Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Револуционерната терапија, првично наменета за лекување на напреднат рак на дојка, покажува исклучителни резултати дури и во раните фази на болеста, значително подобрувајќи ги шансите пациентите да живеат подолго, објавува Science Alert. Според фармацевтската компанија Lilly Oncology, клиничкото испитување во фаза III потврди дека апчето Abemaciclib, попозната под трговското име Verzenio, може значително да го намали ризикот од враќање на ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп даде зелено светло за продажба на нова класа далекуметни ракети на Украина во вредност од 825 милиони долари, што претставува прв ваков пакет од почетокот на војната. Станува збор за проектили Extended Range Attack Munition (ERAM), со дострел до 400 километри, кои на украинската армија ќе ѝ овозможат да погодува руски цели и инфраструктура стотици километри зад фронтот. Пакетот ...
На Волстрит во четвртокот беше забележан нов пораст на индексите, при што S&P 500 и Dow Jones достигнаа рекордни вредности, пред сè поради растот на цените на акциите на големите технолошки компании. Dow Jones се зголеми за 0,16 отсто, на 45.636 поени, S&P 500 порасна за 0,32 отсто, на 6.501 поен, додека Nasdaq оствари раст од 0,53 отсто и достигна 21.705 поени. Рекордот на S&P 500 се должи на раст во седум од 11-те најважни ...
Прашањето за бројот на загинати руски војници во Украина останува едно од најконтроверзните војни прашања. Русија официјално само еднаш, во септември 2022 година, објави бројка од нешто помалку од 6.000 загинати. Оттогаш, Кремљ ги третира информациите за загуби како државна тајна, а секое споделување различни податоци се смета за „дезинформација“, со затворски казни до 15 години. И покрај строгата цензура, независни новинари, активисти и ...
Трагичен настан ја потресе Америка – 16-годишниот Адам Рајн од Калифорнија си го одзеде животот по интеракција со ChatGPT. Родителите на момчето поднеле тужба против OpenAI, тврдејќи дека четботот не само што не го спречил, туку му понудил детални насоки за начините на извршување самоубиство. Несреќата, која се случила во април оваа година, повторно ја отвори јавната дебата за одговорноста на компаниите што развиваат вештачка интелигенција и ...
Министрите за одбрана и надворешни работи на Европската унија денеска во Копенхаген започнуваат дводневни разговори за поддршката на Украина и за кризата во Појасот Газа. Состанокот се одржува само еден ден по најжестокиот руски воздушен напад од крајот на јули, во кој загинаа најмалку 21 лице, меѓу нив и деца, а најмалку 48 беа повредени. Првиот ден ќе биде посветен на засилување на воената поддршка за Киев и на унапредување на соработката ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски упати апел до европските лидери со барање за „јасни одговори“ во врска со безбедносните гаранции што Киев би ги добил во случај да се постигне мировен договор. На виртуелен состанок со претседателот на Полска и лидерите на Естонија, Латвија, Литванија и Данска, Зеленски праша: „Кој ќе ни помогне во одбраната на копно, во воздух и на море ако Русија повторно тргне во офанзива? И на кој начин можете ...
Во Крива Паланка беше откриен мурал посветен на четворица херои кои своите животи ги положија во 2001 година – Јане Јакимовски, Горан Стојановски, Момир Стојановски и Орце Илиевски. „Не отвораме само мурал, туку траен споменик на четири имиња кои никогаш не смеат да се заборават. Со нивната жртва тие нè задолжија сите нас да го чуваме најскапоценото – мирот и слободата. Овој мурал нека биде жив сведок дека благодарноста е посилна од ...
Пешаците повеќе нема да смеат да преминуваат улица со слушалки на двете уши или со телефон во рака – тоа е предвидено во предложените измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, што Владата ги испрати во Собранието. Новите правила се однесуваат и на велосипедистите и на возачите на електрични тротинети. Според текстот, секој пешак кој се движи по коловоз или преминува преку него, како и преку велосипедска патека или лента, ...
Марко Пејчиновски беше пречекан со овации на охридското пристаниште откако успешно го заврши својот најнов и воедно последен предизвик – „Ајронмен“ триатлонот. Со огромна посветеност и неверојатна физичка и ментална издржливост, Пејчиновски го реализираше подвигот кој траеше речиси цело деноноќие. „Целта е достигната. Ајронмен триатлонот успешно завршен. 7 часа и 47 минути трчање, 2 часа и 33 минути возење велосипед, 9 часа и 29 минути ...
