Романите: „Александар јава на запад“ од Венко Андоновски („Три“), „Необјавен фељтон“ од Владимир Илиевски („Maкедоника литера“), „Кривата Дијана: (роман за верижната вина)“ од Фросина Пармаковска („Арс Либрис“), „Фобос: деконструиран роман“ од Соња Станковска („Или – или“), „Три Марии: (роман – басма)“ од Оливера Ќорвезироска („Арс Либрис“) и „Повратник со две лица“ од Ивица Челиковиќ („Паблишер“) се најдоа во најтесниот избор за наградата ...

Во големата сала на општина Охрид на 7.3.2026 година, се одржа Литературната манифестација во чест на Тоде Илиевски, каде беа доделени наградите од Конкурсот за најдобра необјавена песна за деца „ТОДЕ“. Жирито во состав Маја Мојсова (член) Даниела Андоновска Трајковска (член) и Зоран Јакимоски (член) донесе едногласна одлука да не ја додели првата награда „со оглед на, (како што се вели во образложението), послабиот квалитет на пристигнатите ...

Во новиот број на рубриката ,,Старо-Нова Македонија”, се навраќаме во пролетта 1945 година, кога само неколку месеци по ослободувањето, граѓаните на Македонија за првпат масовно излегуваат на избори и гласаат за новата власт. Овие избори се историски и по уште една причина: за првпат жените во Македонија добиваат право на глас и право да бидат избрани. Со тоа, политичкото учество станува право на сите полнолетни граѓани, без разлика на полот ...

Вториот добитник на книжевната награда за најдобар необјавен роман за деца и млади „Оливера Николова“ ќе биде соопштен на прес-конференција што ќе се одржи на 11 март, во 11 часот, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ во Скопје. На настанот ќе се обратат членовите на жири-комисијата, составена од уредничката и писателка Оливера Ќорвезироска, писателот Ермис Лафазановски – прв добитник на наградата во 2025 година, и професорката по ...

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) денеска го презентираше тематскиот извештај за дискриминацијата на жени Ромки во областа на работните односи, во пресрет на 8 Март – Меѓународниот ден на жената. Извештајот има за цел да потсети на значењето на еднаквоста, недискриминацијата и заштитата на правата на жените, особено на оние кои се соочуваат со повеќекратна и интерсекциска дискриминација. Во извештајот се анализира ...

Особено трогнат од последната трагедија во соседството, одбивам да учествувам и ги повикувам сите разумни и нормални мажи да не бидат дел од лицемерното чествување на 8 март, и наместо тоа, да бидеме присутни кога сме најпотребни преку целата година. Неколку недели наназад низ глава ми се вртеше дел од овој текст. Си реков, секоја година жените пишуваат колумни за Меѓународниот ден на жената, па да пробам годинава да придонесам со една друга ...

Во Собранието денеска се одржа работилница на Младиот франкофонски парламент со наслов „Имам став!“, на која средношколци дебатираа на повеќе актуелни општествени теми. На настанот учествуваа ученици од средни училишта од Скопје, Неготино, Битола, Тетово и Куманово, кои преку симулација на парламентарна расправа дискутираа за врсничкото насилство, феноменот на лажните вести и младинската невработеност. Дебатите се одвиваа на француски јазик, ...

Утре во просторот на Даре Џамбаз во Скопје, од 14 до 21 часот ќе се одржи ФИЈУК Саем – настан посветен на независната уметничка сцена и современите креативни практики. Саемот ќе ја најави пролетта со промоција на книга со колажи од Милета Мијатовиќ, издадена од Longest Night – штампарски колектив од Гетеборг. Во рамки на програмата ќе се одржи и работилница за колажи во организација на Скопје Колаж Колектив, како и музичка програма во живо. ...

Предложените измени во Законот за високо образование отворија сериозна дебата во академската и студентската јавност. Дел од организациите и универзитетските професори предупредуваат дека новото законско решение не носи доволно суштински подобрувања и дека во неколку сегменти дури може да ја ослабне позицијата на студентите и младите истражувачи во системот. Младинскиот образовен форум (МОФ), кој речиси три децении работи на унапредување на ...

Во книжарницата Сакам Книги – Лептокарија оваа сабота, на 7 март во 12:00 часот, ќе се одржи женски книжевен настан посветен на разговори за литературата, создавањето и улогата на жените во книжевниот свет. Настанот ќе ги обедини авторки, преведувачки, уреднички и читателки – жени кои стојат зад многу од приказните што публиката ги чита и сака, но и жени кои носат свои силни и инспиративни животни приказни. Во опуштена атмосфера ќе се ...

Во тек е јавната расправа за новата Предлог-Концепција за гимназиско образование, а наставниците од Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет во Скопје реагираат на изоставувањето на предметот Педагогија од наставниот план. Тие потенцираат дека Педагогијата не е „спореден“ предмет, туку основа за развивање критичко размислување, разбирање на воспитно-образовните процеси и формирање вредности, одговорност и свесност кај младите за ...

