
Скопје
24ᴼ /
24ᴼ



Пржинскиот договор беше постигнат во 2015 година како политички договор помеѓу четирите најголеми политички партии во Македонија (ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА) со посредство на Европската унија, со цел да се надмине длабоката политичка криза во земјата. Како што е познато на Пржинскиот договор му претходеше политичката криза во земјата откако владеачката ниоменклатура со Никола Груевски на чело, одбиваше да ги прифати укажувањата на домашните ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан помина две децении методично напаѓајќи го либералниот поглед на светот, трансформирајќи ја својата земја во она што тој го нарекува „нелиберална демократија“ и „нација на христијанска слобода“. На тој пат, тој го доби восхитот на голем број светски лидери, вклучувајќи го и потпретседателот на САД Џ.Д. Венс и грузискиот премиер Иракли Кобахиѕе. Доналд Трамп го нарече „паметен“ и „цврст“. „Еден од најпочитуваните ...
Кога Втората светска војна остави зад себе гладни зими и руинирани докови, Норвешка беше северна маргина на Европа: земја на рибари, дрвосечачи и скромни поморски трговци чии годишни приходи едвај ги надминуваа оние на тогашната Југославија. Државниот буџет зависеше од цената на рибата и сушената трска, а младите Норвежани масовно емигрираа во САД барајќи подобра среќа. На Боксинг‑деј 1969, нафтената платформа на Phillips Petroleum наидe на ...
Тој прецизираше дека Европската комисија ќе го презентира првиот нацрт на следниот повеќегодишен буџет во наредните денови. Кубилиус истакна дека додека новиот буџет не стапи во сила, земјите од ЕУ ќе имаат дополнителни 800 милијарди евра во следните четири години за трошоци за одбрана. Еврокомесарот истакна дека денес војната во Украина покажува какви ќе бидат битките на иднината и коментираше дека досега европските земји не научиле доволно ...
За помалку од една недела, 1360 пензионери од Центар се пријавиле за еднократна парична помош од 2.500 денари. „Пријавувањето е во тек. Интересот е навистина голем. Пензионерите најчесто ги користат утринските часови за да се пријават, а бројот на поднесени барања секојдневно расте. Ова е јасен показател дека ваквата мерка навистина им значи на нашите повозрасни граѓани”, посочи градоначалникот Горан Герасимовски. Право на оваа помош имаат сите ...
Синоќа во 18:10 часот, на автопатот А1 Демир Капија – Миравци, во близина на првиот тунел, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода 29 годишниот С.Р. од Битола. При радарска контрола во патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека тој управувал патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, со брзина од 197 километри на час на место каде брзината на движење е ограничена на 80 километри на час, информира ...
Од денес, возачите ќе платат поскапо за сите видови горива. Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека цените на ЕУРОСУПЕР БС‑95 и БС‑98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д‑Е V) и екстра‑лесното масло за домаќинство (ЕЛ‑1), се зголемуваат за 1,50 денари по литар. Со новата одлука, литар ЕУРОСУПЕР БС‑95 чини 75,50 денари, а ЕУРОСУПЕР БС‑98 се продава по 77,50 денари. ЕУРОДИЗЕЛ (Д‑Е V) достигна цена од 71,50 денари за литар, додека ЕЛ‑1 се покачува на ...
Треба да се има малку усул во фалбите за она што, лично тој, Мицкоски, жестоко го критикуваше. Како да заборавил дека „откриваше“ за” страшната корупција на „Бехтел и Енка“ во стотици милиони евра. Ерол РИЗАОВ Премиерот Христијан Мицкоски вози со „пета и шеста“ брзина во изградба на инфраструктурата. Ја „откочил заглавената кола“ како што вели, од претходните влади и сега преку ноќ никнуваат километри автостради и брзи пруги, гасоводи, мостови и ...
Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, денеска изјави дека Москва не е загрижена за заканата на американскиот претседател Доналд Трамп да воведе високи царини за руските стоки доколку не се постигне договор со Украина во следните 50 дена. „Трамп му постави театрален ултиматум на Кремљ. Светот трепереше во очекување на последиците. Воинствената Европа е разочарана. На Русија не ѝ е гајле“, напиша тој на ...
Силни бури предизвикаа ненадејни поплави низ Њујорк и делови од североисточниот дел на САД, додека во Њу Џерси е прогласена вонредна состојба поради обилните врнежи од дожд и ризикот од поплави. Предупредување за поплави беше на сила синоќа за сите пет општини на Њујорк, а градските власти ги повикаа граѓаните да избегнуваат подруми и ниски подрачја, пишува Индепендент. На социјалните мрежи се појавија бројни видеа на кои се гледаат поплавени ...
