Во последниот натпревар од 3.коло од „М-Тел“ Супер кошаркарската лига Пелистер дури по две продолженија го победи дебитантот во лигата Маџари со 101:90. Новиот член на суперлигашкото друштво му пружи сериозен отпор на фаворитот за висока пласман, а во делови од натпреварот имаше и водство. Шансата за победа Маџари ја пропушти во регуларните 40 минути, кога не го реализираше последниот напад. Во првото продолжение домашниот тим имаше шанса за ...

Екипата на Лос Анџелес Лејкерс постигна победа во еден од 12-те ноќеска одиграни НБА натпревари. „Езерџиите“ ја победија Минесота Тимбервулвс со 128:110, а свое шоу имаше словенечкиот репрезентативец Лука Дончиќ. Тој натпреварот го заврши со 49 постигнати поени (14/23 шут од игра) со 11 скокови и 8 асистенции со што беше на чекор од „трипл-дабл“. Со својот ефект Дончиќ стана првиот играч во НБА лигата кој на два последователни натпревара има ...

Хрватските пратеници гласаа за воведување задолжителна воена служба за зајакнување на одбраната на земјата во услови на глобална нестабилност, вклучително и руската инвазија на Украина. Загреб ја укина регрутацијата во 2008 година, една година пред да се приклучи на НАТО, во обид да ја професионализира својата војска. Но, оттогаш, високи владини претставници тврдат дека меѓународните тензии го направија неопходно враќањето на основната воена ...

Со синоќешната вечер на млади пејачи, во Штип започна традционалниот „Макфест”. Вечерва ќе настапат пејачи кои се веќе подолго време на музичката сцена, а за во сабота е предвидена вечер за прослава на 40 години од Фестивалот. Ќе се пеат најголемите макфестовски хитови во изведба на Тања Кочовска, „Силви бенд”, Питер Џон Босе, Владо Јаневски, Сашо Гигов-Гиш, Ристо Самарџиев, Мики Јовановски-Џафер и други пејачи кои оставиле свој белег на ...

Претседателот Доналд Трамп објави дека ги прекинува сите трговски преговори на САД со Канада, откако владата на канадската покраина Онтарио емитуваше реклама во која поранешниот американски претседател Роналд Реган негативно зборува за царините. „Царините се многу важни за националната безбедност и економијата на САД. Врз основа на нивното невидено однесување, сите трговски договори со Канада се прекинуваат”, напиша Трамп на својата социјална ...

По воведувањето на американските санкции против руските нафтени гиганти Росњефт и Лукоил се огласи и рускиот претседател Путин. Тој санкции ги нарече „непријателски чин кој не придонесува за подобри руско-американски односи” и како „обид за притисок врз Русија” кој, според него, ќе биде залуден. „Ниту една земја која се почитува самата себе не дејствува под притисок”, изјави Путин и му порача на Трамп дека би требало „да размисли за кого ...

По повод јубилејот – 80 години од основањето на ФК Пелистер, денес во Општина Битола беше остварен прием со највисоките претставници на реномираниот романски клуб ФК Динамо Букурешт. На средбата присуствуваа претседателот Андреј Николеску, спортскиот директор Козмин Михалеску, директорот за комуникации Богдан Алеку и претставникот на клубот Костир Шолц. Во пријателска и спортска атмосфера беше извршена размена на специјални дресови по повод ...

Обилните дождови и силните ветрови во петокот навечер создадоа проблеми во делови од Хрватска, а особено драматично беше во Загреб, Славонија и Меѓумурје, каде што пожарникарите имаа полни раце работа. Пожарникарите во Загреб интервенирале на 66 повици. Повеќето од нив вклучувале отстранување на паднати дрвја, лимови и огради, испумпување вода и отстранување на заштитни огради и отстранување на електричен столб. Иако времето се смири, ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ порача дека без разлика на сите притисоци напредокот на Србија нема да биде запрен. Говорејќи за проекциите на ММФ, тој наведе дека Србија оваа година ќе има стапка на раст од 2,4 проценти. „До 2030 година, Србија ќе има највисока стапка на раст во Европа – од четири проценти. Ова се одлични показатели за иднината – ако сме одговорни, ќе ги стигнеме земјите што биле 300 години пред нас”, рече Вучиќ. ...

Обидинетите нации поминуваат низ сериозна криза кога многу држави се погласно бараат реформа на оваа светска организација. Во таква атмосфера денеска се одбележува 80 години од нејзиното постоење. Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш, по тој повод, оцени дека Организацијата чија цел е светскиот мир, односно меѓународната соработка со цел постигнување општа благосостојба, се наоѓа пред нови предизвици. Дали и како тие предизвици ќе се ...

