Скопје
                                    10ᴼ /
                                    10ᴼ
                                
                                Екипата на Еурофарм Пелистер со трофеј ја стартува новата сезона 2025/2026 на домашната ракометна сцена. Тие вечерва во Кавадарци го добија дуелот за Супер куп трофејот против лутиот ривал Варрдар со 28-27. Дуелот започна со два гола на Пелистер, кој таа предност ја одржуваше со 4-2, по што Вардар израмни на 4-4. Гол за гол се играше до 6-6, па следуваше серија на црвено-црните од четири погодоци, за предност од четири гола 6-10. Шампионот ...
Најмалку 15 лица загинаа, а 20 се повредени во главниот град на Португалија, Лисабон откако трамвај излета од шини. Несреќата се случи на линијата „Глорија“, отворена во 1885 година и го поврзува плоштадот „Ресторадориш“ во центарот на Лисабон со квартот Барио Алто, познат по ноќениот живот. Претседателот на Португалија, Марсело Ребело де Соуза, изрази сочувство до роднините на жртвите. Во Лисабон е прогласена тридневна жалост за да се оддаде ...
Националниот фудбалски тим ги одработува подготовките за натпреварите кои ги очекуваат во следните денови. Прво е пријателскиот натпревар со Саудиска Арабија, кој може да биде и „загревање“ за домашниот натпревар со Лихтенштајн од квалификациите за СП 2026. Победа на тој натпревар и трите бода ќе бидат од голема важност пред гостинските натпревари со Белгија во октомври и со Велс во ноември. Играчот од одбраната, Никола Серафимов, кој од оваа ...
Во објава на социјалните мрежи, американскиот претседател Доналд Трамп ги обвини кинескиот претседател Си Џинпинг, рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун дека дејствуваат заедно против Вашингтон, напиша АФП. Трамп започна со гест на почит кон Си, повикувајќи го кинескиот лидер да им оддаде почит на Американците кои загинаа помагајќи ѝ на Кина против „ многу непријателски странски окупатор“ и повикувајќи тие да ...
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го назначи поранешниот репрезентативец Николче Новески за раководител на скаутинг службата. Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, истакна дека назначувањето на Новески е голем придонес за федерацијата. „Задоволство е што ваков професионалец прифати да биде дел од нашиот тим, заедно со Пандев, Христов и Ибраими. Верувам дека со неговото искуство, авторитет и познавања ќе изградиме систем кој ќе донесе ...
Алкалоид со негатива од 10 гола се враќа од првиот квалификациски дуел против фаворитот Хановер за пласман во групната фаза во Европската лига, откако на гостински терен беше совладан со 37-27. Реваншот е закажан за 6. септември во салата во Автокомнда, актуелниот освојувач на ЕХФ Европскиот Куп со поддршка од домашната публика ќе има шанса да се покаже во подобро издание и секако да ја поправи реализацијата. На оваа средба, Алкалоид ...
Земјотрес со јачина од 6,0 степени според Рихтеровата скала го погоди источен Авганистан доцна синоќа, при што загинаа над 250 лица, а околу 500 се повредени, соопшти Министерството за информации на Авганистан за агенцијата Анадолија. Според Геолошкиот завод на САД (USGS), земјотресот бил регистриран во 19:17 часот по Гринич, на 27 километри источно-североисточно од Џалалабад, на длабочина од 8 километри. Официјален претставник на ...
Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во северниот кинески пристанишен град Тјанџин, објавија кинеските и руските државни медиуми, на регионален безбедносен самит за кој Кина се надева дека ќе се спротивстави на западното влијание во глобалните прашања. На почетокот од четиридневната посета на соседот и најголем трговски партнер на Русија, Путин беше пречекан со црвен тепих на пистата од високи градски функционери, како што беше ...
Македонскиот фудбалски првак Шкендија не успеа да ја сочува предноста од 2-1 од Скопје, на гостувањето кај Лудогорец во Разград. Тимот од Тетово успеа да се избори за продолженија, но во нив домашните стигна до два гола и до пласман во Лигата на Европа. Куртулус уште во 9. минута успеа да го донесе Лудогорец до предност, а во 24. минута бугарскиот тим имаше веќе 2-0 со голот на Чочев, резултат кој го носеше во групите во Лигата на Европа. ...
Сирени за воздушен напад оддекнаа во Киев околу три часот изминатата ноќ најавувајќи ги руските дронови и ракети кои како огнени топки завршуваа во станбени згради. Најновиот напад на Москва врз Киев зема најмалку 15 човечки животи, вклучувајќи четири деца на возраст од 2 до 17 години, а неколку десетици се повредени, соопштија украинските властите, пренесуваат светките медиуми. Дел од повредените Украинци сведочат за тоа како ја поминале ноќта ...
