Обвинението против Александар Ѓорчевски е во целост неосновано, неаргументирано, паушално и засновано на претпоставки кои не наоѓаат своја поткрепа во доказите на обвинителството. Одбраната докажа дека токму неосновано обвинетиот Александар како татко на детето Вања е жртва и оштетен во оваа постапка заедно со мајката Зорица и неговото семејство и докажа дека тој во критичниот период постапил на начин на кој би постапил секој родител во ...

Во пишано известување Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ја известува јавноста дека нема надлежност да постапува за прашањата што беа наведени во прес-конференцијата на в.д. градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски, а во која тој побара одговорност за издавањето дозволи за работа на угостителските објекти. - Агенцијата за храна и ветеринарство е надлежен орган за контрола на безбедноста на храната и здравствената заштита и ...

Судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски продолжува на 20 јуни со завршен збор на обвинетите и одбраната на Љупчо Палевски откако денеска во Основен кривичен суд Скопје одбраната на Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев и Александар Ѓорчевски побараа ослободителна пресуда. Основното јавно обвинителство претходно побара максимална казна доживотен затвор за Палевски, Кешишев, Видевски и Манев, додека, за таткото на Вања ...

Производителот на играчки, „Мател“ (Mattel) се здружува со „Опен-АИ“ (OpenAI) со цел развој на производи и услуги со вештачка интелигенција, засновани на брендовите на „Мател“. Нивниот прв производ се очекува да биде објавен оваа година. Американската компанија, којашто ги создаде „Барби“ (Barbie), „Хот вилс“ (Hot Wheels) и „Поли Покет“ (Polly Pocket), соопшти дека ќе ја користи ВИ-технологијата на „Опен-АИ“ за „да ја донесе магијата на ВИ до ...

Американскиот технолошки гигант „Епл“ (Apple) се подготвува да влезе на пазарот на телефони со преклоп, па според последните неофицијални информации, тој потег и нема да биде воопшто евтин. Имено, според кинеската платформа „Веибо“ (Weibo), првиот „Ајфон“ со преклоп, којшто според достапните податоци би требало да се вика „Ајфон 18 фолд“ (iPhone 18 Fold), би можел да чини меѓу 2.100 и 2.300 долари (1.800 – 2.000 евра). Тоа би го направило за ...

Англиската фудбалска федерација (ФА) поднесе денеска тужба против фудбалскиот судија Дејвид Кут поради неговите коментари на адреса на поранешниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп, во видеото кое стана вирално минатата година. Во ноември лани на социјалните мрежи протече видео од Кут во кое изнесе навредливи коментари за Ливерпул и нивниот поранешен стратег. Кут беше отпуштен еден месец подоцна од судиското тело на Премиер лигата по „темелна ...

Виена веќе не е најдобриот град во светот за живеење. По три години на врвот на годишната листа на „Економист интелиџенс јунит“ (Economist Intelligence Unit – ‘ЕИУ’), главниот град на Австрија е детронизиран од „прекрасниот, преубав Копенхаген“, како што се наведува. Данската престолнина го зазеде првото место на топ-листата најпогодни градови за живот, на светско ниво за 2025 година, објавена вчера. На списокот на сестринската организација на ...

Поранешниот гувернер на Калифорнија, Арнолд Шварценегер вчера имаше мал „судир“ со водителките на американската емисија „Поглед“ (The View), откако изјави дека доселениците во САД треба „да се однесуваат како гости“ и да вложат максимални напори за да ѝ се оддолжат на земјата. – Клучната работа, во истовреме, е тоа што мораме да ги правиме работите законски! Тоа е најважното, знаете!?, додаде тој. Во разговорот за тоа како Шварценегер би се ...

Додека членките на НАТО се подготвуваат за самитот во Хаг следната недела, генералниот секретар Марк Руте рече дека алијансата сега ја исполни својата 11-годишна цел за трошоци за одбрана. -Со оглед на тоа што Португалија и Канада, исто така, се обврзаа да трошат два проценти од нивниот бруто домашен производ (БДП) за одбрана оваа година, целиот НАТО сојуз сега ја исполнува целта од два проценти, рече Руте на маргините на самитот на Групата ...

Состанокот на Г7 во Кананаскис, Канада, заврши со едногласно мислење дека Иран не може да се здобие со нуклеарно оружје, но со несогласувања околу декларацијата за Украина. САД се спротивставија на заедничката изјава за Украина што би содржела строг јазик со кој ќе се осуди Русија. Тие тврдеа дека сакаат да ја зачуваат својата способност за преговори со Русија. На крајот, строгиот јазик не беше вклучен во заедничката изјава на лидерите, туку ...

