Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго, според проценките на Светската здравствена организација (СЗО), би можела да ја надмине најсмртоносната епидемија на оваа болест од периодот 2014–2016 година, додека во овогодишната епидемија досега се потврдени најмалку 4.300 случаи и повеќе од 2.000 починати. Генералниот директор на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејесус, изјави за новинарите дека доколку ширењето на болеста продолжи со сегашното ...
За само два часа синоќа, голем пожар кај Омиш во Хрватска голташе делови од градот и зад себе остави изгорени десетици куќи и автомобили. Повредени се речиси 40 луѓе, од кои десет се наоѓаат на интензивна нега, а повеќе од 200 лица се евакуирани, додека противпожарните екипи со часови се бореа против стихијата која доби уште поголема моќ поради силниот ветер. Според зборовите на заменикот-градоначалник на Омиш, Иван Пивчевиќ, штетата е ...
Австриската полиција уапсила македонски државјанин кој подолг период бил баран поради сомнение дека со нож тешко повредил друг маж за време на средба поврзана со купопродажба на дрога во Велс. Осомничениот бил пронајден во Виена, каде што полицијата го лоцирала на познатата железничка станица „Вестбанхоф“. Според информациите објавени од полицијата во Горна Австрија, апсењето било извршено во средата претпладне, по што македонскиот државјанин ...
Телефонски повик, глас на непознато лице и реченица која на родителите им ја смрзнува крвта во жили: „Вашето дете е тешко повредено“. Токму тој страв за најблиските, според сомнежите на полицијата, бил клучен за измамите и грабежите на постари граѓани на југот на Србија, од кои биле земани пари и накит. Апсењата се спроведени во Ниш, Лесковац и Врање, а во еден од најновите случаи измамниците се претставувале како лекари. Како функционираат ...
Инцидент што се случил во скопскиот регион резултирал со кривична пријава против тројца жители на Буковиќ, откако 25-годишен маж бил нападнат, а неговото возило било оштетено. Полицијата веќе постапила против еден од пријавените, додека по останатите двајца сè уште се трага. Единицата за насилен криминал при СВР Скопје, односно Одделението за насилен криминал, поднела кривична пријава по брза постапка против С.Ј. (34), И.Ј. и С.Ј., сите од ...
Необичен семеен инцидент е пријавен во Скопје, откако сопружници од подрачјето на Драчево пријавиле различни верзии за случувањата во нивниот дом. Жената пријавила дека била физички нападната од сопругот, додека само половина час подоцна и тој пријавил дека бил нападнат и дека од сопругата добивал закани. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 13 август 2026 година во СВР Скопје, во раните утрински ...
Тешка сообраќајна несреќа во текот на ноќта го зави Струмичко во црно, откако 19-годишна девојка го загубила животот како сопатничка на мотоцикл. Несреќата се случила на магистралниот пат Струмица – Граничен премин Ново Село, во близина на селото Турново. Според информациите пријавени во СВР Струмица, сообраќајката се случила околу 23:30 часот, кога дошло до судир меѓу патничко возило „Сеат Леон“, со струмички регистарски ознаки, и мотоцикл ...
Цените на нафтата повторно забележаа раст во петокот, откако од САД стигна предупредување дека поморската блокада поврзана со Иран би можела да продолжи без однапред определен рок. Новата неизвесност веднаш ги засили стравувањата на пазарите дека снабдувањето со сурова нафта би можело да биде нарушено, особено доколку продолжат проблемите со транспортот во стратешки важните морски коридори. Фјучерсите на северноморската нафта Брент пораснаа ...
Македонски државјанин, кој неколку месеци бил во бегство поради сомнение дека тешко повредил маж со нож во австрискиот град Велс, е уапсен во Виена. Според информациите на полицијата во Горна Австрија, осомничениот бил лоциран во средата претпладне на железничката станица „Вестбанхоф“, по што бил приведен и спроведен во затвор во Велс. Случајот за кој се товари се случил на 29 април годинава во пансион во Велс. Според полициските сознанија, ...
Алкохолот влијае врз мозочните патишта задолжени за меморијата, проценката, расположението и однесувањето, а долготрајното прекумерно консумирање може да доведе и до структурни промени во мозокот. Сепак, истражувањата покажуваат дека мозокот има значителна способност за закрепнување по прекинување на пиењето. Преглед на 16 студии покажа дека кај лица со нарушување поврзано со употреба на алкохол, повеќе когнитивни функции – меѓу кои ...