Извидничкиот одред „Еквинокс Скаут“ од Штип започна иницијатива за реновирање на младинскиот простор, со цел создавање подобри услови за активности, едукација и дружење на младите. Од одредот информираат дека преку досегашните активности и поддршката од заедницата веќе се обезбедени околу 30 проценти од потребните средства за реализација на проектот. Проектот предвидува уредување и модернизација на просторот што го користат извидниците, со ...

Со документарниот филм „Прашај ја Е. Џин“ на Ајви Миропол, кој ја раскажува приказната за новинарката Џин Керол, вечерва започнува 28. издание на Фестивалот на документарни филмови во Солун. Џин Керол стана единствената жена што двапати го победи Доналд Трамп на суд, тужeјќи го за сексуален напад и клевета. Годинешното издание на фестивалот е посветено на темите моќ, одговорност и личната цена на вистината, а главната тема е „Сеќавањето на ...

Дванаесет млади поети на возраст од 16 до 30 години се избрани да читаат на „Отскочна даска #5“, преднастан на шестиот „Скопски поетски фестивал“. На конкурсот пристигнаа 27 пријави, а интерното жири на фестивалот го направи изборот, истакнувајќи го квалитетот на песните и талентот на кандидатите. Избраните поети, по азбучен ред, се: Марија Алексовска, Вероника Димоска, Христијан Илиевски, Мартин Миљев, Васја Мицковски, Милена Неделковска, ...

Голема меѓународна студија која опфатила повеќе од 1,8 милиони луѓе покажува дека вегетаријанската исхрана може да биде поврзана со помал ризик од неколку видови рак. Според резултатите, вегетаријанците имаат 21% помал ризик од рак на панкреасот, 12% помал ризик од рак на простата и 9% помал ризик од рак на дојка во споредба со луѓето кои јадат месо. Овие карциноми заедно сочинуваат околу една петтина од смртните случаи од рак во Обединетото ...

Во издание на издавачката куќа Илика од печат излезе книгата „Скриениот човек“, во која се собрани три новели од рускиот писател Андреј Платонов. Книгата е и прво издание во новата едиција „Класици“ на издавачката куќа. Преводот од руски на македонски јазик го направи Милена Николовска. Во книгата се вклучени три новели од обемниот опус на Платонов – „Скриениот човек“, „Враќање“ и „Реката Потудањ“. Авторот е современик на истакнати фигури од ...

Филмот „Млади мајки“ го прикажува животот на пет тинејџерки сместени во дом за млади мајки во Белгија, кои се соочуваат со предизвиците на раното мајчинство. Во период кога самите сè уште растат, тие се обидуваат да обезбедат стабилност и подобра иднина за своите бебиња. Секојдневните борби, сомнежи и мали победи се прикажани со сурова искреност и длабока емпатија, во препознатливиот стил на браќата Дарден – без патетика и наметнати емоции. ...

Државниот завод за ревизија открил дека во Министерството за односи меѓу заедниците биле исплатувани плати на вработени без да се знае дали воопшто доаѓале на работа, вработените точеле гориво во свои возила, а недостасуваат и 30 лаптопи. Ревизорите утврдија дека во 2024 година недостасувале 28 отсто од вкупните основни средства со вредност од над 25.000 евра, кои не се пронајдени при вршењето на годишниот попис. За седум моторни возила не е ...

Физичкото и сексуалното насилство во текот на животот погодува приближно една третина од жените во Европска унија, но поголемиот дел од случаите никогаш не се пријавуваат, покажува ново истражување објавено во вторникот. Резултатите од анкетата, спроведена од Агенција на Европската унија за основни права и Европски институт за родова еднаквост, покажуваат дека само 11,3 проценти од жените пријавиле во полиција физичко или сексуално насилство ...

Реалноста на терен останува разочарувачка дури и по речиси пет години откако дел од Шар Планина беше прогласен за Национален парк. Заштитениот статус не ги спречи несовесните граѓани да ја злоупотребуваат природата, ниту пак институциите го третираа проблемот со загадувањето со зголемена сериозност. Диви депонии и купишта отпад може да се видат во многу места низ Шар Планина, а овие еколошки проблеми се присутни со години без одржливо ...

Во Младински културен центар на 20 и 21 март ќе се одржи новото издание на музичкиот настан LoVERAve Neon Bloom 2026, кој ја става во фокус независната музичка сцена и живото музичко искуство. Фестивалот има цел да ја врати младинската енергија од дигиталниот простор во директна комуникација меѓу публиката и артистите. Програмата е распоредена на два дена и повеќе сцени, комбинирајќи бендовска алтернатива, хип-хоп и електронска музика. Првата ...

Изминатиот викенд во Скопје, Младинскиот образовен форум (МОФ) беше домаќин на Европското дебатно првенство за средношколци – еден од најзначајните настани за младите дебатери во Европа. На натпреварувањето учествуваа 40 дебатни тима составени од средношколци од 25 европски држави. Вкупно 325 учесници пристигнаа во главниот град, меѓу кои најголем дел беа дебатери, но и судии, набљудувачи и дебатни тренери. Настанот претставуваше платформа за ...