Според најновото, 11-то издание на „Атласот за дијабетес“ на Меѓународната федерација за дијабетес (IDF), во Македонија во 2024 година се регистрирани 140.800 лица со дијабетес на возраст од 20 до 79 години, што претставува 7.4 отсто возрасна стандардизирана преваленца. Податоците покажуваат и дека околу една третина од луѓето со дијабетес – 33.5 отсто – не се дијагностицирани, што значи дека околу 45.000 лица во земјава живеат со дијабетес без ...
Од денеска до 31 јули трае електронското пријавување за сместување во државните и приватните студентски домови низ државава за академската 2025/2026 година за студентите од втора и повисоките години на додипломски студии и за апсолвенти. Рокот за пријавување за прием во студентските домови за студентите од прва година ќе почне по завршувањето на уписниот рок на факултетите во август, и ќе трае од 10 до 17 септември 2025. Студентите кои ќе ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан синоќа изјави дека Европската Унија мора да преземе мерки во случаи кога жртва на брутално тепање е граѓанин на земја-членка на ЕУ, а во исто време го повика Брисел да дејствува против присилното регрутирање во Украина. -Не можете да држите говори за тоа дали Украина е подобна за членство во ЕУ откако штотуку е погребан некој што бил претепан до смрт за време на присилна мобилизација, рече Орбан во гостувањето на ...
И покрај чстењето на линданот од ОХИС во септермври 2021 година, во т.н. мала депонија сè уште има 50 отсто повеќе линдан од првичните пресметки. Во неа има и 70 тони жива, која исто така ќе треба да се извади и уништи на безбеден начин. Според анализите во малата депонија се преостанати 636 тони линдан, 2.613 тони контаминирана земја, 1.120 тони контаминиран бетон и околу 70 тони жива. Резултатите од анализата на холандската компанија ТАУ ќе ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц синоќа изјави дека неговата земја ќе игра одлучувачка улога во новиот договор меѓу НАТО и САД за снабдување со оружје на Украина. Американскиот претседател Доналд Трамп вчера направи важен чекор со одобрувањето на испораката на оружје на Киев, рече Мерц. -Претседателот Трамп и јас разговаравме за тоа неколку пати во изминатите неколку дена. Го уверив дека Германија ќе игра одлучувачка улога, додаде Мерц. ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека имал многу добар разговор со американскиот претседател Доналд Трамп по неговата објава за испраќање ново оружје во Украина, додавајќи дека се согласиле во иднина почесто да разговараат за да ги координираат своите чекори. „Беше многу добар разговор. Му се заблагодарив на Трамп за неговата подготвеност да ја поддржи Украина и за понатамошна соработка со цел да се запре убивањето и да ...
Состојбите во Украина, Грузија и на Блискиот Исток и новиот Пакт за Медитеранот ќе бидат главни теми на денешниот состанок на Советот за надворешни работи на Европската Унија (ФАЦ), со кој ќе претседава високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас. Советот ќе започне со разговор на шефовите на дипломатиите на земјите членки на ЕУ со нивниот украински колега Андриј Сибиха преку видео конференциска врска, ...
Владата на романскиот премиер Илија Боложан синоќа го преживеа гласањето доверба, што ѝ овозможи да ги протурка непопуларните зголемувања на даноците потребни за намалување на најголемиот буџетски дефицит во Европската Унија. Владата забрзано, преку парламентот, ги усвои зголемувањето на ДДВ, на акцизите и другите давачки од август со цел да се спречи намалувањето на рејтингот под инвестициското ниво и да го деблокира пристапот до фондовите на ...
Специјални единици на кинеската и српската армија ќе спроведат заедничка обука под името „Чувар на мирот 2025“ во покраината Хебеј, во северна Кина, во втората половина на јули, пренесоа српските медиуми повикувајчи се на изјава на Џијанг Бин, портпарол на кинеското Министерство за одбрана. „Тоа ќе биде првата заедничка обука на кинеската и српската армија. Ќе придонесе за зајакнување на борбените способности на учесниците и продлабочување на ...
Државниот завод за ревизија, со поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Швајцарската програма за поддршка на изборите во Северна Македонија, спроведена од Меѓународната фондација за изборни системи (IFES), денеска, во Скопје, организира конференција на тема „Финансиска отчетност на изборите“. Целта на конференцијата, како што е наведено, е да се презентираат наодите од спроведените ревизии за Претседателските и Парламентарните избори 2024 ...
