Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Претседателот Володимир Зеленски се сретна со некои од највисоките команданти на украинската војска, во обид да го смири растечкото незадоволство од раководството на одбраната, што ги предизвика најголемите улични протести од почетокот на руската инвазија во 2022. И покрај воената состојба, илјадници луѓе излегоа на улиците во Киев и други градови неколку дена по ред за да протестираат против смената на министерот за одбрана Михајло Федоров и ...
Доналд Трамп изјави дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нема да биде уапсен кога ќе ги посети САД откако градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, кажа дека сè уште размислува за ова. „Бенјамин Нетанјаху нема да биде уапсен, на никаков начин, додека е во САД“, напиша Трамп на социјалните мрежи, пофалувајќи го Израел што им помогнал во војната против Иран. Меѓународниот кривичен суд во Хаг (МКС) издаде налог за апсење на Нетанјаху во ...
Министерството за внатрешни работи (МВР) потврди дека се приведени директорката на Јавното претпријатие „Комуналец“ во Гостивар, Артана Асани, заедно со техничкиот директор Леон Нуредини и раководителот Вадедин Дервиши, поради загадувањето на водата во градскиот водовод од што досега се затруени 3.100 лица. „Полициски службеници од Полициската станица (ПС) Гостивар во координација со Основното јавно обвинителство Гостивар лишија од слобода ...
Дрво падна врз 88-годишна жена во паркот на улицата Јуриј Гагарин во скопската населба Козле. Дрвото се скршило од силниот ветер и според очевидците, за една секунда се срушило врз жената. Жената беше во свесна состојба, со мала повреда на раката и сите кои беа во паркот и игралиштето за деца веднаш ѝ помогнаа. За брзо време дојде екипа на Брзата помош и ѝ пружи помош на повредената жена. Б. НЕСТОРОСКА Дрво падна врз 88-годишна жена во ...
Јеменските хути, кои се поддржани од Иран, објавија дека воведуваат поморска блокада на Саудиска Арабија, потег што отвора нов фронт против САД во нивната војна против Иран и ја проширува заканата за глобалните резерви на енергенси и за трговијата надвор од Заливот. Објавата уследи и покрај назнаките дека Техеран и Вашингтон сакаат да продолжат со дипломатијата за да го запрат тековниот циклус на напади, што речиси го уништија кревкиот ...
Пијан професионален возач кој без одобрени е превезувал дигална од 1,25 метри е уапсен утрово на автопатот Велес-Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Со алкотест е утврдено присуство на алкохол од 1,81 промили во крвта на 62-годишниот возач. „Денеска во 08:40 часот на автопат Велес-Скопје од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи на ...
По бројните жалби за високи сметки за погребалните услуги на погребалните оператори, Општина Штип најави дека нивните злоупотреби ќе ги решава со сузбивање на локалниот монопол и со фискална дигитализација. Врз основа на досегашните реакции, Јавното претпријатие (ЈП) „Исар“ кое стопанисува со градските гробишта во Штип најавува нова дигитална платформа со која граѓаните ќе знаат колку чинат услугите на јавното претпријатие за гробно место и ...
Кривична одговорност за надлежните за загадувањето на водоводот во Гостивар што предизвика труење на над 1.500 жители и е прогласена епидемија ќе поднесе Обвинителството, а што се однесува до моралната, тука ја има од првиот човек во локалната власт на Гостивар па сите надолу, кажа премиерот Христијан Мицкоски, при денешната посета на Велес. Рече дека утрово бил брифиран од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) оти резултатите од квалитетот на ...
Поранешниот градоначалник на Манчестер, Енди Бернам, денеска стана нов премиер на Велика Британија, откако минатата недела го наследи Кир Стармер како лидер на владејачката Лабуристичка партија. Бернам наскоро ќе почне да го именува својот тим. Тој е седми премиер на Велика Британија во изминатата деценија, а доаѓа во време кога Лабуристичката партија се обидува да го надомести заостатокот во анкетите во однос на популистот Најџел Фараж. ...
Десет луѓе загинаа во руски ракетен напад врз товарен брод близу пристанишниот град Одеса, објавија украинските власти, што е најсмртоносниот напад откако пред повеќе од една недела се засили конфликтот во Црното Море. Бродот „Голден Лео“ пловел под знамето на Гвинеја Бисау и бил натоварен со пченка. Екипажот бил составен од Индијци и Сиријци. Украинската морнарица соопшти дека бродот бил погоден со три крстосувачки ракети, при што се ...
