Скопје
-1ᴼ /
-1ᴼ
Аеродромите во Скопје и Охрид бележат историски раст на авиосообраќајот, со повеќе од два милиони патници во првите шест месеци од годинава и зголемување од 32 проценти во однос на истиот период лани, изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Според него, резултатите се должат на новата политика за привлекување и субвенционирање директни авиолинии, со што во изминатите година и пол се воведени 28 нови ...
Националниот џез оркестар вчера го објави своето прво дискографско издание – албумот „Македонски сновиденија (Macedonian Dreams)“. Со голема радост од оркестарот го претставија албумот како свое прво издание, кое е снимено во Fame’s Institute и од вчера е достапно за слушање на Spotify и на останатите дигитални платформи. „Македонски сновиденија“ воедно е објавен и како прво физичко издание на Националниот џез оркестар, во CD-формат. Од ...
Вчерашниот ден беше најтежок во оваа сезона на пожари од аспект на загрозеност на населени места, бидејќи имавме два алармантни пожари, изјави Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Најтешка ситуацијата со справување со пожарите вчера била во Пелагонија каде што пожарот ги загрозил селата Ивањевци, Лознани и Новоселани. Ја издвои храброста на младиот тракторист Александар Чепиговски) од село Ивањевци, кој со ...
Во секој човек постои тивка граница до која може да се крие од сопствената совест. Таа граница не ја поставува ниту општеството, ниту времето, ниту околностите, туку самиот човек – со своите стравови, избори, премолчувања и оправдувања. Кога ќе се најде пред вистината за себе, тој мора да избере: ќе продолжи ли да живее во сигурноста на сопствениот круг или ќе најде сила да излезе од него? Токму од ова суштинско човеково искуство произлегува ...
До овој момент вкупно пет македонски семејства побарале помош или асистенција при евакуација од подрачјата зафатени со пожарите во Грција, според информациите од дипломатско-конзуларното претставништво во Солун, информираат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Во координација со надлежните грчки власти, тие биле упатени кон најблиските точки определени за оваа намена, каде што биле згрижени и останатите туристи, ...
Само неколку часа откако Бургас беше официјално прогласен за домаќин на „Евровизија“ за 2027, хотелите во градот нагло ги зголемија цените за датумите околу 13 – 16 мај в година. Платформите за резервации веќе покажуваат понуди меѓу 650 и над 4.000 евра по ноќ. Највисоката регистрирана понуда за престој околу неделата на натпреварот, сепак, е 25.145 евра за 6 ноќевања (10. – 16 мај 2027) за двајца возрасни. За споредба, тој апартман чини 857 ...
Краткиот филм „Судбината на Фалангата“, во продукција на Future Frame Studio и креиран со помош на ВИ алатките, ја оживува македонската античка епоха, со историска автентичност и неверојатно патешествие на еден од војниците на Александар Македонски со потекло од Хераклеа Линкестис. Тој ќе помине десетици илјади километри далеку од својот дом, и преку неговиот личен поглед ќе биде прикажана епопејата на воените победи, жртвите, херојството, но ...
Ноќта го претвори туристичкиот Омиш од летна разгледница во зона на евакуација. Огнот се спушташе кон куќите, силната бура разнесуваше жар на сите страни, автомобили и објекти гореа покрај Јадранската магистрала, а дел од жителите и туристите спас бараа кон морето. Утрото донесе подобри вести од пожариштето, но и целосната слика за една од најтешките пожарникарски ноќи што Хрватска ги памети. Големиот пожар избувнал во четвртокот вечерта, ...
В среда, на 19 август во 20.00 часот во Галеријата на Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе биде отворена изложбата на Слободан Живковски. Слободан Живковски е роден во 1949 во Скопје, Македонија. Дипломира на Архитектонски Факултет во Скопје, специјализира индустриски дизајн 1982 година во ENSAD – Париз. Живее и работи во Скопје. Активно работи архитектура и има реализирано 3 значајни објекти во центарот на градот, како и многубројни ...
Пред четири дена до Комисијата за заштита на конкуренцијата е доствено известување за концентрација со која Проекс Интернационал Л.Л.Ц. од Приштина има намера да стекнe контрола врз „Тинекс Маркет“. Од КЗК ја известуваат јавноста дека е договорено и колку да изнесува трансакцијата, односно купувањето на извесниот удел. Истовремено КЗК извести дека српскиот синџир за веледрогерија, односно продажба на козметички производи, Јасмин, има намера ...
