Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Рекорден број хуманитарни работници биле нападнати минатата година, делумно поради зголемената употреба на вооружени дронови, соопштија денеска Обединетите нации, нарекувајќи го овој тренд „застрашувачки“. Околу 907 хуманитарни работници биле убиени, повредени или киднапирани во 2025 година, во споредба со 833 една година претходно, според Базата на податоци за безбедноста на хуманитарните работници, платформа финансирана од Канада и ...
Франција официјално направи значаен правен чекор во долгогодишната дебата за правата на пациентите со тешки и неизлечиви заболувања. Претседателот Емануел Макрон го прогласи законот со кој се воведува право на асистирано умирање под строго определени услови. Законот денеска е објавен во „Службен весник“, со што формално стапува во сила. Сепак, неговата практична примена нема да започне веднаш. За тоа ќе биде потребно француската влада да ги ...
Необична и впечатлива глетка снимија хрватски рибари во Јадранското Море, откако во близина на островот Жирје забележале голема ајкула чија должина, според нивните проценки, надминува три метри. Снимката набргу привлече големо внимание на социјалните мрежи, особено на TikTok, каде видеото започнало брзо да се споделува. Според првичните проценки на луѓето кои ја снимиле, се работи за мако ајкула (Isurus oxyrinchus) – вид познат по својата ...
Француски државен службеник е под официјална истрага поради сериозни сомнежи дека со години користел лекови за да влијае врз жени кои доаѓале на интервјуа за работа, а потоа ги изложувал на понижувачки ситуации. Станува збор за Кристијан Негр, кој според истрагата бил поврзан со случаи во периодот од 2009 до 2018 година. Полицијата се сомнева дека бројот на потенцијалните жртви може да достигнува речиси 250 жени. Еден од случаите го раскажала ...
Сериозен случај на сомнение за проневера е пријавен во Гевгелија, каде вработен во експозитура на банка е осомничен дека во повеќе наврати противправно присвоил голема сума пари. ОВР Гевгелија поднело кривична пријава против 52-годишниот К.К. од Гевгелија, поради сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“. Според наводите од кривичната пријава, случајот се однесува на периодот од 7 ноември 2025 година до 3 март 2026 година. Во ...
Џамал Мусијала се огласи во јавноста по двете непријатни ситуации што му се случија на фудбалскиот терен во период од само неколку дена. Фудбалерот на Баерн Минхен откри дека зад неговите ненадејни паѓања стои здравствен проблем, но истовремено порача дека во моментов се чувствува добро и дека добива соодветен медицински третман. Германскиот репрезентативец неодамна предизвика загриженост кога во завршницата од натпреварот против Лајпциг ...
Шпекулациите за природата на односот меѓу Доналд Трамп и една од неговите најблиски соработнички ја вознемируваат неговата сопруга Меланија, тврдат упатени извори за „Телеграф“. Администрацијата на Трамп бурно реагираше откако сенаторот Џон Ософ во понеделникот се прошегува дека американскиот претседател, наместо со државнички работи, е закупен со вонбрачна врска со Натали Харп, извршната асистентка на 80-годишниот претседател, која инаку има ...
Возачка (23) направи вистински хаос на бензинска пумпа во Вараждин, каде со автомобил удри во повеќе објекти и опрема, а потоа побегна од местото на сообраќајната несреќа. Полицијата ја пронајде за само 25 минути подоцна Инцидентот се случил околу 2:30 часот по полноќ на бензинска пумпа во Улицата „Мирослав Крлежа“. Возачката со автомобилот се движела по приодниот коловоз кон апаратите за точење гориво кога, според наводите на полицијата, ...
Нов бран поскапувања на храната се очекува во светот, а според проценките на британската економска аналитичка компанија Oxford Economics, глобалните цени на прехранбените производи во 2026 година би можеле да пораснат за 11,8 проценти, додека во 2027 година се очекува дополнително зголемување од околу 4,8 проценти. Според анализата, најголем удар би можеле да почувствуваат потрошувачите кога станува збор за житариците, овошјето, зеленчукот и ...
Тешка сообраќајна несреќа се случила во текот на ноќта во Младеновац, во близина на Белград, при која едно лице го загубило животот, а осум лица биле повредени. Несреќата се случила околу полноќ, кога дошло до директен судир меѓу автомобил „Ауди“ и автобус. Според првичните, неофицијални информации, животот го загубил 42-годишниот М.Ј., кој управувал со автомобилот. Судирот бил со голема силина. По ударот, „Аудито“ излетало од коловозот, а ...