Британската поп-ѕвезда со косовско потекло Рита Ора (36) на 1 август за првпат ќе настапи во Охрид. Во разговор за САКАМДАКАЖАМ.МК Ора, која е пејачка, текстописец и актерка, и живее и работи во Лондон, вели дека иако како едногодишно дете со родителите се преселиле во Велика Британија, таа растела со балканската традиција и култура. Вели дека е возбудена што ќе пее во град како Охрид. „Чувството е неверојатно посебно. Родена сум во Приштина, ...
На територијата на Гостивар ќе биде прогласена епидемија на заразна болест, рече д-р Драган Кочински, раководител на Одделот за епидемиологија на заразни заболувања во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Во денешната изјава за медиумите, тој кажа дека првите пријави до ИЈЗ се доставени утрово и досега се пријавени вкупно 140 заболени лица, на кои им се врши анкета од страна на епидемиолози. „Ние сме во комуникација со Центарот за јавно здравје ...
Доналд Трамп изјави дека американската војска силно го нападнала Иран, велејќи дека тоа било во чест на тројцата американски војници кои загинаа во изминатите денови, двајца во Јордан и еден во Ирак. Централната команда на САД соопшти дека утрово лансирала нов бран напади, деветта ноќ по ред, при што експлозии се слушнале низ целиот Иран. Цел на нападите биле воени локации и комуникациски мрежи. Иран кажа дека возвратил со изненадувачки напад ...
Владата соопшти дека внимателно го следи развојот на настаните во врска со водоснабдувањето во Гостивар и донесе одлука за обезбедување 50.000 литри вода на ден во следните денови, со цел да се обезбедат основните потреби на населението додека траат мерките и препораките на надлежните институции. Дистрибуцијата на водата ќе се реализира на следните пунктови: Водостопанство Гостивар, ул. ЈНА бр. 139, градинка „Пролет“, ул. Беличица бр. 47, ...
Хидробиолошкиот завод од Охрид (ХБЗ) ги објави резултатите од испитувањата на водата во езерото Младост. Извршени се микробиолошки, физичко-хемиски, зоопланктонски и фитопланктонски анализи. Испитувањата на примероците се од исто место на три различни длабочнини, на половина метар, на 7 и на 13 метри. Еден примерок е земен од крајбрежниот појас на Отовичкиот залив. Петтиот е од близина на браната, a испитан е примерок од 15 метри длабочина за ...
Почна да се реконструира најдолгиот и највисок мост на Брегалница, кој е изграден пред 70 години. Инвеститор е Јавното претпријатие за државни патишта, кое издвои 30 милиони денари или околу 480.000 евра. Изведувач на работите е фирмата „Синтек“ од Скопје. Според договорот, работите ќе траат во наредните 10 месеци. И покрај реконструкцијата, мостот и натаму е во функција, само што до крајот на летото сообраќајот ќе се одвива наизменично на ...
Околу 80.000 луѓе се евакуирани синоќа од концертот на порториканската музичка ѕвезда Бед Бани во Милано поради екстремните временски услови. Концертот на отворено на хиподромот „Ла Маура“ беше откажан. Тоа требаше да биде вториот од двата распродадени концерта на Бед Бани во Милано. Нешто по 21 часот, областа ја погоди насилно невреме проследено со пороен дожд, град, грмежи и силни ветрови, по што беше донесена одлука за прекинување на ...
Четириесет отсто од градежните работи на пречистителната станица за отпадни води во Скопје се завршени. Како што велат од Град Скопје за САКАМДАКАЖАМ.МК, градежните работи во моментов се одвиваат со забрзано темпо и до првата половина на 2028 година треба да заврши изградбата. Потоа ќе следи пробен период на работа, по што официјално ќе биде пуштена во употреба во првата половина на 2030. „Изградбата на пречистителната станица е комплексен ...
Контроверзниот инфлуенсер Ендрју Тејт и неговиот брат Тристан се уапсени во САД откако британските власти издадоа 38 нови обвиненија против низ. Кралската обвинителска служба (ЦПС) соопшти дека Ендрју е обвинет за уште седум случаи на силување, како и за сексуална трговија и непристојни слики на дете. Обвиненијата за Тристан вклучуваат два случаи на силување и три случаи на организирање или олеснување на трговија со луѓе заради сексуална ...
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска побара од институциите целосно да го расчистат случајот со труењето на над 1.200 жители на Гостивар. Во партиското соопштение се вели дека одговорна за труењето е локалната власт во Општина Гостивар, предводена од СДСМ, ДУИ и Арбен Таравари. „Очекуваме целосно расчистување на случајот и секој што со своето постапување го загрозил здравјето на граѓаните да понесе одговорност согласно законот. Според ...