Ловец F-16 од полските воздухопловни сили се урна за време на проба за аеромитинг во градот Радом, во централна Полска, при што животот го загуби пилотот, соопшти портпаролот на полската влада. Според тамошните медиуми, несреќата се случила околу 17:30 часот по Гриничко време, кога авионот паднал на пистата и ја оштетил. Настанот предизвика откажување на воздушното шоу кое требаше да се одржи за време на викендот. На социјалните мрежи се ...
Бројот на загинати по руското ракетирање на Киев синоќа се искачи на најмалку 21 лице, соопшти Државната служба за итни ситуации на Украина, пренесе „Скај њуз“. Меѓу жртвите има и четири деца, вклучувајќи и двегодишно. Нападот предизвика значителна штета, меѓу другото и на просториите на Делегацијата на Европската унија и на Британскиот совет во Киев. Сепак, портпаролката на американскиот претседател Доналд Трамп, Каролин Левит, во ...
Американската амбасада во Македонија соопшти дека амбасадорката Ангела Агелер го посетила градилиштето на делницата Тетово–Гостивар од Kоридорот 8, за да се запознае одблиску со работите што ги изведува компанијата „Бехтел-Енка“ на Kоридорите 8 и 10. Во објавата се истакнува дека новите автопатски правци не се важни само за граѓаните на Македонија, туку претставуваат и стратешки транспортни мрежи на НАТО, со кои ќе се зајакне регионалната ...
На празникот Успение на Пресвета Богородица, вршителот на должност градоначалник на Кочани, Венко Крстевски, објави дека ќе се кандидира како независен кандидат за прв човек на општината. Во своето обраќање тој порача дека Кочани заслужува безбедно, чисто и модерно секојдневие, управувано од волјата на граѓаните, а не од политички интереси. Крстевски истакна дека во изминатите четири месеци, иако кратки, биле постигнати значајни резултати, ...
Вчера околу 21:10 часот, во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат од село Лојане кон граничниот премин Миратовац, кај селото Лојане во општина Липково, мопед удрил во 13-годишно дете од истото село. По ударот, возачот со мопедот го напуштил местото на несреќата. Малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Општата болница во Куманово. На местото на настанот извршен бил увид од увидна екипа на СВР ...
Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, оствари средба со долгогодишниот градоначалник на Љубљана, Зоран Јанковиќ, на која бил постигнат договор словенечката престолнина да стане град-партнер за развојот на Скопје. Средбата се одвивала во пријателска атмосфера, со размена на искуства и визии за идната соработка меѓу двата града. Ѓорѓиевски истакна дека добил драгоцени совети и поддршка од Јанковиќ, кој вети ...
Денеска (28.08.2025) во 03:40 часот, во СВР Скопје, 58-годишниот Љ.В. од село Идризово пријавил дека непознати лица опожариле патничко возило „Шкода Фабија“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на неговиот син. Според пријавата, двајца напаѓачи фрлиле запалива течност врз автомобилот, а потоа со мотоцикл побегнале од местото на настанот. Пожарот бил изгаснат од самиот пријавител, а во инцидентот нема повредени лица. Од Министерството ...
Денеска (28 август 2025) во 14:20 часот во СВР Тетово бил лишен од слобода Н.М. (33) од селото Слатино, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело напад на службено лице при вршење работи на безбедноста. “Денеска (28.08.2025) во 14:20 часот во СВР Тетово бил лишен од слобода Н.М.(33) од с.Слатино тетовско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело напад на службено лице во вршење работи на безбедноста, а по ...
Серија инциденти имало во текот на вчерашниот ден во Скопје. Жена била нападната во Центар, друга била натепана во сопствениот дом, дете е натепано во Карпош, а возрасна жителка на Скопје е ограбена. “На 27.08.2025 во 19.50 часот во СВР Скопје А.С.(33) од с.Велебрдо, пријавила дека околу 18.30 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од две лица. На 27.08.2025 во 09.00 часот во СВР Скопје 40-годишна жена пријавила дека во ...
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, најави измени во Законот за безбедност на сообраќајот со кои ќе се забрани користењето на мобилни телефони и електронски уреди не само за возачите, туку и за пешаците и велосипедистите. „Со измените се предвидува забрана за употреба на телефони и електронски уреди при управување со велосипед, мопед, мотоцикл, скутер, трактор и други возила, а истовремено и за пешаците при одење, преминување ...