Вистинска драма се одвивала на плажата во Неа Плагија на Халкидики, каде 41-годишна жена за малку ќе го загубела животот откако силните бранови ја повлекле во морето додека во рацете го држела своето дете. Инцидентот се случил во неделата, 16 август, околу 16:50 часот. Поради силниот ветер морето било разбранувано, а на плажата било истакнато жолто предупредувачко знаме. Спасувачите забележале жена која лежела без свест на околу 50 метри од ...
Повеќе од пет тони марихуана биле пренесувани од Македонија во Србија преку добро организиран синџир во кој биле користени камиони со легално декларирана стока, патнички возила и магацини од двете страни на границата, покажуваат судски документи до кои дошол БИРН.РС. Според пресуда на Основниот кривичен суд во Скопје, донесена по спогодба за признавање вина, еден од обвинетите признал дека учествувал во транспортот на големи количини ...
Европа и Балканот се соочуваат со исклучително висок ризик од пожари во третата недела од август, покажуваат податоците од Европскиот информативен систем за шумски пожари (EFFIS). Според податоците објавени на 17 август, од почетокот на 2026 година на територијата на Европската Унија изгореле 576.027 хектари земјиште. Иако ова е помалку во споредба со рекордната 2025 година, кога до средината на август биле опожарени повеќе од 713.000 ...
Подготовките за создавање суверена држава на Бекташкиот ред во Тирана наводно влегуваат во нова фаза, а проектот предвидува таа да има сопствени институции, пасоши, па дури и валута. Според францускиот Intelligence Online, лидерите на Бекташкиот ред веќе работат на идните институционални структури и на создавање мрежа за меѓународно претставување. Идејата за формирање на бекташка држава беше јавно претставена од албанскиот премиер Еди Рама во ...
Пожарот кој избувна во близина на прилепското село Чаниште продолжува да се шири, а огнената линија во моментов се движи во правец кон селото Крушевица, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Според него, пожарот моментално се наоѓа приближно на половина од растојанието меѓу Чаниште и Крушевица, а долгата огнена линија значително го отежнува неговото целосно ставање под контрола. „Огнената линија е многу ...
Трагедија се случила во морскиот предел кај Лејдис Мајл во Лимасол, Кипар, каде што 27-годишен маж го загубил животот откако скокнал во морето во обид да го извади својот мобилен телефон. Несреќата се случила на 15 август, а дополнителни детали биле објавени по извршената обдукција, која потврдила дека причината за смртта е давење. Според информациите од британските бази на Кипар, 27-годишниот маж од Египет се наоѓал на катамаран кој пловел ...
Серија земјотреси ја потресе Гранада во јужниот дел на Шпанија, а најсилниот потрес достигнал магнитуда од 4,8 степени. Најмалку три лица се повредени, меѓу кои и малолетник кој бил пренесен во болница. Потресите предизвикале вознемиреност меѓу населението, а итните служби примиле повеќе од 50 повици. Голем број граѓани ги напуштиле своите домови, додека од безбедносни причини биле евакуирани и неколку јавни и комерцијални објекти. На повеќе ...
Канцеларијата на израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир соопшти дека во централен Израел започнува изградба на објект наменет за бесење лица осудени на смрт за тероризам. Бен-Гвир ја даде изјавата од самото градилиште, нагласувајќи дека проектот е дел од неговата политика за заострување на третманот на осудените за тероризам. „Ветив дека ќе ги влошам условите за терористите во затворите и го одржав моето ветување. Ветив ...
Престојот во вселената може значително да влијае врз дигестивниот систем, а ново истражување открива можна причина зошто астронаутите почесто се соочуваат со запек. Научници од Универзитетот во Копенхаген, во соработка со НАСА, анализирале примероци од крв од 52 астронаути кои престојувале меѓу два и девет месеци на Меѓународната вселенска станица. Наместо директно да го следат движењето на храната низ цревата, истражувачите ги анализирале ...
Преображение Господово се празнува на 19 август и е еден од големите православни празници. Покрај неговото длабоко христијанско значење, низ вековите со празникот се поврзале и бројни народни обичаи и верувања. Во народната традиција, Преображение се смета за период кога природата почнува да се менува. Деновите постепено стануваат пократки, ноќите посвежи, а летото полека почнува да ѝ го отстапува местото на есента. Оттука потекнува и старото ...
