Скопје
14ᴼ /
14ᴼ
Заклучно со петокот со обоени регистарски таблички биле обележани околу 700 службени возила, јавија од владината служба за општи и заеднички работи. Од таму очекуваат дека до предвидениот рок до 29 септември сите возила ќе бидат означени. Од јавноста овој потег е коментиран како позитивен, оти обележувањето на службените возила со регистарски таблички во друга боја е првиот чекор кон поголема транспарентност и јавна контрола. Граѓаните ...
Скопје е затрупано со ѓубре. Дури и диви депонии се распостилаат во најурбаните делови на градот. Што се случува со Комунална хигиена? Дали јавното претпријатие работи или е затворено, а јавноста за тоа не е информирана? Дали граѓаните самите треба да си го собираат ѓубрето или да си го складираат дома? Ова се дел од прашањата кои се актуелни на социјалните мрежи од жителите на Скопје. Граѓаните редовно споделуваат фотографии на социјалните ...
Заклучно со петокот со обоени регистарски таблички биле обележани околу 700 службени возила, јавија од владината служба за општи и заеднички работи. Од таму очекуваат дека до предвидениот рок до 29 септември сите возила ќе бидат означени. Од јавноста овој потег е коментиран како позитивен, оти обележувањето на службените возила со регистарски таблички во друга боја е првиот чекор кон поголема транспарентност и јавна контрола. Граѓаните ...
Ракометарите на Алкалоид беа на прагот на победа во дербито против шампионот Еурофарм Пелистер. Сепак со голот на Хосни во последната секунда битолчани излегоа нерешено 32:32. Освен стартното водство 0:1 пелистерци во ниту еден друг момент на натпреварот не успаја да дојдат во предност. Алкалоид ја презеде контролата на играта и во 11.минута имаше и највисоки три гола предност 7:4. Зелено-белите од Битола успеаа да го анулираат поби тоа и во ...
Велика Британија денеска ја призна палестинската држава откако Израел не ги испочитува условите поставени во јули од премиерот Кир Стармер, вклучувајќи прекин на огнот. „За да ја оживееме надежта за мир за Палестинците и Израелците и за решение со две држави, Обединетото Кралство денеска и формално ја признава Државата Палестина. Ова не е награда за Хамас, туку значи дека Хамас нема иднина“, кажа Стармер и го повика Хамас да ги ослободи ...
На масовните протести што денеска се одржаа низ цела Франција на повик на синдикатите против владините предлози за драстично намалување на буџетските трошоци, уапсени се 309 лица, а за 134 е одреден притвор, соопшти вечерва француската полиција. На протестите, според власта, учествувале околу 500.000 луѓе, додека организаторите тврдат дека бројката достигнала еден милион. Во немирите биле повредени 26 полицајци, а јавниот превоз и дел од ...
Виртуелната министерка Дијела, облечена во традиционална народна носија, за прв пат се обрати во албанскиот парламент. Нејзиниот ресор ќе биде „следењето на јавните трошоци и борбата против корупцијата“.„Не сум тука да ги заменам луѓето, туку да им помогнам. Точно е дека немам државјанство, но немам лични амбиции или интереси“, им рече Дијела на пратениците. Додека, поставувањето на министер креиран од вештачка интелегенција за премиерот Еди ...
Земјотрес со јачина од 7,8 степени по Рихтер го погоди подрачјето во близина на рускиот полуостров Камчатка, соопшти Американската геолошка служба (USGS). Потресот е регистриран во 6:58 часот по локално време, на длабочина од 10 километри и околу 128 километри источно од Петропавловск-Камчатски. Веднаш по ударот издадено е предупредување за цунами, поради ризик од разорни бранови долж брегот на Пацификот. Гувернерот на Камчатка потврди дека ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски на платформата Икс објави дека го потпишал Договорот за стогодишно партнерство во Велика Британија. – Нашиот сојуз ја удвојува нашата сила. Затоа е чест и привилегија да го потпишеме законот за ратификација на Стогодишниот договор за партнерство меѓу Велика Британија и Украина. Вчера, Врховната рада со големо мнозинство го поддржа овој историски договор, а денеска го враќам во Парламентот со мојот ...
Споредувајќи ги двете земји како „два тона во еден акорд“, американскиот претседател Доналд Трамп на свечениот прием во Лондон, ја истакна „непроценливата и вечна“ блискост меѓу САД и Велика Британија. Тој изјави дека му е огромна чест што е првиот американски претседател со втора државна посета на Британија. Обраќајќи се на кралот Чарлс Трети, Трамп ја нагласи неговата посветеност кон зачувување на традицијата. Британскиот Крал, пак, ...
