Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
По зголемениот број случаи на западнонилска треска во Македонија, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во последните денови примила околу стотина пријави од граѓани за угинати птици. Од АХВ повикуваат на претпазливост, но нагласуваат дека пронаоѓањето една угината птица во урбана средина само по себе не треба да биде причина за паника. Посебно внимание, сепак, треба да се обрне доколку во краток временски период на исто подрачје се ...
Пејачката Шакира го посети Чоко, еден од најсиромашните региони во Колумбија, кој неодамна беше погоден од силен земјотрес и претрпе сериозни последици. За време на посетата, таа најави дека нејзината фондација ќе помогне во обновата на најмалку 10 училишта погодени во природната катастрофа. Шакира порача дека особено е загрижена за децата и за можноста училиштата да останат оштетени и по завршувањето на вонредната состојба. „Најмногу ме ...
Најмалку 50 лица се повредени по експлозија што се случила во близина на училиште во западниот дел на Кабул, а според болнички извори, најголем дел од повредените се ученици. Инцидентот се случил синоќа во областа Дашт-е Барчи, во близина на приватното училиште „Шам-е Хедајат“. По експлозијата, повредените биле пренесени во здравствени установи за укажување медицинска помош. Болнички извори наведуваат дека меѓу повредените има голем број ...
Исплатата на средствата од „МојДДВ“ за вториот пресметковен период веќе е започната, а граѓаните постепено ги добиваат парите на своите трансакциски сметки. Станува збор за повратот на дел од платениот данок на додадена вредност за фискалните сметки скенирани во периодот април, мај и јуни. Граѓаните кои во текот на овие три месеци редовно ги скенирале фискалните сметки преку апликацијата „МојДДВ“ веќе можат да проверат дали средствата им се ...
МВР информира дека рано утринава, околу 00:10 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода 25-годишниот Д.Ш. од неготинско село, по пријава за семејна расправија која прераснала во закани и напад. Според пријавеното, 25-годишникот, кој имал здравствени проблеми, во семејниот дом со остар предмет се заканувал кон неговата 62-годишна мајка и физички ја нападнал. За среќа, жената не се здобила со повреди. По интервенцијата, ...
Силен земјотрес денеска ја погоди областа на Гранада во Шпанија, предизвикувајќи вознемиреност меѓу населението и низа превентивни мерки на локалните власти. Според Националниот географски институт на Шпанија (IGN), земјотресот бил со јачина од 4,7 степени и бил регистриран кратко по 10:30 часот. Епицентарот бил во близина на општината Гохар, во областа на Гранада, а потресот бил на релативно мала длабочина. По главниот земјотрес следувале ...
Сè поголем број земјоделци се соочуваат со проблем кој може сериозно да влијае врз бербата – нема доволно работници за собирање на земјоделските производи, а оние што се достапни се сè поскапи. Поради тоа, на социјалните мрежи и во групите за продажба на домашни производи сè почесто се појавуваат необични огласи. Производителите нудат кајсии, јаболка, домати, пиперки, краставици и други земјоделски производи директно од нивите, а во одредени ...
Полицијата во Скопје постапува по пријава против 25-годишен маж од скопското подрачје, кој е осомничен за кривично дело „полов напад врз дете“. Како што информира Министерството за внатрешни работи, вчера во 09:00 часот во Полициската станица Кисела Вода бил извршен службен разговор со 25-годишниот А.С. Случајот бил пријавен од 48-годишна жена, која пред полицијата навела дека осомничениот извршил сексуален однос со нејзината 14-годишна ...
Ен Хатавеј повторно привлече големо внимание, но овојпат не поради некоја нова филмска улога, туку поради неочекуваниот одговор на прашање за нејзината бременост. Актерката, која со сопругот Адам Шулман веќе има два сина, присуствуваше на доделувањето на наградите „Дизни“, каде што ја доби престижната награда „Дизни Легенда“. Додека се наоѓала на сцената, од публиката стигнало прашање кое веднаш предизвикало реакција кај присутните. „Дали е ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупредува дека Москва би можела да се подготвува за ново зголемување на бројот на војници, без притоа веднаш да прогласи официјална мобилизација. Според неговите тврдења, Кремљ бара начини да ги надомести загубите на фронтот преку нови договори за воена служба, но и со дополнителна помош од Северна Кореја. Зеленски неодамна изјави дека Русија би можела да распореди меѓу 30.000 и 50.000 ...