Белградска Црвена Звезда не успеа да се квалификува за новиот формат на Лигата на шампионите втора година по ред, откако синоќа одигра само 1:1 на гостувањето кај кипарски Пафос. По поразот од 1-2 во Белград , српскиот шампион имаше водство до 89-тата минута на реваншот, но потоа Кипраните постигнаа гол и испишаа историја за клубот. По голот што го постигна Жажа за домашниот тим, сè ескалираше. Прво на трибините, а потоа и меѓу фудбалерите. ...
Руските трупи навлегле во регионот Дњепропетровск во централна Украина, соопштија денеска украински воени аналитичари. Експерти од службата за ситуациона мапа „Дипстејт“ ги означија градовите Запориске и Новохеорхијивка во регионот како окупирани од Русија, пренесе ДПА. Москва со недели зборуваше за напредување во областа западно од силно оспоруваниот регион Доњецк. Украинската армија ги негираше последните тврдења. – Украинските вооружени сили ...
Земјотрес со интензитет од 4,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди западна Турција денес, недела, 24 август 2025 година, во 20:58 часот. Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал во областа со географски координати на географска ширина 39,1797 и географска должина 28,1272 јужно од градот Баликешир. Хипоцентарот на земјотресот, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 11 ...
Во основното училиште „Кочо Рацин“ во Центар, Скопје, заврши комплетната реконструкција на мултифункционалното игралиште, кошаркарското игралиште и поставувањето на нови фитнес справи на отворено. Министерот за спорт, Борко Ристовски, истакна дека во овој проект се инвестирани 4,6 милиони денари, како одговор на барањата на жителите на Центар. Мултифункционалното игралиште е целосно обновено за фудбал, одбојка и ракомет, кошаркарското игралиште ...
„За 20 дена ќе биде готова новата градинка во населеното место Потстаница во населбата Драчево“, најави градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, откако заедно со премиерот Христијан Мицкоски изврши увид на активностите на терен. Во објектот со три занимални, со вкупна површина од 300 метри квадратни ќе бидат згрижени 75 дечиња. Градоначалникот Ѓорѓиевски потенцираше дека во Кисела Вода листите на чекање се сведени на нула и оти ова е ...
Фудбалерите на Шкендија го совладаа вечерва бугарски Лудогорец со 2-1 во Скопје во првиот натпревар од плејофот за пласман во групната фаза во лига Европа. Лудогорец дојде во водство од својата прва шанса на арената „Тодор Проески“ кога Дерој Дуеарте искористи грешка во одбраната на Шкендија и биеше прецизно во 17 минута. Шкендија беше рамноправен противник во првото полувреме и откако не искористите две – три идеални шанси за гол, го израмни ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата администрација ќе знае во рок од две недели дали ќе се постигне мир во Украина, предупредувајќи дека ако не, тој ќе „заземе поинаков пристап“. Оваа изјава е последна во низата рокови што Трамп ги постави за завршување на војната, кои досега поминаа без конкретни акции, пишува The Kyiv Independent. „Во рок од две недели ќе знаеме дали ќе има мир во Украина. После тоа, можеби ќе мора да ...
Израелската армија објави дека ги започнала првите чекори од операцијата за преземање на Газа Сити, еден од најголемите урбани центри во појасот Газа. Војската мобилизираше десетици илјади резервисти, додека владата разгледува нов предлог за примирје во војната што трае речиси две години. „Ги започнавме првичните операции и првите фази од нападот врз Газа Сити, а нашите сили веќе се наоѓаат на неговите периферии,“ изјави портпаролот на ...
Македонската кошаркарска репрезентација го одигра последниот натпревар од претквалификациите за Светското првенство во 2027 година. Без шанса за пласман, но со огромна желба за победа, нашите кошаркари истрчаа на теренот против далеку посилната репрезентација на Унгарија. Со победата од 82:75 во СРЦ Кале, нашата подмладена екипа покажа дека знае и може да победува. Уште на стартот на циклусот, новиот селектор Марјан Илиевски изјави дека ова е ...
Македонскиот кошаркарски репрезентативец Адем Мекиќ нема да биде во составот за средбата со Унгарија Искусниот кошаркар се обиде, да се врати назад во некој нормален тренажен процес. Но работите не одеа според неговите очекувања. -Проблемите кои почнаа уште при она гостување во Романија, се посилни од мојата желба за играње. Лекарскиот тим констатираше дека станува збор за истегнување на лигамент на десното колено, и нивните препораки се дека ...