Србија започна преговори со руската државна корпорација „Росатом“ за изградба на нуклеарна електрана, потврди српскиот амбасадор во Москва, Момчило Бабиќ. Тој оцени дека „нема подобра компанија во светот за изградба на нуклеарка“ и најави оти овој проект за Србија е многу важен поради растечките потреби за електрична енергија. Проекциите на стручњаците покажуваат дека до 2050 година потрошувачката на струја ќе порасне четирикратно, за што ...
Езерото во Преспа со години се суши! Сега ситуацијата ептен е алармантна, бидејќи драматично е намален водостојот. Дури еден метар понизок од просекот во последните децении. Многу конференции, тркалезни маси и најави слушавме од надлежните дека ќе се наоѓа спас за Езерото. Екологистите се загрижени, спасот споро доаѓа, а веќе неповратно се уништува уникатната флора и фауна на езерото. Се уништува дури и иднината на човечкиот фактор кој живее ...
Цените на пазарите упорно растат. На пример, компирот е поскап за дури 70 отсто од лани. Слично е и со другите неопходни земјоделски производи Зошто е така? Оправдано ли е цените волку да растат? Според официјалната статистика трошоците што ги имале земјоделците во просек се пораснати за само 2 отсто. Па тогаш кој ги дува цените и врз основа на каква пресметка? Разни експерти во последниов период главно проблемот го лоцираа во преголемите ...
Тимот на Пелистер ќе ја брани честа на македонската клупска кошарка во натпреварите кои се во ингеренции на ФИБА. Светската кошаркарска федерација одлучи во десеттото издание на Лигата на шампиони, квалификациите да бидат реализирани во Самоков, Бугарија. Во првото елиминациско коло на 19 септември, „зелено-белите“ ќе играат против италијанската Реџана. Почетокот е закажан за 15:30 часот. Покрај Пелистер и Реџана, во групата 2 се и: Орадеа ...
Дерби натпреварот од 6.коло од Првата лига меѓу Струга и Шкендија заврши без победник 1:1. Со освоениот бод екипата на Струга е лидер на табелата со 16 бодови, еден повеќе од Силекс. На вториот дуел одигран попладнево Тиквеш ја постигна првата победа совладувајќи го на домашен терен Шкупи со 1:0, додека за екипата од Чаир ова беше шести пораз и се единствениот тим без бод. На вчера одиграните дуели: Башкими – Силекс 2:1 и Македонија ЃП – АП ...
Три документарни и три играни филмови ќе бидат прикажани на 10. Меѓународен филмски фестивал на дебитантски филм Киненова 2025, што ќе се одржи од 28 септември до 5 октомври во Македонската опера и балет и во Домот на културата „Билјана Беличанец“ во Кисела Вода. Фестивалот ќе биде отворен со „Изгубениот сон на југословенскиот дрим тим“, во кој учествуваат најголеми екс југословенски кошаркарски легенди: Јуре Здовц, Дино Раџа, Тони Кукоч, ...
Македонија имаше жешко лето исполнето со пожари. Летото привршува – пожарите не престануваат, напротив од шумите се префрлија во Скопје. Што се случува во земјава? Има ли крај сето ова? Ќе успеат ли државните институции да ги спречат потпалувачите и кој таквите криминалци ги организира? Сето ова се прашања што јавноста преку социјалните мрежи ги поставува. Граѓаните се гневни, загрижени и помалку исплашени. „Не ни е потребно само да ги ...
На 15.09.2025 во 14:05 часот во ОВР Гостивар, 29-годишник од гостиварско село пријавил дека бил измамен од Г.П. од САД за сума од 25.000 американски долари. Според пријавеното, на 03.09.2025 преку социјални мрежи тој стапил во контакт со лицето и се договориле да купи патничко возило „форд мустанг“ олдтајмер од 1968 година и првата поливина од цената да ја плати веднаш, а другата откако ќе го добие возилото. Како што е пријавено, тој извршил ...
Еден од културните белези на Скопје – Универзална сала, ч конечно ќе добие нов лик . Нејзината реконструкција започна пред неколку години, па во меѓувреме и ја запалија, па стоеше, па не се знаеше кој е надлежен. Но сега, како што објасни министерот за култура и туризам Зоран Љутков, ќе се работи забрзано. Новиот изглед ќе ја задржи постоечката форма, ќе биде со капацитет од 1.200 седишта, а ќе има и нова просторна акустика со современи ...
Што бидна со најавената резолуција од страна на СДСМ околу црвените линии на Македонија за евроинтеграции? Лично нивниот лидер Венко Филипче пред две недело најави дека најкасно за неколку дена ќе ја достават во Собрание и до јавноста. Со нетрпение чека и ВМРО-ДПМНЕ. Синоќа, премиерот Христијан Мицкоски уште еднаш потенцираше дека со нетрпение чека да ја види резолуцијата. „Доколку тоа не се случи, тогаш претпоставувам дека СДСМ во отсуство ...