Лидерите на ЕУ синоќа се согласија да одговорат на итните финансиски потреби на Украина во следните две години, но не одобрија и користење на замрзнатите руски средства во корист на Киев како што претходно најавуваа. Белгија има резерви да се користат руските пари. Во заклучоците од состанокот стои дека ЕУ е посветен на одговор на итните финансиски потреби на Украина за периодот 2026-2027 година, вклучувајќи ги и нејзините воени и одбранбени ...

Уште една голема кражба во француски музеј. Околу 2.000 златни и сребрени монети во вредност од околу 90.000 евра биле украдени од музејот на познатиот филозоф Дидро. Не се активирал алармот и иако кражбата се случила во неделата дури во вторникот кога бил отворен музејот била забележана кражбата. Инаку, пред неколку дена од крадци пострада и светски познатиот музеј Лувр во Париз. Кралскиот накит ограбен во Лувр е проценет на 88 милиони евра. ...

Исламскиот проповедник Имран Хосеин, кој се смета за опасен по безбедноста на Албанија поради терористички акти, попладнево е задржано на меѓународниот аеродром во Тирана. Хосеин тргнал од Тринидат и Тобаго, Јужна Америка кон Албанија поради религиозна агенда, но безбедносните власти имале информации против него поврзани со терористички акти и поради оваа причина граничната полиција не му дозволила влез во Албанија, објави „Топ чанел“. Тој е ...

Фудбалскиот шампион на Македонија, Шкендија стигна до првата историска победа во Европа, откако вечерва на домашен терен славеше над ирски Шелбурн со 1-0 во меч од 2. коло од новата сезона во Конференциската лига на Европа. Двата тима тргнаа внимателно од самиот старт на мечот, па првите десет минути не донесоа никакви возбудувања на теренот на „Тодор Проески“. И во следниот период натпреварот не ни донесе возбудувања, па по половина прво ...

Соединетите Американски Држави воведоа санкции врз руските нафтени гиганти „Роснефт“ и „Лукоил“. Американскиот претседател Доналд Трамп за првпат воведува санкции врз Русија откако се врати во Белата куќа и има за цел да ги намали клучните приходи од нафта што ја финансираат воената машина на Русија. Овој потег го означува најновиот пресврт на администрацијата на Трамп, од притисок врз Киев да се согласи на мировен договор до растечко ...

„По повеќе од една деценија застој, Скопје конечно ќе ја добие Универзалната сала во сјајот што го заслужува, ќе стане симбол на културата на нашиот град. Вчера беше завршена постапката за избор на изведувач, донесена е Одлука за избор на најповолен понудувач по јавната набавка за реконструкција на објектот по принцип „Клуч на рака“. По завршување на законските рокови и потпишување на договорот, ќе започнат градежните активности. Особено сум ...

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, ги искажа своите впечатоци по нерешените 1:1 против Казахстан во меч од квалификациите за Светското првенство 2026. – Да можам, би ја сменил почетната постава и дел од играчите. Не бевме изненадени од Казахстан, но имавме малку материјал за анализа. Планот беше да се наметнеме со одредена тактика, но не функционираше, па направивме замени уште на полувремето. Второто ...

Се уште се расчистува ситуацијата околу предизвиканиот пожар и пукањето пред српскиот Парламент во Белград. Засега е познато дека е запален еден од шаторите кои се поставени од страна на студентите што се спротиставуваат на долготрајните блокади низ Србија. При пукањето повредено е едно лице а уапсено е друго кое го извршило нападот. За ова веднаш се огласи претседателот на Србија Александар Вучиќ кој настанот го карактеризира како терористички ...

И покрај потпишаното примирје во Појасот Газа, речиси секојдневно се појавуваат снимки од насилства и јавно погубување цивили. Јавноста е повторно шокирана од новите снимки кои прикажуваат припадници на Хамас како брутално тепаат и погубуваат палестински цивили. Израел го обвини Хамас за прекршување на прекинот на огнот и ја запре хуманитарната помош, додека вчера американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе го искорени Хамас доколку ...

Се уште не се фатени крадците кои во неделата ја посрамотија Франција ограбувајки го познатиот музеј Лувр. Полицијата трага по криминалната банда, а се вршат и проценки колку вреди стариот царски накит кој го снема од витрините на музејот. Кураторот од Лувр ги проценил загубите на околу 88 милиони евра. Група од четворица крадци насилно влегоа во галеријата Аполо во Лувр кратко по отворањето на музејот во неделата наутро, користејќи скали од ...

Европската Унија подготвува предлог за мировен план со цел запирање на војната во Украина. Документот вклучува итен прекин на судирите и безбедносни гаранции за Украина. Како дел од планот, Киев би добил и финансиска поддршка за обнова на земјата и забрзан пат кон членство во ЕУ. Санкциите против Русија постепено би се укинувале, но околу 300 милијарди долари замрзнати руски резерви би биле вратени дури откако Москва ќе се согласи да придонесе ...

