Скопје
                                    10ᴼ /
                                    10ᴼ
                                
                                Од утре до сабота традиционалните студентски средби „Скомрахи” во драмски театар На Факултетот за драмски уметности од утре до 8 ноември ќе се одржат Студентските средби „Скомрахи”, со учество на студенти од повеќе европски драмски академии. „Годинашните средби, целосно се конципирани и програмирани од студентите на ФДУ, кои се инспирирани од желбата да се откријат нови реалности и алтернативни перспективи за уметноста, театарот и човековото ...
Кинa и Русија ги продлабочуваат врските и соработката. Кинескиот претседател Си Џинпинг се сретна со рускиот премиер Михаил Мушустин и повика на посилни меѓусебни инвестиции и ја потврди посветеноста на Пекинг на подобрување на врските и покрај „турбулентните“ надворешни околности. „Заштитата, консолидирањето и развојот на односите меѓу Кина и Русија е стратешки избор за двете страни“, рече Си. Од друга страна Кремљ го нагласи значењето на ...
Во бугарската нуклеарната централа Козлодуј избувнал пожар во енергетската просторија на безбедносниот систем на петтиот блок, што предизвикало итна евакуација на работниците на електраната. Поради густиот чад во просторијата, повикана е противпожарна служба, а се преземаат мерки за замена на оштетената опрема. Официјално, надлежните во Бугарија објавија дека ситуацијата е под контрола и дека нема опасност за луѓето. МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: ...
Австралија ќе им понуди на домаќинствата најмалку три часа бесплатна електрична енергија секој ден, изјави австралискиот министер за енергетика Крис Бовен. Граѓаните ќе можат да користат бесплатна енергија добиена од сонцето во периодите на најголемо производство, главно во средината на денот. Во Австралија, околу четири милиони домови веќе имаат соларни панели на своите покриви. Програмата ќе им биде достапна и на станарите во згради кои ...
Повеќе од 3,2 милиони патници во САД се погодени од доцнења и откажувања на летови, бидејќи бројот на отсуства меѓу контролорите на летање постојано расте. Само во понеделникот биле забележани речиси 2.900 одложени летови. Околу 13.000 контролори на летање и 50.000 службеници од Управата за безбедност во сообраќајот се принудени да работат без плата, затоа што се уште во Конгресот не е изгласан буџетот. МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Поврзани вести: ...
Во септември 2025 година, според проценките на Евростат, статистичката канцеларија на ЕУ, 13,24 милиони лица во ЕУ биле невработени, што во споредба со истиот период од минатата година е зголемување за 277.000. Зголемен е и бројот на невработени и во однос на август, оваа година за 63.000 лица. Финансиската криза во некои од земјите во ЕУ се гледа и од стапката на невработеност кај младите под 25 години. Таа изнесува 14,8 отсто. МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа објави дека безбедносните служби во државата се во потрага по двајца снајперисти кои пристигнале во Белград. „Кои се тие и кои им се целите – не знаеме. Но, знаеме дека пристигнале, знаеме и од каде дојдоа парите, верувам дека надлежните служби ќе успеат да го решат тоа”, изјави тој. Во овој контекст, Вучиќ рече дека постои само еден начин на кој можат да го победат, бидејќи добро знаат дека на ...
Неколку илјади луѓе се евакуирани денеска од крајбрежните области на Филипините кои се загрозени од тајфунот Калмаеги, кој се движи кон источниот остров Лејте со ветрови од 120 до 150 километри на час, соопшти метеоролошката служба на земјата. Двете провинции Палу и Танауан, каде што се врши евакуацијата се со вкупно население од 140.000 жители, а веќе претходно во 2013 година беа погодени од супертајфунот Хаијан, кога загинаа најмалку 6.000 ...
Поранешната израелска воена обвинителка Јифат Томер-Јерушалами е приведена во рамките на истрагата за протекување на видеоснимка, на која се гледа како израелски војници малтретираат палестински притвореници во 2024 година во затвор со висока безбедност. Обвинителката Томер-Јерушалими во петокот поднесе оставка, а вчера на кратко исчезна, што предизвика шпекулации за евентуален обид за убиство. Израелскиот министер за национална безбедност, ...
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека Техеран ќе ги обнови своите нуклеарни постројки „со уште поголема енергија и решителност”, откако тие беа сериозно оштетени во американските воздушни напади во јуни,годинава, во текот на 12-дневниот конфликт со Израел. Тој нагласи дека Иран нема намера да создава нуклеарно оружје, туку дека неговата програма е насочена кон научни и медицински цели. Вашингтон и Тел Авив, пак го обвинија Техеран ...