Вистинска паника настанала во грчкото летувалиште Ханиоти на Халкидики, откако тригодишно момче од Србија за кратко време се одвоило од своето семејство и исчезнало од видик. Случајот се случил вчера, а благодарение на брзата реакција и потрагата, детето било пронајдено по само 20 минути, живо и здраво. Според информациите, момчето претходно било во продавница во Ханиоти заедно со својот татко и постарата сестра. Во еден момент, под околности ...
Градскиот плоштад во Кавадарци е целосно подготвен да ги пречека љубителите на кошарката, добрата енергија и дружбата. Во тек се последните подготовки, тренинзи и усогласување на финалните детали пред официјалниот почеток на овогодинешното издание на спортскиот турнир Street Basket. Посетителите може да очекуваат одлична атмосфера, атрактивни потези, напрегнати натпревари и незаборавни спортски моменти под отворено небо. Детали за настанот: ...
Група италијански калуѓерки се бори против плановите на локалниот совет да им ја одземе долгогодишната концесија над плажата. Родители се возеле 100 километри со МРТВИОТ СИН на задното седиште: цело време мислеле дека спие! Овој необичен спор, кој локалните медиуми веќе го нарекоа „света војна“, претставува најнова точка на судир во долготрајната дебата за монополот над приватните плажи долж италијанското крајбрежје. Властите во лигурскиот ...
Една објава на Инстаграм му донела сериозна парична казна на 20-годишен млад човек во Хрватска, откако фотографијата што ја споделил на својот профил била оценета како навредлива кон полицијата. Станува збор за Н. Д., кого Општинскиот суд во Вараждин го прогласил за виновен поради објавата на социјалната мрежа. На спорната фотографија, младиот човек бил фотографиран пред полициско возило, додека со двете раце покажувал средни прсти. Во ...
Инцидент меѓу двајца вработени во Клиничката болница Тетово бил пријавен во полицијата, откако претходна расправија меѓу колегите прераснала во физички напад. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 17 август 2026 година во 09:20 часот во Полициската станица Тетово. Пријавата ја поднел 54-годишниот З.М. од Тетово, кој е вработен во Клиничката болница Тетово. Тој пријавил дека бил физички нападнат од ...
Флорида денеска треба да го изврши 13-тото погубување во текот на оваа година, со што сојузната држава повторно се издвојува во САД по бројот на извршени смртни казни. На смртна казна е осуден 61-годишниот Вилијам Франсис Силвија, кој бил прогласен за виновен за убиство на неговата разделена сопруга и за обид за убиство на нејзината мајка. Според предвидениот распоред, Силвија треба да биде погубен со смртоносна инјекција во Државниот затвор ...
Поголема количина марихуана и опрема поврзана со нејзино одгледување и мерење биле пронајдени при полициски претрес во дом во Прилеп. Во акцијата бил приведен 47-годишен прилепчанец. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, полициски службеници од ОВР Прилеп на 18 август, околу 1 часот по полноќ, го лишиле од слобода И.Ѓ. (47). Претресот во неговиот дом бил извршен врз основа на судска наредба издадена од Основниот суд во ...
Во текот на јули во Македонија се регистрирани 11 нови случаи на ХИВ/СИДА, покажуваат најновите податоци објавени од Институтот за јавно здравје во месечниот билтен за движењето на акутните заболувања. Од новорегистрираните случаи, девет се лица од машки пол, додека два случаи се однесуваат на лица од женски пол. Според податоците, станува збор за лица на возраст од 20 до 49 години, што покажува дека новите случаи се регистрирани кај возрасна ...
Страшна хеликоптерска несреќа го потресе грчкиот остров Сифнос, откако приватен хеликоптер се урнал во близина на куќи, кратко време по полетувањето. Според информациите што ги пренесуваат локалните медиуми, во несреќата животот го загубиле сите шест лица кои се наоѓале во леталото – пилотот и пет патници. Несреќата се случила во попладневните часови, а првичните информации укажуваат дека хеликоптерот паднал во близина на хелиодромот во ...
Најмалку 30 деца, од кои голем дел се британски државјани, можеби биле зачнати со помош на ин витро оплодување во Северен Кипар при кое, според сомнежите на родителите, биле употребени погрешни донатори на сперма или јајце-клетки. Станува збор за случаи во кои родителите тврдат дека претходно внимателно ги избрале донаторите, но подоцна се посомневале дека во процесот на асистирана репродукција бил користен друг донатор од оној што го ...
