Полициски службеници денеска уапсиле лице од Германија, кое возело со брзина од 203 километри на час на автопатот А1 кај Гевгелија, информираат од Министерството за внатрешни работи. Денеска во 08:00 часот, на автопатот „Пријателство“, кај село Милетково, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишиле од слобода М.Ф.(46) од Германија. При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале ...

Во пожарот што во четвртокот го зафати поширокиот регион на Сивири на првиот крак на Халкидики, вкупната опожарена површина изнесува 248 хектари, според податоците од европската програма „Коперникус“, врз основа на снимката направена вчера во 18 часот, јави дописничката на МИА од Атина. Од зафатената површина, според информациите од Министерството за климатска криза и цивилна заштита на Грција, шумската површина е нешто повеќе од половина, ...

Руските сили зазедоа 19 населени места во Днепропетровската и Запорошката област во југоисточна Украина во текот на летната офанзива – соопшти денеска руското Министерство за одбрана. Министерството се повика на извештајот на Пјотр Болгарев, командант на источната група руски сили, но не ги именуваше сите заземени населени места. Одделно, руската армија соопшти дека неодамна ја презела контролата врз местото Рибалское во Запорошката област. ...

Украинската војска го погоди рускиот ракетен и вселенски центар во Самара, како и воен аеродром што служел како база за руските борбени авиони – изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски. Toj преку платформата Телеграм додаде дека украинските сили извршиле успешен напад и врз руски нафтен објект во балтичкото пристаниште Уст-Луга, каде што е предизвикана материјална штета. Локалните власти во Самара потврдија дека Украина ...

Полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш завчера на магистралниот пат Радовиш–Штип, кај крстосницата за село Бучим, го лишиле од слобода М.В.(35) од село Бучим, радовишко, откако при преглед на возило биле пронајдени 14.440 евра, информираат од Министерството за внатрешни работи. Имено, полициски службеници на магистралниот пат кај крстосницата за Неготино, забележале патничко возило „ауди“ со радовишки регистарски ознаки, ...

Почна асфалтирањето на булеварот „Борис Трајковски“ – соопшти градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, нагласувајќи дека на фреквентната сообраќајницата се става првиот слој асфалт и таа се доврзшува „по триесетгодишно чекање“. Се сеќавам уште како дете, довршувањето на овој булевар беше ветување кое се повторуваше со години. Генерации граѓани слушаа ветувања, а повеќе од 100.000 луѓе кои секојдневно гравитираат во овој дел од Скопје ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека ден пред да се рашири веста за наводно загадена вода во Скопје добиле информација дека опозициски партии ќе се обидат да создадат таква хистерија преку социјалните медиуми. На прашање за кои опозициски партии се работи, одговори дека истрагата сега ја води МВР каде што се повикани десетина луѓе на разговор и оттаму треба да се бараат детали. Нагласи дека социјалните медиуми како никогаш порано ...

Активни се шест пожари низ државата во моментов, а три се под контрола, соопшти Центарот за управување со кризи, информирајќи за денешните регистрирани пожари на отворен простор до 13 часот. Од активните, мешана шума гори во општина Студеничани, во регионот на селата Моране, Вртекица и Рамни Габер. Ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки горат во општина Македонски Брод, место викано „Видуш“, кај селата Драгов Дол и Локвица. Ниска ...

Морето во Црна Гора на почетокот на септември обично е доволно топло за пливање, додека дневните температури се попријатни отколку во текот на јули и на август. Гужвите се помали, а многу сместувачки капацитети нудат попристапни цени. За секој што сака одмор без бучава, редици и преполни плажи, септември може да биде вистинското време за патување. Понекогаш е доволно да се најде место каде што можете да ги чуете само брановите и штурците и да ...

На редвното изборно собрание на Боречкиот клуб Вардар 1961, Игор Неделковски е избран за претседател. Во трнерскиот состав се Боби Стефковски, како Шеф на стручниот штаб и Кристијан Славевски. Дисциплинската комисија ја сочинуваат Филип Илиев и Марко Стојановски. При гласањето, 17 членови гласале „за“, додека 7 биле „против“. Во завршните зборови, новоизбраниот претседател на БК Вардар 1961, Игор Неделковски, им се заблагодарил на сите ...

