Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
„Култура Бета“ најавува дека овогодинешниот дводневен фестивал за младинска, алтернативна и критичка култура „Ре-култура“ ќе се одржи на 26 .и 27. септември со целодневна програма во кафе-книжарниците „Илика“ и „Буква“. „Целта на фестивалот, пред сѐ, е да се поттикне учеството на заедницата во креирањето на младинската култура, но и да се истражат потребите и начините на развој, проширување и зацврстување на критичката мисла и култура. ...
По концертите во Србија, БиХ, Црна Гора и Косово, јапонското дуо патува за Македонија. На 25 септември ќе настапуваат во Социо-културниот простор Тетово, ден потоа на 26-ти ќе свират во Прилеп во „Калинка“, за на крај турнејата да финишира со концерт во клубот „Ла Кања“ во Старата скопска чаршија, со почеток од 21 часот. View this post on Instagram A post shared by 5060 (@5060gram) За последниот концерт во Скопје, како што објаснува ...
Македонија повторно испиша историја во светската кинематографија, велат од Агенцијата за филм, откако „Приказната за Силјан“ на двојно оскар-номинираната режисерка Тамара Котевска е откупен од „Нешнел џиографик документари филмс“ (National Geographic Documentary Films) еден од најреномираните светски дистрибутери на документарни остварувања. Како што посочуваат од Агенцијата, филмот годинава ја доби „Наградата на Музата“ за најинспиративен ...
Министерството за образование и наука (МОН) информира дека се обезбедуваат подобри услови за настава и рехабилитација на учениците со посебни образовни потреби од Основното училиште со ресурсен центар (ОУРЦ) „Иднина“. „До изградбата на нов училишен објект за учениците од основното училиште со ресурсен центар ‘Иднина’ во Чаир, тие ќе посетуваат настава и ќе користат услуги за рехабилитација во простории во рамки на државното средно училиште ...
Настанот за демо артисти се враќа како дел од „Таксират“. Фестивалското финале е на 5 декември, а повикот за учество сега е официјално отворено, информираат од фестивалот. Рокот за пријавување преку сајтот на „Таксират“ трае најдоцна до 26 октомври. „Ова е повик за сите самостојни музичари или бендови од домашната сцена, со авторска музика која сè уште не е објавена. Од пријавените ќе се селектираат финалистите што ќе настапат во живо пред ...
Добитник на наградата „Даница Ручигај“ за најдобра необјавена поетска книга е збирката „Ткажалки“ од Александра Јуруковска. На десетгодишнината од востановувањето на наградата, Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ) за првпат наградува необјавен поетски ракопис. Врачувањето на наградата „Даница Ручигај“ на овогодишната добитничка Александра Јуруковска ќе се одржи во среда во 12 часот во Друштвото на писателите на Македонија. На ...
Во кафе-барот „Котур“ во Скопје на 24 септември, среда, со почеток од 18 часот, ќе се одржи слушачка промоција на вториот албум на скопскиот бенд „Карла Левински“ – „Нова зграда LP“, издание број 113 за „Шарла Рекордс“ (Sharla Records). Како што посочува независниот издавач, „Карла Левински“ е авторски проект на познатиот скопски гитарист Сеад Хаџиќ – Сецко („Last Expedition“, „Мугер Фугер“, „Exic“), кој го стартуваше минатата година со ...
Наградата „BookStar“ за најзначајна книга меѓу двете изданија на истоимениот фестивал му се доделува на Блаже Миневски за збирката раскази „Опаш во устата“, објави издавачката куќа „Антолог“. „Со оваа книга Миневски уште еднаш го потврдува своето врвно раскажувачко мајсторство. Во книгата како во магионичарски перформанс се преплетуваат традицијата и современоста, хуморот и горчината, реалното и фантастичното, историското и личното. Расказите ...
Заедничкиот проект, изложба на младите уметници Ана Трајковска и Доротеј Нешовски насловен „Социјален алгоритам – фузија на социјалните системи и семантичката кршливост“ ќе се отвори на 24 септември во Националната галерија, објект Мала станица. „Уште од самиот наслов упатува на повеќеслојност во сугерираните размисли и толкувања на идеите кои се однесуваат на сложените релации на социјалното и индивидуалното егзистирање во современиот свет. ...
Издавачот „Бункер“ во рамките на едицијата „Апсолутни почетници“ издаде нов графички роман – „ЛОУ – Берлинските години на Дејвид Боуви“ од германскиот автор и цртач Рајнхард Клајст. „Ова дело всушност се надоврзува на првиот дел ‘Стармен – Годините на Дејвид Боуви како Зиги Стардаст’ кое Бункер веќе го објави и со него Клајст на импресивен начин ја заокружува дводелната биографија на Дејвид Боуви, истовремено креирајќи вибрантен портрет на ...