Најавената средба во Будимпешта помеѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот Владимир Путин на тема војната во Украина е ставена во мирување, откако Трамп изјави дека не сака „бескорисен состанок” и дека го поддржува предлогот на Киев и европските лидери за замрзнување на конфликтот на постојната линија на фронтот. Од друга страна рускиот министер Сергеј Лавров порачаа дека Русија бара „долгорочен и одржлив мир” и дека замрзнување на ...

Во наредните три недели на плажата Зрќе во Новалија ќе бидат урнати 124 бесправно изградени објекти. Ова соопшти Државниот инспекторат на Хрватска. Од нив, 119 се наоѓаат во камп, а пет се угостителски објекти изградени без дозвола надвор од градежната зона. Инспекторатот соопшти дека отстранувањето ќе се врши на трошок на сопствениците. Акции за уривање на нелегални градби ќе има и во други делови oд Хрватска. Од 2019 година досега во Хрватска ...

Во поплавите што го погодија централниот и источниот дел на Мексико загинаа 76 лица, а 27 се водат како исчезнати. Како што е соопштено околу 120 населби, по повеќедневните обилни врнежи, останале изолирани. Најпогодена од поплавите е сојузната држава Идалго поради планински области каде што пристапот е отежнат поради оштетени патишта. Повеќе од 12.700 припадници на армијата и морнарицата се распоредени во сојузните држави погодени од ...

Словенечката полиција целосно блокирала улица во градот Пивка, Словенија, откако, на тротоарот во близина на продавница, локалец кој живеел во блиска станбена зграда со три истрели ја убил воспитувачката во градинка, а потоа се самоубил. Соседот на убиецот, кој ја гледал трагедијата од својот балкон, не ја слушнал расправијата, но забележал дека соседот ѝ се заканил на жртвата и влегол во зградата. Таа продолжила да оди по тротоарот, а тој ...

Поранешниот француски претседател Никола Саркози од денеска почнува со отслужување на затворската казна, откако беше осуден на пет години затвор за илегално финансирање на својата кампања со пари од Либија. Саркози ќе стане првиот поранешен шеф на членка на ЕУ и прв повоен француски претседател кој завршил зад решетки. „Не се плашам од затвор. Одам со крената глава”, изјави Саркози, кој денеска беше примен од Емануел Макрон во Елисејската ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Хамас ќе биде „искоренет” доколку не го почитува договорот за прекин на огнот во Појасот Газа, еден ден по извештаите за нови напади во кризното подрачје. „Имаме договор со Хамас дека ќе се однесуваат пристојно, а ако не го сторат тоа – ќе ги искорениме доколку биде потребно”, изјави Трамп. Израел тврди дека во неделата извршил напади во Газа како одговор на напади од Хамас, што милитантната ...

Австриски и германски екстремисти предизвикаа паника кај жителите на Шипан, остров кај Дубровник, откако купиле повеќе недвижности — вклучувајќи го и главниот хотел во местото, кој подоцна го затвориле и го претвориле во приватна вила. Купувачите, според мештаните, биле поврзани со неонацистички кругови, а на островот биле забележани „млади во црно кои тренираат во шумата”. Бил оштетен и партизанскиот споменик. Жителите се во страв, а ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ по средбата со унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека многумина не му верувале кога предупредувал за тешките времиња што ќе дојдат, но сега тие се тука, и дека ќе бидат уште потешки. Вучиќ и Орбан разговараа за енергетската стабилност на Србија, особено по американските санкции против Нафтената индустрија на Србија и можната забрана на увозот на руски гас од страна на Европската унија. Вучиќ изјави ...

Србија забрзано работи на проектот за брза железница помеѓу Белград и Ниш, а подоцна како што соопшти српскиот премиер Ѓуро Мацут, ќе биде поврзана во јужна насока и многу брзо кон Македонија. „Од македонска страна постои големо разбирање за ова, а неодамна во разговорите со македонскиот премиер Мицкоски во Македонија, имав можност да ги разберам нивните намери брзо да работат на железницата. Ова сигурно ќе не охрабри да ја забрзаме целата оваа ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
5.14
76%
1024
weather icon

Белград

13ᴼ / 12ᴼ
2.06
64%
1026
weather icon

Загреб

15ᴼ / 14ᴼ
1.03
50%
1027
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
5.14
71%
1025
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
4.75
66%
1024
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 13ᴼ
2.06
61%
1027
weather icon

Атина

22ᴼ / 21ᴼ
4.12
65%
1017
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
3.09
63%
1018
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
7.2
39%
1021
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
1.03
90%
1024
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 11ᴼ
3.09
62%
1026
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 16ᴼ
7.2
77%
1020
Currency

61.6117

Currency

53.4226

Currency

70.1451

Currency

34.8307

Currency

38.0029

Currency

66.1692

Currency

7.50631

Currency

0.66019

Currency

0.34662

Currency

0.52533

Currency

1.27069

Currency

0.60225