Американскиот претседател Доналд Трамп го опиша денешниот состанок со рускиот лидер Владимир Путин како средба со „високи влогови“, додека патуваше од Вашингтон кон Алјаска на седумчасовен лет. Трамп проценува дека шансите за неуспех се околу 25%, но не е јасно дали истата доза оптимизам ја дели и Путин, особено со оглед на тоа што нема многу индикации дека Москва е подготвена да се согласи на прекин на огнот, а уште помалку на поширок ...

МВР поднесе кривична пријава против седум лица поради местење на фудбалскиот натпревар помеѓу ФК „Кожуф“ и ФК „Башкими“, одигран на 6 мај 2025 во Гевгелија. Едно од пријавените лица е лишено од слобода и спроведено во ОЈО Гевгелија. Според истрагата, првопријавениот Б.Х., претседател на ФК „Башкими“, со цел клубот да избори пласман во Првата македонска лига или бараж, го намамил спортскиот директор на ФК „Кожуф“ П.Ѓ. да ги запостави интересите ...

Денеска (15 август 2025) околу 16:15 часот, полициски службеници од СВР Тетово го привеле С.М. (19) од Скопје, со привремено живеалиште во Тетово, откако бил затекнат додека палел кабли и предизвикал пожар во близина на железничкиот надвозник на улицата „Маршал Тито“ во Тетово. Со брза интервенција на екипа од Тетовската противпожарна единица, пожарот бил изгаснат. С.М. е задржан во полициската станица, а по целосно документирање на случајот, ...

Иако е невозможно да се спроведат независни анкети меѓу активни воени лица, во редовите на руската армија се издвојуваат две доминантни расположенија, пишува BBC. Војниците на првите линии на фронтот покажуваат јасни знаци на исцрпеност и фатализам. „Чув дека многу се зборува за состанокот и можниот мировен договор. Расправи со убави графики, карти и стрелки, прекрасни презентации,“ вели еден војник за BBC. „Но искрено, мене не ми е гајле што ...

Во пресрет на клучниот самит меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин, граѓаните на Киев имаат поделени очекувања – од голема надеж за мир до длабок скептицизам, јавува CNN. Оптимистите Меѓу оние што гледаат со оптимизам е Олесандра, која се надева на позитивен исход: „Се надевам на најдоброто. Сакам да се вратам во мирен Киев и да продолжам да живеам безбедно. Искрено верувам дека светските лидери ќе обрнат ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски остро реагираше на новите руски напади низ земјата, кои се случија токму додека американскиот претседател Доналд Трамп патува за средбата со рускиот лидер Владимир Путин на Алјаска, јавува Reuters. На својот канал на „Телеграм“, Зеленски објави дека пристигнуваат извештаи за „намерни руски удари“ врз Сумската, Днепропетровската, Запорожката, Херсонската и Донецката област. „Војната продолжува,“ порача ...

Директорот на ЦУК Мухамед Али и командантот на бригадата од лице место ги координираат напорите за спречување на понатамошното ширење на пожарот кој избувна во Јажинце. Поради густиот чад, моментално е невозможна воздушната интервенција. Сите противпожарни екипи од Тетово и две специјализирани возила на Дирекцијата за заштита се на терен и работат на заштита на имотите од огнот. На пат кон интервенција се и авион „Ер Трактор“ на Дирекцијата ...

ОВР Демир Хисар поднесе кривична пријава против 57-годишната директорка, осомничена дека незаконски ги криела службените печати на СОУ „Крсте Петков Мисирков“, спречувајќи ја новоименуваната в.д. директорка да ги користи. Денеска (15.08.2025) ОВР Демир Хисар до ОЈО Битола поднесе кривична пријава против М.Ј. (57) од Демир Хисар за сторено кривично дело „одземање или уништување службен печат или спис“ по член 390 од КЗ. Пријавената во периодот ...

По објавата на социјалните мрежи на Билјана Ивановска – експретседателка на ДКСК и кандидат за градоначалник на Општина Центар – дека повикот за распит во Основното јавно обвинителство Скопје го добила само 11 часа по најавата на својата кандидатура, надлежен јавен обвинител телефонски ја контактирал и ѝ понудил, доколку смета дека распитот претставува форма на притисок, истиот да се одложи до завршување на изборите. Од ОЈО Скопје соопштија ...

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Гевгелија против лицето Т. З., поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „Намерно предизвикување стечај“, согласно член 254 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија. Пријавениот Т.З. во својство на сопственик и управител на Друштво за производство, трговија и услуги ШКОЛКА ДООЕЛ Демир Капија, свесно и со умисла, а по ...

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека постапува по приватна кривична пријава поднесена на 18 февруари 2025 година и презема дејствија за проверка на наводите. „Како едно од дејствијата е испитување на наведеното лице кое во периодот на кој се однесува пријавата била претседателка на ДКСК. Поканата за испитување од обвинителството е испратена на 25 јули 2025 година и на ниту еден начин не може да се доведе во релација со политичките ...