Во ЈУ Младински културен центар – Скопје, на 4 март 2026 година (среда), од 13:00 до 18:00 часот, ќе биде отворена изложбата „Мартинки – традиција што трае“ на авторката Марија Младеновска Митровска. Изложбата претставува избор од рачно изработени мартинки создадени низ повеќе од 35 години континуирана работа, како и документарен материјал од нивната меѓународна презентација во Варшава, Полска. Посетителите ќе имаат можност да се запознаат со ...

Истражувачкото новинарство постојано напредува, се менува и се приспособува на новите технолошки алатки, но во услови на информативен неред и намален простор за темелни истражувања во мејнстрим медиумите, потребата од јасни методи, принципи и професионални стандарди станува сè поизразена. Токму во овој контекст е преведен водичот „Вовед во истражувачкото новинарство“, издание на Глобална мрежа за истражувачко новинарство, преведен на ...

Шпанскиот филм „Јас сум Невенка“ во режија на Исијар Бољаин, победник на фестивалот Сан Себастијан во 2024 година, ќе биде прикажан на 7 март (сабота) во 20 часот во Кинотеката. Настанот е во организација на Амбасада нa Кралството Шпанија во земајва и Кинотеката. Филмот е инспириран од вистинска приказна чие дејство се одвива на крајот на минатиот и почетокот на овој век. Дваесет и четиригодишната Невенка Фернандез, советничка во градското ...

Во галеријата Метаноја на 6 март 2026 година, со почеток во 19 часот, ќе се одржи промоција на монографијата „Ехото на дамарите на пијанчани – Копачката / 10 години од впишувањето на орото Копачката во УНЕСКО“ од авторката Перса Стојановска. Настанот е организиран од Фолклорна група Копачка од селото Драмче, Делчево, во соработка со Балкански институт за вера и култура и галеријата Метаноја. Монографијата го документира процесот на впишување ...

На 7 март во 11:00 часот на Малата сцена на Македонската опера и балет премиерно ќе биде изведена новата интерактивна музичко-сценска претстава „Металковци патуваат“, дел од проектот „Фамилија Металковци“. Истата ден ќе има и реприза во 13:00 часот, додека следните изведби се закажани на 14 март во 11:00 и 13:00 часот. Станува збор за нова продукција наменета за деца на возраст од 4 до 10 години. Претставата ја изведува брас квинтет составен ...

Во Скопје викендов се одржа првиот национален инклузивен STEM натпревар по едукативна роботика и иновации – „CTRI Innovation Robot Challenge“, наменет за деца и млади на возраст од 6 до 14 години. Натпреварот го организираше Здружението за развој на технологија, роботика и иновации CTRI, во коорганизација со Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“. Настанот претставува прв ваков инклузивен национален роботски ...

Јапонскиот дизајнер на игри Сатоши Тајири на 27 февруари 1996 година ги објави првите игри од франшизата Покемон ред енд блу and за конзолата Нинтендо. Она што започна како детска страст кон собирање инсекти прерасна во глобален феномен што денес има силно влијание и врз науката. По повод 30-годишнината од Покемон, списанието Nature разговараше со научници кои откриваат дека игрите, анимираната серија и размената картички влијаеле врз нивниот ...

Во киното Cinema Galeries во Брисел вечерва ќе се одржи премиерната проекција пред европската публика на македонскиот игран филм „Диџеј Ахмет“, во режија на Георги М. Унковски. На настанот ќе присуствува и министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, чијашто поддршка претставува јасна потврда за заложбите на Министерството за континуирана афирмација на македонската кинематографија на меѓународен план. Филмот „Диџеј Ахмет“ е реализиран како ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
1.54
38%
1015
weather icon

Белград

26ᴼ / 24ᴼ
4.12
37%
1012
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
5.14
56%
1012
weather icon

Софија

23ᴼ / 22ᴼ
1.54
36%
1014
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
1.29
45%
1014
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 14ᴼ
0.51
93%
1011
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
5.66
42%
1016
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
68%
1017
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
2.57
35%
1016
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 23ᴼ
4.12
41%
1015
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 23ᴼ
6.69
46%
1010
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
3.6
51%
1017
Currency

61.635

Currency

52.7074

Currency

71.3764

Currency

37.8674

Currency

38.7062

Currency

67.4505

Currency

7.71675

Currency

0.69812

Currency

0.3343

Currency

0.52622

Currency

1.16515

Currency

0.55412

Платина

64172.89

Цинк

3.35

Паладиум

48883.97

Злато

166450.52

Калај

50.03

Сребро

2840.84

Родиум

319899.93

Иридиум

253540.09

Рутениум

51376.89

Алуминиум

3.57

Бакар

12.06

Кобалт

45.39