Во северниот дел на Албанија, во регионот Никај-Мертур кај планинскиот град Тропоја, е откриена првата статуа на Исус Христос во земјата. Споменикот, кој го прикажува Христос со раширени раце, потсетува на светски познатата статуа „Христос Спасителот“ во Рио де Жанеиро. Автор на делото е локалниот жител Сокол Ндуе Прогни, кој успеал да ја долови сличноста со оригиналниот бразилски монумент. На свеченото откривање присуствуваа претставници на ...

Македонскиот бокс е завиен во црно по трагичната вест за смртта на младиот боксер Еди Насуфи, кој загина во сообраќајна несреќа во изминатите денови. Тој имаше само 19 години. Насуфи беше редовен репрезентативец на Македонија во повеќе возрасни категории и важеше за еден од најголемите таленти на македонскиот младински бокс. Своите спортски вештини ги развиваше во струшкиот клуб „Синди“, каде остави силен впечаток со својот талент и ...

Вработените во Шумската полиција добиваат бенефициран стаж, соопшти заменик генералниот директор на ЈП „Национални шуми“ Кире Михаилов, оценувајќи дека прашањето „со години стоело на маса“. Веста ја сподели и претседателот на НСП, Мартин Ефремов, со честитка за „израмнување на правата со колегите од МВР“. „Преубава вест е што бработените во Шумската полиција конечно добија бенефициран стаж. Шумската Полиција од самото нејзино формирање го ...

Уште една жртва на сообраќајна несреќа во земјава. 19-годишен возач од Велешта загина синоќа откако неговиот „мерцедес“ излетал од патот на регионалниот пат Струга – Дебар. На 20.08.2025 околу 23:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека на регионалниот пат Струга-Дебар, во с.Велешта, струшко, патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Е.Н.(19) од с.Велешта, излетало од коловозот. Од здобиените повреди на местото ...

Две возила беа зафатени од пожар што ноќеска околу 2:40 часот избувна на паркинг пред зграда на булевар „Кочо Рацин“ во Скопје. Повредени лица нема, а огнот бил изгаснат од екипите на Бригадата за противпожарна заштита. Денеска (21.08.2025) во 02:42 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг пред зграда на бул.„Кочо Рацин“ во Скопје било опожарено патничко возило „опел инсигниа“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.Л.(32) од ...

Јавното обвинителство Скопје поведе истрага против едно лице поради сомнение за продолжено кривично дело „Изнуда“. Осомничениот, во периодот од 15 до 28 јули 2025 година, успеал да извлече околу 1,5 милион денари од едно лице, претставувајќи се како министер за внатрешни работи и тројца јавни обвинители. Според истрагата, осомничениот со сериозна закана уверувал дека против оштетениот ќе биде поведена судска постапка доколку не ја исплати ...

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамед Али, соопшти дека пожарот што избувна во Скопје е настанал во поранешниот објект на „Макотекст“ на улица Никола Парапунов во Карпош 4. Вели дека го гаснат десетина пожарникари со пет противпожарни возила, а во акцијата учествува и воздухоплов на ДЗС кој исфрли вода врз објектот. Гори поранешен објект на Макотекст фирмата на улица Никола Парапунов покрај Кеј на Вардар кај мостот ...

Пожарот што претпладнево ги зафати бараките, познати како „лепенки“, во скопската населба Карпош 4 е ставен под контрола, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. „Во гаснењето учествуваат повеќе возила и екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, под водство на командантот на единицата Звонко Томовски. Нема информации за повредени или настрадани лица“, изјави Ангелов. Од местото на пожарот, ...

Голем пожар претпладнево зафати објект во населбата Карпош 4 во Скопје. Од местото на пожарот се издигаат густи облаци црн чад што се гледаат од повеќе делови на градот. Очевидци велат дека пламенот за кратко време зафатил објект, односно магацин на фабрика, а низ населбата се шири силна миризба на горење. Вознемирени граѓани јавуваат дека над Скопје кружат и хеликоптери. На фотографиите се гледа како пламените јазици излегуваат од покривот на ...

Од 5 до 8 септември, во паркот „Авионче“, општина Аеродром ќе се одржи првиот AERO Street Food Festival, настан кој ќе ги обедини најдобрите улични гастрономски брендови со урбана музичка програма и забавни активности за сите генерации, а влезот ќе биде бесплатен. Гастрономската понуда ќе опфати храна од 4 кујни, А-американска, Е-европска, Р-регионална и О-ориентална. Посетителите ќе можат да дегустираат богат избор на специјалитети – од ...

Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) се огласи во однос на тврдењата дека во приватните болници се вршат непотребни медицински интервенции заради профит. Оттаму нагласуваат дека во изминатите четири години не се евидентирани претставки за такви случаи, а по сопствени наоди биле извршени девет контроли за приватно наплатени средства. „Фондот ја истакнува важноста на придржувањето кон професионалните стандарди, медицинската етика и ...