Црногорската полиција интензивно го бара македонскиот државјанин Андреј Танасковски (18), осомничен дека се обидел да го убие 56-годишниот Марко Љубиша, познат под прекарот Кан, жител на Будва. Инцидентот се случил пред осум дена, на базенот од хотелски комплекс во Пржно, каде осомничениот испукал два истрела во правец на Кан, нанесувајќи му повреди на главата. Жртвата веднаш добила лекарска помош и по краток престој во болница е пуштена на ...

И годинава, ниту еден универзитет од Македонија не се најде меѓу најдобрите во светот според најновата Шангајска листа, што уште еднаш ја отвора темата за длабоките системски слабости во високото образование. На врвот на рангирањето по 23-ти пат е Харвард, а веднаш зад него се редат Стенфорд, МИТ, Кембриџ и Оксфорд – институции со глобален академски престиж и врвни научни резултати. Рангирањето се базира на шест показатели: број на добитници ...

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, вчера пред спортистите и спортските работници во Чаир ја претстави својота сеопфатна програма за развој на спортот, изготвена врз основа на детални анализи и препораки од домашни и меѓународни експерти. Анализата откри сериозни недостатоци во спортот во Чаир: недостиг на развојна стратегија, нефункционални сали и спортски игралишта, нетранспарентно користење на постојната ...

Во близина на Колешинските водопади, струмичката полиција го пронајде 39-годишниот Р.Д., кој неговата мајка го пријави како исчезнат пред два дена. -Денеска (15.08.2025) во 10:30 часот во близина на Колешински водопади полициски службеници од СВР Струмица го пронајдоа Р.Д.(39), кој на 14.08.2025 од страна на неговата мајка Љ.Д.(64) од Струмица беше пријавен дека на 13.08.2025 се оддалечил. Поврзани вести преку ознаки: пронајден, ...

Полицијата приведе 29-годишен возач од Берово, вработен во ЈЗУ Здравствен дом Берово, кај кого при контрола биле пронајдени марихуана и ризла. Интервенцијата се случила на 14 август 2025 година, околу 22 часот, на улицата „Браќа Миладинови“ во Виница. Полициски службеници од Виница, во координација со колегите од Берово, го сопреле возилото „Дачија Сандеро“ со беровски регистарски ознаки, сопственост на Здравствениот дом, управувано од Б.Р. ...

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров пристигна во Анкориџ, Алјаска, каде утре ќе се одржи самитот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин. При влегување во хотелот, Лавров кратко разговараше со новинарите, облечен во маица со натпис „СССР“ (советскиот акроним за Сојузот на Советските Социјалистички Републики). Тој изјави дека Москва на состанокот ќе изнесе „јасен и разбирлив став“ и дека во ...

Во Ваљево, граѓани одговорија на повикот на студентите и повторно се собраа на протест под мотото „Вечерас пукате по шавовима“. Атмосферата цела вечер била исклучително напната, со силно полициско присуство и двоен кордон во опрема за разбијање протести. Ruke im se osušile! 🤬 pic.twitter.com/Bjcc4ksAo9 — Milica Matić (@milicaa______) August 14, 2025 На снимките што кружат на социјалните мрежи се гледа како униформирани полициски службеници ...

Во изминатите два дена (13 и 14 август 2025), полициските службеници низ целата држава санкционирале вкупно 1455 сообраќајни прекршоци. Најмногу казни – 384 – се однесуваат на непочитување на дозволената брзина на движење. Следат 343 прекршоци за недозволено паркирање, 51 за некористење сигурносен појас и 31 за користење мобилен телефон при возење. Од контролираните возачи, 145 управувале без возачка дозвола, 20 биле под дејство на алкохол и ...

Додека американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин се подготвуваат да слетаат во заедничката база Елмендорф–Ричардсон, 30 минути од Анкориџ, улиците во близина се исполнети со демонстранти и поддржувачи. „Путин треба да биде во затвор, а тој само така доаѓа на Алјаска,“ вели Хана Кореа, 40-годишна Украинка која се преселила во САД во 2019 година. Држејќи украинско знаме, таа признава дека се расплакала кога видела ...

На последната седница, Советот на Народната банка усвои четири значајни одлуки со кои се зајакнува системот за заштита на потрошувачите и се воведуваат нови стандарди за транспарентност, фер практика и ефикасно постапување по поплаките на граѓаните. Првата одлука предвидува банките да обезбедуваат јасни, точни и навремени информации за сите финансиски производи и услуги, особено пред склучување договори за кредити и депозити. Целта е ...

Од денес почнува кампањата на Владата за намалување на цените на училишниот прибор за 10 и 15 проценти. Имајќи предвид дека дел од трговците пред почетокот на новата учебна година енормно ги зголемуваат цените на училишниот прибор, со што директно влијаат за зголемување на трошоците на семејниот буџет на илјадници граѓани, Владата на последната седница донесе одлука и ги задолжи трговците да ги намалат цените за најмалку 10 и 15 проценти, која ...

