Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Силно невреме со пороен дожд, грмежи и огромни зрна град ја погоди хрватска Истра, а најтешко беше во Ровињ, каде што двајца туристи завршија со повреди на главата. Невремето продолжи да се движи кон Далмација, за која беше вклучен и највисокиот, црвен метеоролошки аларм. Во Ровињ паѓале зрна град со големина на орев, а дел од нив биле поголеми од пет сантиметри. Материјалната штета врз автомобили и друг имот сè уште се утврдува. Двајца ...
Бранот на стомачни заболувања во Гостивар почнува да слабее, но здравствената криза сè уште не е завршена. Во последниот извештај се регистрирани 293 пациенти кои првпат побарале лекарска помош, што е двојно помалку во споредба со саботата, кога епидемијата го достигнала врвот. Министерот за здравство Сашо Клековски, по посетата на Општата болница во Гостивар, изјави дека намалувањето веројатно е резултат на мерките што им беа препорачани на ...
Германските железници најавија дека повеќе нема да биде дозволено пиење алкохол на железничките станици низ целата земја. Мерката е донесена како дел од планот за подобрување на безбедноста на патниците и вработените, поради зголемениот број проблеми поврзани со лица под дејство на алкохол. Забраната ќе важи за пероните и просториите на станиците, а нејзиното воведување ќе се спроведува постепено. Според најавите, до 15 октомври 2026 година ...
Бројот на потврдени случаи на африканска свинска чума во Хрватска достигна 99 од почетокот на годината, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и рибарство. Новите жаришта се регистрирани во Осечко барањската жупанија, каде болеста продолжува да претставува сериозен проблем за одгледувачите на свињи. Според официјалните податоци, поради спречување на ширењето на заразата досега се извршени мерки за уништување на 3.758 свињи во ...
Јарболот кај „Ист Гејт“, висок околу 60 метри, се урна на кружниот тек по силното невреме што попладнево го зафати Скопје. Огромната метална конструкција заврши на земја, а според првичните информации, за среќа нема пријавени повредени лица. Инцидентот се случи кај поранешниот хотел „Континентал“, на една од најфреквентните сообраќајни локации во главниот град. Во моментот кога конструкцијата попуштила, јарболот со македонското знаме паднал ...
Случаите во кои водоснабдителниот систем е изложен на загадување отвораат прашања не само за моменталната безбедност на водата, туку и за долгорочните последици врз инфраструктурата и здравјето на населението. Експертите предупредуваат дека цевководите и водоводните инсталации може да бидат сериозно оптоварени доколку низ нив подолг период поминува вода со несоодветен квалитет. Отстранувањето на загадувањето често бара темелно чистење, ...
Некои од најпосакуваните туристички дестинации во светот во 2026 година ќе бидат достапни главно за патници со поголем буџет. Новите анализи покажуваат дека најголемите трошоци не се поврзани само со луксузното сместување, туку и со транспортот, ограничената достапност и сложената логистика за пристап до оддалечените места. На првото место на листата на најскапи дестинации се наоѓа Гренланд. Просечниот дневен трошок за патување таму ...
Мажот, кој беше во притвор под сомнение дека извршил масовно убиство во центар за згрижување мајки и деца во Штаде, во северна Германија, бил пронајден мртов за време на редовна контрола во затворот во Бремерферде. Лекар констатирал дека смртта настапила поради задушување, а истрагата засега укажува дека станува збор за самоубиство. Трагедијата се случи на 29 јуни, кога вооружен напаѓач усмрти шест лица во објект за привремено сместување на ...
Според информациите што ги објавија хрватските медиуми, во Доминиканската Република било пронајдено тело за кое постои сомневање дека му припаѓа на исчезнатиот Хрват Филип Михалиќ. Сепак, хрватското Министерство за надворешни и европски работи нагласува дека засега не добило официјална потврда од надлежните институции за идентитетот на лицето или за смртта на Михалиќ. Филип Михалиќ исчезна пред неколку дена за време на престојот во ...
Силни налети на ветер и дожд попладнево го зафатија Скопје, по ден со температури до 35 Целзиусови степени. Наглата промена на времето се почувствува во повеќе делови од градот, а над Скопската Котлина се развива нестабилна облачност. Управата за хидрометеоролошки работи претходно најави дека попладнево во делови од Скопската Котлина ќе има нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Според денешната прогноза на УХМР, во одделни ...
