
Скопје
18ᴼ /
18ᴼ



Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски го заврши настапот на Челинџер 50 турнирот во француски Ројан. Македонскиот тенисер попладнево во дуелот од второто коло загуби од петтиот носител Димитар Кузманов од Бугарија со 2-1 во сетови (4-6, 6-3, 6-3) по два часа и 25 минути игра. Ивановски за настапот во второто коло на Челинџерот во Ројан ќе освои четири поени, а следната недела го очекува на настап на ИТФ турнирот во Загреб. Елиминација ...
Светскиот рекордер во скијачки скокови, Словенецот Домен Превц, доби споменик изработен од дрво на скокалницата Планица на која во март година прескокна рекордни 254,5 метри. Споменикот, изработен од Тадеј Брглес, го откри самиот Домен Превц, заедно со словенечкиот министер за економија, туризам и спорт, Матјаж Хан. Со скокот од 254,5 метри, Превц го врати светскиот рекорд на Планица по пауза од 14 години, откако неколкуте рекорди во минатото, ...
Сателитските снимки покажуваат дека Русија го зголемува воено присуство долж границата со Финска, објави Финскиот јавен сервис (ФТВ). Според сателитските снимки се гради гарнизонски згради за артилериска бригада во градот Кандалакша во областа Мурманск, што е прв знак за постојано зголемување на бројот на војници во близина на границата. Властите во Мурманска област соопштија дека се гради нов воен град и се реновираат стари станбени блокови во ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му се заблагодари на американскиот претседател Доналд Трамп за неговата „поддршка во одбраната на небото на Израел“, додека Израел напаѓа цели во Иран шести ден по ред. „Сакам да му се заблагодарам на претседателот Трамп, голем пријател на државата Израел“, рече Нетанјаху во телевизиска изјава. „Му се заблагодарувам што е на наша страна и му се заблагодарувам за поддршката на САД во одбраната на небото на ...
Франција планира заедно со европските партнери да предложи договорено решение за прекин на конфликтот меѓу Иран и Израел, соопшти претседателството на земјата, откако претседателот Емануел Макрон претседаваше со состанок на Советот за национална безбедност. Макрон на состанокот му наложи на министерот за надворешни работи Жан-Ноел Баро во наредните денови да изготви „иницијатива со блиски европски партнери што би предложила договорено решение ...
Доктори и здравствени работници да се паркираат надвор од кругот на клинички за да има паркинг места за пациентите. Ова е само едно од можните краткорочни решенија за сообраќајниот хаос на скопските клиники што ги планира министерот за здравство. Азир Алиу вели дека на овој начин би се ослободиле од 300 до 500 места, за што преговараат со компании што имаат паркинг простор надвор од клиничкиот комплекс. Меѓтоа се уште ова е во фаза на ...
Тензиите на Блискиот Исток ги вивнаа цените на нафтата и гасот на светските берзи. За помалку од една недела поскапеа за 20 отсто. Ако состојбата меѓу Израел и Иран ексалира,,водечките енергетки компании , како Шел, Тотал Енерџис и и ЕнКвест, предупредуваат на сериозни последици врз глобалниот енергетски пазар. Шефот за надворешна политика на ЕУ вели дека се размислува за ограничување на цената на нафтата. „Мислам дека треба да продолжиме со ...
Вчера во 11.30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Л.(21) од Скопје. Во моментот кога полициски службеници дале знак за запирање на возилото „рено канго“ со скопски регистарски ознаки, во кое бил совозач, Л.С. од прозорецот фрлил тврда бела материја, а откако излегол од возилото се обидел со остар предмет да нападне полициски службеник кој извршувал службени дејствија. По целосно документирање на случајот ...
Поради недоразбирање во сообраќајот до борба за живот. 14-годишник и татко и син завршија на скопските клиники, откако вчеравечер со ножеви пресметале во Чаир. Според информациите од Ургентен центар, 14-годишникот бил донесен со убодна рана во градниот кош. Ноќеска му е извршена хирушка операција и му е изваден дел од белиот дроб. Со тешки телесни повреди, меѓу кои, убодна рана во граден кош и левата надлактица на Торакална е хоспитализиран и ...
РЕК Битола е целосно надвор од енергетскиот систем по дефект кој утрово избил во блокот 2, единствениот кој беше во активна фаза во летните месеци. Како што информираат од ЕСМ, заштитниот механизам на вториот блок автоматски се активирал и го исклучил од системот поради зголемена температура во контролниот ормар. Од ЕСМ се сомневаат дека некој намерно запалил оган во ормарот за да предизвика испад па случајот го пријавиле во полиција. „Со оглед ...