Протестот „Вечерва пукате по шавови“, организиран од студенти во Ваљево, заврши со жестока полициска акција и бројни повредени граѓани. Според снимките објавени на социјалните мрежи и пренесени од Нова.рс, униформирани полицајци користеле прекумерна сила, а дел од демонстрантите биле брутално претепани. Напнатоста во градот траела целата вечер. На клучните раскрсници биле поставени двојни полициски кордони во опрема за разбивање демонстрации, ...

Повеќе од 230 новинари и други вработени во „Фокус Медиа Груп“ од 11 август годинава не можат да влезат во своите канцеларии, а исплатата на платите и социјалните придонеси е стопирана. Причината – затворање на телевизијата „Њуз24“ по налог на премиерот Еди Рама, без постоење судска наредба, што предизвика сериозни реакции за нарушување на слободата на говорот и демократијата. Во раните утрински часови, просториите на „Фокус Медиа Груп“, каде ...

Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во рускиот град Магадан на Далечниот Исток, пред средбата со американскиот претседател Доналд Трамп во Алјаска, јавува дописникот на РИА Новости. Според портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претседателот ќе изврши увид во јавните работи и индустриските објекти во регионот, а ќе разговара и со гувернерот Сергеј Носов. „Потоа ќе оди во Алјаска и ќе започне руско-американската агенда“, рече тој. ...

Персоналните асистенти, луѓето кои секојдневно се грижат за најзагрозените категории граѓани – лицата со телесна инвалидност, слепите и луѓето со други тешки попречености и до средината на август сè уште немаат примено ниту денар за својата работа во последните три месеци. Хонорарите за мај, јуни и јули не се исплатени, оставајќи ги без основни приходи и туркајќи ги во финансиска неизвесност токму оние кои се грижат за најранливите. Но, ...

Денешниот самит меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин во Анкориџ, Алјаска, ќе ги седне двајцата на маса со спротивставени приоритети, но и со заедничка желба за меѓународно внимание. За Путин, самото одржување на средбата е победа – признавање дека обидите на Западот да го изолираат не успеале. Алјаска е внимателно избрана локација: без прелетување над „непријателски“ земји, далеку од Украина и Европа, со ...

Вечерва низ Србија продолжуваат протестите против владејачката Српска напредна странка (СНС), со илјадници граѓани на улиците и силно полициско присуство. Во Горњи Милановац, неколку стотици демонстранти се собраа пред просториите на СНС, но полициски кордон им го блокираше пристапот. Пред објектот се наоѓаа партиски и градски функционери и активисти со државни знамиња, додека од звучници одекнуваше химната „Боже правде“. Протестот, ...

Во улицата „Кнез Милош“ во центарот на Белград вечерва избила тепачка, при што, според првичните неофицијални информации на тамошните медиуми, група напаѓачи поврзани со Српската напредна странка (СНС) нападнале демонстранти. Меѓу нападнатите е и Пеѓа Митровиќ, пратеник на опозициската партија Слобода и правда. Партијата на платформата „X“ објави снимка на која се гледа дека Митровиќ е облеан во крв, тврдејќи дека му е скршена главата со ...

На социјалните мрежи вечерва се појавија снимки и објави за, како што се наведува, „почеток на хаосот“ пред Генералштабот во Белград. Според описите, полицијата се повлекла кон Савски венец, по што следел напад од приврзаници на Српската напредна странка (СНС) со пиротехнички средства и палки кон демонстрантите. Информациите засега не се официјално потврдени, а медиумите јавуваат дека ситуацијата околу зградата на Генералштабот е напната, со ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
93%
1017
weather icon

Белград

3ᴼ / 3ᴼ
7.2
85%
1017
weather icon

Загреб

3ᴼ / 1ᴼ
6.17
89%
1018
weather icon

Софија

3ᴼ / 3ᴼ
7.2
70%
1019
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
4.04
83%
1020
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 0ᴼ
2.06
98%
1017
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
1.79
80%
1018
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
82%
1014
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
100%
1014
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
7.72
94%
1023
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 3ᴼ
3.58
77%
1021
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
2.57
87%
1021
Currency

61.5417

Currency

52.1697

Currency

70.4694

Currency

34.9501

Currency

38.1508

Currency

66.2099

Currency

7.42459

Currency

0.66866

Currency

0.33423

Currency

0.52446

Currency

1.22009

Currency

0.58382

Платина

70616.90

Калај

42.88

Кобалт

58.42

Алуминиум

2.95

Бакар

11.09

Родиум

261224.82

Цинк

3.03

Сребро

2238.66

Рутениум

29192.88

Паладиум

57517.69

Злато

144189.92

Иридиум

145787.60