Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
копјанец објави видео на кое се гледаат купишта исечени гранки оставени директно врз гробните места и патеките меѓу нив. Наместо уреден пристап до гробовите, посетителите се соочуваат со препреки и натрупан отпад. Според сведоштвото објавено со видеото, на дел од местата практично нема каде да се помине за да се пристапи до гробот, а за оставање цвеќе или палење свеќа, како што вели граѓанинот, ситуацијата е уште потешка. „Гробиштата се ...
Македонскиот долгометражен игран филм „17“ во режија на Косара Митиќ вчеравечер (17.08.2026) премиерно беше прикажан пред преполната сала во Народно позориште Сарајево, во рамките на 32. издание на Интернационалниот Филмски Фестивал во Сараево. Оваа регионална премиера го означи официјалниот почеток на трката на филмот за престижната награда „Срцето на Сараево“ во главната натпреварувачка програма за долгометражен игран филм. ...
Сократ Вата (29), осомничен дека е сторител на убиството на 20-годишниот француски државјанин Мигел Мендес во Ксамил, е уапсен по неколку часа во бегство. Тешкиот инцидент се случил утрово во крајбрежната зона на Ксамил, каде животот го загубил 20-годишниот Французин. Вата бил уапсен на контролен пункт поставен во Леван, во рамки на полициската акција за негово пронаоѓање. Според информациите, 29-годишникот се обидувал да ја напушти областа ...
Во тек се подготовките за заминување на дипломатот Крум Ефремов за амбасадор во Софија, изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција. Кога зборуваме за постапката за именување на амбасадори и генерални конзули, таа во одредена фаза е класифицирана и не смеам да коментирам за имиња. Кога се работи за амбасадорот во Софија, веќе постапката е во фаза да таа ...
Поп дивата Јелена Карлеуша имаше неколку големи љубови пред бракот со Душко Тошиќ, но сепак има посебна емоција за покојниот Зоран Давидовиќ Чанда, кого го опишува како своја голема љубов. По 25 години од неговата смрт, Карлеуша отворено проговори за неговото убиство, како и за предупредувањето што, како што тврди, музичарот Оливер Мандиќ еднаш ѝ го испратил. Чанда беше убиен на 23 март 2000 година, а Јелена откри што се случило во периодот ...
Успешните компании најчесто се мерат во бројки – раст, приходи, нови пазари, број на вработени и освоени технологии. Но зад секој од тие резултати стои многу потешко мерлив фактор: луѓето и средината во која тие се развиваат. Токму човечката страна на успехот беше во фокусот на последното издание на „Свесност Live Session“, кое во „Училница“ ги собра Александар Мемца, основач на IWConnect, и неговите долгогодишни соработници Никола Поповски и ...
Унгарија презема итни и несекојдневни мерки поради историски нискиот водостој на Дунав, кој сериозно го загрозува работењето на нуклеарната централа Пакш, една од клучните точки на енергетскиот систем на земјата. Во близина на централата веќе се спроведува операција со која треба да се зголеми нивото на реката кај системот за довод на вода за ладење. Дел од мерките вклучуваат контролирано потопување на две баржи долги околу 80 метри, кои ...
Еден од највпечатливите македонски пијанисти од новата генерација, Арда Мустафаоглу, на 22 август ќе настапи во Битола, во UTOPIA, во рамки на специјалната концертна вечер „88 KEYS – UTOPIA AFTER DARK“. Негов гостин на сцената ќе биде младиот македонски виолинист Јаков Ангелов, кој својата музичка кариера ја гради во Германија. 88 клавиши и една виолина ќе бидат доволни за една од оние августовски вечери во Битола во кои класичната музика ќе ...
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по поразот од 2-1 во сетови од Аргентинецот Тиаго Тиранте на Мастерсот во Синсинати донесе загрижувачки вести за организаторите на УС опен. Ова откако тенисерот изјави дека веќе неколку години има здравствени проблеми во услови на висока температура при голема влажност на воздухот. Поранешната француска тенисерка, Камил Пен која коментира за Еуроспорт, напомена дека проблемите со дишењето е лош знак особено што ...
Пилотот- грчки државјанин и британски брачен пар за време на нивниот меден месец, загинаа во падот на приватниот хеликоптер на грчкиот остров Сифнос, што се урна и запали вчера попладне, а во тек е истрага за причините за несреќата, јави дописничката на МИА од Атина. Хеликоптерот падна вчера кусо по 18 часот во близина на хелиодромот во северниот дел на островот, по падот избувна пожар, а при интервенцијата на припадници на противпожарната ...
