огнот и ...
Во вечерашниот натпревар против Белгија нашата фудбалска репрезентација во Гент ќе им гостува на Белгијците како првопласирана селекција во групата. Благоја Милевски веќе има за што да е горд на овие репрезентативци но главната цел е пласман на Светското првенство 2026. Иако Белгија е фаворит на групата и на натпреварот Милевски верува дека неговите избраници можат до позитивен резултат. -Можам да кажам дека сум горд на моите фудбалери, и тоа ...
Протераниот лидер на Хамас од Газа, Калил Ал Хаја вечерва изјави дека војната е завршена и дека почнува трајно примирје. Тој наведе дека договорот вклучува: отворање на преминот Рафа во двата правци; ослободување на сите палестински жени и деца од израелските затвори; гаранции од САД, арапските посредници и Турција дека војната во Газа е трајно завршена. Но, во меѓувреме висок претставник на Хамас, Осама Хамдан во Египет изјави дека „ниту еден ...