Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Вкупно 18 лица поврзани со меѓународната неонацистичка организација „Крв и чест“ се уапсени во приватен клуб во Пловдив – соопшти на брифинг директорот на бугарската Обласна дирекција на Министерството за внатрешни работи во градот, постар комесар Васил Костадинов. Лицата биле приведени во клуб спроти Младинскиот рид во Пловдив, каде што биле пронајдени различни предмети со неонацистичка содржина, јави БТА. Уапсените се осомничени според член ...
Најмалку 12 лица загинаа, а десетина се тешко повредени во тешката сообраќајна несреќа што се случи ноќва во Унгарија, кога полски туристички автобус се излизга од автопатот М3 во близина на градот Мецекерешто во источна Унгарија, објави државната новинска агенција МТИ. Според унгарските медиуми и полицијата, во автобусот во моментот на несреќата имало 57 патници и двајца возачи. Спасувачките екипи веднаш излегле на местото на настанот. Некои ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи, минималните температури ќе се движат од 7 до 18 Целзиусови степени, а максималните од 28 до 36 Целзиусови степени. Во Скопје и околината слично време со температура од 15 до 35 Целзиусови степени. Во следните денови следува период на стабилно и потопло време, освен ...
Две жени загинаа во поплави и одрон во северозападниот дел на Шпанија, додека две бебиња се повредени, соопштија спасувачките служби во автономната област Кастилја и Леон. Жртвите се две жени на возраст од околу 60 и 80 години, соопштија локалните власти. Маж кој првично бил пријавен за исчезнат по поплавите во селото Мансанедо де Валдуеса, подоцна бил пронајден неповреден. На местото на несреќата биле испратени екипи на противпожарната ...
Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска во 16 часот и 10 минути беше почувствуван земјотрес, чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, на околу 47 километри југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.5, соопштија попладнево од Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ. Земјотресот е почувствуван од жителите на градот Гостивар и ...
Македонскиот пливач Никола Ѓуретановиќ денеска ќе го има вториот настап на Европското првенство во пливање во Париз. Тој ќе настапи во квалификациите на трката на 400 метри слободно и ќе плива во втората група од седум групи. Ѓуретановиќ на шампионатот е пријавен со неговиот најдобро постигнато време во декември 2025 година постигнат во Ниш – 3:57.75 минути. Воедно ова е македонски рекорд на 400 метри слободно. Ѓуретановиќ во четвртокот ...
Единствениот македонски претставник на Европското првенство во атлетика Дарио Ивановски денеска ќе го има својот настап. Ивановски ќе биде заедно со 60 натпреварувачи кои ќе стартуваат во 8:10 часот по локално време односно 9:10 по македонско време Македонскиот атлетичар воедно и олимпиец за првпат настапува на маратонска трка на Европско првенство, додека пред две години во Рим беше учесник на полумаратонската трка. Ивановски е македонски ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска ќе изврши увид во градежните активности од првата фаза од изградбата на фекална канализација во населеното место Идризово, Општина Гази Баба. Со проектот е предвидена изградба на нова мрежа за фекална канализација во должина од 1.478 метри. Вредноста на договорот изнесува 49.188.012 денари, а средствата се обезбедени од вториот јавен повик на Владата. Претседателот на Владата, Христијан ...
Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ беше поразен од аргентинскиот тенисер Тијаго Агустин Тиранте со 6:2, 4:6, 4:6 и го заврши учеството на тенискиот турнир во Синсинати. Новак ги тестираше силите на противникот во првите пет гема, а потоа конечно го скрши отпорот на Аргентинецот во шестиот. Му се закани на Тиранте во продолжението од првиот сет, но немаше доволно квалитет за да ги искористи можностите за брејк. Се чинеше дека го гледаме ...
Мароканската полиција уапси најмалку 111 лица кои се обиделе да ја преминат границата и да влезат во шпанската енклава Сеута во Северна Африка, додека властите од двете страни на границата го зголемија степенот на безбедност поради повиците за нов масовен обид за преминување. Според извор од мароканското Министерство за внатрешни работи, меѓу уапсените има 109 мигранти од супсахарска Африка и двајца државјани на Мароко. Тие биле приведени во ...