СВР Струмица – ОВР Гевгелија до Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе кривични пријави против М.Ј.М.(19), мигрант од Авганистан и 17-годишен мигрант, исто така од Авганистан, поради постоење на основано сомневање дека сториле кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик.. На 20.07.2026 во Полициската станица Гевгелија П.М.(62) од село Негорци, гевгелиско пријавил дека околу 15:00 часот на место викано „Авлаќ“ во ...
МВР информира дека синоќа во 20:25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Карпош паднало дрво и со тешка телесна повреда се здобила К.М.(86) од Скопје, по што била пренесена во Јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски” за укажување на лекарска помош. Исто така, граѓанин пријавил дека, додека ја барал чантата на повредената, пронашол експлозивна направа, која подоцна била подигната од местото за понатамошна постапка. ...
Унгарската опозициска партија Фидес објави дека обвинителите извршиле рација во просториите на партијата каде што се чуваат серверите, со цел да запленат комуникациски системи и бази на податоци, објави Ројтерс. „Истражителите на обвинителството влегоа во центарот каде што се наоѓаат серверите на Фидес без претходна најава со намера да ги конфискуваат комплетните комуникациски системи и бази на податоци на партијата“, се вели во соопштението ...
Еден од најдобрите хрватски фудбалери на сите времиња, Лука Модриќ ќе стави крај на репрезентативните настапи, јавуваат реномирани италијански спортски медиуми, според кои легендарниот хрватски капитен би можел да се прости од националниот тим веќе на почетокот на октомври. „Газета дело Спорт“ објави дека искусниот играч од средниот ред има намера да го одигра претстојниот репрезентативен циклус, односно првите четири натпревари од Лигата на ...
Русија во понеделник прогласи двајца италијански дипломати за непожелни и им нареди да ја напуштат земјата. Министерството за надворешни работи во Москва потврди дека ова е реципрочна мерка, како одговор на претходното протерување на двајца руски функционери од Рим, пишува Ројтерс. Москва го протера помошникот воен аташе Руското министерство објави дека Виторио Парела, помошник воен аташе во италијанската амбасада, и аташето Давиде Д’Априле ...
Демократската унија за интеграција во соопштение за јавноста изразува длабока загриженост поради загадувањето на водата во Гостивар и сериозниот ризик што оваа состојба го претставува за здравјето на граѓаните. „Безбедноста на водата за пиење е основно човеково право, а секој институционален пропуст во нејзиното гарантирање е неприфатлив. Надлежните институции мора веднаш, одговорно и со целосна транспарентност да постапат за да го утврдат ...
МВР иннформира дека вчера, околу 15:30 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на локалниот пат Кочани – Брана Гратче се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода” со кочански регистарски ознаки, управувано од И.Б.(51) од Кочани и велосипед управуван од Д.Ѓ.(65) од Кочани. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал велосипедистот, а лекар од Итната медицинска помош Кочани констатирал смрт. „По наредба на јавен ...
Претседателот на СДСМ и поранешен министер за здравство Венко Филипче предупреди дека кризата со загадената вода во Гостивар може да предизвика дополнителни здравствени последици доколку храната во домовите и угостителските објекти се подготвува со небезбедна вода. При денешната посета на Гостивар, Филипче побара институциите итно да објават со каква вода работат рестораните, кафулињата и објектите во кои се организираат свадби и други ...
Владата на денешната 195 седница донесе одлука за прогласување на кризна состојба во Општина Гостивар во рок од 30 дена. Одлуката доаѓа на предлог на Управувачки комитет во состав на министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за здравство Сашо Клековски, министерот за транспорт Александар Николоски и директорот на ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Скопје со највисоки државни и воени почести ја пречека претседателката на Индија, Друпади Мурму, со што официјално започна првата посета на индиски претседател на Македонија. На свечената церемонија во Кабинетот на претседателот беа интонирани химните на двете држави, по што претседателките ја поздравија почесната гарда и ги претставија членовите на македонската и индиската делегација. По ...
