
Скопје
21ᴼ /
21ᴼ



Рапидниот развој на алатките за вештачка интелигенција (ВИ) секојдневно се заканува дека ќе ги „истисне“ луѓето од професиите. Што се случува со новинарството? Знаете ли дека во Македонија веќе се генерирани првите тв-прилози со вештачка интелигенција За да откриеме како ова може да се одрази врз новинарството кај нас, прашавме новинари како ВИ може да помогне при креирање вести и зошто (не)може да го замени човечкиот фактор во редакциите. ...
Според Фондот за деца при Обединетите Нации (УНИЦЕФ), повеќе од 50 деца биле убиени викендов во израелските напади во северниот дел на Газа, пишува „Анадолу“. „Ова беше смртоносен викенд во северна Газа. Само во изминатите 48 часа над 50 деца беа убиени во Џабалија. Нападите срушија две станбени згради во кои беа засолнети стотици луѓе“, рече извршната директорка на УНИЦЕФ, Кетрин Расел. УНИЦЕФ објави дека во нападите бил погоден и автомобил во ...
Неформалното здружение за култура и образование „Дума ин Сума“ го објави „ШОК“ – списание за култура кое е достапно за бесплатно преземање. Во списанието може да се најдат колумни, репортажи, интервјуа, колажи, поезија, проза, стрипови. „’ШОК’ е списание од млади за сите, изработено од учесници на серијалот работилници за креативно пишување под водство на ‘Дума ин Сума’“, се вели во соопштението. „ШОК“ е достапно преку веб-сајтот ...
Сексуалното вознемирување и следење на интернет и јавното споделување интимни содржини без дозвола се најбрзо растечки форми на родово-базирано насилство. Повеќе од 60 отсто од жените во земјава барем еднаш се соочиле со онлајн насилство, додека една од десет жени е жртва на злоупотреби на интернет секој ден. Со цел да се подигне свеста за присутноста на овој проблем, но и да се зголеми степенот на едукација за тоа како да се препознае и да се ...
Самостојната изложба „Вечнеење“ на уметникот Никола Пијанманов ќе се отвори на 7 ноември, четврток, од 20 чаот во Империјал 1 и 2 во Културно информативниот центар (КИЦ) во Скопје. Како што пишува во најавата, на изложбата се поставени дела од тригодишно истражување за човекот кој чека, изгубен во огромните простори и лавиринти на чудниот, апсурден и тежок макросвет. „Човекот заробен во состојба на бесконечното исчекување. Изложбата ги поврзува ...
Во петок (8 ноември) во Македонскиот народен театар ќе се одржи праизведбата на драмскиот текст „Марта Верина“ од Драгана Лукан Николоски, во режија на Нина Николиќ, а во копродукција помеѓу Перипетија продукција и Македонски народен театар и во соработка со Фондација „Ацо Шопов“. „Марта Верина е првенствено приказна за жена која истовремено е и херој и антихерој. Жена која поради своите ‘погрешни’ избори не му припаѓа на општеството во кое ...
На крајот на оваа седмица посветена на медиумската писменост, прочитај го нашиот избор на топ вести од образование, култура, граѓанско општество, политика и животна средина. 1.Еко-активистите бараат Правилник за велосипедска инфраструктура за да може да се вози точак безбедно и по стандарди Во Македонија велосипедската мрежа е долга 130 километри и се простира главно во Скопје. Но, таа не секаде е во добра состојба и не нужно е правена по ...
Промоцијата на втората поетска збирка од Моника Стојановска „На крајот сѐ ќе биде како што треба“ ќе се одржи во кафе-книжарницата „Буква“, на 7 ноември, четврток, со почеток во 19 и 30 часот. „Во нејзиниот нов поетски ракопис, со нејзината веќе препознатлива поетика, Стојановска постигнува уште повисоко естетско рамниште. Во однос на квалитетот на творечкиот резултат, таа очигледно не е во натпревар со другите, туку самата со себе. Во оваа ...
Промоцијата на стихозбирката „Змијарник“ од Тања Ступар Трифуновиќ ќе се случи во среда, 6 ноември од 20 часот во бифето на Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје. За „Змијарник“ авторката ја освои наградата „Васко Попа“, за најдобра поетска книга во 2022 година. Препевот на македонски е на Јовица Ивановски, и беше поддржан од „Традуки“. Промотор ќе биде Јулијана Величковска. „Песните на Тања Ступар Трифуновиќ се развиваат низ мотивско ...
Индексот на индустриското производство во септември 2024 година, во однос на септември 2023, изнесува 92.1, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). Гледано по сектори, индустриското производство во секторот рударство и вадење на камен во септември годинава, во однос на минатиот септември, бележи опаѓање од 7.5%, во секторот преработувачка индустрија бележи опаѓање од 6.6%, а во секторот снабдување со електрична енергија, ...