Четири дронови синоќа биле забележани над белгиската воена база Клајне Брохел, која ја користи НАТО. Претходно, министерот за одбрана на Бегија, Тео Франкен изјави дека дронови биле забележани и во ноќта од сабота кон недела. Против нив бил употребен прекинувач на сигнали, но без успех. Според непотврдени информации, оваа база е една од локациите во Европа каде што се складира американско нуклеарно оружје. МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Поврзани ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не размислува да и даде на Украина крстосувачки ракети „Томахавк” со долг дострел. Претходно, Пентагон одобри Белата куќа да испрати „Томахавки” во Украина, а конечната политичка одлука зависи од претседателот Трамп. Киев ги бара ракетите за да може поефикасно да ја нападне нафтената и енергетската инфраструктура длабоко во Русија. Москва претходно опоменува дека испораката на такви ракети ...
32-годишено лице со британско држајванство засега е единствено осомничено за нападот со нож врз 10 лица во воз што се движел кон Лондон. Од десетте лица кои биле прободени со нож во воз во саботата навечер двајца се уште се борат за живот. Нападите со нож во Британија стануваат загрижувачки, затоа што во споредба со минатата деценија се зголемиле за 87%. Само лани имало околу 55.000 регистрирани инциденти, што е меѓу највисоките стапки во ...
Тивко беше синоќа и утрово пред српскиот Парламент, откако вчера имаше големи тензии помеѓу насобраните групи противници и поддржувачи на владата, кои полицијата со кордон ги одделуваше. Српската полиција во текот на ноќта соопшти дека се приведени 37 луѓе. Граѓани вчера се собраа за да и понудат поддршка и заштита на Дијана Хрка, мајката на едно од 16-те загинати лица, пред една година кога се урна бетонска настрешница на влезот во ...
Седум луѓе загинаа, а околу 150 се повредени во синоќешниот земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтеровата скала регистриран во северниот дел на Авганистан. Според Геофизичкиот институт на САД, епицентарот на земјотресот бил во близина на градот Мазар и Шариф, на длабочина од 28 километри. Во градот Мазар и Шариф живеат околу 523.000 луѓе. Кон крајот на август, земјотрес со интензитет од шест степени ги погоди источните провинции ...
Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка, еден од жртвите изјави дека „останува во штрајк со глад и нејзините бањара се јасни“ „Сите одговорни за падот на бетонската настрешница мора да бидат гонети и сослушани. Обвинителството и полицијата треба да си ја работат својата работа, а не да ме тепаат, ме малтретираа три дена, а денеска ме бркаа по автопат. Не го заслужив тоа, не сум терорист ниту криминалец. Дојдов на штрајк со глад затоа што сакам да ...
Белата куќа синоќа објави ново правило со кое се ограничува можноста на акредитираните новинари да имаат слободен пристап до канцеларијата на портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит и други високи службеници за комуникации во Западното крило, во близина на Овалната соба. Во меморандум објавен доцна синоќа се вели дека на новинарите ќе им биде забрането да влегуваат во просторијата без претходно закажување, наведувајќи ја потребата од ...
Британскиот крал, Чарлс Трети, на својот помлад брат, принцот Ендру, му ги одзеде сите титули и почесни одликувања и му наложи иселување од резиденцијата. Одлуката е поради поради неговото поврзување со починатиот сексуален престапник Џефри Епстин и разните оргии кои тој ги организирал. Ендру ги отфрли сите обвинувања, но на почетокот на месецов најави дека повеќе нема да ја користи титулата Војвода од Јорк. МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Поврзани ...
Популарноста на францускиот претседател Емануел Макрон, според анкета на весникот „Фигаро” падна на историски најниско ниво, само 11 отсто граѓаните го поддржуваат. Тамошни аналитичари очекуваат дека до крајот на годината рејтингот на Макрон ќе биде едноцифрен. Овој пад доаѓа во време на продлабочување на политичката криза во Франција, а јавноста бара оставка од него. Според агенцијата Verian Group, Макрон е најнепопуларен француски претседател ...
По трагичниот настан во Ново Место, од минатиот викенд во кој животот го загуби 48-годишен маж откако го претепаа лица од ромска националност, словенечките власти ги засилија безбедносните мерки во таа областа. Покрај голем број полицајци распоредени на терен, Советот за национална безбедност реши да ја активира и војската. Ова е првпат по 2015 година, словенечката армија да излезе на улиците. Тогаш одлука беше донесена за справување ...