Европскиот фронт на ДУИ по инцијатива на Бошњачкиот демократски сојуз бараат покрај негацијата на Холохаустот, да се се казнува и негацијата на генецоидот во Сребреница. Законските измени на Кривичниот законик веќе се поднесени во парламентот по редовна постапка, а опозициските партии велат дека државата имала обврска на нив бидејки потпишала и поддржала повеќе меѓународни декларации против геноцидот од 1995 година во Босна и Херцеговина. ...
Се уште нема конечен договор за соработка меѓу Таравари и Ахмети и покрај тоа што лидерот на Алијанса ги напушти Вреди и Владата токму поради калкулациите за локалните избори. Од Европскиот фронт велат дека наскоро ќе бидат објавени детали од разговорите. Сепак, добро упатени извори велат колку и Травари и Ахмети да ја посакуваат соработката, првиот интегративец има проблем со прифаќањето на ексминистерот за здравство од останатите партнери во ...
Проширувањето ќе биде во фокусот на данското претседавање со Советот на Европската Унија кое стартува од 1 јули, вели министерката Мари Бјере кој престојува во Скопје. Според неа, направен е прогрес и сега е моментот Македонија да го искористи, но остануваат обврските и реформите кои мора да бидат завршени. Доаѓањето на Бјере во Македонија е силен сигнал дека Данска е силен поддржувач на македонските интеграции, вели министерот Муртезани. Од ...
Ослободителни пресуди за убиствата на Вања и Панче бара одбраната на обвинетите. Влатко Кешишев се плашел од Палчо и му бил поданик, но не учествувал во убиствата, ниту во грабнувањето на Панче Жежовски. Неговиот адвокат бара да биде ослободен од убиствата кои му се ставаат на товар, а да одговара ако има евентуална вина само за грабнувањето на малолетната Вања. Бара судот да има предвид дека токму Кешишев поради грижата на совест која ја имал, ...
Градоначалникот на Кочани поднесе кривична пријава за незаконско работење на угостителски објекти. ВО обвинителството поднесе документи со кои пријавува угостители дека узурпираат простор, работат спротивно на законите и ја загрозуваат безбедноста на граѓаните. Градоначалникот Крстевски информираше дека почнале постапка за отстранување на угостителски објекти во Трговскиот центар во Кочани кои се бесправно изградени на јавна површина. Од АХВ кои ...
Натпреварите на Израел против Македонија и Црна Гора во рамки на Европската златна лига ќе се играат пред празни трибини во салата „Парк“ во Струмица. Ова денеска го соопшти Одбојкарската федерација на Македонија (ОФМ), истакнувајќи дека одлуката е донесена од безбедносни причини, поради „воено – политичката ситуација во која се наоѓа Израел“, а по препорака на македонското Министерство за внатрешни работи. ОФМ викендов во Струмица е домаќин на ...
Сирените стануваат секојдневие за жителите на Изреал и на Иран, откако во текот на ноќта се слушаа нови ракетни проектили, а експлозии можеа да се видат и на небото над повеќето изреалески градови, како и во Иран. Американскиот дека претседателот Доналд Трамп сериозно ја разгледува можноста САД да се приклучат во војната помеѓу Израел и Иран и да ги нападнат иранските нуклеарни објекти. Тоа би значело директен конфликт помеѓу САД и Иран. Трамп ...
Во израелските напади се погодени два ирански погони – објектот „ТЕСА Караџ“ и истражувачкиот центар во Техеран, кој произведуваа делови за центрифуги, машини што збогатуваат ураниум, соопшто денеска Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ). „На локација во Техеран е погодена една зграда каде се произведуваа и тестираа напредни ротори на центрифуги. Две згради каде се произведуваа разни компоненти на центрифуги беа уништени во Караџ“, ...
Српската криминалистичка полиција ја спроведува својата најголема антикорупциска операција досега, во рамки на која уапси сопственици на над 20 фиктивни компании, објави српската национална телевизија РТС. Полицијата ги уапси сопствениците и директорите на над 20 компании за кои вели дека преку симулирана работа со фиктивни компании се занимаваат „исклучиво со перење пари“, на вредност која се проценува на неколку стотици милиони динари ...
Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи во телевизиско обраќање до нацијата рече дека неговата земја нема да го прифати повикот на американскиот претседател Доналд Трамп за безусловна капитулација. Тој истакна дека секоја американска воена интервенција несомнено ќе предизвика непоправлива штета. „Иранската нација цврсто стои против наметнатата војна, исто како што цврсто ќе стои против наметнатиот мир. Иран нема да се предаде на никого, ...
Апелацискиот суд во Нови Сад го укина притворот на уште петмина осомничени во случајот со падот на бетонската настрешница на железничката станица во тој град, кога загинаа 16 лица. Тие беа осудени на домашен притвор од три месеци. Со таа одлука на судот, ниту еден од 13-те приведени по падот на настрешницата повеќе не е во затворски притвор. Обвинението, кое обвинителството го поднесе на 30 декември, беше вратено кон средината на април од ...
Адвокатот Горан Бошевски, бранител на обвинетиот Велибор Манев, во својот завршен збор за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски денеска побара ослободителна пресуда за неговиот клиент во однос на кривичното дело убиство, а осудителна за делото грабнување. Според адвокатот, не постоел договор за убиства и оттаму нема умисла за извршување таков вид кривични дела. -Нема претходен договор со другите обвинети за извршување кривично дело ...
Состојбата на водостојот на езерото, е за 17 сантиметри понизок од просекот за јуни. Осцилациите на нивото на Охридското езеро штетни за рибниот фонд и растителниот свет .Екологистите сметаат дека влиајние за ваквата состојба покрај временските прилики има и човечкиот фактор и велат дека мора да се изнајде начин за регулирање на нивото на водата .Состојбата на водостојот на езерото, е за 17 сантиметри понизок од просекот за јуни и во моментов е ...
Зголемен бројот на пациенти со мозочен удар. Според лекарите главни причини за оваа здравствена состојба се стресот, нередовната и нездрава исхрана. Карактеристично е што посебно се почести во лето, а и после Ковид пандемијата. - Наглите промени се првата причина за варијација на крвниот притисок, дали ќе биде многу покаќен или многу низок. Зголемен број на мозочни удари има после Ковид пандемијата. Се уште во светски рамки тоа се докажува, ќе ...
Сега е моментумот за проширување на Европската Унија. Оваа порака уште еднаш ја слушаме во Скопје. Овој пат од данската министерка за европски прашања која утрово имаше средба со нејзиниот македонски колега Орхан Муртезани.Министерката чија земја го презема претседателството со европската унија констатираше дека Македонија направила напредок на патот кон Брисел но дека и натаму пречка остануваат уставните измени. Министерот Муртезани информираше ...
Ако продолжи воениот конфликт меѓу Иран и Израел ќе има импликации, може да проработат инфлациските тенденции. Тоа е опасност за Македонија. Ќе се зголемат производните трошоци на сите бизниси што е многу сериозен проблем, оценува академик Таки Фити. Според него, ова прашање е поврзано со геополитиката, а геополитичкиот пејзаж многу брзо се менува во современи услови. - Војната Украина - Русија, трговскта војна наметната од Трамп, сега Иран - ...
Три месеци по трагедијата во клубот „Пулс“сѐ уште има угостителски објекти во Кочани кои работат спротивно на законските прописи и стандарди загрозувајќи ја безбедноста на граѓаните, а нивните сопственици не преземаат мерки тоа да се промени и спречи, поради што поднесувам кривична пријава до Основното јавно обвинителство за узурпација на јавна површина и бесправна градба, истакна на в.д. градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски на денешната ...
Министерството за здравство (МЗ) ќе раководи со процесите за тоа какви донации се потребни за семејствата на настраданите и за повредените во дискотеката во Кочани. Ова го соопшти денеска министерот за здравство, Азир Алиу, на брифинг со новинарите. - Имавме неколкучасовна средба со експерти, родители, млади кои беа директно засегнати во трагедијата и слично. Одлучивме дека крајно време е Министерството за здравство заедно со Владата да преземе ...
Од денеска до петок во попладневните и вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со изолирана појава на град. Во Скопје денеска во попладневните часови во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од УХМР упатија препорака во случај на појава на електрични празнења поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја. ...
Адвокатот Бојан Манев, бранител на обвинетиот Боре Видевски во случајот за убиствата на Вања и Панче, побара судот да донесе ослободителна пресуда, посочувајќи дека обвинителството не ја докажало вината на неговиот клиент. -Сметам дека овде имавме целосно неподготвен и непотполн предмет без релевантни докази. Од тие причини, најмногу поради фактот што по Устав и закон нашата држава која денес се вика Република Северна Македонија е правна ...