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Н.(18) од Куманово и 16-годишник лице од Република Австрија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, верска и друга дискриминаторска основа”, соопшти денекса МВР. На 26.07.2026 на објектот каде е сместено едно Културно- уметничко друштво во Куманово, пријавените испишале графити со навредлива содржина, велат од ...

Многу години наназад образованието било поле каде што се судрувале политички копја, но откога јас сум министер постојано повторувам и јасно дадов на знаење дека политиката мора да ги тргне рацете од образованието, затоа што, не е тоа флоскула туку реалност – образованието е еден од најсилните столбови на државата и е потребно во сите ресори. Целиот хуман капитал кој го има државата потекнува од образовниот систем, вели министерката за ...

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против 50-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривични дела – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1, како и Неизвршување судска одлука според член 377 став 5 од Кривичниот законик. Осомничениот, како што информираат од републичкото Основно јавно обвинителство, на 14 август, при вршење семејно насилство, сериозно се заканил дека ќе нападне ...

Сезонските изгледи на Европскиот центар за Среднорочна прогноза (ECMWF модел) укажуваат на тоа дека есента 2026 во најголем дел од Европа ќе биде значително потопла од просекот (дури и за 2 до 3 степени потопла од повеќе годишниот просек), пишува Славчо Попоски, додавајќи дека врнежите во голем дел од Европа е бидат значително над просекот, а тоа значи дека голем дел од Европа во текот на есента би можел да се соочи со големи временски ...

Најмалку 20 лица загинаа во силниот земјотрес со магнитуда од 7,7 степени што рано утрово го погоди индонезискиот остров Флорес. По потресот било регистрирано и цунами, со највисок бран од 94 сантиметри, но предупредувањето за цунами во меѓувреме е укинато. Спасувачките екипи продолжуваат со пребарување на урнатините, бидејќи постои сомнеж дека има луѓе заробени под урнатите објекти. Според досегашните информации, шест лица се повредени, а ...

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски информира дека се проширува опсегот на електронски услуги за компаниите со само еден клик. Андоновски преку објава на социјалните мрежи соопшти дека винарниците и другите правни лица можат електронски да добијат Уверение за квалитет В1 – сертификат за извоз на вино од Државниот инспекторат за земјоделство. Наместо посета на шалтер и дополнителна административна постапка, барањето може ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја нарече Велика Британија „исламска република“ во интервју во кое го критикуваше ставот на Велика Британија кон Израел, а Лондон го оквалификува неговиот коментар како „целосно неприфатлив“. Во подкаст емитуван вчера на израелското воено радио, премиерот на Израел потсети дека внукот на Винстон Черчил отворено го поддржувал Израел за време на Шестдневната војна во 1967 година. „Дали нешто такво може да ...

Ние ќе продолжиме како Влада да поддржуваме вакви проекти и во периодот којшто следи. Нашата задача е да работиме и тоа коешто сме го ветиле да го испорачаме. Од ден на ден, дел од проектите коишто ги започнавме се завршуваат, помал дел се во фаза на реализација, а помал дел се отпочнуваат сега, така што јас би сакал уште еднаш да напоменам дека повеќе од 1.200 проекти веќе се реализираат на целата територија на државата, истакна денес ...

На сите универзитети соодветно се намалени квотите за упис на студенти во прва година бидејќи пазарот на труд е заситен со одредени струки и има невработени, за разлика од други струки каде што вработливоста е многу висока, па некаде се јавува и недостиг. Во пресрет на уписите на универзитетите, министерката Весна Јаневска во интервју за МИА вели дека оваа година на сите универзитети има намалено околу 2000 места, но уверена е, вели, дека ...

Информиран сум дека неколку лица, повеќе од 10-ина се повикани на разговор во МВР. За жал, денеска преку социјалните медиуми голем број пораки се испраќаат, меѓу кои и вакви кои претставуваат своевиден хибриден напад, истакна премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за лажните информации во врска со водата во Скопје. Пораки кои имаат за цел да внесат немир, несигурност и револт кај граѓаните. Во услови кога не можете да ...

Танкер во сопственост на државната нафтена компанија на Абу Даби, АДНОК, беше нападнат додека минуваше низ Ормуската Теснина, јавија денеска државните медиуми во Емиратите. Нападот се случил синоќа и нема повредени. Тоа е трет таков напад врз бродови управувани од АДНОК во критичниот воден пат во изминатата недела. ОАЕ претходно го обвинија Иран за нападите, но не го коментираа веднаш инцидентот од синоќа. Британскиот Центар за поморски ...

