Во текот на летото, кога активноста на комарците е зголемена, расте и ризикот од инфекција со вирусот Западен Нил. Тој најчесто се пренесува преку убод од заразен комарец, кој претходно се заразил хранејќи се од инфицирана птица. Во Европа главни преносители се комарците од родот Culex, особено Culex pipiens. Околу 70 до 80 проценти од заразените немаат симптоми. Кај останатите може да се појават треска, главоболка, замор, болки во телото, ...

Во изминатата седмица во Грција биле регистрирани 45 нови случаи на вирусот Западен Нил, со што бројот на заразени од почетокот на летото се зголеми на 110, а регистрирани се и три нови смртни случаи, според податоците од неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. Од ЕОДИ соопштија дека заклучно со вчера претпладне, од вкупно 110 заразени, 81 пациент е со симптоми на централниот ...