Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Во магацин на фирма во село Чојлија и во дом на подрачјето на Кисела Вода биле пронајдени починати двајца мажи на возраст од 39 и 50 години. Во двата случаи лекарите констатирале смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телата се дадени на обдукција. На 19.08.2025 во 17:49 часот во СВР Скопје било пријавено дека во магацин на приватна фирма во с.Чојлија, општина Петровец, бил пронајден починат вработениот М.А.(39) ...
Жителите на скопската населба „Карпош 4“ денеска се соочија со прекин во снабдувањето со електрична енергија. Од ЕВН Македонија за „Скопје1“ објаснија дека дефектот е предизвикан од искинат среднонапонски кабел. Кабелот бил оштетен од страна на друг субјект кој изведувал градежни работи за свои потреби. „Екипите на Електродистрибуција се веќе упатени на терен за санација на дефектот“, велат од компанијата. Поврзани вести преку ознаки: ...
Алексеј Москалјев и неговата ќерка Маша, кои избегаа од Русија откако тој беше затворен поради нејзиниот антивоен цртеж, се соочуваат со нова неизвесност. Германија, земјата каде што се надеваа дека ќе најдат безбедно засолниште, го отфрли нивното барање за хуманитарна виза, суспендирајќи ја програмата за руски дисиденти. Нивната судбина, како и онаа на стотици други противници на режимот на Путин, сега е под знак прашалник, објавува Euronews. ...
Македонија извојува победа во арбитражната постапка за раскинатата концесија за рудникот „Казандол“, со што државата избегна оштетно побарување од 115 милиони евра. Премиерот Христијан Мицкоски нагласи дека добиената арбитража значи и потврда дека рудникот нема да се отвори. „Ова е втора арбитража што ја добива оваа влада и очекуваме уште најмалку две во периодот што следи“, изјави Мицкоски, додавајќи дека државата мора да истражи зошто во ...
Кандидатот за градоначалник на Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Орце, најави дека изборната програма ќе се креира преку отворена платформа со идеи и предлози од граѓаните. Тој порача дека секој предлог е важен и дека токму преку заедничко учество може да се изгради европска метропола во која младите ќе гледаат иднина, семејствата сигурност, а возрасните достоинствен живот. Биди гласот на Скопје – твојата идеја за европска метропола! ...
Универзитетскиот професор Тони Дескоски во објава на Фејсбук ја објасни правната позадина и значењето на арбитражната постапка за случајот „Казандол“, во која Македонија доби позитивна пресуда. Тој нагласува дека ваквиот исход е резултат на сложена работа на адвокатски тимови и експерти, со ангажман и на меѓународна адвокатска фирма специјализирана за инвестициска арбитража. Дескоски посочи дека оваа арбитража е една од петте покренати против ...
Советот за оцена на обвинителен акт го одобри обвинението против Б.Н. во предметот „Адитив“, отфрлајќи ги приговорите на одбраната. Истовремено, поднесен е и обвинителен предлог против уште три лица за „оддавање службена тајна“, соопшти Кривичниот суд. Како што велат оттаму, советот за оцена на обвинителен акт со КОК ООА 47/25 против Б.Н. за кривичните дела од чл. 394, чл. 275-в и чл. 273 од КЗ поднесен како продолжение на истрагата во ...
Против 58-годишен вработен во подрачното шумско стопанство „Јабланица“ – Струга е поднесена кривична пријава, откако издавал испратници без одобрение за сеча и на тој начин нанел штета од 506.850 денари на ЈП „Национални шуми“ и на буџетот на државата. -Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против С.П.(58) од Охрид, со престој во општина Вевчани, поради постоење основи на сомнение за сторено ...
Кога европските лидери се собраа во Белата куќа за да ја вратат иницијативата по самитот на Доналд Трамп во Алјаска со Владимир Путин, тие се потпираа на аналогија: отстапувањето на украинскиот суверенитет над делови од источна Украина на Русија би било како САД да ја предадат Флорида. „Руското барање Украина да отстапи делови од Донбас би било, едноставно кажано, споредливо со барањето САД да се откажат од Флорида“, рече германскиот канцелар ...
Неидентификуван објект синоќа се урнал во поле со пченка во градот Осини во округот Луков, во полскиот регион Лубелшчизна. Полицијата на местото на настанот пронашла јагленисани метални и пластични остатоци. Според неофицијални информации добиени од полскиот весник „Жечпосполита“, најверојатно станува збор за дрон „Шахед“, кој Русија го користи во војната против Украина. Полицијата добила пријава за експлозијата во 2:22 часот наутро. ...