Активистот Никола Ристиќ од организираната група „СвиЌе“ („SviĆe“) е приведен денеска, 3 ноември, пред закажаниот протест во 11 и 30 часот на платото пред старата Железничка станица на плоштадот Сава во Белград, потврди неговата колешка Дарија Стјепиќ, а информира Н1. Како што рече Стјепиќ, активистите се договориле да се сретнат пред протестот на плоштадот Сава, околу 10 и 10 часот. „Штом се појавивме ние двајца, околу нас се појавија пет ...
Изложбата на уметникот Владимир Темков ќе се случи на 6 ноември, среда, со почеток во 20 часот во продажниот ликовен салон на Културно информативниот центар (КИЦ) во Скопје. „На изложбата Владимир Темков ќе се претстави со 30 досега неизложувани слики од неговиот последен циклус“, се вели во најавата за настанот. Уметникот е роден во Кавадарци во 1959 година. Средно уметничко училиште и Педагошка академија завршува во Скопје во класата на ...
Вечерва, 3 ноември, започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал „Омнибустопија“ со промоција на Монографија изработена во сито печат, разговори со „Партизанска штампа“, инсталација и концерт на „Намуз“, со почеток од 20 часот во Котур. Целосната програма, велат од „Анксиома“, претставува своевидна рекапитулација на активностите на здружението во последните 12 месеци, но и антиципација на она што ќе следува во догледна иднина. „Тоа ...
Редовната месечна активност за следење на случаи и дејствија поврзани со коруптивни однесување и борбата против коруција, наречена „Бистро-Матно“, која ја спроведува „Транспаренси Интернешнл Македонија“, ги издвои „бистрите“ и „матните“ настани за месец октомври. Како „матен“ настан за изминатиот месец во Барометарот на корупција е наведено дека Европската комисија (ЕК) препорачува да се донесе нов Кривичен законик откако измените од септември ...
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изразуваат сериозна загриженост поради, како што велат, последното прекршување на основните права на нивната членка, новинарката Мирослава Симоновска, поради неовластеното снимање и дистрибуција на видео на кое таа наводно прима документ. „Ова видео, кое беше проследено до национална телевизија од страна на шефот на Вишо јавно ...
Во Нови Сад, Република Српска и на територијата на Војводина денеска почна тридневна жалост поради несреќата во која загинаа четиринаесет лица, а тројца се тешко повредени откако врз нив се урна бетонската настрешница на Железничката станица во Нови Сад, пренесува Н1. Поранешниот надзорник на реконструкцијата на Железничката станица изјави дека не е точно дека настрешницата не била предмет на работите. Во врска со несреќата денеска треба да ...
Какво влијание имаат социјалните мрежи врз животот на младите? Како да се сочува менталното здравје во дигиталната ера? Како влијае медиумската писменост врз процесот на рационално користење на социјалните мрежи? На дел од овие прашања се фокусиравме во новиот подкаст, каде водителката и новинарка Симона Паскоска зборуваше со инфлуенсерката Александра Трпеска и психологот Верица Бакулеска. Во продолжение погледнете го подкастот. Со овој ...
Изложбата „Уживање“ на Марта Патлиџанковска и Лусиана Ампева ќе се отвори на 4 ноември, понеделник, со почеток во 20 часот во галеријата на Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје. „Опсервацијата на ликовните дела во актуелната изложба ‘Уживање’ на двете млади, академски ликовни авторки, е предизвик за нотирање на нови енергии и продукции во ликовната сфера, но и задача за барање на онаа допирна точка, оној заеднички именител кој ги поврзува ...
Изложбата „Ангел на Фреквенцијата“ на уметницата и физичарка Дафина Шекутковска ќе се отвори на 5 ноември во 20 часот во Мобилна галерија, Парк на франкофонија. Таа претставува екпериментална вежба на откривање. „Истражување на влијанието на убедувањето на поединецот во даден момент на t, како и моќта на науката и уметноста за донесување на добри, позитивни промени во општеството“, вели Шекутковска за изложбата. „Ангел на Фреквенцијата“ се ...
Во рубриката #ПетАлбумиЗаПоДома денеска го имаме Бојан Станиќ, кој вели дека е дипломиран теориски физичар што се занимава со сè освен теориска физика. Активен дел е од независната културна сцена над 10 години, преку различни иницијативи во неговиот роден град, Битола. Меѓу нив, дел и основач е на независната културна иницијатива „Пондер“, Дебатното кино „Контра кадар“ и бесплатната радикална библиотека „Контра библиотека“. Покрај тоа последниве ...