Истрагата за загадувањето на водата во Гостивар повторно го насочи вниманието кон состојбата со водоснабдувањето во Струга, каде што вонредниот инспекциски надзор утврди дека изворот „Шум“, од кој зависат повеќе од 50.000 жители, бил користен 18 години без соодветна дозвола и без утврдени заштитни зони. Државниот инспекторат за животна средина ја констатирал состојбата по водната криза во февруари 2026 година, кога екстремната матност на ...
ЈП „Комуналец“ од Гостивар објавило тендер за набавка на 3,6 тони гасен хлор на 15 јули, еден ден пред Обвинителството да побара земање примероци поради сомневањата за загадување на градскиот водоснабдителен систем, покажуваат документи од Бирото за јавни набавки што ги објави „Колегиум“. Следниот ден, на 16 јули, претпријатието објавило и оглас за дополнителни анализи на квалитетот на водата. Истиот ден обвинител, полицијата и инспекциските ...
Соединетите Американски Држави ја изведоа десеттата последователна ноќ воздушни напади врз Иран, додека Техеран одговори со нови напади врз комерцијални бродови во Ормускиот Теснец. Еден танкер бил погоден во близина на брегот на Оман, по што екипажот бил принуден да го напушти пловилото. Американската Централна команда соопшти дека нападите биле завршени на 20 јули во 21 часот по источноамериканско време. Како цели се наведени ирански воени ...
На 20 јули, термалните камери регистрираа површински температури до 60°C на патиштата и до 75°C на покривите во делови од Атика. Овие температури го најавија првиот врв на топлотнио бран во сезоната во Грција кој се очекува да биде регистриран денеска, на 21 јули. Се очекува температурите да достигнат 42°C во поголемиот дел од земјата, а до 43°C во некои области на Централен Епир. Интензивната топлина ќе биде придружена со слаб ветер, висока ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ ги нарече потенцијалните кандидати на студентската изборна листа „некомпетентни паразити на државни јасли“, по што студентите му одговорија со иронична порака: „Но, претседателе… не сте на листата“. Политичката пресметка започна откако медиуми блиски до власта во Србија објавија список со околу 250 имиња на јавни личности, за кои тврдат дека би можеле да бидат кандидати на листата поддржана од ...
Агенцијата за задолжителни нафтени резерви исплатила над еден милион денари повеќе за плати и придонеси, не обезбедила целосна евиденција за прекувремена работа, а со години немало владини одлуки за количината и структурата на државните резерви, утврди Државниот завод за ревизија. Ревизијата на работењето за 2024 година завршила со позитивно мислење за финансиските извештаи, што значи дека тие реално ја прикажуваат финансиската состојба. За ...
Градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, соопшти дека градската правна служба ја испитува можноста за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху при неговото очекувано доаѓање во градот за Генералното собрание на Обединетите нации во септември. Мамдани, сепак, признава дека засега нема утврден правен механизам со кој градските власти би можеле да ја спроведат таквата намера. „Станува збор за лице против кое Меѓународниот кривич против ...
На брегот на Средоземното Море, меѓу Франција и морето, се наоѓа држава со површина од едвај околу два квадратни километри, но со најголема концентрација на милионери во светот. Станува збор за Монако, каде што најмалку секој трет жител располага со богатство поголемо од еден милион долари, а поновите процени покажуваат дека уделот на милионерите веќе надминува 40 проценти од населението. Извештајот „Најбогатите градови во светот“ за 2025 ...
Општина Центар повторно ги повика младите жители да аплицираат за субвенција од 10.000 денари за обука и полагање возачки испит за Б-категорија, откако досега биле одобрени и исплатени 71 барање во вкупна вредност од околу 710.000 денари. За мерката во општинскиот буџет за 2026 година се обезбедени два милиони денари, а јавниот повик ќе биде отворен до исцрпување на средствата, но најдоцна до 31 декември. Доколку сите корисници го добијат ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ ги нарече потенцијалните кандидати на студентската изборна листа „некомпетентни паразити на државни јасли“, по што студентите му одговорија со иронична порака: „Но, претседателе… не сте на листата“. Политичката пресметка започна откако медиуми блиски до власта во Србија објавија список со околу 250 имиња на јавни личности, за кои тврдат дека би можеле да бидат кандидати на листата поддржана од ...