Чувството на постојан замор и недоволната енергија во текот на денот не мора да биде само поради стрес или недостаток на сон. Нивото на енергија може да биде под влијание и на секојдневните навики на коишто честопати не се обрнува доволно внимание. Исхраната, меѓу друго, има важна улога. Недоволниот внес на железо може да биде поврзан со чувство на исцрпеност, раздразливост и лоша концентрација. Затоа можете да вклучите храна како грав, ...
Кинеската платформа за онлајн продажба на облека Шеин планира да ги зголеми цените на своите производи во Европа за да покрие дел од дополнителните трошоци предизвикани од новата европска такса за мали пратки што пристигнуваат од земји надвор од ЕУ. Ова се наведува во документацијата што компанијата ја доставила до берзата во Хонгконг. Од Шеин предупредуваат дека повисоките цени краткорочно би можеле да доведат до намалување на продажбата, а ...
Ситуацијата со пожарот во Сивири на првиот крак на Халкидики утрово е значително подобрена, нема активен пожарен фронт, но на повеќе места има расфрлани жаришта и продолжува без прекин интервенцијата со учество на над 200 пожарникари за целосно да се изгасне огнената стихија што досега зафати површина од околу 350 хектари, а македонска туристка, која летува во Фурка во разговор со дописничката на МИА од Атина раскажува дека вчера веднаш биле ...
Вчерашниот ден беше најтежок во оваа сезона на пожари од аспект на загрозеност на населени места, бидејќи имавме два алармантни пожари, изјави Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Во видеоизјава Ангелов соопшти дека во текот на вчерашниот ден имало над 40 пожари на отворен простор, а од нив активни во овој момент се шест кои не загрозуваат населени места, ниту има опасност да влезат во квалитетна шума. Како ...
На 13.08.2026 во СВР Струмица е пријавено дека околу 23:30 часот на магистралниот пат Струмица – Граничен премин Ново Село, во атар на с.Турново, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат леон“ со струмички регистарски ознаки, управувано од С.Б.(29) од Струмица и мотоцикл без регистерски ознаки, управуван од А.Д.(19) од с.Иловица. Во несреќата, од здобиените повреди на местото починала 19-годишната К.Ј. ,сопатничка на ...
За православните христијански верници денеска почнува двонеделниот Богородичен пост, кој е посветен на Успението на Пресвета Богородица. Овој пост е востановен во молитвено сеќавање на Пресвета Богородица, а со цел во периодот на неговото времетраење уште поинтензивно да се изискува молитвеното застапништво од Пресветата Богомајка. По својата временска должина тоа е најкраткиот од четирите годишни пости и трае 15 дена, односно секоја година ...
Делови од авионски мотор што најверојатно се одвоиле по удар во птици, го скршиле прозорецот на авион на „Рајанер“ во инцидентот што се случи минатиот месец, при што беше повреден патник од Србија, соопштија американски експерти кои заедно со грчките власти го истражуваат случајот. Лопатка од турбината на моторот се распаднала, го скршила прозорецот и го оштетила трупот на авионот на неколку места, се наведува во извештајот на Националниот ...
Утрово во 04:00 часот во СВР Скопје 35-годишна жена пријавила дека претходно вечерта околу 21:00 часот во домот на подрачјето на Драчево, физички била нападната од нејзиниот 33-годишен сопруг, се наведува во полицискиот билтен. Исто така, околу 04:30 часот тој пријавил дека во домот, неговата сопруга му упатила закани и физички го нападнала. По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци. Утрово во 04:00 часот во СВР ...
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија соопшти дека со внимание ја следи актуелната состојба со пожарите во Грција, преку своето дипломатско-конзуларно претставништво во Солун и во комуникација со надлежните грчки институции. Апелираме до нашите државјани кои се наоѓаат во погодените подрачја и имаат потреба од помош да се обратат на дежурниот телефонски број на Министерството +389 75 268 736, на електронската адреса [email ...
Во голем пожар што го зафати вчера вечер Омиш, Хрватска, повредени се 36 лица, 14 се хоспитализирани, а 7 се борат за живот. Како што објавуваат хрватските медиуми околу 2000 лица се евакуирани во спортската сала „Рибњак“. Поради повредите здобиени во синоќешниот пожар, во Сплитската клиничка болница вкупно 36 лица добија медицинска помош. По лекарската помош, 14 пациенти беа хоспитализирани, додека останатите беа пуштени на домашно ...
