Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека избори во Украина нема да се одржат сè додека трае војната со Русија. Одговарајќи на новинарско прашање, тој нагласи дека е отворен за изборен процес, но единствено во услови на безбедност. „За време на војна не можете да организирате избори“, рече Зеленски, додавајќи дека за тоа би било потребно примирје. Според него, тоа би требало да опфати копно, море и воздушен простор за да се ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на денешниот самит во Вашингтон се заблагодари на американскиот претседател Доналд Трамп, но упати и посебна благодарност до првата дама, Меланија Трамп. Зеленски откри дека Меланија потпишала писмо упатено до рускиот претседател Владимир Путин, кое ѝ било предадено минатиот петок. „Ви благодарам многу, господине претседателе. Пред сè, благодарам за поканата и за вашите напори да се прекинат убиствата ...

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека Украина ќе добие одреден вид безбедносни гаранции од САД. Говорејќи во Белата куќа, Трамп изјави: „Ќе има многу помош кога станува збор за безбедноста. Ќе има многу помош. Ќе биде добро. Тие се првата линија на одбрана затоа што се таму, но и ние ќе им помогнеме. И ние ќе бидеме вклучени“. Изјавата доаѓа во пресрет на серијата разговори што украинскиот претседател Володимир Зеленски ги има во ...

Хамас ја прифати последната понуда за примирје од 60 дена, со размена на заложници, изјавил денеска египетски извор познат до Ројтерс. Повисок функционер од организацијата, Басем Наим, објави на Фејсбук дека „Движењето ја дало својата согласност за предлогот што го претставиле посредниците“. Согласно договорот, ќе се прекинат воените операции на Израел во траење од 60 дена, а Германија и Катар помогнаа да се формулира рамка за целосен мировен ...

Украинската делегација денеска пристигна во Белата куќа на состанокот со американскиот претседател Доналд Трамп. Како што забележа BBC, заменик-шефот на кабинетот на претседателот Володимир Зеленски, Сергиј Палица, бил фотографиран додека влегувал во Белата куќа носејќи свиткан лист хартија. Од далечина, документот изгледал како мапа, што веднаш предизвика шпекулации во медиумите дали станува збор за карта со бојни линии, територијални ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека непосредно пред состанокот со американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон, одржал координациска средба со европските лидери и генералниот секретар на НАТО во амбасадата на Украина. „Мора да ги запреме убивањата и им се заблагодарувам на нашите партнери кои работат на тоа, и на постигнување сигурен и достоинствен мир“, напиша Зеленски на „Телеграм“. Тој појасни дека со лидерите на ...

Американскиот претседател Доналд Трамп утрово испрати остри пораки до украинскиот претседател Володимир Зеленски, во пресрет на нивната средба во Вашингтон. „Можеш да ја завршиш војната ако тоа го сакаш – или можеш да ја продолжиш“, порача Трамп на социјалните мрежи, додавајќи дека „Крим е изгубен“ и дека членството на Украина во НАТО е „исклучено“. Овие изјави се толкуваат како дополнителен притисок врз Зеленски пред преговорите, особено по ...

Американскиот претседател Доналд Трамп се пофали со своите, како што ги нарече, „мировни достигнувања“ во пресрет на денешните преговори за Украина. „Точно знам што правам“, порача Трамп во нова објава на социјалните мрежи. Во текот на својот втор мандат, Трамп повеќепати се претставуваше како „главен мировник“, нагласувајќи ја својата улога во решавањето на глобалните конфликти. Во најновата објава тој наведе дека за шест месеци решил шест ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека учествувал на состанок во Вашингтон, организиран на покана од американскиот претседател Доналд Трамп. Станува збор за прв ваков собир во кој, покрај Украина, учествуваа и повеќе европски лидери. „Кога се разговара за мир за една земја во Европа, тоа значи мир за цела Европа. Подготвени сме да продолжиме да работиме со максимален напор за да го завршиме војната и да обезбедиме сигурност. ...

Украинската армија потврди дека извршила напад врз станица за пумпање нафта во Тамбовската област во Русија, со што привремено е прекината работата на нафтоводот „Дружба“. Веста доаѓа откако Министерството за надворешни работи на Унгарија претходно ја обвини Украина за саботажа, наведувајќи дека поради ударот е запрен дотокот на руска нафта кон земјата. „Овој најнов удар врз нашата енергетска безбедност е срамен и неприфатлив“, изјави шефот на ...

