Скопје
16ᴼ /
16ᴼ
Со години мастите беа на листата на „непосакувани“ намирници, но денес експертите предупредуваат дека нивното целосно исфрлање од исхраната може сериозно да му наштети на организмот, особено на мозокот. Мозокот е составен од околу 60 проценти масти, па за нормално функционирање му се потребни квалитетни, незаситени масти. Тие имаат важна улога во изградбата на мозочните клетки и овозможуваат правилен пренос на нервните импулси. Недостатокот ...
Индонезиските власти уапсија пилот на авиокомпанијата „Малезија ерлајнс“ веднаш по слетувањето на меѓународниот аеродром „Соекарно-Хата“ во Џакарта, под сомнение дека се обидел да прошверцува голема количина наркотични супстанции. Според истражните органи, случајот бил откриен при рутинска рендгенска контрола на багажот, кога царинските службеници забележале сомнителен куфер на терминалот за меѓународни пристигнувања. Полицијата соопшти дека ...
До 18:00 часот денеска, низ Македонија биле евидентирани вкупно 12 пожари на отворен простор. Според најновите информации, три пожари сè уште се активни, додека девет се целосно изгаснати. Во моментов пожарникарите интервенираат на три локации. Активен пожар има на градската депонија во Делчево, кај депонијата во Валандово каде што е зафатена нискостеблеста шума, како и во струшкото село Делогожда, каде што гори депонија и ниска вегетација. ...
Кога детето ќе направи грешка, многу родители се прашуваат кој е најдобриот начин да реагираат. Според рускиот психолог Михаил Лабковски, кој има повеќе од три децении искуство, физичкото казнување никогаш не е вистинско решение. Тој смета дека тепањето не го учи детето што направило погрешно, туку му испраќа порака дека посилниот има право да го повредува послабиот. Наместо да ја разбере својата грешка, детето може да развие страв, ...
Нов голем шумски пожар избувна западно од Атина, предизвикувајќи сериозна тревога кај властите и жителите. Густи облаци од чад се издигнаа над предградието Дасос и беа видливи дури и во централните делови на грчката престолнина. Од безбедносни причини, Цивилната заштита нареди превентивна евакуација на населението кон предградието Перистери. Надлежните предупредуваат дека чадот претставува сериозен ризик, особено за децата, повозрасните лица ...
Екипите на Итната медицинска помош во Скопје денеска интервенирале кај зголемен број граѓани кои побарале помош поради здравствени проблеми поврзани со екстремно високите температури. Од службата велат дека најчести биле случаите на дехидратација, топлотно исцрпување, топлотен удар и срцеви тегоби. Иако не е соопштен точниот број на интервенции, нагласуваат дека горештините значително го зголемиле обемот на работа на медицинските тимови. ...
Оскаровецот и фронтмен на групата „Thirty Seconds to Mars“, Џаред Лето, се соочува со сериозни обвинувања изнесени во документарец на Би-Би-Си, во кој повеќе жени тврдат дека биле жртви на несоодветно сексуално однесување додека биле тинејџерки. Во документарниот филм четири жени изнесуваат обвинувања за сексуални напади или несоодветно сексуално однесување, при што дел од наводните настани се случиле кога тие биле малолетни. Други сведочат ...
Македонската музичка сцена остана без уште едно препознатливо име. На 63-годишна возраст почина Стојан Здравевски – Столе, долгогодишен член и еден од основачите на битолската музичка група „Боеми“. Столе беше препознатлив по мајсторството на кларинетот, но и по својот вокал, со кој повеќе од три децении беше неизоставен дел од настапите на групата. Својата музичка кариера ја започнал во групата „Боцкин“, а во 1989 година, заедно со Тони, ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека сè уште не е убеден дали Украина треба да добие дозвола самостојно да произведува ракети за противвоздушниот систем „Патриот“. Во интервју за „Фајненшел тајмс“, Трамп нагласи дека станува збор за исклучително чувствителна воена технологија и дека САД мора внимателно да одлучуваат кому ќе му дозволат производство по лиценца. „Тоа е исклучително оружје и мора да бидеме внимателни кому му даваме ...
Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против двајца полициски службеници од Струга, кои се осомничени за кривичното дело „малтретирање во вршење на службата“. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ја доставил пријавата до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – Специјализираното одделение за постапување по кривични дела сторени од лица со ...