Повеќе од 30 пожари се активни низ Македонија, а особено сериозна е состојбата во централниот дел од земјата, каде противпожарните екипи се борат со повеќе жаришта. Едно од најкритичните подрачја е во Општина Чашка, каде голем пожар го зафатил атарот на селото Богомила. Според објавените информации, огнот се проширил на големи површини со мешана шума и тешко пристапен терен. На одредени места пламените јазици се приближиле и во близина на ...
Некои луѓе лесно го губат трпението кога работите не се одвиваат според планот, додека други умеат да останат смирени, да ја анализираат ситуацијата и да го почекаат вистинскиот момент за реакција. Според астролошките толкувања, меѓу знаците кои особено се издвојуваат по трпението се Вага, Рак и Јарец. Вагата природно тежнее кон рамнотежа и избегнување непотребни конфликти. Пред да донесе одлука, најчесто сака да ги разгледа сите страни на ...
Тројца мажи со брза и присебна реакција успеале да спасат девојче кое паднало од височина, откако под него растегнале ќебе и го дочекале при падот. На снимката од драматичниот момент се гледа како мажите се обидуваат навреме да се позиционираат под детето. Девојчето го преживеало падот и, според полицијата, се здобило само со полесни модринки. Еден од соседите, Дарјуш Плонски, раскажал дека откако излегол од зградата слушнал врисоци, а кога ...
Градскиот плоштад во Кавадарци беше исполнет со музика, смеа и детски насмевки за време на роденденската забава на Мими и Сале, организирана во рамки на Кавадаречко културно лето 2026. Најмладите посетители имаа можност да уживаат во весела програма со песни, забава и дружење, а доброто расположение го споделија и бројните присутни на плоштадот. Настанот донесе уште една разиграна летна вечер во центарот на Кавадарци, каде што културната ...
Романската двојка Адина Михај (31) и Мадалин Думитру (30) е осудена на по 17 години затвор во Велика Британија, откако претходно признала вина за убиство од небрежност во случај во кој двајца мажи починале откако биле дрогирани и ограбени. Според „Скај њуз“, Михај преку интернет се претставувала како сексуална работничка и договарала средби во домовите на мажите, додека Думитру ѝ помагал во организирањето на шемата. На судењето било наведено ...
Големата евакуација на туристи и жители од Сивири на Халкидики продолжи и во вечерните часови, откако пожарот што ја зафати областа се прошири кон населените места. Според најновите информации, 481 лице било спасено од плажата Сивири со помош на пловила на крајбрежната стража, противпожарната служба, рибарски и приватни бродови. Од спасените, 285 лица биле префрлени во Сани, додека уште 196 се качиле на „Speedrunner Jet“, кој ги превезува кон ...
Големиот пожар што избувна во областа на Сивири и Фурка на Халкидики се проширил кон населените места, поради што грчките власти издале повеќе наредби за евакуација преку системот 112. Огнот првично зафатил ниска вегетација, но силниот ветер придонел за негово брзо ширење. Според информациите што ги пренесуваат грчките медиуми, пламените јазици стигнале до првите куќи во Сивири, а има и извештаи за опожарени објекти. Пожарникарските сили се ...
Променливо облачно време со сончеви периоди се очекува во земјава, а во попладневните часови на повеќе места ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Според прогнозата, ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а попладне наместа се можни и поинтензивни атмосферски процеси. Во делови од земјава постојат услови за краткотрајно невреме проследено со силен ветер и појава на град. Утринските температури ќе се движат ...
Повеќе од 400 туристи и локални жители се евакуирани по морски пат од делови на Халкидики, откако голем шумски пожар ги зафати подрачјата околу Сивири и Фурка. Според објавените информации, досега 347 лица биле безбедно транспортирани до марината Сани, додека уште околу 92 лица се качиле на патничкиот брод „Speedrunner Jet“. Во операцијата се вклучени пловила на крајбрежната стража, противпожарната служба, приватни бродови и други патнички ...
Во текот на летото, кога активноста на комарците е зголемена, расте и ризикот од инфекција со вирусот Западен Нил. Тој најчесто се пренесува преку убод од заразен комарец, кој претходно се заразил хранејќи се од инфицирана птица. Во Европа главни преносители се комарците од родот Culex, особено Culex pipiens. Околу 70 до 80 проценти од заразените немаат симптоми. Кај останатите може да се појават треска, главоболка, замор, болки во телото, ...
