Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Македонија ја очекува уште еден многу топол период, со температури кои во најтоплите делови од земјата ќе достигнат и до 40 степени Целзиусови. Според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи, топлото време ќе продолжи во текот на викендот, но и во текот на следната седмица, со претежно сончево време и мала до умерена облачност. Поради високите температури, денеска е активно портокалово ниво на опасност од високи температури, што ...
Македонија утре ќе биде зафатена од нов бран екстремно топло време, а Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најави активирање на портокалово ниво на опасност поради високите температури. Според прогнозата, времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност, а дневните температури ќе се движат од 33 до 40 степени. Во попладневните часови на одделни места е можна појава на нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд и ...
Начинот на кој ги поминуваме првите минути по будењето може значително да влијае врз нашето расположение и чувството на смиреност во текот на денот. Наместо веднаш да посегнеме по телефонот и да ги проверуваме пораките, вестите или социјалните мрежи, експертите советуваат првите неколку минути да ги посветиме на себе. Една мала промена – да не го користиме телефонот веднаш по будењето – може да помогне денот да започне помирно и ...
Британскиот весник „Телеграф“ објави текст во кој изнесува сериозни тврдења поврзани со претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, од периодот кога бил генерален секретар на УЕФА. Според написот, кој се повикува на повеќе извори, Инфантино наводно бил во емотивна врска со вработена во организацијата. Во текстот се тврди дека по внатрешна истрага, вработената ја напуштила УЕФА, а добила и шестцифрен финансиски надоместок. Од ФИФА веднаш реагираа ...
Американски научници направија значаен пробив во областа на синтетичката биологија, откако со помош на вештачка интелигенција успешно создадоа нови, функционални вируси што можат да се реплицираат во лабораториски услови. Станува збор за 16 новосоздадени бактериофаги – вируси кои напаѓаат исклучиво бактерии и не претставуваат закана за луѓето. Истражувачите истакнуваат дека ова е првпат генеративна вештачка интелигенција да биде искористена ...
Американската сојузна држава Њујорк официјално стана 14-та држава, заедно со Дистриктот Колумбија, која дозволува медицинска помош при умирање за полнолетни лица со терминални болести. Според новиот закон, право на оваа постапка имаат пациенти на кои лекарите им прогнозираат животен век до шест месеци. За да можат да ја искористат можноста, тие мора да бидат полнолетни жители на Њујорк, ментално способни самостојно да донесуваат одлуки и ...
Холандската инфлуенсерка Кејт, позната по патувањата низ Европа со својата препознатлива розова веспа, предизвика големо внимание откако ги сподели своите впечатоци од престојот во Црна Гора. За време на посетата, таа ги обиколи Свети Стефан, Кралската плажа во Милочер и плажата покрај луксузниот комплекс Свети Стефан. Најголемо изненадување за неа била цената за изнајмување чадор и две лежалки, која на овие плажи достигнува 200 евра дневно. ...
35-годишен жител на Скопје пријавил во полиција дека бил ограбен веднаш откако побарал помош при подигање пари од банкомат на подрачјето на Центар. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 6 август околу 18:00 часот. Пријавителот навел дека околу 17:00 часот замолил непознато машко лице да му помогне при користење на банкомат. Откако успешно ги подигнале парите, лицето, според пријавата, употребило ...
Дали ви се случило по разговор со одредена личност да почувствувате олеснување, да ви се расчистат мислите и да исчезне дел од напнатоста? Според психолозите, тоа не е само субјективен впечаток – луѓето со кои сме опкружени можат директно да влијаат врз начинот на кој функционира нашиот нервен систем. Кога сме покрај некого кому му веруваме и со кого се чувствуваме безбедно, организмот реагира со смирување. Срцевиот ритам се стабилизира, ...
Полицијата во Кочани постапува по пријава за можно семејно насилство, откако 10-годишно девојче му се доверило на својот дедо дека подолг период било изложено на психичко и физичко малтретирање од татко ѝ. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен вчера околу 18:00 часот во ОВР Кочани од страна на дедото на девојчето. Тој изјавил дека неговата внука му кажала дека поради ваквиот однос не сака да се врати ...