Лидерот ДПА, Мендух Тачи реагираше на тврдењата на Али Ахмети за наводен документ што предвидувал поделба на Македонија. Тачи истакна дека таков документ никогаш не постоел и дека идејата за поделба била пласирана од, како што рече, псевдоакадемици инструирани од УДБА на Србија. -За поделбата на Македонија не постоел документ. Тоа беше идеја на неколку псевдоакадемици, инструирани од УДБА на Србија. Тоа не беше идеја на Академијата на ...
Раководството на Барселона ја упати последната понуда за фудбалерот на Манчестер Сити и шпански репрезентативец Родри. Според шпански АС Барселона ја зголемила понудата и третата изнесува 70 милиони евра. Во каталонскиот клуб очекуваат оваа да биде прифатена. Но, Манчестер Сити откако ги одби првите две понуди од 45 и од 60 милиони, за својот играч бараат околу 80 милиони евра. Во Барселона сметаат дека ова е превисока, особено што фудбалерот ...
Празни улици, затворени продавници, но и голем број ресторани и кафулиња – атмосфера карактеристична за 15 август во Атина, со оглед на тоа што денешниот празник Успение на Пресвета Богородица, традиционално ја празни грчка метропола, а единствено, живост на градот му даваат туристите, додека целото внимание за прослава и одбележување на празникот е насочено кон островот Тинос. Во Грција денеска се празнува Успение на Пресвета Богородица, ...
– Доволна е искра за вистинска катастрофа, предупреди денеска во видео порака од опжарен терен, каде се гледа само пепел и прашина, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, повикувајќи на поголема внимателност. Ангелов, претходно денеска информираше дека активни се шест пожари низ државата, но предупреди дека состојбата е се уште алармантна, ако се земе предвид дека во текот на вчерашниот ден имало 27 пожари на ...
Боки 13 зборуваше за својот живот и сексуални искуства. Македонскиот шоумен откри дека сака да снима филм и дека „Рекет“ не е единствениот проект што ќе зборува за неговиот лик и дело. На прашањето дали некогаш спиел со жена, Јовановски даде детален одговор. Не сакав многу да зборувам за тоа бидејќи сакам сè да наплаќам. На почетокот чекав „Рекет“ да биде приказна за затвор, а чекам да се најде вистинскиот продуцент за да направи филм за ...
Херојот на финалето на Мундијалот Феран Торес е новото засилување на европскиот првак ПСЖ откако го потпиша договорот до 2031 година. Тој во ПСЖ ќе настапува во дресот со број 9. – Среќен сум што почнувам нова авантура во амбициозен клуб како ПСЖ. Благодарност до претседателот Насер Ал-Келафи, Луис Кампос и до тренерот Луис Енрике што ми дадоа шанса да се приклучам на екипата, се надевам на освојување на што е можно повеќе пехари, изјави ...
Македонскиот клупски фудбал ги живее најцрните денови. Единствената светла точка-екипата на Шкендија е елиминирана а претходно испаднаа и Силекс и Вардар. Maкедонија сега е во друштво со екипи од Црна Гора, Лихтенштајн, Сан Марино, Малта , Молдавија, Велс… Веќе не треба да им се смееме на косовски екипи бидејќи Дрита е во плејофот во Конференциската лига, а таму е и Интер, но не од Италија туку од Андора. Да, од Андора. Албанија за нас е сила ...
Наместо гужви на брегот и пливање во морето, легендарниот фудбалер ги избра планините, мирот, природата и, секако, добра скара. Златан Ибрахимовиќ објави видео од своето планинско уживање, а во преден план имаше колбаси што се печат на оган и вистинска скара. Додека другите бараат најдобра плажа и сенка покрај морето, Златан очигледно го знае својот рецепт за одмор: планини, свеж воздух, оган и добра храна. И искрено, ако некој може да ...
Наградата „Антево перо“ се доделува како исклучително признание за необјавен поетски ракопис на македонски јазик, а ја доделува Здружението за зачувување на делото на Анте Поповски АНТЕВО ПЕРО, во рамки на мeѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“. На својот втор состанок, жири-комисијата за доделување на наградата во состав: проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска (претседател), д-р Атина Цветаноска и Виолета ...
Промоција на капиталното публицистичко дело на познатиот музички новинар на еден од најзначајните музички фестивали во Југоисточна Европа На 14 август, во рамките на овогодишното издание на престижниот фестивал „Нишвил“, своја промоција имаше книгата „Прес анд Плеј“ („Press and Play“) од истакнатиот македонски музички новинар и публицист Ненад Георгиевски. Промоцијата се одржа во импозантниот амбиент на Нишката тврдина, во срцето на еден од ...
