Норвешка вечерва ќе се сретне со Франција во дербито за првото место во групата, но селекторот Стале Солбакен се реши за радикален чекор – да го одмори речиси целиот тим во пресрет на нокаут фазата од светскиот шампионат. Скандинавската селекција има две победи на првите две средби и би морала да слави над Франција ако сака да се искачи на врвот. па Солбакен реши воопшто да не атакува на сензација, туку да ги одмори клучните играчи предводени ...
Норвешката фудбалска репрезентација би можела значително ослабена да настапи на натпреварот против Франција, бидејќи постои можност двајцата нејзини најголеми адути, капитенот Мартин Одегард и напаѓачот Ерлинг Халанд, да останат на клупата за резерви. Според норвешките медиуми, селекторот Стале Солбакен размислува за поголеми ротации во составот со цел да ги одмори клучните играчи пред почетокот на нокаут-фазата на Светското првенство. ...
Се очекуваше мега-дерби на Норвешка и Франција во групата, но селекторот на скандинавската селекција реши да ги одмори главните ѕвезди за последниот дуел од првата фаза на СП 2026. Целиот тим на Норвешка е променет во однос на оној дуел со Сенегал. Единаесет нови играчи се на теренот, што е шок за сите љубители на фудбалот што очекуваа пресметка меѓу Мбапе и Халанд на теренот. Норвешка (4-3-3): Селвик; Аурснес, Фалченер, Остигард, Бјоркан; ...
Норвешка – Франција 1:3 е исходот по првото полувреме на мечот од 3.коло во групата И, кој се игра во Бостон. Ова требаше да биде дерби, но ништо од тоа по одлуката на селекторот на Норвешка, овој меч да го одигра со Б тимот. Ги нема Халанд и останатите ѕвезди. Франција, иако го нема Дидие Дешамп, поради смртен случај, е во најсилниот состав а блескаше Усман Дембеле со хет – трик и тоа во 7.минута, 20. и 32.минута. Норвешка преку Асгард, ...
Репрезентацијата на Норвешка убедливо со 4:1 загуби од Франција во меч по кој се дефинираше конечната табела во групата И. Франција со перфектни 9 бодови заврши како прва, додека Норвешка остана на второто место. Норвешка веќе го доби својот ривал во првата фаза од нокаут системот, а тоа е селекцијата на Брегот на Слонова Коска. За разлика од Норвешка, Франција како лидер во групата уште не го знае својот ривал. Галските петли за ривал ќе ...
Селекторот на Норвешка, Столе Солбакен, ја објасни својата одлука против Франција на Светското првенство да изведе речиси целосно изменет состав, нагласувајќи дека единствената цел била неговата репрезентација што посвежа да ја дочека нокаут-фазата. На прес-конференцијата по натпреварот, Солбакен истакна дека приоритет било да се зачува енергијата на клучните играчи за пресметката со Брегот на Слоновата Коска. Норвешка во последното коло од ...
Норвешка убедливо со 4:1 загуби од Франција и на крајот заврши на втората позиција во групната фаза. Мечот кој требаше да биде дерби во третото коло се претвори во невозбудлива пресметка во која Галските петли максимално доминираа и на крајот убедливо победија. Покрај тоа што Франција има еден од најсилните состави, работата дополнително им беше олеснета затоа што селекторот на Норвешка реши на теренот да започне буквално со различен состав ...