Илјадници луѓе ќе се соберат утре во Нови Сад за да ја одбележат првата годишнина од уривањето на настрешницата на железничката станица, при што загинаа 16 луѓе. Реки од луѓе, предводени од студентите кои цела година протестираат, од повеќе српски градови неколку дена пешки маршираат кон Нови Сад за да стигнат на собирот. Демонстрантите бараат одговорност од власта и распишување предвремени избори. За вечерва е предвидено обраќање на ...
Кандидатите за градоначалници се растрчани уште овие неколку часови пред да заврши кампањата вечерва на полноќ. Партиите брзаат, ловат нови гласови, ветуваат, но и преговараат со оние кандидати кои отпаднаа во првиот круг. Што на ова поле направи СДСМ? Венко Филипче во неделата најави дека „најкасно до среда” ќе објави со кого и каде ќе коалира неговата партија во вториот круг на локалните избори. Денес е петок, втор ден по среда и последен ден ...
Малопродажната цена на дизел горивото од денеска ќе се точи по повисока цена за два денари по литар. Цената на другите горива останува иста. Вака одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС ќе биде 70 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС – 95 и понатаму ќе се продава за 73,5, ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 75,5. Цената на Екстра лесното масло за горење останува 67,5 денари за литар. МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Поврзани ...
Во акција на крајбрежната служба на Грција кај малиот грчки остров Гавдос, рано утрово биле спасени 79 мигранти кои се превезувале со чамец. Од крајбрежната служба информираа дека во спасувачката акција, координирана од Националниот координативен центар за потрага и спасување, вклучени биле патролен брод, дрон на Фронтекс, како и два брода што пловеле во близина. Мигрантите биле безбедно пренесени до пристаништето Палеохора на Крит, каде што ќе ...
Ураганот Мелиса се уште беснее низ Карибите, но силата му е намалена. Синоќа го погоди вториот по големина град во Куба, а претходно направи пустош во Јамајка и поплавувајќи го Хаити, при што загинаа најмалку 25 лица. Мелиса, најсилниот ураган што некогаш стигнал до Јамајка, ја погоди оваа земја со ветрови од 298 километри на час. Проценките се дека Мелиса предизвикала штета и економски загуби од 22 милијарди долари само на Јамајка. МОЖЕБИ ЌЕ ...
Германската влада на седницата одржана во средата, 29 октомври, го усвои предлогот за најголемо зголемување на минималната плата досега, со вкупен раст од 13,9 проценти од нејзиното воведување пред една деценија. Според одлуката, сегашната законска минимална сатница од 12,82 евра ќе се зголеми во два чекора – од јануари 2026 на 13,90 евра, а до 2027 година на 14,60 евра по час. Со оваа мерка, германската влада ја следи препораката на ...
Можност за смирување на трговските тензии меѓу двете најголеми светски економии најавија американскиот и кинескиот претседател, на состанокот кој утрово по македонско време се одржа во јужнокорејска воздушна база. Ова е нивна прва директна средба по 2019 година. На почетокот на разговорите, Си му порача на Трамп дека е „нормално двете водечки економии во светот повремено да имаат триења и несогласувања”. „На скалата од еден до десет, состанокот ...
Американската администрацијата го симна од црната листа поранешниот претседател на Република Српска, Милорад Додик. Од списокот на санкционирани се отстранети и 28 други лица и фирми блиски до Додик. Причините за укинувањето на санкциите не се наведени во одлуката, но таа следува откако Додик го прифати неговото разрешување од функцијата претседател на Република Српска. Додик веднаш му се заблагодари на Трамп и рече дека оваа одлука е морална ...
Претседателот на Русија, Владимир Путин, објави дека украинските сили во стратегиските градови на фронтот Купјанск и Покровск се целосно опколени и дека Зеленски е на потег да ја донесе одлуката. Според аналитичарите со оваа изјава Путин врши притисок врз украинскиот претседател да одлучи за судбината на неколкуте илјади свои војници, како и да „спречи понатамошно измамување на сопствениот народ и западните сојузници”. Истовремено Путин испраќа ...
Очите на македонската јавност во недела ќе бидат вперени во повеќе градови каде ќе се избораат нови градоначалници, а особено ќе се гледа и кон изборно Кичево. Таму се случуваат процеси кои одамна се очекуваа и посакуваа. Почнаа да дуваат нови позитивни ветрови, нов дух и надеж за соживот и меѓусебно почитување. Ова особено се разбуди по јавното обраќање на сопругата на кичевскиот кандидат од ВМРО-ДПМНЕ, Линдита Јовановски која е Албанка по ...