Нова анализа отвора интересно прашање за влијанието на акупунктурата врз мозокот кај луѓето со депресија. Истражувачите забележале промени во мозочни региони поврзани со емоциите и чувството на награда. Научници од Пекиншкиот универзитет за кинеска медицина анализирале седум претходни клинички испитувања во кои биле вклучени вкупно 357 пациенти со тешко депресивно нарушување. Тие ги споредувале снимките од мозокот на пациенти третирани со ...
Поранешниот натпреварувач во „Пинкови ѕвезди“, Павле Петковиќ, јавно ѝ го честиташе 48. роденден на Јелена Карлеуша, а неговата емотивна порака привлече внимание на социјалните мрежи. Петковиќ на својот Инстаграм профил објави нивна заедничка фотографија направена на сцената, која ја придружи со зборовите „Моја лавице“. Потоа преку Инстаграм-приказна ѝ упати и подолга роденденска честитка, посакувајќи ѝ здравје, среќа и уште многу успеси. ...
Младите генерации сè почесто го менуваат односот кон алкохолот, а трендот на намалена потрошувачка, кој веќе подолго време се забележува во светот, може да се препознае и во податоците за Македонија. Иако во земјава нема детално истражување кое ја анализира консумацијата на алкохол конкретно кај Генерацијата Зет, статистичките показатели покажуваат дека македонските домаќинства денес купуваат и консумираат значително помалку алкохол отколку ...
Бугарската музичка сцена тагува по смртта на музичарот, продуцент и текстописец Бојан Христов, кој почина по долга и тешка борба со онколошко заболување. Веста за неговата смрт ја соопшти БГ Радио, од каде посочија дека неговото заминување претставува голема загуба за луѓето кои го познавале, но и за музичката сцена на која Христов остави значајна трага. Тој подолг период се борел со тешката болест. Неговите блиски, пријатели и колеги ...
Пожарот во прилепскиот дел на Мариово повторно се разгоре попладнево поради силниот ветер, откако синоќа огнената стихија зафати делови од селото Чаниште. Според информациите од директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, огнената линија во моментов е долга околу 20 километри, протегајќи се од течението на Црна Река до врвот Маргаро. На терен се пожарникарите од Прилеп, како и тимови на ДЗС составени од доброволци од ...
Ново научно истражување во кое биле анализирани повеќе од 500 професии укажува на зголемен ризик од смртност од видови рак поврзани со изложеност на радијација кај членовите на авионските екипажи. Според резултатите, најизразен ризик бил забележан кај стјуардесите, а веднаш зад нив се пилотите. Како еден од можните фактори научниците го издвојуваат космичкото зрачење, на кое пилотите и кабинскиот персонал се редовно изложени поради големиот ...
Министерството за внатрешни работи отвори интерен конкурс за пополнување нови работни места во Единицата за брзо распоредување (ЕБР), а повикот е наменет исклучиво за активни полициски службеници. Станува збор за конкурс од затворен карактер, што значи дека на него не можат да се пријавуваат граѓани кои не се дел од полицијата. Можност за аплицирање имаат веќе ангажирани полициски службеници кои сакаат својата професионална кариера да ја ...
Заканата од екстремните температури за здравјето на постарите лица е значително поголема отколку што досега се проценуваше, покажува нова американска студија објавена во научното списание „The Lancet Planetary Health“. Истражувањето, предводено од научници од Универзитетот Стенфорд, анализирало како глобалното затоплување би можело да влијае врз луѓето постари од 60 години до крајот на овој век. Научниците посочуваат дека претходните проценки ...
Најмалку 30 деца, од кои повеќето се Британци, можеби се зачнати преку ин витро третмани во северен Кипар со сперма или јајце-клетки од донори различни од оние што родителите ги избрале, покажува истрага на Би-Би-Си. Случајот добива сè поголеми размери откако претходно биле откриени седум вакви случаи. Родителите тврдат дека при третманите внимателно избирале анонимни донори врз основа на медицинската историја, физичкиот изглед, карактерот, ...
Латвија се соочува со сериозен кибербезбедносен инцидент откако при напад врз Управата за безбедност на патниот сообраќај (CSDD) биле украдени податоци поврзани со околу 1,2 милиони лица и 200.000 компании. Нападот се случил минатата недела, а меѓу компромитираните информации се имиња и презимиња, адреси, регистарски ознаки, податоци поврзани со возила, како и одредени информации за плаќања. Засега не е утврдено кој стои зад нападот, ниту од ...