Северна Кореја ќе испрати 5.000 воени градежни работници и 1.000 деминери во регионот Курск за да помогнат во обновата по украинската инвазија, изјави шефот за безбедност на рускиот претседател Сергеј Шојгу по состанокот со лидерот на Северна Кореја Ким Џонг-ун што се одржа вчера. На состанокот беа разгледани и планови за одбележување на „херојските подвизи“ на севернокорејските војници во операциите во регионот Курск, дел од Русија кој беше ...

Израел им забрани на своите граѓани да ја напуштат земјата со авион, наведувајќи безбедносни причини по ескалацијата на непријателствата со Иран, објавија медиумите од Блискиот Исток. Според израелскиот весник „Хаарец“, владата им наредила на домашните авиокомпании да не им дозволуваат на израелските граѓани да се качуваат на појдовни летови, бидејќи расте стравот од можни ирански одмазднички напади врз израелските аеродроми. Аеродромот „Бен ...

Се очекува рускиот претседател Владимир Путин денеска во Санкт Петербург да одговара на прашања од западни новинари, во услови на војна во Украина и конфликтот меѓу Иран и Израел, објави ДПА. На првиот ден од годишниот Меѓународен економски форум во Санкт Петербург, Путин ќе се сретне со претставници на меѓународни новински агенции за да ја презентира својата перспектива за глобалните прашања, соопшти вчера Кремљ. Се очекува војната на Путин во ...

Цените на нафтата се задржаа близу петмесечниот максимум поради стравувањата дека ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток би можела да доведе до подиректно вклучување на САД. Цените на нафтата од типот „Вест Тексас Интермедиеит“ (WTI) се стабилизираа во Азија откако во вчера го достигнаа највисокото ниво за речиси пет месеци, бидејќи претседателот Доналд Трамп побара безусловна капитулација на Иран, објави Блумберг. Фјучерсите на ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во повисоките делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се ...

Судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски продолжува денеска во Основен Кривичен суд Скопје со завршен збор на одбраната на обвинетите. На изминатото рочиште Основното јавно обвинителство во завршните зборови побара максимална казна доживотен затвор за четворицата обвинети Љупчо Палевски, Влатко Кешишев, Боре Видевски и Велибор Манев, додека, за таткото на Вања, обвинетиот Александар Ѓорчевски, побара судот да му ја одреди ...

Првата група македонски државјани кои побараа евакуација од територијата на Израел, синоќа пристигнаа на скопскиот аеродром, објави министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски на социјалните мрежи. -Со ова, станавме една од првите земји во Европа што успешно организираше и реализираше повраток на своите граѓани од зоната на конфликт, наведе Муцунски. До понеделникот вкупно 28 македонски државјани побараа поддршка за евакуација по ...

Полициски службеници од редовниот состав на Секторот за внатрешни работи од Охрид утре ќе имаат вежбовно гаѓање со боева муниција на стрелиштето „Бејбунар“. Пред почетокот на вежбовните активности предвидени за од осум часот, ќе бидат спроведени соодветни безбедносни активности со теренска обиколка и обезбедување на поширокото подрачје на стрелиштето, со цел оневозможување влез на граѓани во безбедносните зони. За медицинско обезбедување на ...

Утрово Термоблокот 2 во РЕК Битола автоматски е исклучен од електроенергетскиот систем, соопштија од АД ЕСМ, а причината е проработување на заштитниот механизам на блокот, кој се активирал како последица на зголемена температура односно опожарени дрвени елементи во близина на ормарот за електронско управување. Од секторот за односи со јавност на АД ЕСМ нагласуваат дека со оглед дека станува збор за потенцијална саботажа, веднаш по настанот, ...

Од речиси 28.000 места во учебната 2025/2026 година за учениците кои ќе можат да се запишат во средните општински училишта, од нив 18.500 места се предвидени за упис во средните стручни училишта, од кои 6.725 места се во дуално образование во 269 паралелки. За таа цел Владата и Министерството за образование и наука го зголемиле бројот на стипендии за дуално образование на 1.570, а зголемен е и бројот на компании кои покрај теоретската настава ...

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека првата група македонски државјани кои побараа евакуација од територијата на Израел, синоќа безбедно пристигна на скопскиот аеродром. Станува збор за осум лица – четири деца и четири возрасни – кои, како дел од поголем организиран транспорт, ја напуштија територијата на Израел и се упатија кон Египет, од каде со авион во сопственост на Владата беа транспортирани до Скопје. ...

