Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, синоќа изјави дека Москва има право да ги напаѓа воените објекти на земјите што ја снабдуваат Украина за удари длабоко во Русија. -Русија смета дека има право да го користи своето оружје против воените објекти на оние земји што дозволуваат нивното оружје да се користи против Русија, рече таа на брифинг. Захарова истакна дека во случај на понатамошна ескалација, Русија ...

Игор Недовиќ (29) член на Кавачкиот клан, им подлегна на повредите во Клиничкиот центар во Подгорица, откако претходно беше ранет од огнено оружје.Тој бил застрелан од автоматско оружје додека стоел пред куќата и разговарал со пријател кој бил на мотоцикл,потоа се приближило машко лице и испукало 15 куршуми. Мотивот за убиството е разјаснет Три дена по пукањето, тие објавија дека го решиле обидот за убиство на 29-годишникот. Инаку, како што ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во британскиот Форин офис, во рамки на неколкудневната работна посета на Обединетото Кралство, оствари средба со неговиот домаќин – државниот секретар за надворешни работи, развој и Комонвелт на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Дејвид Лами. -Во рамки на оваа средба од историско значење, која отвора ново поглавје во билатералните односи меѓу ...

Премиерот Христијан Мицкоски во моментов не гледа причина зошто би организирал уште една лидерска средба со претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кој во неколку наврати повикува на лидерска средба за како би се детерминирале црвените линии и би се постигнал натпартиски консензус за клучните државни прашања. Мицкоски во одговорот на прашањето за поканата за лидерската средба вели дека досега веќе имале една лидерска среба со лидерот на СДСМ, ...

Почетокот на судскиот процес против Раде Трајковски – Штекли и уште девет лица обвинети за трговија со дрога се одложи за 7 август поради хоспитализација на обвинетиот Трајковски – Штекли. Како што информира судијата Илија Трпков, Трајковски утрово бил неконтактибилен и дезориентиран, поради што итно требало да биде пренесен во Клиничкиот центар. Такви напади, како што дополни, имал и во текот на вчерашниот ден. Денешното рочиште, закажано за 10 ...

Во Владата денеска се потпишани договорите со општините кои аплицираа и беа избрани на вториот повик за финансирање на инфраструктурни проекти. Потпишани се договори во вредност од околу 14 милијарди денари кои со средствата од првиот повик изнесуваат вкупно околу 20 милијарди денари со кои се финансираат вкупно 1.200 проекти. За премиерот Христијан Мицкоски е значајно тоа што аплицирале сите општини без разлика на политичката припадност на ...

Навивачите на Будуќност се степаа меѓусебно во натпреварот против Ноа во првото коло од квалификациите за Лигата на шампионите. Бучужност беше елиминирана од ерменскиот претставник кој ја играше улогата на фаворит во овој двомеч. По поразот од 1:0 во првиот натпревар, реваншот заврши со резултат 2:2. Сепак, страшна тепачка меѓу навивачите на трибините на стадионот „Под Горица“ фрли сенка врз настаните на теренот. На трибината на најстрасните ...

Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Каја Калас изјави дека, доколку Европската Унија го финансира вооружувањето на Украина, тоа ќе претставува европска поддршка, а не американска, независно од изјавите на претседателот на САД, Доналд Трамп. Нејзината изјава доаѓа по изнесената најава на Трамп дека САД ќе испратат дополнително оружје за Украина, но средствата за тоа ќе ги обезбеди ЕУ, што, според весникот „Гардијан“, ...

Велшкиот клуб ТНС се жали на навививачите на Шкендија поради расизам. Клубот од Велс излезе со официјална реакција каде бараат казни за тетовскиот клуб. -„Тhe New Saints“ силно и недвосмислено го осудува расистичкото навредување упатено кон Арамиде Отех од страна на член на домашната публика по завршувањето на натпреварот од првото квалификациско коло на Лигата на шампионите против Шкендија. Апсолутно нема место за расизам – ниту во фудбалот ...