Doing the mind guerrilla Some call it magic, the search for the grail Албумот „Mind Games“ на Џон Ленон, објавен на 29 октомври 1973 година, претставува важен момент во неговата соло кариера. Креиран во еден бурен период на лични предизвици за Ленон, албумот го отсликува неговото комплексно внатрешно патување, со песни што пренесуваат мешавина од болка, носталгија, љубов и стремеж за општествена и духовна слобода. Најсилната порака од „Mind ...
Конкурсот за доделување на 3.000 студентски стипендии за академската 2024/2025 година е објавен, информираше денеска Министерството за образование и наука (МОН). Аплицирањето е исклучиво електронски преку порталот е-услуги, а рокот е заклучно со 15 ноември. „Вкупно 1.470 стипендии се наменети за редовни студенти од социјалните категории. За студентите од научните подрачја на техничко-технолошките науки, биотехничките, општествените и ...
Почна изградбата на училиштето во Чашка за учениците кои од почетокот на оваа учебна година учат во џамија во цело Бањица. Министерката за образование очекува изградбата да заврши за два месеца. „Поставена е бетонска платформа и очекувам целиот процес да биде завршен за два месеци, а во меѓувреме градоначалникот ќе обезбеди опрема за новиот училишен објект“, изјави вчера министерката Весна Јаневска. Подрачното училиште се гради во селото Бањица ...
Стотици просветни работници кои бараат повисоки плати и подобри услови за работа денеска се собраа пред Собранието и во Пионерскиот парк во Белград, додека основните и средните училишта во Чачак и Горњи Милановац целосно ја прекинаа наставата, како дел од претходно најавениот штрајк на воспитувачите, пренесува Ал Џазира Балканс. Сообраќајот во тој дел на Белград се’ уште не е затворен, но забележливо е дека реки од народ доаѓаат од сите околни ...
Платформата за родова еднаквост реагира на Законот за изменување и дополнување на Законот за основно образование на Министерството за образование и наука (МОН) во кој од членот за заштита од дискриминација се отстранети дискриминаторските основи род, сексуална ориентација и родов идентитет. „Дополнително, со загриженост реагираме и на постапката на Министерството со која во Предлогот ја отстранило родовата еднаквост, заменувајќи ја со зборовите ...
Музичкиот фестивал „Андерфест“ ќе се одржи денеска со почеток од 20 часот во Младински културен центар (МКЦ) во Скопје. „Публиката и овој пат ќе има можност да ужива во музиката од претежно алтернативната и рок енд рол сцена од нашата држава“, истакнуваат од фестивалот. На годинешното издание на „Андерфест“ ќе настапат Миа Перевска, Стефан Петановски, „Basement Cult“, „The Mole Pack“, „Fiction“ и „Foolish Green“. „Еден од врвните приоритети на ...
Овој пат во рубриката #НизТвојотОбјектив ѕиркаме во албумот на Константин Митевски, режисер и фотограф кој преку своите фотографии најчесто ја истакнува симетријата. „Секако тука се и добрата композиција, формите, боите, контрастот и текстурите. Исто така обожавам кога фотографирам апстракции бидејќи тие ме исполнуваат со нивната чудесија“, вели тој за Радио МОФ. Во продолжение погледнете дел од неговите фотографии. Радио МОФ ...
Театар Комедија ќе има нова премиера на претставата „Тарзан“ од Рок Вилчник, а во режија на Александар Јовановски, на 2 ноември со почеток во 20 часот. „Драмскиот текст ‘Тарзан’ од словенечкиот драмски автор Рок Вилчник е црна комедија, во која комичниот ефект се постигнува со комбинирање на типизирани ликови и неочекуваните ситуации во кои се сместени. Дијалогот во драмата е лесен и забавен, но со развојот на дејството хуморот станува ...
Дијалог на македонски визуелни уметници како продолжување на серијата разговори на соработката Опсесивно посесивна агресија (ОПА) вечерва во Центар – Јадро со почеток од 20 часот. „Ја продолжуваме серија разговори со визуелни уметници од различни генерации, кои континуирано се присутни на локалната и меѓународната уметничка сцена, и за кои сметаме дека со своите дела, темите кои ги обработуваат, и авторскиот интегритет се релевантни до денес. ...
Тим од четири атлети од Специјална олимпијада на Македонија учествуваа на Европската пливачка средба на Специјална олимпијада која се одржа од 25 до 28 октомври на стадионот „Луј II“ во Монако. Во конкуренција од 180 натпреварувачи од 27 европски земји, атлетите – пливачи од нашата држава освоија три медали. Учесниците се натпреваруваа во пливање во 25, 50 и 100 метри слободен стил на пливање, грбен и граден стил на пливање. „Јулијана Петровска ...