Првенецот на македонската анимација „Јон Вардар против Галаксијата“ ја освои наградата за Најдобар долгометражен анимиран филм на 6. издание на „Galactic Imaginarium Film Festival“ во Романија – иновативен фестивал кој ги спојува филмот, литературата и новите технологии во областа на фантастиката. Ова признание е трето по ред за филмот, по наградите за најдобар долгометражен анимиран филм на „Portoviejo International Film Festival“ во Еквадор ...
Македонската пејачка Елена Васова е годинешната добитничка на наградата „Милан Младеновиќ“, која вечерва (недела, 21 септември) ја додели истоимената Задужбина во Макарска, во рамки на фестивалот „Модро и зелено“. Солистката Елена Васова, која е родена во 2000 година во Скопје и низ својот музички пат има поминато хорови, опери и концерти, во оваа конкуренција влезе со песната „Љубов“. Песната е правена заедно со Ненад Стефановски и Ади ...
Микрофестивалот „Бостание“ годинава се одржа со темата „Градини на заедништво“ и понуди разновидни образовни, културни и забавни активности, наменети за сите возрасти. Настанот во општествената градина „Бостание“, инициран од „Зелената арка“, започна во 14 часот и траеше до вечерните часови, со повеќе работилници, готвење, изложба и музичка програма. Се работеше за фестивал од отворен тип, со цел секој заинтересиран да дојде, да ѕирне во ...
Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ по 13. пат почнува вечерва, 21 септември, во 20 часот во Даут-пашиниот амам во Скопје и ќе трае до 23 септември. Гостуваат српскиот писател и поет Небојша Лапчевиќ, бугарската писателка Елена Алексиева, една од најпознатите словенечки писателки за млади читатели Јана Бауер, како и домашните претставнички – поетесата, романсиерка и преведувачка од романски и словенечки на македонски јазик ...
Во Културно-информативниот центар – Скопје беше отворена изложбата на скулптури од Маргарита Симовска насловена „Празно саќе“. Се работи за скулптури во вид на саќе (каде пчелите го складираат медот) правено од отпад, која Симоска го собира од јавни простори, а потоа го рециклира и претвора во уметност. „Со ‘Празно саќе’ го вклучувам алармот за подигнување на еко-свеста на глобално ниво. ‘Празно саќе’ се поврзува со природата, учи од ...
Изложбата „Жените зад насловите: 80 години медиумска историја“ посветена на жените кои оставиле силен печат во македонската медиумска историја ќе се одржи на 24 септември во 19:30 часот, во скопското кафуле „Излет“. „Публиката ќе може да види 30 фотографии кои сведочат за нивната улога во зачувувањето и развојот на професионалните медиуми во земјава. Подготовките на изложбата беа направени во соработка со семејствата на овие жени“, ...
Утре, 20 септември, во 14 часот ќе започне микрофестивалот „Бостание“ 2025 во истоимената општествена градина во Ново Лисиче. Годинава темата на фестивалот е „Градини на заедништво“ и ќе понуди разновидни образовни и забавни активности, наменети за сите возрасти. „Настанот започнува во 14 часот и ќе трае до вечерните часови, со активности како работилници, готвење, изложба и музичка програма“, велат од граѓанската организација „Зелената ...
Во Мобилна монтажна галерија во Парк на Франкофонија вечер (петок, 19 септември) од 20 часот ќе биде отворена изложба на цртежи и воедно ќе има промоција на арт книга на Јелена Белиќ. Книгата е печатена во Смак Прес-Загреб (ризо печат), а корицата во сито печат во Партизанска штампа-Скопје. За изложбата пишува Горан Стојчетовиќ: „Многу ми е драго што Јелена ме покани да напишам текст за нејзината прва самостојна изложба на цртежи ‘Синило’, ...
Во Старата скопска чаршија во „Ла Кања“ утре (петок, 19 септември) од 21 часот ќе гостува составот „BibliBan“ од Словенија. „‘BibliBan’ се фјужн-панк трио од Словењ Градец кое го претвора секој нивен настап во театар на енергија и апсурд. Нивната музика е груба, бучна и непредвидлива – хаос кој држи сопствен ритам и логика, доволно јасни за да ве вовлечат, но никогаш целосно да ви дозволат да ги предвидите“, соопштува Марија Јаќовска, ...
Изложбата на цртежи и слики од Јана Јакимовска насловена „Везилка“ ќе се отвори на 24 септември со почеток во 20 часот во Културно-информативен центар (КИЦ) – Скопје, Изложбен салон Империјал 2. „Проектот ‘Везилка’ на Јана Јакимовска е замислен како визуелен и теоретски премостувач меѓу традицијата и современоста, меѓу културната меморија и дигиталниот сегашен момент, меѓу ‘женската рака’ и ‘машката историја’. Со него, Јакимовска се ...