Рускиот борбен дрон „Шахед“ летал над Полска околу два и пол часа пред да се сруши, објави украинскиот портал „Милитари“, специјализиран за воени теми. Според анализата на надзорот на украинскиот воздушен простор, дронот летал над регионите Житомир, Хмелницки, Тернопол и Лавов во Украина ноќта од вторник кон среда, а потоа влегол во Полска. Растојанието од границата до местото на падот во селото Осини е околу 200 километри. Со оглед на ...

Од денеска македонската онлајн платформа за нарачка и достава на храна „КликниЈади“ го прекинува своето работење на неопределено време. Вчеравечер на официјалната веб-страница на компанијата беше објавена кратка порака: „Почитувани корисници, нашата услуга за достава ќе биде привремено прекината од денес, за неопределен временски период. Ви благодариме на разбирањето.“ „КликниЈади“ започна со работа во 2015 година како семеен бизнис и во ...

Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи од ДУИ, денеска го претстави системот „Градежна стража“ како дел од својата програма против урбаниот хаос и нелегалното градење. Иако зборува за „бетонска џунгла“ и политичка заштита на дивоградби, критичарите потсетуваат дека токму ДУИ повеќе од една деценија ја контролира општината, па одговорноста за хаосот кој денес Османи го осудува е во голема мера нивна. „Во Чаир одамна е изгубено ...

Српската јавност е вознемирена откако властите изрекоа казни за двајца претставници на Движењето на слободни граѓани (ПСГ). Пратеникот Радивој Јововиќ доби 30 дена затвор во Клиса, додека неговата сопартијка и активистка Исидора Челекетиќ е испратена во домашен притвор со можност да остане таму и до три месеци. Јововиќ беше приведен на 19 август за време на блокадата на Основниот суд во Нови Сад, кога се обидел да влезе од страничниот влез. ...

Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен акт против шест полициски службеници и уште две лица. Од доказите произлегло дека првообвинетиот заедно со две лица, за кои постапката е во прекин, сториле кривично дело „Примање награда за противзаконито влијание“. Со искористување на своето ...

Фото: принтскрин - ТВКанал8 Родителите на дел од загинатите деца во дискотеката „Пулс“, се сретнаа со премиерот Христијан Мицкоски, кој при посетата на Кочани, беше да запали свеќи на градските гробишта. Тие му ги кажале проблемите со кои се соочуваат, се пожалиле на притисоци. Имале забелешки и на постапувањето на институциите. „Само што ќе се објави нешто од наша страна, од родителите, веднаш од сите страни почнуваат со клевети, навреди и ...

Израелските одбранбени сили потврдија дека започнале со првични операции кои се дел од долгорочно планираната копнена офанзива за преземање на градот Газа. Според официјалните информации, израелските војници веќе воспоставиле контрола врз делови од периферијата на градот, вклучувајќи ги областите Зејтун и Џабалија. Портпаролот на армијата изјави дека акциите претставуваат подготвителна фаза за целосно освојување на градот, план кој вчера го ...

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР поднесе кривична пријава против С.А. (26) од Скопје, кој се сомничи за кривично дело „тероризам“. Како што соопштија од Министерството, на 16 август годинава, во 02:41 часот, тој преку телефонската линија 192 лажно пријавил дека е поставена бомба во авион кој од Меѓународниот аеродром Скопје требало да полета кон Турција. Веднаш биле активирани антитерористички протоколи и ...

Пејачката Јелена Карлеуша со обемен статус на социјалните мрежи изјави дека никој друг на Балканот не направил толку за ЛГБТ заедницата колку што направила таа. „Цели генерации беа под мојот чадор и од мене црпеа сила да ја кренат главата и да се борат за своите права. Моја децениска борба им даде видливост и храброст. Јас сум мајката на човековите права за ЛГБТ заедницата“, напиша Карлеуша. Таа додаде дека нејзиниот придонес заслужува многу ...

Основното јавно обвинителство ГОКК отвори истрага против лице осомничено за кривично дело тероризам, откако на 16 август преку бројот за итни повици 192 упатило лажна закана за поставена бомба во авион на релација Скопје–Анталија. По добиената дојава, веднаш биле активирани антитерористичките протоколи и извршена повеќечасовна проверка, со која било утврдено дека станува збор за лажна пријава. Инцидентот предизвикал чувство на страв кај ...

Остри реакции ја потресоа здравствената сфера откако Клиничката болница „Аџибадем Систина“ најави тужба против кардиологот Сашко Кедев. Повод се неговите тврдења дека во приватни болници се изведуваат непотребни интервенции заради профит. „Најголем дел од мојата консултативна работа е да ги одвратам луѓето од непотребни интервенции. Се соочуваме со непотребни постапки во приватни установи, кои се профитно ориентирани. Имаме докази дека ...