Професорката и поранешна кандидатка за претседател на државата, Билјана Ванковска, објави дека претседателката Гордана Силјановска-Давкова повторно ја блокирала на Фејсбук. „Добро е! Претседателката го прочитала писмото. Како знам? Па ме блокирала повторно на ФБ! Колку детска постапка,“ напиша Ванковска на социјалната мрежа. Нејзината реакција следува по отвореното писмо кое таа му го испрати на претседателскиот кабинет во врска со ...
Тешка сообраќајна несреќа се случи денеска кај селото Облешево, општина Чешиново-Облешево, во која загина возач на патничко возило. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека несреќата е пријавена во 09:43 часот во СВР Штип. Според првичните информации, патничко возило „Мерцедес“ со кочански регистарски ознаки излетало од коловозот. На местото бил пронајден починатиот возач, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Во ...
Американскиот претседател Доналд Трамп одржа состанок посветен на ситуацијата во Газа, на кој учествуваа неговиот зет и поранешен изасланик за Блискиот Исток, Џеред Кушнер, како и поранешниот британски премиер Тони Блер. Белата куќа соопшти дека на средбата биле разгледани повеќе аспекти од кризата, меѓу кои испораката на храна, судбината на таоците, плановите за периодот по завршувањето на конфликтот и други релевантни прашања. Висок ...
Фолк-пејачката Татјана Лазаревска, заедно со сопругот Новица Василевски, се врати во Македонија по речиси две години отсуство. Веднаш по пристигнувањето, тие настапија на иселеничка забава во Новаци, Битола, каде што со македонска песна создадоа весела атмосфера. На снимките од настанот се гледа како публиката се забавува на нивната позната песна „Пожар“. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk) ...
Фото: Илустрација Тешка сообраќајна несреќа се случи синоќа, околу 00:10 часот, на локалниот пат од село Горно Чичево кон Долно Чичево во општина Градско. Во несреќата животот го загуби 21-годишен жител на Градско, а тројца негови пријатели се здобиле со тешки телесни повреди. Возилото „БМВ“, управувано од 22-годишниот П.А., излетало од патот. При тоа тешко се повредиле возачот и неговите сопатници Љ.О. (21) и Б.П. (20) од Градско, како и ...
Премиерот Христијан Мицкоски и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, изјави дека сериозно се подготвуваат за претстојните локални избори со цел да направат, како што рече, историски резултат за да продолжи реформската агенда што е започната. Тој смета дека локалните избори се загубени за опозицијата и таа ќе мора да се реструктуира и да стане конструктивна опозиција. „Локалните избори за нив се загубени и таму ќе престои еден процес на реструктуирање, ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање посочи дека колективниот договор потпишан од Министерството за социјална политика, демографија и млади, значи зголемување на платите за вработените во јавните установи за социјална заштита за 20 проценти, како и подобрување на условите за работа. „Станува збор за потпишување на колективен договор во историска смисла на зборот за вработените во социјалните ...
За скопската градоначалничка фотелја веќе се најавени седум кандидатури – шест од партиски редови и една независна. Изборната трка се очекува да биде жестока, со многу аргументи, програмски понуди, но и дезинформации. ВМРО-ДПМНЕ ќе настапи со актуелниот градоначалник на Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски. СДСМ ја кандидира потпретседателката на партијата и поранешна министерка за животна средина, Каја Шукова. Левица ќе оди ...
Премиерот Христијан Мицкоски, од РЕК Битола упати честитка по повод големиот православен празник Голема Богородица и го одбележа денот на рударите. Тој им посака здравје, среќа и љубов на сите граѓани, истакнувајќи дека празниците се моменти за обединување и духовна сила, кои помагаат да се надминат секојдневните предизвици. Мицкоски со посебна почит се обрати до рударите, кои ги нарече „јунаци“ поради нивната пожртвувана и макотрпна работа ...
Кандидатот на коалицијата ВЛЕН за општина Чаир, Изет Меџити, го претстави официјалното мото за претстојните локални избори – „Само за ТЕБЕ Чаир“. Меџити нагласи дека ова не е само изборен слоган, туку искрена посветеност која ја претставува неговата визија и идната работа како градоначалник на општината. На средба со Форумот на жени на ВЛЕН, тој потсети дека Чаир отсекогаш имал значајна улога во општествените, политичките, образовните и ...