Предлог-одлука за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите за 2025 година денеска е на дневен ред на собраниската Комисија за финансирање и буџет и на пленарна седница. - Целта на предложената одлука е обезбедување дополнителни средства во износ од околу 600 милиони денари наменети за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините, согласно објавениот повик и утврдени критериуми ...

Американскиот претседател Доналд Трамп свикува состанок на Советот за национална безбедност денеска за да разговараат за војната меѓу Иран и Израел, изјави функционер на Белата куќа под услов да остане анонимен. Состанокот, за кој функционерот рече дека се уште не започнал, доаѓа откако Трамп ја засили својата реторика против врховниот лидер на Иран, предизвикувајќи прашања за можна воена интервенција на САД, јавија американските медиуми. ...

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски со сигурна победа стартуваше на Челинџер турнирот во француски Ројан, откако денеска го победи Норберт Гомбош од Словачка со 2-0 (6-1, 6-3). Ивановски веднаш на стартот од мечот успеа да направи брејк и да поведе со 1:0, а сигурната игра ја продолжи и до крајот на сетот кога успеа да одземе уште два сервис гема на противникот и првиот сет го доби со 6:1. Ивановски продолжи со сигурна игра и во ...

Лекари, медицински сестри и останат персонал и се неопходни на кочанската болница за да одговори на потребите. Здравствената установа каде веќе еден месец се на рехабилитација повредени од пожарот во Пулс, итно има потреба од стручен кадар. Директорката веќе доставила барање за вработување до Министерството за здравство а дека кубурат со кадар вчера се уверил и Азир Алиу кој беше во посета на Кочани. -Претходно се направи разговор со струниот ...

Македонија не треба да биде жртва на идентитетските прашања бидејќи тие се надвор од секоја преговарачка рамка, вели претседателката Сиљановска Давкова од Тирана, по пораките на Радев дека тие никогаш не поставувале вето за интеграциите на Македонија. Иако не сакаше директно да ја коментира неговата изјава вели дека таквата реплика не била за Македонија туку за ЕУ која треба да покаже дека нема поважна политика од проширувањето. Премиерот ...

Жител на неготинското село Криволак предизвикал пожар палејќи стари предмети на нива, информираа попладнево од Секторот за внатрешни работи (СВР) Велес. Синоќа во 19 часот во ОВР Неготино бил извршен службен разговор со 36-годишен жител од село Криволак, Неготинско. Тој се сомничи дека на нива во село Криволак запалил стари предмети и предизвикал пожар на сува трева. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од Територијална противпожарна ...

Осум македонски државјани се евкуирани од Израел. Првиот конвој со македонски државјани утрово го напуштија Тел Авив. По копнен пат се спроведени на безбедно место на границата со Египет од каде ќе бидат превземени за летот кон Македонија. Владиниот авион се упати кон Египет а македонските државјани се очекува вечерва да пристигнат дома. Од МНР велат ова е првата група македонски државјани кои побарале да бидат евакуирани од Израел. Во постојана ...

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 40-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело – Телесна повреда според член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Во семејниот дом на 8 јуни, во алкохолизирана состојба, осомничениот вршел семејно насилство и телесно ја повредил неговата мајка. Најпрво почнал да ја навредува, а потоа и физички ја нападнал, удирајќи ја со тупаници по ...

По кратко боледување денеска почина Владимир Лапе, долгогодишен новинар и доајен на македонското новинарство. Роден е во Скопје во 1946 година. Со новинарство започна да се занимава уште од студентски денови во средината на 60тите години во редакцијата Млади за млади во тогашното Радио Скопје, а потоа и како еден од уредниците на првиот бран прогресивни новинари уредници на неделникот за млади „Фокус”. Во Македонската телевизија тогашна ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
63%
1019
weather icon

Белград

17ᴼ / 14ᴼ
2.57
68%
1020
weather icon

Загреб

21ᴼ / 15ᴼ
0.0
73%
1020
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
4.12
52%
1021
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
4.36
54%
1020
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
1.03
92%
1021
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
9.26
32%
1011
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
1.03
64%
1014
weather icon

Подгорица

29ᴼ / 29ᴼ
4.63
30%
1016
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 21ᴼ
5.66
56%
1022
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 17ᴼ
1.03
55%
1022
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
6.17
69%
1017
Currency

61.54

Currency

52.8443

Currency

71.0488

Currency

34.4192

Currency

38.3484

Currency

65.0653

Currency

7.35348

Currency

0.66488

Currency

0.35714

Currency

0.52371

Currency

1.2986

Currency

0.60315