Кремљ се обиде да ги ублажи очекувањата околу можен директен состанок меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот лидер Володимир Зеленски, иако американскиот претседател Доналд Трамп повторно инсистира двете страни да седнат на маса и да разговараат за прекин на војната во Украина, јавува Би-би-си. Повикот на Трамп следува по неговата средба со Путин минатата недела на Алјаска, како и по понеделничките консултации во Белата куќа со ...
ДУИ денеска обвини дека партијата ВРЕДИ го прекршила предизборното ветување за основање на албанска банка со доминантен албански капитал и наместо тоа отворила врата за влез на српска банка во Македонија. „Наместо да го исполнат ветувањето од програмата за 2024 година за Албанска банка, ВРЕДИ, како слуга на ВМРО, овозможи навлегување на ‘Српскиот свет’ во банкарскиот сектор преку Алта банка“, се наведува во соопштението на ДУИ. Партијата тврди ...
Тројца штипјани уапсени поради незаконско поседување оружје – при претрес во дом пронајдени три автоматски пушки и рамки со муниција. -На 19.08.2025 во 18:30 часот во Штип, полициски службеници од отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип ги лишиле од слобода Е.Д.(21), Н.Р.(38) и 26-годишната В.М., сите од Штип. Имено, постапувајќи по претходно добиени сознанија и со согласност на Е.Д., полициските службеници извршиле ...
Артур Тураби е пронајден мртов на улицата „Михаил Вода“ во Атина. Полицијата синоќа го блокирала подрачјето, а мотивот за убиството сè уште се истражува, јавуваат албанските медиуми. Според „Панорама“, Тураби е брат на човек кој важи за десна рака на Албанецот обвинет за убиството на полицаец во Тирана во 2017 година. Во 2022 година, Тураби наводно бил уапсен поради поврзаност со банда која напаѓала патници во јавен превоз. Неговиот брат, ...
Професорката Мирјана Најчевска објави јавно извинување откако на 18 август 2025 година преку адвокат ангажиран од Петар Богојески добила барање за извинување за својот статус на Фејсбук од 5 август, во кој го нарекла „глуп како точак“. „Со овој пост јавно се извинувам за кажаното. Во мојот пост се употребени несоодветен речник и несоодветна споредба“, напиша Најчевска. Таа образложува дека речникот е несоодветен затоа што не станува збор за ...
Од 23 август, граѓаните ќе можат да извршат увид и да поднесуваат барања за промени во Избирачкиот список. Увидот ќе трае до 11 септември на полноќ, информира Државната изборна комисија (ДИК). Во овој период секој граѓанин може да побара запишување, дополнување или бришење на податоците. Барањето може да се достави писмено до подрачното одделение или месната канцеларија на ДИК според местото на живеење, или преку електронска пошта. ДИК е ...
Американскиот претседател Доналд Трамп не знаеше дека микрофонот е вклучен додека разговараше со европските лидери, чекајќи почеток на заедничката прес-конференција во Белата куќа за Украина. На снимката се слуша како Трамп му вели на францускиот претседател Емануел Макрон дека рускиот лидер Владимир Путин „сака да направи договор поради мене – колку и да звучи лудо“. Коментарот се однесувал на нивниот состанок на Алјаска. Ситуацијата потсети ...
Американскиот претседател Доналд Трамп, по средбите со украинскиот лидер Володимир Зеленски и со европските челници во Белата куќа, имал телефонски разговор со унгарскиот премиер Виктор Орбан, јавува Bloomberg. Според изворите на агенцијата, Трамп извршил притисок врз Орбан да го повлече својот вето за започнување на преговори за приклучување на Украина кон Европската Унија. Поврзани вести преку ознаки: орбан, трамп, украина Прочитајте и: ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека еден од неговите лични мотиви за ангажманот околу Украина е „желбата да оди во рајот“. Изјавата предизвика бројни реакции во јавноста, особено откако беше потврдена и од Белата куќа. Во интервју за Fox News, Трамп изјави: „Ако можам да спасам 7.000 луѓе неделно од смрт, мислам дека тоа е доста… Сакам да се обидам да одам во рајот ако е можно, слушам дека не ми оди најдобро. Навистина сум на ...
Концесијата дадена од ВМРО-ДПМНЕ, симбол на криминал и коруптивни зделки, падна на арбитража. Државата ја доби битката, нема да плати штета од 115 милиони евра, реагира пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи и поранешен вицепремиер. „Да се потсетиме: Случајот односно судските рочишта се затворени во 2023 година. Арбитражниот суд носи конечна пресуда во рок од две (2) години по завршните зборови. Тимот што ги застапуваше правата на нашата држава во ...