Минатата година во септември, при ископ на канал за поставување електричен кабел, во близина на тетовското село Стенче биле ископани повеќе керамички предмети. Со оглед на тоа што овој реон и отпорано е познат како богато археолошко наоѓалиште, локалните жители го информирале Музејот на Тетово, чии стручни лица веќе наредниот ден дошле на посоченото место. После добиените први сознанија било утврдено дека се работи за досега непознат ...
Унгарскиот претседател Тамаш Суљок се согласи да се повлече, потпишувајќи го новиот амандман на уставот, со кој заврши неговиот мандат на полноќ. Партијата Тиса на премиерот Петер Маѓар ја протурка промената на уставот во парламентот оваа недела за да го отстрани Суљок, кого го сметаше за марионета на поранешниот премиер Виктор Орбан. Суљок имаше пет дена да го потпише амандманот или ризикуваше постапка за отповикување. Тој потврди дека ќе го ...
Министерот за здравство Сашо Клековски смета дека труењето на над 1.200 жители на Гостивар не може да е од храна. Тој денеска при посета на болницата во Гостивар кажа дека уште не може да се каже причината за труењето бидејќи во тек се испитувањата на примероците од водата, но ја отфрли можноста тоа да е од храна, како што вчера за телевизијата „Телма“ изјави директорката на ЈП „Комуналец“, Артана Асани. „Ниту јас, ниту директорката на ...
Американската војска изведе нова серија напади врз Иран, велејќи дека ѝ се одмаздила на Иранската револуционерна гарда за смртта на американските војници во Јордан. Централната команда на САД (Сентком) соопшти дека успешно биле погодени иранските воени капацитети, додека иранските медиуми известија за напади врз островот Кешм во Ормускиот Теснец. „Нападите беа насочени кон брзо казнување на силите на Исламската револуционерна гарда, која ...
Двајца американски војници се убиени, а еден се води како исчезнат по вчерашните ирански напади со балистички ракети и беспилотни летала врз Јордан, соопштија воени претставници. Централната команда на САД соопшти дека четворица војници биле евакуирани во болници во Јордан, но во меѓувреме биле отпуштени. Јорданската војска претходно соопшти дека пресретнала 10 ирански ракети испукани во нејзиниот воздушен простор ноќеска, без да пријави ...
Градовите низ североисточна Канада и САД продолжуваат да страдаат од интензивен чад предизвикан од стотици пожари што горат во Канада. Во Торонто, Њујорк и Вашингтон денеска се забележани едни од најлошите нивоа на квалитет на воздухот во светот, поради што локалните власти ги повикаа луѓето да го ограничат времето поминато на отворено. Големото аерозагадување во регионот на Њујорк предизвикува загриженост пред финалето на Светското ...
Содржината на органската материја (хумус) во почвите во Македонија е намалена како последица на проретчениот сточен фонд. Во минатото хумусот изнесувал 3 до 4 проценти, а сега е намален на 1,5. Во најголемата житница во земјава Пелагонија порано достигнувал 6 до 7 проценти, а денес е преполовен на 2,5 до 3. Резултатите ги презентираше Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството (АПРЗ) од Битола, добиени во рамки на проектот ...
Владата барала од УНЕСКО да ѝ даде рок од шест години за да постапи во однос на забелешките за заштита на Охридскиот Регион за да не биде ставен на Листата на светско наследство во опасност. Во најновата Нацрт-одлука на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО се предлага „Природното и културното наследство на Охридскиот Регион (Албанија, Северна Македонија) да биде впишано на Листата на светско наследство во опасност“. Конечната одлука ...
На крајот на улицата Воин Драшкоци во скопската населба Хром до пред две години имаше четири куќи во кои живееја четири семејства и имаа четири коли. Сега на тоа место има четири згради, во кои живеат 100 семејства и 100 нови коли во населбата, а истата инфраструктура, истата канализација, истата градинка. Вака денес изгледа цел Хром, уште една уништена населба во Скопје, во која секоја куќа стана зграда, тротоарите се блокирани со коли, а ...
Премиерот Христијан Мицкоски коментирајќи го извештајот на Европската комисија за правосудството рече дека на судиите и обвинителите нема да им се зголемат платите, иако тоа се бара во извештајот. Мицкоски рече дека тие не го заслужуваат тоа и дека ќе продолжи јавно да ги критикува. „Мене ми е тоа работа, јавно да ги повикувам судиите и обвинителите да испорачуваат правда и ќе продолжам во таа насока да коментирам, колку сакаат извештаи нека ...