Македонската кадетска кошаркарска репрезентација со пораз од Бугарија (62-102) го заврши настапот на Европското првенство од дивизијата „Б“, кое во изминатите денови се одржува во Македонија. Во натпреварот за 13. место, Бугарија беше подобар противник и заслужено стигна до победата. Македонските кадети не успеаја да го повторат пристапот од претходните натпревари, па противникот постепено ја зголемуваше предноста во текот на целиот меч. За ...
Талибанските власти во Авганистан денеска одбележуваат пет години од доаѓањето на власт со воени дефилеа, собири и спортски манифестации, истакнувајќи ги „слободата и безбедноста“, додека Обединетите нации и меѓународните организации ги осудуваат сè построгите ограничувања на човековите права во земјата. Точно пет години откако талибанските бунтовници влегоа во Кабул по хаотичното повлекување на силите предводени од САД, низ главниот град ...
Земјотрес со локална магнитуда од 2,5 степени според Рихтеровата скала денес попладне беше почувствуван во Гостивар и околните населени места, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Според официјалните податоци, земјотресот бил регистриран во 16:10 часот, а неговиот епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, на околу 47 километри југозападно од Скопје. Потресот бил почувствуван ...
Алберт Ријера е нов тренер на Црвена звезда и тој утре ќе биде претставен на новинарите. Шпанецот важи за незгоден карактер поради што беше избркан до Ајнтрахт Франкфурт. Тој веќе најави дека во Белград носи три правила пто фудбалерите мора да ги почитуваат. Еве кои се тие. Правило 1: Почит во соблекувалната. Тоа е на прво место. Правило 2: Играш онака како што тренираш. Правило 3: Секогаш поставувај си го прашањето – што му давам на овој тим ...
Поднесувањето на обвинение против Артан Груби може да го забрза неговото излегување на слобода. Звучи чудно но вистинито. Во македонското правосудство со два посто доверба се е можно. Поранешниот вицремиер на 24 август седнува на обвинителна клупа за случајот со Државна лотарија вреди осум милиони евра. Груби, другар му Прпарим Бајрами и останатите обвинети биле свесни дека Акционерското друштво за приредување игри на среќа Државна лотарија ...
Одлуката на Врховниот суд на САД во предметот „Махмуд против Тејлор“ (Mahmoud v. Taylor), донесена на 27 јуни 2025 година, претставува една од најзначајните пресуди во последните години во областа на образованието, верските слободи и родителските права. Станува збор за случај во кој родители го тужат училишниот округ Монтгомери во сојузната држава Мериленд, поради неможност нивните деца од прво до петто одделение да бидат изземени од наставни ...
По астролошки интензивната недела, викендот од 14 до 16 август би можел да донесе малку полесна и пооптимистична енергија. Затемнувањето на сонцето во Лав е зад нас, Марс неодамна влезе во Рак, а во сабота има уште еден интересен астролошки настан – Меркур и Јупитер се среќаваат во Лав. Според астролошките толкувања, четири знаци би можеле да имаат малку повеќе причини да бидат оптимисти овој викенд. Лав За Лавовите претстои особено интересен ...
Летните денови сè уште не се завршени, а секој хороскопски знак сè уште има многу време за нови познанства, спонтани планови, интересни средби и неочекувани пресврти. За некои, остатокот од летото би можел да донесе нешто убаво во љубовта, додека други би можеле да направат промена што ја посакувале веќе некое време. Еве што би можело да се случи со секој хороскопски знак до крајот на летото. Овен Овните би можеле да доживеат средба што ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави три нови инвестиции за кои договорите се очекува да бидат потпишани оваа есен. Преговорите се во завршна фаза и се очекува да поминат на некоја од следните владини седници. Во Брисел имав три средби со инвеститори кои во Македонија се во завршна фаза на постигнување на договор. Едниот е од Германија, едниот од САД, а третиот прави проширување на постојната инвестиција и многу наскоро, оваа есен, ...
Со едноставно природно решение – растение чиј мирис не им се допаѓа, а кое му дава свежина и прекрасен изглед на вашиот надворешен простор, може да се ослободите од комарците, пишува Metropolitan. Станува збор за цитронела (Cymbopogon nardus), растение кое многумина го поврзуваат со лимоновата трева, а кое долго време е популарна состојка во есенцијалните масла, свеќите и природните средства за одбивање на штетници. Нејзиниот свеж мирис на ...