Историјата не се состои само од датуми, битки, имиња и настани запишани во книги. Нејзината вистинска тежина ја носат луѓето што ја живееле – оние кои во одредени историски мигови биле исправени пред избори од кои зависеле нивните животи, но и животите на идните генерации. Таков човек е Даме Груев, еден од најзначајните ликови во македонското револуционерно движење, чиј живот и дело и денес предизвикуваат интерес, почит и бројни книжевни и ...
Од 18 до 25 август 2026 година ЦК „Марко Цепенков“ ќе ја реализира 18 -та ликовна колонија „Марко Цепенков – Дрен 2026“. На колонијата годинава ќе творат Дамјан Ѓуров, Никола Пијанманов, Марјан Стојаноски, Слободан Милошески, Озбек Ајваз, Славчо Павлески и Емил Солески, кои ќе работат монументални скулптури за во јавен простор. Колонијата е дел од годишната програма на Центарот за култура „Марко Цепенков“ за 2026 година во визуелни дејности ...
Во овој момент активен е пожарот, кој од Велес премина во Зелениково. Благодарност до велешките пожарникари кои значително го намалија и заштитија две загрозени села. Во Македонски Брод пожарот е значајно намален. Имаме пожар на територија на општина Студеничани село Рамни Габер, но тој е оддалечен и не загрозува ниту едно село, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов давајќи пладневен преглед за ...
Според ново научно истражување објавено во списанието „JAMA Internal Medicine“ во кое биле опфатени над 500 различни професии, најголема стапка на смрт од рак поради преголема радијација има кај стјуардесите, а веднаш по нив се и пилотите. За потенцијален причинител научниците го издвојуваат космичкото зрачење на кое екипажот е подложен во текот на летањето. На површината на Земјата атмосферата делува како природен заштитен штит кој апсорбира ...
Во извонедниот амбиент на Долни Сарај вчеравечер беше реализиран уште еден од низата успешни концерти од музичката програма на „Охридско лето“. Овојпат, главни актери беа младите музичари од регионот, обединети во Младинскиот оркестар на Западен Балкан. Вкупно 75 врвни инструменталисти-членови на оркестарот, под диригентската палка на маестро Десар Сулејмани, музицираа со фантастична мотивираност, ослободувајќи моќна творечка енергија која ...
Пилотот- грчки државјанин и британски брачен пар за време на нивниот меден месец, загинаа во падот на приватниот хеликоптер на грчкиот остров Сифнос, што се урна и запали вчера попладне, а во тек е истрага за причините за несреќата, јави дописничката на МИА од Атина. Хеликоптерот падна вчера кусо по 18 часот во близина на хелиодромот во северниот дел на островот, по падот избувна пожар, а при интервенцијата на припадници на противпожарната ...
Дваесетгодишен француски државјанин е пронајден без знаци на живот во раните утрински часови, на лежалка на плажа во Ксамил. „Телото на жртвата, Мигел Мендес, на возраст од околу 20 години, е пронајдено утрово во 5:15 часот. Постојат основи на сомнение дека бил избоден со нож, од страна на Сократ Вата, на возраст од 29 години, од северниот албански град Хас, кој веднаш по инцидентот избегал, стои во полициското соопштение. Полициските служби ...
Издавачката куќа Антолог од Скопје во рамките на проектот ЕУрека: Читањето – семе на иднината! ja објави „Пчеларот Јошко“ од словачката авторка, илустраторка и пчеларка Симона Сматана, во превод на македонски јазик на Звонко Танески, топла и нежна сликовница за осаменоста, пријателството, грижата за другите и љубовта кон природата. Во една пуста долина, каде што ништо не расте, живее Јошко. Тој е сам и често е тажен. Нема со кого да ...
Македонскиот виолинист со интернационална кариера Емилио Перцан заедно со пијанистката Тамила Гулијева изминатите денови во Охрид го водеа Меѓународниот семинар за виолина, виола и камерна музика, а крајот на семинарот беше означен вчера со завршен концерт на учесниците во рамки на фестивалот „Охридско лето“. Годинава на семинарот учествуваа 11 млади од Украина, Словенија, Перу, Србија, Македонија, и првпат имаше учесници од Ерменија. По ...
Италијанскиот тенисер Јаник Синер може да се повлече од Отвореното првенство на САД поради повреда на коленото, објави „Газета дело Спорт“. Дваесет и петгодишниот тенисер се врати во Торино во понеделник, каде што го започна закрепнувањето од повредата на коленото и го одржа својот прв затворен тренинг. Синер ќе биде подложен на нов преглед, по што ќе биде донесена конечна одлука за неговото учество на Отвореното првенство на САД. Тимот на ...