Времето денеска во државата ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Како што соопшти УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 38 степени. Во Скопје, претпладне ...
Патувачкото кино на „МакеДокс“ денеска пристигна во Кочани. Проекциите на документарни филмови во рамки на програмата на патувачкото кино ќе се одржуваат од денеска до 18 и на 20 јули, на летна сцена пред НУ Центар за култура „Бели мугри“ во Кочани, со почеток во 21 часот. На 19 јули патувачкото кино ќе има проекција и во селото Смилево, во Демир Хисар. -Во свет што толку бргу се менува, па „човек не може двапати да влезе во иста река“, станува ...
Мицксоски информира дека над 150 милиони евра од унгарскиот кредит преку комерцијалните банки се префрлени кај бизнисот, а за локалните самоуправи годинава се предвидени околу 200 милиони евра. Реализацијата кај општините е нешто помала од очекуваната и на тоа, напомена, се работи дополнително. „До овој момент половина милијарда или околу 500 милиони евра од унгарскиот кредит се потрошени за да се врати еврообврзницата подигната во 2018 година. ...
На денешен ден, на 14 јули 1998 година, почина Ненад Стојановски, една од најмаркатните фигури на македонскиот театар и глумиште. Тоа беше денот кога тој стана бесмртен. За Ненад Стојановски се вели дека ако има нешто над врвот, тој таму се искачи. Беше величествен на сцената, моќен пред камерата, и секогаш миленик на публиката. Неговата кариера започнува уште како дете со членувањето во Детската радио-драма и во експерименталните аматерски ...
За вечерта на Европската унија на „Охридско лето“ сцената на катедралната црква „Света Софија“ е резервирана за концерот на францускиот гудачки квартет „Модиљани“, со виолинистите Амари Сојто и Лоик Рио, Лорaн Марфан на виола и Франсоа Кифер на виолончело. Парискиот квартет „Модиљани“ во 2023 година ја прослави својата 20-годишнина и денес важи за еден од најзначајните гудачки квартети постојано гостувајќи на најдобрите фестивали за камерна ...
Умеров им се заблагодари на САД за нивната поддршка, нагласувајќи дека тоа „спасило животи и го доближило крајот на војната“. Посебен фокус на разговорот беше ставен на соработката во областа на одбранбената индустрија, вклучително и локализацијата на производството на оружје во Украина и Европа. Некои проекти веќе се во тек, а други се во подготовка, додаде министерот. Заменик-министерот Серхиј Бојев рече дека Украина е подготвена за долгорочен ...
Бродот на Европската агенција за крајбрежна стража потона откако удрил во гребен во близина на островот Лезбос, изјави неименуван службеник на крајбрежната стража. „Учествуваше во операција за спасување на мигранти во областа, во услови на силни ветрови“, додаде службеникот. Екипажот на бродот, составен од пет Португалци и еден Грк, е здрав и безбеден, рече тој. Операцијата започна откако 36 мигранти забележани од полицијата на плажа на Лезбос ...
Победниците на Вимблдон 2025, Италијанецот Јаник Синер и Полјачката Ига Швјонтек, ќе мораат да се соочат со значителни даночни оптоварувања, поради британскиот даночен систем кој се применува на паричните награди и спонзорските приходи поврзани со турнирот, пишува Forbes. Секој од шампионите заработи околу 4 милиони долари (3 милиони фунти), но по даночните одбитоци, нивната нето добивка ќе биде речиси преполовена. Оптоварувања за странските ...
Познатиот хрватски писател Миљенко Јерговиќ, во свој стил, на својот блог напиша текст кој суштински објаснува зошто дел од јавноста во Хрватска „усташтвото” за Хрватите го објаснува како израз на националното чувство, а не како фашизам. Очигледно не знаат дека и „националсоцијалзмот” на Хитлер бил израз на германското „национално” чувство. За да станат нештата појасни ви препопрачуваме да го прочитате текстот на Јерговиќ во продолжение: Една ...
Високиот руски функционер Константин Косачев денеска изјави дека заканите на американскиот претседател Доналд Трамп за 100-процентни царини не влијаат на ставот на Москва. -Тоа воопшто не влијае на нас, рече заменик-претседателот на горниот дом на рускиот парламент. „Ако тоа е сè што Трамп имаше да каже за Украина денеска, тогаш целиот притисок испари, додаде тој. Косачев тврди дека Европа сега „ќе мора да плаќа сè повеќе и повеќе“ затоа што ...