Американскиот пазар на труд забележа неочекувано влошување во јули, откако наместо раст на вработеноста беа изгубени 23.000 работни места. Овој резултат е спротивен на прогнозите на економистите, кои очекуваа отворање на околу 100.000 нови работни позиции. Дополнителен удар претставуваат ревидираните податоци за мај и јуни, со кои од претходните пресметки беа избришани уште 103.000 работни места. Со тоа, се создава слика дека американската ...
Најновите податоци на Евростат покажуваат дека разликите во минималните плати меѓу европските држави и понатаму се огромни, а Македонија останува меѓу земјите со најниски минимални примања. Според статистиката за втората половина на 2026 година, највисока минимална бруто-плата има Луксембург со 2.771 евро. Следуваат Ирска со 2.391 евро, Германија со 2.343 евра, Холандија со 2.338 евра и Белгија со 2.234 евра. Во регионот, Србија има минимална ...
Иако е долга само околу три милиметри и е помала од зрно ориз, најмалата коска во човечкото тело има клучна улога во процесот на слушање. Станува збор за стапесот, познат и како узенгисна коска, која го добила името по својата форма што наликува на узенгија. Оваа ситна коска се наоѓа во средното уво и е една од трите слушни коски, заедно со чеканчето и наковалната. Тие работат заедно за да ги пренесат и засилат звучните вибрации што доаѓаат ...
Вооружен инцидент се случил рано утринава во скопската населба Сарај, каде што непознато лице испукало неколку куршуми кон паркиран автомобил во кој се наоѓале две лица. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен околу 4 часот од 25-годишниот Р.З. од селото Глумово. Тој изјавил дека додека седел во возилото заедно со свој пријател, до нив пристигнале две лица на мотоцикл. Едно од лицата, според пријавата, ...
Тајланд е потресен од тежок вооружен напад во училиште во близина на Бангкок, извршен од 14-годишен ученик, кој претходно ги убил своите баба и дедо во нивниот дом. Според информациите од тајландските власти, малолетникот по семејната трагедија се упатил кон училиштето, каде што отворил оган. Во нападот загинале осум лица, меѓу кои пет наставници, а најмалку 15 лица се повредени. Двајца од повредените се наоѓаат во критична состојба. По ...
Фотографии од плажата во Полихроно, Грција, повторно ја разгореа дебатата за практиката на „резервирање“ места со пешкири, столчиња и чадори уште во раните утрински часови. Сликите, направени околу 7:20 часот, покажуваат дека голем дел од плажата веќе е зафатен со лични предмети, иако на нив во тој момент нема туристи. Фотографиите беа споделени во Facebook групата „Грчка инфо“ со опис: „Добро утро од Полихроно. Во 7:20 нема место на плажа.“ ...
Научниците во Германија открија тиса чија старост се проценува на повеќе од 1.100 години, што ја прави најстарото познато дрво во земјата. Ова ретко природно богатство ги изненади експертите, кои велат дека е вистинско чудо што успеало да опстане толку долго. Според проценките на Германското дендролошко друштво, дрвото расте на северозападната падина на Алпите, а неговата старост надминува единаесет века. Стеблото има обем од 5,1 метар, а ...
Тешка несреќа се случила во Чачак, каде што 27-годишен маж се здобил со сериозни повреди откако експлодирала плинска боца. Според информациите од Општата болница во Чачак, повредениот веднаш бил пренесен со возило на Итната медицинска помош, каде што лекарите констатирале тешки изгореници здобиени при силната експлозија. По укажаната прва медицинска помош, 27-годишникот бил задржан на лекување и сместен на Одделението за интензивна нега, каде ...
Несекојдневен грабеж се случил во скопската општина Центар, каде што 35-годишен маж останал без парите што штотуку ги подигнал од банкомат, откако побарал помош од непознато лице. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 6 август околу 18:00 часот во СВР Скопје. Пријавителот С.С. (35) од Скопје изјавил дека околу 17:00 часот, додека се наоѓал кај банкомат во општина Центар, побарал помош од непознат ...
Нова заплена на дрога е регистрирана во Казнено-поправната установа „Идризово“, каде што при претрес на осуденик биле откриени десетици пакувања со марихуана. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 6 август околу 15:10 часот во СВР Скопје од страна на затворската управа. Како што соопштуваат од МВР, околу 13:10 часот, при извршен претрес кај 29-годишниот осуденик З.И. од Скопје, биле пронајдени и ...