Арбитражниот трибунал на 21 јули 2025 година ги отфрли сите тужбени барања во случајот „Казандол“, со што државата избегна да плати 115 милиони евра од буџетот. -На денешната седница на Владата, на предлог на Координативното тело за следење на арбитражни постапки беше усвоена информацијата со која се утврдува дека во целост се одбиени тужбените барања против државата во случајот познат како КАЗАНДОЛ и со тоа е направена заштеда на буџетските ...
На магистралниот пат кај местото „Слечиште“ загинаа двајца возачи – 52-годишен битолчанец кој живеел во Германија и 20-годишен охриѓанец, откако нивните возила „мерцедес“ и „опел астра“ се судриле директно. Еден 19-годишен сопатник е со тешки повреди и хоспитализиран во Битола „На 18.08.2025 околу 12:50 часот во Полициската станица Ресен било пријавено дека на магистралниот пат Ресен-Битола, на место викано „Слечиште“, се случила сообраќајна ...
Финска јавност е потресена од трагичен инцидент што се случи денеска во зградата на парламентот во Хелсинки, каде што еден од избраните претставници си го одзел животот. Настанот се случил околу 11 часот претпладне, потврдија службите, кои истакнаа дека е регистрирана една смрт, а полицијата не гледа елементи на насилство. Медиумите во Финска наведуваат дека станува збор за пратеник, но неговото име засега не се објавува додека не бидат ...
Помошта за тешко повредените во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ (16 март 2025) и натаму доаѓа преку донации. И покрај јунските ветувања на институциите дека државата ќе ги покрие трошоците за неопходната терапевтска опрема, реалноста покажува дека компресивната облека што е од витално значење за заздравување од изгореници ја обезбедуваат само граѓани, компании и дијаспората преку движењето Support Kocani. Вчера пристигна третата пратка ...
Американскиот претседател Доналд Трамп бил блиску до прекин на преговорите со рускиот лидер Владимир Путин на средбата на Алјаска, јавува Axios. Причината, според порталот, била инсистирањето на Путин за анексија на целата Доњецка област. Путин на преговорите поставил услов Русија да добие целосна контрола врз Доњецката област, од која моментално контролира околу 75% територија. Тој бил толку цврст во ставовите што, според извори на Axios, ...
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека се започнати подготовки за состанок меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот лидер Володимир Зеленски. Трамп на својата мрежа Truth Social средбата со Зеленски и европските партнери ја оцени како „многу добра“. На разговорите во Белата куќа присуствуваа францускиот претседател Емануел Макрон, италијанската премиерка Џорџа Мелони, германскиот канцелар Фридрих Мерц, финскиот ...
Просторот кај некогашната фабрика „Треска“ наместо да прерасне во квалитетно уреден дел со зеленило, денес изгледа како пустина. Според иницијативата „Шанса за Центар“, во делот каде што беа засадени над 100 дрвја, денес не останало ништо. „На местото каде што требаше да има парк, сега никнуваат само „наполитанки“ згради. Зеленилото постои единствено на хартија,“ реагираат од иницијативата. „За „Треска“ се боревме со мораториум, со ...
Изборната трка во Чаир добива нова димензија – кандидатите за градоначалници најавуваат соработка со светски и регионални имиња од областа на урбанизмот и архитектурата, со цел општината да добие современ и функционален лик. Кандидатот на „Алтернатива“, Изет Меџити, во својот тим го вклучи урбанистот Бајрам Вардар, скопјанец кој оставил силен белег врз турските мегаполиси Истанбул и Бурса. Вардар бил дел од тимот на Реџеп Таип Ердоган во ...
На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје денеска и утре се спроведува првото пријавувње за упис во прва година додипломски студии за академската 2025/2026 година. Според Конкурсот на УКИМ, на 23-те факултети во негов состав слободни се вкупно 9719 места. Од нив, 4683 за редовни студенти во државната квота, 4081 места за редовни со кофинансирање на студиите и 955 за вонредни студенти. Како и во минатите години, најмногу слободни места има ...
Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев изјави дека европските лидери не успеале да го надмудрат американскиот претседател Доналд Трамп и изрази сомнеж како украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе се постави во врска со прашањата за териториите и безбедносните гаранции. Медведев преку платформата „X“ порача дека „антируската ратоборна Коалиција на подготвените не успеа да го надмудри @POTUS (претседателот на САД) на негов терен. ...