Шпанскиот премиер Педро Санчез реагираше на повиците од дел од европските лидери за можно привремено суспендирање на Шпанија од шенгенскиот простор поради мигрантската криза во Сеута. Во објава на социјалните мрежи, Санчез порача дека солидарноста и емпатијата се прашање на избор, но дека почитувањето на европските договори е обврска за сите земји-членки. Тој се повика на најновите податоци на Европската агенција за гранична и крајбрежна ...
По појавата на бела пена во реката Вардар кај вливот на Лепенец на 24 јули, надлежните институции спроведоа вонредни инспекции и лабораториски анализи за да ја утврдат причината и евентуалното загадување. Од Министерството за животна средина и просторно планирање информираат дека инспектори од Државниот инспекторат за животна средина извршиле контроли кај индустриските капацитети во околината, при што не биле констатирани прекршувања на ...
Двегодишно дете од Куманово било пренесено на лекување во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, откако се затруло со средство за разредување на боја. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен вчера околу 14:00 часот, кога од Општата болница во Куманово ја известиле полицијата дека кај нив било донесено дете со симптоми на труење. По укажаната прва медицинска помош, поради потребата од понатамошен ...
Шпанската енклава Сеута се соочува со голем мигрантски бран, откако, според информациите што ги пренесуваат медиумите, во период од 24 часа десетици илјади луѓе пристигнале од Мароко по копнен и морски пат. Според извештаите, бројот на пристигнати се проценува на меѓу 40.000 и 50.000 лица, додека дел од медиумите, повикувајќи се на шпанските власти, наведуваат бројка од околу 49.000 мигранти. Овие информации сè уште се предмет на дополнителни ...
Црногорските власти привремено забранија капење на четири плажи во Будва и Бар, откако анализите покажале дека морската вода на тие локации не ги исполнува пропишаните санитарни стандарди. Под забрана се плажите „Жукотрлица 02“ и „Жукотрлица 03“ во Бар, како и „Словенска плажа 01“ и „Пржно“ во Будва. На овие локации се поставени црвени знамиња како предупредување за посетителите да не влегуваат во морето. Одлуката следувала по пријави од ...
Португалските медиуми објавија дека Кристијано Роналдо и неговата долгогодишна партнерка Џорџина Родригез наводно планираат да стапат во брак овој викенд, но засега информацијата не е официјално потврдена. Според објавите, церемонијата би требало да се одржи во сабота, 1 август, во луксузниот комплекс Квинта да Регалеира во Синтра, Португалија, а меѓу поканетите наводно ќе има бројни познати личности од светот на спортот и шоу-бизнисот. ...
Необична сцена се случила на плажа во местото Казуце, во близина на Рагуза на југот на Сицилија, кога морето почнало да исфрла запечатени пакети полни со банкноти. Според првичните проценки, во нив имало околу 700.000 евра. Очевидци велат дека бројни капачи веднаш влегле во водата за да ги извадат пакетите кои струите ги носеле кон брегот, пред на местото да пристигнат надлежните служби. Според информациите на италијанските медиуми, пакетите ...
Редовното консумирање алкохол може да има многу посериозни последици врз здравјето на мозокот отколку што повеќето луѓе претпоставуваат, предупредуваат невролози. Иако пушењето одамна се смета за една од најштетните навики, експертите велат дека честото пиење алкохол може незабележливо да го забрза когнитивното стареење и да ја наруши функцијата на мозокот. Според неврологот д-р Линет Гогол, особено загрижувачки се навиките како секојдневното ...
Физичката подготвеност на децата и адолесцентите во Европа е на најниско ниво во последните шест децении, покажува обемно истражување спроведено од научници од Универзитетот во Сарагоса. Студијата, објавена во научното списание Sports Medicine – Open, ги анализирала податоците на 417.362 деца и млади на возраст од 6 до 16 години од 20 европски земји, собрани во периодот од 1965 до 2023 година. Истражувачите оценувале четири клучни показатели ...
Германската компанија Quantum Systems објави дека нејзиниот прототип Apex Recordhunter достигнал максимална брзина од дури 699 километри на час, што неофицијално го прави најбрзиот електричен дрон во светот. Рекордната брзина била постигната за време на интерно тестирање одржано на 26 јуни, при хоризонтален лет. Компанијата најави дека во наредните недели ќе се спроведе и официјален обид за сертификација, со цел резултатот да биде признаен и ...