До 7:30 часот утрово се регистрирани вкупно 40 пожари на отворен простор, од кои активни се шест пожари, под контрола три и изгаснати 31 пожар, информира Центарот за управување со кризи. Активни се пожарите во општина Студеничани – над с. Моране, Вртекица и Рамни Габер, каде што гори мешана шума, во Македонски Брод – место викано Видуш, кај село Драгов Дол (ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки), во општина Битола – село Лопатица ...
Артан Груби ќе си добиеше седумка на лото – за малку. За среќа, во последен момент топчето се сврти и тој доби обвинение за проневера од 8,2 милиони евра во Државна лотарија и неговото судење започнува за 10 дена. Но, во целата приказна за нашиот омилен „о кинг, о шеф“, најинтересен е неговиот мецена, кој некако излезе од пештерата каде беше пикнат последните две години и во последно сè повеќе и повеќе го има да се јави и нешто да поткаже. ...
Во вторник и среда (18 и 19 август 2026) е првиот рок за пријавување кандидати за студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје. На 23-те факултети на најстариот и најголем универзитет во државава се слободни вкупно 8.851 место за идни студенти во академската 2026/2027, која ќе почне на 1 октомври. Според Конкурсот на УКИМ, од вкупниот број слободни места, 4395 се за студенти во државна квота (редовни студенти кои се финансираат од ...
Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска ќе оствари работна посета на М-НАВ. Како што соопшти Министерството за транспорт, тој ќе изврши увид во инсталираниот нов АТМ-систем и новиот радарски систем на Контролна кула Скопје. Од Министерството додаваат дека се предвидени изјави за медиуми во 10 часот пред М-НАВ (Контрола на летање на Меѓународниот аеродром Скопје). Заменик-претседателот на Владата ...
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, е подготвен да ја поддржи идејата за проширување на Светското првенство на 64 репрезентации, објавува „Тајмс“. Според весникот, ова би можело да биде една од алатките на Инфантино во неговата борба за задржување на влијанието во организацијата. Идејата за одржување на Светско првенство со 64 екипи првично беше предложена од КОНМЕБОЛ. Така, претседателот на ФИФА се надева дека ќе обезбеди поддршка од ...
Предметот против поранешниот вицепремиер Артан Груби и седум други лица за злоупотреби во АД „Државна лотарија“ преку автоматска распределба е распределен кај судија и е насрочен за 24 август, информираат од Основниот кривичен суд Скопје. Основното јавно обвинителство Скопје, претходно поднесе обвинение против Артан Груби и седум други лица, кои како што информираа од Обвинителството, во текот на 2023 и 2024 заеднички презеле дејствија со кои ...
Тренерот на Манчестер јунајтед, Мајкл Карик, посочи дека ќе го користи напаѓачот Маркус Рашфорд во сезоната 2026/27. – Тој е наш играч. Повторно е во одлична форма, како и секој друг играч. Го познавам долго време и ни дава нешто посебно. Тој е во одлично расположение откако се врати, пред два или три дена, го цитира „Индипендент“ тренерот. Претходно, инсајдерот Фабрицио Романо објави дека 28-годишниот Англичанец ќе го носи дресот со број 14 ...
СВП не може да се третира како административно прашање и од врвна самостојна национална установа да се сведе на одделение во друга установа Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска од Струга изјави дека е шокантен предлогот на Министерството за култура до Владата, Струшките вечери на поезијата наместо самостојна национална установа да бидат сектор во состав на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“-Струга, оценувајќи го како ...
Шкендија ги заврши настапите на европска сцена откако вечерва одигра само 0-0 против Хибернијан што не беше доволно по поразот на првиот дуел нагости. Ова беше еден тврд меч, без некои посериозни шанси на двете страни. Гостите од Шкотска како да беа дојдени да ја бранат предноста од првиот дуел. Тетовци најсериозната шанса ја имаа пред крајот на мечот но гостинскиот голман одлично се снајде. Шкендија ги заврши настапите на европска сцена ...
Охридскиот договор не беше договор на победници и поразени, беше договор со кој државата доби можност да продолжи напред, да се развива и да го трасира патот за идните генерации. Соживотот не значи само да живееме едни покрај други туку и едни со други и едни за други. Денес не се навраќаме на минатото за да ги оживееме старите поделби. Му се навраќаме за подобро да разбереме што нè одржа заедно, беше истакнато на настанот што се одржа ...