Патувањето кон Грција за едно семејство од Србија неочекувано се претворило во повеќечасовно чекање на граничниот премин Евзони, откако новиот систем за влез и излез на Европската Унија, познат како ЕЕС (EES), не успеал правилно да ги прочита податоците од пасошот на една од патничките. Иако жената и претходно патувала во странство и без проблеми ги преминувала границите, овојпат ситуацијата на грчката страна создала сериозни проблеми. Според ...
По краткото освежување и падот на температурите, Македонија повторно ја очекува значително затоплување. Според развојот на временската ситуација во регионот, од утре се очекува постепено зголемување на температурите, а во наредните денови летните горештини повторно ќе станат главна тема. По посвежиот период, температурите повторно ќе започнат да растат, а во најтоплите делови од земјата максималните дневни температури би можеле да се ...
Најновите сезонски пресметки на Европскиот центар за среднорочни временски прогнози (ECMWF) покажуваат интересен развој на временските услови во наредните месеци. Според прогнозата, која се темели на ансамбл од 51 нумеричка симулација, крајот на летото, есенскиот период и првите месеци од зимата имаат зголемена веројатност да бидат потопли од вообичаениот климатски просек. Овие прогнози се особено значајни бидејќи се однесуваат на подолг ...
Хрватската писателка, колумнистка и новинарка Ведрана Рудан почина на 76-годишна возраст, оставајќи зад себе богат книжевен опус и препознатлив јавен настап кој со години предизвикуваше големо внимание во јавноста. Рудан е родена во Опатија на 29 октомври 1949 година. Во текот на својата долгогодишна кариера се изгради како авторка со исклучително остар и директен стил, а нејзините ставови често предизвикуваа жестоки реакции. Без многу ...
Пожар утрово избувнал во куќа во скопската населба Козле, поради што на местото веднаш биле испратени екипи на скопската противпожарна бригада. Од објектот на улицата „Јуриј Гагарин“ се забележува густ чад кој излегува од прозорците на куќата. Ситуацијата била пријавена во полиција во раните утрински часови, по што започнала интервенцијата на пожарникарите. На терен во моментов се припадници на Бригадата за противпожарна заштита од Скопје, ...
Украина во текот на ноќта изврши масовен напад со беспилотни летала врз Москва и поширокиот московски регион, при што биле погодени повеќе објекти, а регистрирани се и повредени лица. Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, соопшти дека руската противвоздушна одбрана соборила најмалку 197 украински дронови над поширокиот регион на руската престолнина. Според неофицијални информации, во нападот биле употребени повеќе од 600 беспилотни ...
Кинеската компанија „Фотон матрикс“ (Photon Matrix) разви необичен уред за борба против комарците кој користи ласер, вештачка интелигенција и LiDAR технологија за да ги открие инсектите и да ги елиминира. Системот функционира така што со помош на сензори го следи просторот околу себе, а напредните алгоритми препознаваат кога во неговиот домет се наоѓа комарец. Според информациите за уредот, детекцијата може да се изврши за само три ...
Агенцијата за управување со одземен имот ќе понуди на продажба 990 хаварисани возила, кои нема да можат повторно да се користат во сообраќај, туку ќе имаат третман исклучиво како отпаден материјал. Станува збор за различни видови подвижни предмети – патнички и товарни моторни возила, мотоцикли, трактори и приколки. Целиот пакет е проценет врз основа на проценките изработени од Бирото за судски вештачења при Министерството за правда. Почетната ...
Предавството и изневерената доверба различно влијаат врз секој човек, но според астролошките толкувања, два хороскопски знаци особено тешко забораваат кога некој ќе ги повреди – Скорпијата и Јарецот. Иако нивните реакции се различни, заедничко им е тоа што ретко преминуваат преку предавството како ништо да не се случило. Скорпија – памети и внимателно го избира следниот чекор Скорпиите важат за исклучително лојални и интуитивни личности, но ...
Мерките за справување со западнонилската треска во Македонија дополнително ќе се засилуваат, а министерот за здравство Саздо Клековски упати апел до граѓаните во загрозените подрачја да ги намалат сите водни површини што можат да станат места за размножување на комарците. Покрај планираното прскање против комарци, граѓаните во подрачјата каде што е прогласена епидемија ќе добиваат и СМС-пораки со препораки за заштита и намалување на ризикот ...