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на социјалните мрежи дека денешниот ден е „голем ден во Белата куќа“. „Америка никогаш не имала толку европски челници овде во исто време“, напиша Трамп на својот профил на Truth Social. Тој додаде: „Голема чест за Америка!!!! Ќе видиме какви ќе бидат резултатите???“ Во меѓувреме, според извештајот на агенцијата „Укринформ“, украинскиот претседател Володимир Зеленски се сретна во Вашингтон со ...

Фото: Илустрација Попладнево на регионалниот пат Битола–Ресен, кај месноста Макази, се случи тешка сообраќајна несреќа во која загина 52-годишен битолчанец. Според првичните информации, има и други лица со повреди. Судирот се случил меѓу две патнички возила – едното со странски, а другото со охридски регистерски ознаки. Ударот бил толку силен што едно од возилата целосно изгорело. Полицијата и истражните органи вршат увид на местото на ...

Делови од Скопје попладнево ги зафати силно невреме проследено со грмежи, дожд и засилен ветер. На одредени локации веќе врне интензивно, а жителите сведочат на краткотрајни, но силни удари на ветер и силни електрични празнења. Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) велат дека до крајот на денот времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен ...

Граѓанската иницијатива Support Kocani ја реализира и третата пратка компресивна облека, наменета за преживеаните лица од пожарот во Кочани. Облеката е веќе предадена на Општата болница во Кочани, со цел да се овозможи правилна рехабилитација и побрзо заздравување. Вредноста на оваа набавка изнесува 2.193.047 денари (35.555 евра), а средствата се целосно обезбедени исклучиво преку донации од граѓани, компании и поддржувачи од земјата и ...

Основниот кривичен суд – Скопје информира дека обвинителниот акт поврзан со несреќата во Кочани е во постапка на оцена пред Советот за оцена на обвинителен акт. Досега се доставени 40 приговори од обвинетите и нивните бранители, кои веќе се испратени до надлежното обвинителство. Судот посочува дека станува збор за обемен предмет со 37 обвинети физички и правни лица и голем број оштетени и докази, нагласувајќи дека сите законски рокови и права ...

Армијата на Македонија денеска прослави 33 години од своето постоење со пораки за иднината и најави за модернизација Централна свеченост што се одржа во касарната „Јане Сандански“ во Штип, беше проследена од државниот и воениот врв, а во фокусот беа пораките за безбедност, стабилност и нови планови за модернизација. Претседателката и врховен командант на вооружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова, истакна дека Армијата повеќе од три децении ...

Билјана Ивановска, кандидатка за градоначалник на општина Центар од движењето „Независни заедно“, утре ќе се појави во Јавното обвинителство поради кривична пријава поднесена против неа. Таа изјавува дека не знае кој ја поднел пријавата и за што конкретно станува збор. Обвинителството минатата недела соопшти дека станува збор за приватна кривична пријава, поднесена на 18 февруари годинава. Во изјава за „Независен“, Ивановска нагласи дека ...

Борче Стаменов од иницијативата „Донирај компјутери“ и доц. д-р Ирфан Ахмети од Универзитетската клиника за ендокринологија се добитници на државната награда „Мајка Тереза“ за 2025 година, која ќе им биде врачена на 26 август во Собранието. -Одборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза“ одлучи наградата за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, ...

Од вечерва на полноќ, бензините поевтинуваат за половина денар, а цената на дизелот и екстра лесното масло за домаќинство се намалува за еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Новата цена на бензинот од типот „еуросупер-95“ ќе изнесува 74 денари за литар, додека цената на „еуросуперот-98“ ќе изнесува 76 денари за литар. Цената на дизелот се намалува на 67,50 денари за литар, додека на екстра лесното ...

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, преку објава на социјалните мрежи најави дека партијата во текот на оваа недела ќе го соопшти кандидатот за градоначалник на Град Скопје: „Скопјани, а бе не ви е доста од истите хоштаплерски и нехаризматични сурати од двете најголеми партии, кои сакаат да се докопаат до градската власт, за да после им шибаат бизнисите и тендерите!? Не мислите дека е дојдено времето за свежа крв во главниот град на ...

Според информации на „Скај њуз“, европските дипломати добиле насоки од своите американски колеги да бидат подготвени за можноста од трилатерална средба меѓу Доналд Трамп, Володимир Зеленски и Владимир Путин. Состанокот би можел да се одржи подоцна оваа недела, зависно од резултатот на денешните разговори. Според договорот меѓу Соединетите Држави и европските партнери, средбата треба да се случи на европско тло, освен ако не се појават ...