Грчките власти воведуваат привремени ограничувања за движење на пешаци и возила во одредени шумски подрачја на Халкидики, поради зголемениот ризик од избувнување пожари. Мерките стапуваат на сила од петок, 14 август, еден ден по големиот пожар што избувна во Сивири. Ограничувањата ќе важат во делови од Касандра и Ситонија, во периодот од 8 до 20 часот. Во подрачјето на Аристотелис, каде опасноста од пожари е оценета како многу висока, ...
Во тек е голема евакуација на туристи и жители од делови на Халкидики, поради пожарите што ја зафатија областа, јавуваат грчките медиуми. Според последните информации, повеќе од 347 лица веќе биле безбедно префрлени до марината Сани, додека уште околу 92 лица се качиле на бродот „Speedrunner Jet“. Во операцијата по морски пат се вклучени два брода на крајбрежната стража, приватни пловила, два брода на противпожарната служба, три рибарски и ...
Црногорската полиција уапсила 25-годишен државјанин на Србија, осомничен дека во текот на летната сезона извршил повеќе кражби на плажите во Будва. Според соопштението на полицијата, по повеќе пријави од граѓани за украдени чанти, пари, вредни предмети и лични документи, службениците од Одделението за безбедност Будва започнале засилени активности за откривање на сторителот. Во рамките на истрагата бил идентификуван С.К.(25), за кого постоеле ...
Шпанскиот Суперкуп следната година ќе се одржи во Истанбул, објави Шпанската фудбалска федерација. Мини-турнирот ќе се игра на легендарниот стадион „Ататурк“, а учество ќе земат Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид и Реал Сосиедад. Натпреварите се закажани во периодот од 2 до 7 февруари, кога четирите екипи ќе се борат за трофејот. Во изминатите години шпанскиот Суперкуп традиционално се одржуваше во Саудиска Арабија, но поради одржувањето ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднела кривична пријава против Н.Ш.(47) од Гостивар, поради сомнение дека се заканувал на двајца малолетници со остар предмет. Како што се наведува во полицискиот билтен, против него постојат основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. Според пријавеното, инцидентот се случил на 1 јули 2026 година во Гостивар. По претходна ...
Витаминот Д е важен за здравјето на коските, мускулите и нормалното функционирање на имунолошкиот систем. Најголем дел од него организмот го создава кога кожата е изложена на сончева светлина, но одредена количина може да се внесе и преку исхраната. Природните извори на витамин Д не се многубројни. Меѓу растителните намирници најмногу се издвојуваат печурките изложени на УВ-светлина, кои можат да содржат витамин Д2. Значаен извор можат да ...
Шеесет и петгодишен работник од Скопје го загубил животот во трагичен инцидент што се случил вчера во кругот на фирма на подрачјето на скопската општина Аеродром. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, околу 12:25 часот во СВР Скопје од Итната медицинска помош било пријавено дека во кругот на фирмата има починато лице. Според пријавеното, В.Н.(65) од Скопје, додека извршувал работни задачи, бил прегазен од виљушкар кој претходно ...
Во Италија од почетокот на годинава до 12 август се потврдени 226 случаи на инфекција со вирусот Западен Нил, а седум лица починале, покажуваат најновите податоци на италијанскиот Национален институт за здравство. Од вкупниот број заразени, 102 лица развиле невроинвазивна форма на болеста, додека кај 38 дарители на крв инфекцијата била откриена без симптоми. Циркулација на вирусот досега е потврдена во 55 провинции во 16 региони во Италија, ...
Овошјето е одличен избор во лето, особено видовите богати со вода и со релативно малку калории и јаглехидрати. Меѓу нив се издвојуваат јагодите, дињата, лубеницата, грејпфрутот и малините. На 100 грама, јагодите содржат околу 32 калории и 7,7 грама јаглехидрати, додека дињата има околу 34 калории и 8,2 грама јаглехидрати. Лубеницата, која во голем дел е составена од вода, има приближно 37 калории и 8,4 грама јаглехидрати на 100 грама. Поради ...
Необична средба под вода го изненадила српски турист додека нуркал во близина на Никити, на Халкидики. На морското дно забележал риба со големи градни перки кои, кога се раширени, изгледаат како крилја. Туристот раскажал дека нуркал со детска маска кога го забележал морското животно. Воодушевен од глетката, веднаш ја повикал сопругата да го види, но таа, според неговото сведоштво, се исплашила и се оддалечила. Тој подоцна го споделил ...