Под водство на Гејтс, во средината на октомври 2019 година, само два месеци по „Кримсон контажион“ и три недели по верувањето на американските разузнавачки агенции дека ковид-19 почнал да циркулира во Вухан, кабалата на моќници и институции што го сочинуваат картелот за биолошка безбедност почна да ги подготвува носителите на одлуки за масовно иселување на информираните критичари на индустријата за вакцини од социјалните медиуми. Тој месец ...
Даночни прекршувања во висина од 92.000 евра откриле инспекторите од Независната управа за јавни приходи на Грција (ААДЕ) за време на ненајавените контроли спроведени на туристички бродови и катамарани што организираат целодневни или попладневни крстарења на грчкиот остров Санторини, при што биле изречени казни во вкупен износ од 43.000 евра, јави дописничката на МИА од Атина. Операцијата била под името „Ќе те носам на крстарење 2026“ (според ...
На 18.08.2026 во 01:00 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода И.Ѓ.(47) од Прилеп. -При претрес во неговиот дом во Прилеп, извршен со наредба од Основен суд Прилеп, биле пронајдени 85 стебла марихуана, две дигитални ваги, две ќеси со семки од канабис и повеќе различни пакувања со марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на настанот ќе следува соодветна пријава. На 18.08.2026 во ...
На Денот на Армијата на Република Македонија, Министерството за одбрана официјално ја претстави како „Македонска армија“ Во уставниот поредок, определбата „македонски“ се поврзува исклучиво со етничкиот идентитет на македонскиот народ, додека официјалното име е Армија на Република Македонија. Таа им припаѓа на сите граѓани и на сите заедници што ја сочинуваат државата, се вели во соопштението од ДУИ. Во продолжение интегралното соопштение од ...
На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје денеска и утре е првиот рок за пријавување кандидати за запишување на студии во прва година. На 23-те факултети на најстариот и најголем универзитет во државава се слободни вкупно 8851 место за бруцоши во академската 2026/2027, која ќе почне на 1 октомври. Според Конкурсот на УКИМ, од вкупниот број слободни места, 4395 се за студенти во државна квота (редовни студенти кои се финансираат од ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека привремено ќе ја прекине изградбата на контроверзниот граничен ѕид во Националниот парк „Биг Бенд“ во јужниот дел на Тексас, додека шефот на агенцијата задолжена за изградбата не изврши „проценка на терен“. Проектот наиде на силно спротивставување кај двете најголеми американски политички партии. Критичарите тврдат дека ѕидот ја загрозува животната средина, а дека ...
Португалската компанија „Алпак Капитал“ ја презеде контролата врз бројни медиуми во Србија и го започна својот мандат со смена на сите директори. „Алпак Капитал“ е наведен како сопственик на телевизијата Н1, Нова.рс, Радар, Данас и телевизијата Нова. Првата одлука по преземањето на сопственоста беше да се заменат директорите. „Михаило Јовиќевиќ, директор на порталот и весникот Нова, како и на неделникот Радар, беа заменети по ред, по што ...
Немања Бантиќ, еден од најпознатите еконмомски и финансиски експерти проговори на темата годишен одмор. Тој вели дека на одмор треба да одат само тие што работеле напорно цела година а не за они кои „легачеле“. Само ако си работел и си се уморил, ако не си нема никава смисла. Кога ќе се вратиш од одмор ако не си попродуктивен џабе си одел, вели Немања. View this post on Instagram A post shared by Nemanja B. Antić, MBA (@nemanjabantic) ...
Со нови проекти, нови производствени капацитети и нови работни места продолжува инвестицискиот циклус во Македонија, а Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува активно да работи на создавање услови за инвестиции кои носат производство, современи технологии, извоз и долгорочен економски раст. Во ТИРЗ Тетово следува реализацијата на инвестицијата на „Џаво Отомотив“, мултинационална компанија со повеќе од 40 години искуство во автомобилската ...
Фудбалерот на Баерн Минхен, Хари Кејн, објави дека наскоро ќе започне преговори за нов договор со клубот од Минхен. Англичанецот е во Баерн од 2023 година, а неговиот договор трае до јуни 2027 година. Претходно, медиумите објавија интерес од Барселона за 33-годишниот напаѓач. -Имам само уште една година од мојот договор, па сега е време да разговараме за тоа. Ќе разговараме за тоа следната недела или неделата потоа. Двете страни се многу ...