Oтворањето на изложбата на слики и цртежи од ликовната уметница Весна Ничевска насловена „Жена инспирација“ ќе се случи на 23 септември во почеток во 20 часот во Културно-информативен центар (КИЦ) – Скопје, Изложбен салон Империјал 1. „Историски гледано, жената е можеби најинспиративната тема уште од предисториската уметност па се до модерната, лично јас како жена се изразувам интроспективно преку сликањето на женскиот акт и лице, се само ...
Македонскиот анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ продолжува со својата меѓународна фестивалска авантура. Во наредните недели филмот ќе биде прикажан на три престижни фестивали: „Меѓународниот филмски фестивал на патот на свилата“ (Silk Road International Film Festival) во Кина, Фестивалот за детски и младински филмови „Шлингел“ (SCHLiNGEL International Film Festival for Children and Young Audiences) во Германија и „Галактички ...
Турскиот писател Ахмет Умит ќе биде специјален гостин на Фестивалот „BookStar“ кој ќе се одржи од 29 септември до 2 октомври, како дел од програмата на странски автори кои оставиле значаен белег во светската книжевност. Гостувањето на Умит е најавено под насловот „Мајсторот е тука!“. „Ахмет Умит е еден од најзначајните и најчитаните современи турски писатели, познат по своите детективски романи но и по длабока рефлексија на историските, ...
Битолскиот состав „Вел“ (Vel) под етикетата на „QRecords“ го објави својот втор албум наречен „Коски Коски“, четири години по нивното деби „Црнило“ (2021). Илија Талев, кој го рецензираше „Коски Коски“, посочува дека албумот е потврда на автентичноста. „Растеретени од притисокот на ‘прв албум’, си играат со музичките форми што веќе ги создале претходно, лесно пловејќи по нови неоткриени музички пространства, во веќе познат шаблон и ...
Во рамки на фестивалот „Планет Шекспир“ во Верона, Италија на сцената на театарот „Камплој“ на 13 септември се изведе претставата „Д (како Дездемона)“ на Рисима Рисимкин во продукција на Скопје танцовиот театар. „По втор пат дело на Рисимкин, работено врз творештвото на Шекспир, е покането во шекспировската Верона. Познавачите на неговото творештво, како и публиката присутна во театарот ‘Камплој’ беа маѓепсани од начинот на кој беше ...
Во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје во среда (17 септември) од 21:30 часот ќе се случи „четворката“ од музичкиот импровизирачки серијал „Џез за чудаци“. Овој пат, колективот музичари што ќе засвири под сијаличките на „Буква“ ќе биде составен од Дарио Циевски и Драган Теодосев на тапани, Дориан Јовановиќ и Мартин Џорчев на бас, Нинослав Спировски и Васко Бојаџиски на саксофон, додека Филип Букршлиев ќе биде гитарист. „Музика за оние што би ...
Во рамки на програмата „Гевгелија – Град на културата 2025“, на 19 и 20 септември годинава ќе се одржи второто издание на „АРТ УМ“ фестивалот, кој има за цел да ја афирмира современата музичка и визуелна уметност, како и да придонесе за збогатување на културната понуда на градот и регионот. „Програмата е распоредена во два дена. На 19 септември во Домот на култура во Гевгелија ќе се реализира едукативен дел со работилници за музичка ...
Тивок собир за оддавање заедничко сеќавање за сите изгубени животи во дискотеката „Пулс“ ќе се одржи во вторник (16 септември) на плоштадот „Македонија“ во Скопје, со почеток од во 20:16 часот, информираат активистите од иницијативата „Кој е следен?“ и младите од Студентско пленумско движење. „Не беше несреќа. Не беше трагедија. Беше масакр. Свирепо убиство од страна на дисфункционалните институции и партискиот картел. Не смееме да се ...
Во недела (14 септември) ќе се одржи промоцијата на дебитантската збирка поезија „Антисвет“ од Ана Тодоровска, во издание на издавачката куќа „Илика“. Промоцијата ќе се одвива во рамки на 9. издание на мултимедијалниот фестивал „АртАреа/Артерија“ во кафе-книжарницата „Буква“ со почеток од 19 часот. За стихозбирката ќе разговараат авторката и Марија Велинова. „Тодоровска постојано балансира меѓу лиризмот и апелативноста, позиционирајќи се ...
Универзитетското студентско собрание (УСС) на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) со загриженост реагира на неповолните услови и недоволната организација при процесот на вселување во државните студентски домови, кој започна на 9 септември. „Најголеми гужви и проблеми се забележаа во студентските домови ‘Гоце Делчев’ и ‘Пелагонија’, каде што дел од студентите беа принудени да чекаат повеќе од 12 часа – од преземање на документи до ...