Добро е што се направи усилба млади да може да дојдат до свој стан. Придобивките се мали и треба да се надополнат со други мерки. Ова се дел од реакции на граѓаните на социјалните мрежи, синоќа по објавувањето на одлуката на Народна банка на Македонија од 1 декември, учеството за станбен кредит за граѓаните кои за првпат купуваат стан ќе биде 10 проценти, а за сите останати се зголемува од постојните 15 на 25 проценти. Инаку, вчера, ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека ќе поднесе тужба од 15 милијарди долари за клевета и навреда против весникот „Њујорк тајмс“. Трамп ова го објави на неговата социјална платформа Трут соушл (Truth Social), обвинувајќи го весникот за како што наведе, децениските лаги против него, неговото семејство и бизнис, движењето „Америка на прво место“, МАГА и американската нација како целина, пренесе „Гардијан“. „Денес имам голема ...
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го загуби финалето на W 75 турнирот што се играше во Букурешт, за награден фонд од 60.000 долари. Поуспешна од неа беше актуелната јуниорска шампионка на Ролан Гарос Лили Тагер од Австрија со 2-1 во сетови (64 36 64). Со овој пораз прекината е низата од девет победи на македонската тенисерка, а на последните 20 меча Ѓорческа има 17 победи. Финалниот меч траеше 2 часа и 35 минути. Во првиот сет ...
Полскиот претседател Карол Навроцки денеска потпиша декрет со кој се дозволува присуство на странски воени лица во земјата во рамки на операцијата за заштита на воздушниот простор на НАТО на источното крило на Алијансата. – Претседателот на Република Полска, Карол Навроцки, потпиша резолуција со која дава согласност за присуството на странски трупи од земјите членки на НАТО на територијата на Република Полска како засилување за Полска во ...
Фудбалската репрезентативна пауза е веќе зад нас, па клубовите може да се насочат кон домашните обврски. Од петок до недела во првата лига ќе се играат натпреварите од петтото коло. Два натпревари, во Скопје и9 Битола ќе се играат под рефлектори во вечерен термин од 19 часот. Останатите ќе започнат во попладневниот термин од 15.30 часот. ПМФЛ 5 КОЛО Петок ШКЕНДИЈА – БАШКИМИ 15:30 часот ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП 19:00 Сабота СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ ...
Ракометарите на македонскиот првак Еурофарм Пелистер со победа ја стартуваа новата сезона во Лигата на шампионите откако на домашен терен го совладаа Загреб со 25:23 (13:12). Битолчани одиграа одлично прво полувреме со комплетна контрола над играта и резултатот, кој само еднаш беше нерешен 1:1. На почетокот на вториот дел гостите подобро го почнаа полувремето и направија серија од 4-0 за водство од 16:14. Сепак „пелистерци“ го вратија ...
Дмитриј Медведев, поранешен претседател и премиер на Русија, а сега заменик-претседател на Советот за безбедност, се огласи по повод убиството на познатиот десничарски активист Чарли Кирк. „Политички убиства и атентати во последно време ги извршува разнородна левичарско-либерална багра која стои на страна на про-бандеровски Киев. Фицо, Кирк… Кој е следен? Можеби е време тимот на MAGA да сфати дека со поддршката на Украина, всушност ...
-Големиот, па дури и легендарниот Чарли Кирк, е мртов. Никој не го разбираше или немаше срцето на младите во Соединетите Американски Држави подобро од Чарли. Тој беше сакан и почитуван од сите, особено од мене, а сега, тој повеќе не е со нас. Меланија и моите сочувства се упатуваат до неговата прекрасна сопруга Ерика и семејството. Чарли, те сакаме! – напипа Трамп на социјалната мрежа Truth social. „Во чест на Чарли Кирк, вистински голем ...
Полска употреби оружје за да собори дронови над својата територија, откако тие повеќепати навлегле во нејзиниот воздушен простор за време на рускиот напад врз Украина, соопшти рано во средата Оперативната команда на полските вооружени сили на платформата X. „За време на денешниот напад на Руската Федерација, насочен кон цели во Украина, со повеќекратни упади на дронови беше повреден нашиот воздушен простор“, се наведува во изјавата. „На ...
Сите државни институции и јавни правни лица имаат обврска најдоцна до 15 септември годинава да ги заменат регистарските таблички на службените возила со нови, специјални таблици во боја. Детали се очекуваат на денешната прес-конференција што ја најави Службата за општи и заеднички работи на Владата. Најавено е присуство на директорот на СОЗР, Ивица Томовски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заменик-претседателот на Владата ...