Полицијата во Кочани започна постапување по пријава за семејно насилство во кое, според наводите, 10-годишно девојче подолг период било изложено на психичко и физичко малтретирање од страна на својот татко. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен на 6 август околу 18:00 часот во Одделението за внатрешни работи Кочани. Според пријавата, С.А. од Кочани пријавил дека неговата 10-годишна внука му кажала дека ...
Во време кога температурите рушат рекорди, необична традиција од Кина повторно стана светски хит. Наместо да се разладуваат со клима-уреди и вентилатори, некои луѓе користат природен начин кој со генерации бил дел од традиционалните методи за борба против летните горештини. На социјалните мрежи се појавија бројни видеа на кои деца и возрасни лежат и спијат покрај огромни восочни тикви, познати и како зимски дињи (winter melon). Снимките брзо ...
Градската инфраструктура во Кавадарци добива уште еден значаен објект. Градежните активности за изградба на новиот кружен тек на Северен Булевар се во напредна фаза и се одвиваат со засилено темпо. Овој важен сообраќаен проект се реализира со поддршка и донација од компанијата „Лидл“, која преку оваа соработка дава директен придонес за развој на модерна, побезбедна и поефикасна урбана средина во Кавадарци. Новото сообраќајно решение на ...
Американските разузнавачки служби во најновиот извештај тврдат дека рускиот претседател Владимир Путин во следните неколку години би можел да се обиде да ја тестира одлучноста на НАТО со ограничен напад врз некоја од земјите членки. Според пишувањето на „Волстрит журнал“, можните сценарија не предвидуваат инвазија од големи размери, туку: Сајбер напади Саботажи Копнен упад од мал обем Овие проценки доаѓаат во време на недостиг од критична ...
Припадниците на Управата на криминалистичката полиција (УКП) рано утринава открија и затворија илегална лабораторија за одгледување и преработка на опиоидни дроги на територијата на Смедерево. За време на акцијата на полицијата, во објектот се пронајдени дигитални ваги за прецизно мерење и материјал наменет за пакување. Вкупната количина на запленетата дрога се проценува на околу половина тон. Покрај тоа, пронајдени се и: Специјални ЛЕД и УВ ...
Нестабилното време веќе започна да се чувствува во Македонија, а најновите радарски податоци покажуваат дека првите врнежи и грмежи се појавиле во неколку региони. Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), моментално најизразена нестабилност има во југозападниот дел од државата, поточно во Преспанскиот регион, каде што се регистрирани умерени врнежи од дожд проследени со ретки грмежи. Паралелно со тоа, нестабилна ...
Осумнаесетгодишно момче од тетовско село се обратило во полиција откако, според неговите тврдења, останало измамено од сопственик на фирма кој не му ја исплатил договорената заработка и не го пријавил како вработен. Случајот бил пријавен на 6 август во Секторот за внатрешни работи Тетово, а според информациите од Министерството за внатрешни работи, младиот човек пријавил дека бил ангажиран за работа во фирма чиј сопственик е Ф.Е. од село ...
Вистинска херојска сцена се одвивала денеска во центарот на Скопје, каде што двајца случајни минувачи покажале огромна храброст и успеале да спасат жена која се нашла во водите на реката Вардар кај Камениот мост. Според информациите, жената, на возраст од околу 50 години, била забележана во реката, по што двајца граѓани од скопската општина Чаир веднаш реагирале. Без двоумење и без да чекаат помош, тие скокнале во Вардар и успеале да ја ...
Косовската полиција соопшти дека денеска попладне добила дојава за сомнителна експлозивна направа на Автобуската станица во Приштина, пренесува „Коха“. Портпаролот на полицијата за регионот на Приштина, Енис Плана, изјави дека полицијата веднаш по примањето на информацијата ги презела сите неопходни безбедносни мерки во тој реон. „Ангажирани се надлежните единици со цел да се провери информацијата“, изјави тој. Во текот на изминатите месеци ...
Луксузните плажи во Црна Гора предизвикаа изненадување кај странска туристка, која не можеше да поверува колку чинат лежалките на некои од најпознатите летувалишта на црногорското крајбрежје. Чешката инфлуенсерка Кејт, позната на социјалните мрежи како „Kate & Pinky“, која патува низ Европа со својата препознатлива розова веспа, ги посетила Милочер и Свети Стефан, но цените што ги затекнала на плажите ја оставиле без зборови. Во видео кое ...