Мајката на загинатата Ивона Антова, една од младите жртви во трагичниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“, јавно реагираше на социјалните мрежи по коментарите и шпекулациите што кружат во јавноста. Стојка Иванова Антова упати потресна порака во која зборува за семејната болка и за односот на дел од јавноста кон нивната трагедија. „Да, вистина е – ја изгубивме нашата единствена ќерка, нашата Ивонче. Тоа е најтешкото нешто што може да му се ...

NASA соопшти дека е откриен нов, мал сателит кој орбитира околу Уран. Месечината, со дијаметар од околу десет километри – големина еквивалентна на 90 фудбалски терени – за првпат била забележана на 2 февруари преку вселенскиот телескоп James Webb. Со ова откритие, бројот на познати месечини на седмиот планета од Сонцето се зголеми на 29. „Ниту една друга планета нема толку многу мали месечини како Уран“, вели Метју Тискaрено, виш истражувач ...

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска предупреди дека планираната израелска воена офанзива врз Газа може да предизвика „вистинска катастрофа“ – и за Израелците и за Палестинците – со ризик целиот регион да биде втурнат во „постојана војна“. Макрон изјави дека разговарал со јорданскиот крал Абдула II и египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси, истакнувајќи дека тројцата лидери делат убедување оти единствено политички и хуманитарен ...

Француската полиција уапси маж кој се сомничи за убиство, откако во реката Сена кај Париз беа пронајдени четири тела, пренесува BBC. Првото тело било забележано на 13 август од страна на минувач кај мостот во предградието Choisy-le-Roi, југоисточно од Париз. Истата вечер, полицијата при претрес на подрачјето пронашла уште три тела во водата. Според обвинителството, една од жртвите била задавена, а кај друга биле утврдени траги од насилство. ...

И покрај сигналите од Вашингтон за можен директен состанок меѓу Владимир Путин и Володимир Зеленски, Кремљ засега го отфрла тоа сценарио. Според CNN, рускиот претседател не е подготвен – а можеби никогаш и нема да биде – да седне на иста маса со својот украински колега. По најавите од Белата куќа за идеја за билатерален состанок, Кремљ веднаш ги спушти очекувањата. Советникот на Путин, Јуриј Ушаков, изјави дека било разговарано за можност за ...

Се одложи судењето за случајот против поранешниот директор на Затворот „Скопје“ Филип Андов и против повеќе полициски службеници, обвинети за злоупотреба на службена положба и овластување. Обвинителството ги товари дека во 2024 година дозволувале осуденици да бидат спроведувани до нивните домови и други локации за приватни потреби. Рочиштето беше одложено по барање на одбраната, за да изврши увид во доказите. На следното судење обвинетите ќе ...

Слаѓа Хаџибулиќ, мајка на 25-годишниот Ален Чириковиќ, кој починал по 12 дена поминати во кома, јавно апелира за правда и обвинува дека институциите молчат. „Кажете кој е тој што го усмрти мојот син единец, Ален Чириковиќ. Никој не пишува, ниту се обраќа. Јас сум мајка. Ако нема правда, јас ќе пресудам,“ порача таа. Хаџибулиќ вели дека трагедијата се случила на 9 мај, кога нејзиниот син паднал во кома. По 12 дена, на 21 мај, семејството го ...

Децата од Воспитно-поправниот дом Тетово имаа несекојдневна дружба со животни преку работилница на едукаторот Војо Иванов. Активноста им овозможи да научат повеќе за односот кон животните и природата, но и да развијат емпатија, доверба и позитивни искуства кои се дел од нивната ресоцијализација. Во рамки на проектот “Зајакнување на човековите права и услуги за децата и ранливите лица во ризик во затворени институции”, финансиран од Европската ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
93%
1015
weather icon

Белград

4ᴼ / 2ᴼ
4.63
81%
1015
weather icon

Загреб

4ᴼ / 2ᴼ
5.14
86%
1016
weather icon

Софија

3ᴼ / 2ᴼ
6.17
69%
1017
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
2.69
90%
1019
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 2ᴼ
0.0
96%
1015
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
1.54
83%
1016
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
4.63
76%
1012
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
100%
1012
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
6.69
94%
1021
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
2.24
93%
1019
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
100%
1019
Currency

61.5417

Currency

52.1697

Currency

70.4694

Currency

34.9501

Currency

38.1508

Currency

66.2099

Currency

7.42459

Currency

0.66866

Currency

0.33423

Currency

0.52446

Currency

1.22009

Currency

0.58382

Алуминиум

2.95

Бакар

11.09

Иридиум

145787.60

Сребро

2238.66

Родиум

261224.82

Цинк

3.03

Кобалт

58.42

Платина

70616.90

Калај

42.88

Рутениум

29192.88

Злато

144189.92

Паладиум

57517.69