Одделението за оперативни работи во координирана акција со МВР изврши контрола врз 38 пловни објекти на Охридското езеро. Извршени се проверки на статусот на пловилата и лицата кои ги управуваат, а согласно Царинскиот закон, Законот за внатрешна пловидба и останатите регулативи со кои е регулиран увозот, прометот и управувањето на пловните објекти. Во изминатиот период се забележува зголемена активност на платени увозни давачки за пловни ...

Двоспратен автобус со српски регистерски таблички кој превезувал 84 патници излетал рано утрово од автопатот „Тракија“ во Бугарија и според досегашните информации на белградски медиуми, во инцидентот нема повредени. Автобусот на туристичката агенција Go2travelling, кој превезувал српски државјани на одмор во Кушадаси, излетал од патот во Бугарија, на околу 150 километри од Софија. Несреќата се случила околу пет часот наутро. Од засега ...

Полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода две лица кои биле затекнати при предизвикување пожари на отворен простор во Битола и Прилеп. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, на 14.08.2026 во 21:15 часот, полициски службеници од СВР Битола на ул. „Јорго Костовски“, на место викано „Тепсија“ во Битола, го лишиле од слобода Е.К. (39) од Битола, бидејќи бил затекнат како предизвикува пожар на отворен простор. -Претходно, ...

Одделението за оперативни работи во координирана акција со МВР изврши контрола врз 38 пловни објекти на Охридското езеро. Извршени се проверки на статусот на пловилата и лицата кои ги управуваат, а согласно Царинскиот закон, Законот за внатрешна пловидба и останатите регулативи со кои е регулиран увозот, прометот и управувањето на пловните објекти. Во изминатиот период се забележува зголемена активност на платени увозни давачки за пловни ...

На територија на државата активни се шест пожари, а еден е под контрола. Центарот за управување на кризи информира дека до 07:30 часот утрово регистрирани се вкупно 27 пожари од кои 20 се изгаснати. Активни се пожарите на потегот меѓу селата Моране – Вртекица – Рамни Габер, кај месноста Видуш, кај с. Драгов Дол и кај с. Локвица во општина Македонски Брод и кај селото С’лп во општина Велес. Активни пожари има и кај селото Копанце во општина ...

СДС и раководството нема што да им понудат на граѓаните. Во отсуство на идеи, програма и стратегија за државата единствено што знае СДС е да креира хаос, да шират лажни вести и дезинформации. Венко Филипче додека се луксузира на јахтата на Заев на Егејот со украдените пари на народот дава инструкции до партиските послушници на СДС да креираат паника на социјалните мрежи за водата во Скопје, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Додека Венко Филипче и Зоран ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски, одржа работен состанок на терен посветен на изградбата на автопатот Охрид–Кичево. Средбата се одржала во кампот во Извор, каде што бил разгледан текот на работите и реализацијата на задачите на една од најзначајните патни делници во земјава. Николоски информира дека изградбата продолжува со силна ...

Иран не донел одлука за продолжување на разговорите со САД. Пораките испратени преку Катар и Пакистан не претставуваат преговори, изјави иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи. Арагчи во интервју за иранскиот медиум „Шахара њуз“ изјави дека во моментов се водат одделни консултации со Оман за да се утврди рута низ Ормуската Теснина што ќе се користи се додека САД не ги исполнат условите за продолжување на комерцијалниот превоз ...

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ води одговорни економски политики и стабилно управува со јавните финансии а мерките и политиките даваат конкретни резултати кои се мерливи а граѓаните ги чувствуваат во семејните буџети. За само две години од владата на ВМРО-ДПМНЕ просечната нето-плата е зголемена од 40,496 денари на 48,779 денари, според податоците на Државниот завод за статистика. Тоа се околу 9 000 денари повеќе за работниците, велат од ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
70%
1029
weather icon

Софија

1ᴼ / 0ᴼ
2.06
88%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.73
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1029
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
66%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.6
61%
1032
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.45
73%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
3.6
73%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Рутениум

61086.42

Алуминиум

3.07

Кобалт

33.53

Цинк

3.76

Калај

46.54

Иридиум

315077.32

Родиум

295786.87

Сребро

1670.34

Бакар

12.58

Злато

130856.75

Паладиум

32279.35

Платина

49319.25