Саудиска Арабија се подготвува за голема воена операција против јеменските Хути, која, според британскиот весник „Гардијан“, би можела да се спроведе истовремено по копно и по море. Повикани на јеменски извори, медиумите наведуваат дека целта на евентуалната офанзива е да се прекине блокадата што ја загрозува саудиската нафтена трговија преку јужниот дел на Црвеното Море. Според извештаите, во последните денови се забележани движења на ...
Пожарите во Грција и натаму претставуваат сериозна закана, а огнената стихија веќе трет ден по ред е активна во повеќе региони од земјата. Најтешка е состојбата во јужниот дел на Ретимно, на островот Крит, каде пожарникарите водат непрекината борба со огнот. Според грчките служби, силниот ветер и непристапниот терен значително го отежнуваат гаснењето, а на повеќе локации пожарот повторно се разгорува и покрај постојаните интервенции. Во ...
Македонија и денеска ќе биде под влијание на стабилно, сончево и многу топло време, со само мала локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, додека утринските температури ќе се движат меѓу 12 и 20 степени. Во текот на денот максималната температура ќе достигне од 32 до 39 степени Целзиусови. Во Скопје се очекува претежно сончево и топло време со слаб до ...
Рекордните температури што ова лето ја зафатија Европа предизвикаа огромен пораст на побарувачката за климатизација, а најголемите добитници од овој тренд се кинеските производители на клима уреди. Додека голем дел од европските домаќинства се справуваа со екстремната жештина без климатизација, компаниите Midea, Haier и Gree забележаа нагол раст на продажбата. Особено популарен стана преносниот модел PortaSplit на Midea, кој е прилагоден на ...
Шпанската енклава Сеута, која се наоѓа на северниот брег на Африка, се соочува со силен мигрантски притисок откако илјадници лица од Мароко во последните денови успеале да стигнат до нејзината територија, најголем дел по морски пат. Поради влошената состојба, локалните власти побараа од шпанската Влада да прогласи вонредна состојба, додека здружението на припадници на шпанската цивилна гарда (JUCIL) апелираше за итно испраќање на армијата со ...
Архивска снимка од Будва, снимена во 1963 година, повторно привлече големо внимание на социјалните мрежи и кај многумина разбуди носталгија за летувањата од минатото. Видеото, кое е дел од документарниот филм „Добредојдовте во Будва“, снимен во продукција на „Ловќен филм“, покажува како изгледале плажите на јадранското крајбрежје во времето на поранешна Југославија. На снимката може да се видат луѓе кои се капат, се сончаат и разговараат ...
Граѓаните на Македонија ги очекува продолжен викенд по повод одбележувањето на државниот празник Илинден – Денот на Републиката. Бидејќи годинава 2 Август се паѓа во недела, согласно Законот за празници, понеделник, 3 август, ќе биде неработен ден за сите граѓани. Тоа значи дека многумина ќе имаат три последователни слободни денови – сабота, недела и понеделник, кои можат да ги искористат за одмор, патување или семејни активности. Илинден е ...
Страшен трагичен случај ја потресе Индонезија, откако 35-годишен маж го загубил животот по напад од огромен питон долг околу седум метри, кој најпрво го усмртил со стегање, а потоа целосно го проголтал. Инцидентот се случил во раните утрински часови на 27 јули во покраината Малуку. Според информациите, Хашим Лубеси се враќал кон својот дом во селото Гуаксакаи, движејќи се низ шумски предел, кога змијата ненадејно излегла од грмушките и го ...
На денешен ден, во 1967 година, е роден Кирил Поп Христов – Кили, еден од најпрепознатливите и најхаризматичните македонски актери, чија смрт пред пет месеци остави голема празнина во домашната културна сцена. Со својот уникатен стил, препознатлив глас и силно сценско присуство, Кили остави длабока трага во македонскиот театар, филм и телевизија. За многумина тој беше симбол на автентичноста и слободниот дух, а неговото име останува ...
Во дел од училиштата во Соединетите Американски Држави започнува тестирање на нов безбедносен систем кој користи дронови опремени со бибер спреј, сирени и светлосни сигнали за побрза реакција при потенцијални опасни ситуации. Според производителот Mithril Defense, дроновите можат да достигнат брзина од до 100 километри на час и, доколку е потребно, да пристигнат до местото на инцидентот за околу 15 секунди. Покрај испуштање бибер спреј, тие ...