Во наредните недели, помеѓу 30 и 50 тешко болни и повредени палестински деца ќе бидат евакуирани од Газа и префрлени во Велика Британија на медицински третман, јави Би-Би-Си. Ова ќе биде првата група која ќе пристигне во рамки на владината програма за евакуација. Операцијата се реализира во координација на британските министерства за надворешни работи, за внатрешни работи и за здравство. Светската здравствена организација (СЗО) ќе биде ...

Грчките царински службеници на меѓународниот аеродром во Атина запленија 500 килограми од психоактивната супстанца кат, соопштија властите, пренесе весникот „Катимерини“. Кат, познат и како „природен кокаин“, е психоактивна супстанца што брзо создава зависност. Таа се добива од растението Catha edulis, кое се одгледува на Африканскиот Рог, на јужниот дел од Арапскиот Полуостров и по должината на источноафриканскиот брег. Недозволената пратка ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа го очекува тежок состанок со американскиот лидер Доналд Трамп. Според проценки на експерти, условите за можен мировен договор веројатно нема да одат во корист на Киев. Роберт Инглиш, директор на Центарот за средноевропски студии на Универзитетот во Јужна Калифорнија, изјави за Си-Ен-Ен дека Трамп бил мошне јасен во своите пораки кон Зеленски. „Трамп му порача дека ќе мора да прифати ...

Клучниот помошник на Владимир Путин и главен руски преговарач, Кирил Дмитриев, повторно сподели објава на американскиот претседател Доналд Трамп во која тој ги изнесува своите услови кон Украина за ставање крај на војната. Во објавата стои дека Украина би можела да стави крај на конфликтот доколку прифати неколку клучни руски барања: одрекување од Крим, кој Москва го анектираше во 2014 година, и обврска дека никогаш нема да стане членка на ...

Кандидатот за градоначалник на Чаир од ДУИ, Бујар Османи, најави дека по промената на власта на 19 октомври ќе стави крај на корупцијата и непотизмот во општината. Тој го претстави пакетот антикорупциски мерки „Граѓанско око“, со кои ветува целосна транспарентност, јавен увид во тендери и буџетот, независен мониторинг и контрола со вештачка интелигенција. -Чаир денес е една од најнетранспарентните општини во Македонија. Корупцијата и ...

Претседателката на Советот на Општина Битола, Габриела Илиевска од граѓанската иницијатива „Поинаку“, утрово официјално објави дека ќе се кандидира за градоначалничка на Битола како независна кандидатка. Во своето обраќање, таа ги повика сите битолчани – без оглед на партиска припадност или изборни навики – да ѝ дадат поддршка. „После сите шпекулации и приказни, време е да расчистиме. Ве повикувам сите кои сакате поубава, почиста, непартиска и ...

Иако прагот за учество на изборите е намален, иницијативата „Шанса за Центар“ порача дека ќе продолжи со собирање потписи за основање на политичката платформа „Независни заедно“. „Граѓаните кои сакаат да ни дадат поддршка тоа можат да го сторат оваа недела. Ги повикуваме и другите организирани групи низ Македонија да се приклучат“, соопштуваат од иницијативата. Од „Шанса за Центар“ предупредуваат дека новите правила важат само за овие избори, ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ќе се сретне со Доналд Трамп во Вашингтон, заедно со повеќемина европски лидери, во обид да се постигне мировен договор. Причина за вниманието е стравувањето дека американскиот претседател би можел да изврши притисок врз Киев да прифати решение што би било во корист на Москва, јавува „Ројтерс“. На средбата ќе присуствуваат лидерите на Велика Британија, Германија, Франција, Италија, Финска, ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против осум лица заради учество во масовна тепачка на улицата “Славеј Планина”, од кои едно се товари за обид да изврши кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19, едно за нанесување тешка телесна повреда што е казниво според член 131 став 1, додека шест се осомничени за кривично дело – Учество во тепачка од член 132 став 1 од Кривичниот законик. До ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
1.54
38%
1013
weather icon

Белград

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
53%
1013
weather icon

Загреб

17ᴼ / 15ᴼ
3.6
84%
1016
weather icon

Софија

23ᴼ / 20ᴼ
3.09
39%
1015
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
3.07
37%
1014
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 15ᴼ
1.03
97%
1017
weather icon

Атина

24ᴼ / 22ᴼ
2.06
79%
1015
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
1.03
60%
1016
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
2.57
53%
1016
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 19ᴼ
0.89
46%
1015
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 17ᴼ
1.34
73%
1015
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 21ᴼ
5.14
68%
1015
Currency

61.59

Currency

52.2157

Currency

70.5531

Currency

34.4994

Currency

37.7836

Currency

65.9181

Currency

7.34373

Currency

0.62475

Currency

0.35334

Currency

0.52605

Currency

1.2633

Currency

0.59171