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера разговарал телефонски со унгарскиот премиер Виктор Орбан, по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски и европските лидери. Главна тема на разговорот била блокадата на преговорите за пристапување на Украина со Европската Унија од страна на Орбан, според извори запознаени со ситуацијата, објави Блумберг. Повикот на Трамп до Орбан следел по состанокот во Белата куќа, каде што разговарал со ...
Македонската кошаркарска репрезентација ги загуби сите шанси за пласман на Светското првенство во Катар 2027 година, откако во претквалификациите загуби од Романија (два пати) и од Унгарија. На натпреварот, кој ќе се одигра во среда, во СРЦ „Кале“ во Скопје, селекторот Марјан Илиевски нема да може да смета ниту на Марко Миловановиќ, кој се пожалил на здравствени проблеми. Поради тоа, Илиевски ќе повика еден од тројцата играчи кои беа надвор од ...
Фудбалерите на Пелистер извојуваа вечерва гостинска победа над АП Брера во Струмица со 2-1 во завршниот натпревар од 2. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Со својот прв триумф над АП Брера на гостински терен по пауза од седум години, Пелистер го комплетираше максималниот ефект на гостинските екипи во второто прволигашко коло. Пелистер на гостувањето во Струмица дојде во водство во 48. минута, со голот на Мирко Ивановски од пенал, ...
Полицијата во Белград привела 16 лица по протестите што ноќеска се одржаа во повеќе градови низ Србија, пренесува Танјуг, повикувајќи се на информации од Министерството за внатрешни работи. Лицата, како што пренесуваат српските медиуми се приведени поради демолирање и палење на просториите на владејачката Српска напредна партија во Белград. Антивладините протести вчера се одржаа под слоганот „Каде застанавме“, а граѓаните во Белград се собираа ...
Македонската одбојкарска репрезентација вечерва во Скопје ја совлада Грузија и избори учество на Европското првенство 2026. Македонците по четврти пат во низа ќе играат на континенталното првенство. „Црвено-жолтите“ успеаја да дојдат до посакуваната убедлива победа над Грузијците со 3:0, по сетови 25:13, 25:16 и 25:17. Избраниците на селекторот Јошко Миленкоски го освоија второто место во Ф-групата и како една од петте најдобро второпласирани ...
Потпретседателот на Демократската партија во Србија Миодраг Гавриловиќ, изјави дека шеснаесетгодишното момче кое полицијата го тепаше на протест во Ваљево е во многу сериозна состојба и дека бубрезите му откажале. „Невидено полициско насилство е регистрирано овие денови во Ваљево. Момчето А.Р. кое беше брутално претепано во Ваљево е родено во 2009 година, има само 16 години и е во многу сериозна состојба бидејќи бубрезите му откажале. Тој беше ...
Во објава на социјалните мрежи, Зеленски изјави дека Украина го документира движењето на руските сили и дека „доколку е потребно, ќе возвратат“. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека очекува Русија да „го зголеми притисокот и нападите“ врз Украина во наредните денови со цел да „создаде поповолни околности за преговори со глобалните актери“. Во објава на социјалните мрежи, Зеленски изјави дека Украина го документира движењето на ...
Првата средба на Доналд Трамп и Владимир Путин по 2018 година траела два часа и 45 минути. Главната тема на состанокот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин во Алјаска требаше да биде да се стави крај на агресорската војна на Русија против Украина. Но, се чини дека нема конкретен исход. Трамп и Путин извлекоа позитивен заклучок од нивните разговори, кои според изјавата за медиумите на Путин, кој ...
Претседателите на САД и на Русија, Дoналд Трамп и Владимир Путин се сретнаа на аеродромот во Енкориџ пред да заминат на разговори во воздухопловната база „Елмендорф-Ричардсон“. Првата средба можеше да се следи на видеото што одеше во живо на Јутјуб каналот на Белата куќа. Трамп го пречека Путин, а додека рускиот претседател се приближуваше Трамп го поздрави со краток аплауз, по што следуваше ракување и краток разговор. Потоа двајцата ...
Македонската одбојкарска репрезентација в недела во СЦ „Борис Трајковски“ ќе го игра клучниот натпревар за пласман на Европското првенство 2026. Во Скопје ќе гостува Грузија, а македонскиот национален тим е фаворит и ќе бара максимална победа од 3:0 во сетови. Притоа ќе треба да се внимава и противникот да освои што е можно помалку поени. Ова од причина што по завршувањето на дуелите од претпоследното коло од квалификациите (вчера) македонскиот ...