Во комисијата за правосудство на американскиот Конгрес вчера се одржа сведочење на кое истакнати експерти на фондацијата Херитиџ дискутираа како американските власти преку УСАИД ја финансирале шарената револуција во Македонија и организирале смена на власта. Мајк Гонзалез, експерт за надворешна политика на фондацијата Херитиџ, ги споредуваше активностите на УСАИД во Македонија и Унгарија, и изјави дека американската државна организација тесно ...

18-годишниот Џамал Јамал се појави во просториите на клубот рака под рака со својата баба Фатима! Да, добро прочитавте – токму неговата баба го придружуваше на потпишувањето на нов договор од 40 милиони евра годишно со Барселона, кој има и клаузула од нереални 1 милијарда евра!. Каталонскиот клуб и тинејџерската сензација ја продолжија соработката до 2031 година, а Џамал ќе ја носи десетката како легендите како Меси, Роналдињо, Ромарио и Диего ...

– Поранешниот американски претседател и неговата прва дама, Барак и Мишел Обама на хумористичен начин ги отфрлија постојаните гласини за нивните брачни проблеми. – Таа ме прими назад!, рече Барак низ смеа во интернет-емисијата на својата сопруга. Во опуштена атмосфера на најновата епизода од подкастот којшто Мишел го води со својот брат Крег Робинсон, познатиот пар се осврна на медиумските гласини дека нивниот брак е во криза. Наводите, ...

Португалскиот репрезентативец и член на Ал-Наср, Кристијано Роналдо е прогласен за најдобар играч во сезоната 2024/25 во првенството на Саудиска Арабија. Роналдо освои најмногу гласови во изборот на навивачите на тимовите од тамошната лига. Четириесетгодишниот Португалец одигра 30 натпревари во текот на сезоната, од кои на 15 беше прогласен за најдобар играч. Постигна 25 гола и имаше три асистенции. Во јуни, Роналдо го продолжи договорот со ...

По носењето на срамната резолуција на Европскиот парламент од која исечзнаа термините македонски јазик и идентитет, веќе нема дилеми. Европската унија и Бугарија сакаат Македонскиот јазик и народ да исчезнат. Да не се лажеме, не се работи за никави уставни измени, тоа им е јасно на сите освен на СДСМ.Затоа, мислам дека прашањето за уставните измени е затворено. Македонија не треба да се откаже од членство во ЕУ, ако некогаш решат да не примат, ...

Во ексклузивната информација од САД се вели дека Американската православна црква ќе ја признае Македонската православна црква – Охридска архиепископија под нејзиното уставно име без никакви задршки или услови. Одлуката била донесена на посебна седница на 21 мај 2025 година, кога Светиот синод на Православната црква во Америка одлучил, со непосредна одлука, да ја признае каноничноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, ...

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски на својот Фејсбук профил објави дека дедото на лидерот на СДСМ Венко Фи Филипче бил началник на судот во Охрид од 1941 до 1944 година и свесен Бугарин. Северно-Македонскиот титопитек на фотографијата, шефот на јужно-комунистичкиот СДСМ, плука од утро до самрак по сè што е бугарско и домородно, но тој извадил бугарско државјанство. За да се добие бугарско државјанство, мора да се декларира бугарски ...

Шкендија се пласираше во второто квалификациско коло на ЛШ откако вечерва со многу мака ја совлада екипата на ТНС од Велс со 2-1. Шкендија прикажа слаба,неуверлива игра,иако навидум ја имаше инциијативата.Кога сите очекуваа дека на полувреме ќе се замине со предност,гостите изедначија. Во второто полувреме темпото на игра падна и тетовчани имаа само две сериозни шанси за погодок.Кога сите очекуваа пенали Џеф Боденам во 116 минута си постигна ...

Локалните избори уште не се почнати а СДСМ се откажаа. Единствена цел на раководството од Бихаќка на овие избори е да одработи за ДУИ а оние од Мала Речица, ако некогаш дојдат на власт да ги земат во коалиција. Еве за таа цел се подготвени дури и несудениот Генерален секретар на НАТО Бујар Османи да го поддржат за градоначалник на Чаир. Докторот што ги „продаваше“ националните интереси на Бугарија да биде кмет на Чаир, поддржан од СДСМ. Па нема ...

Би сакале да ја видиме Македонија како дел од следната група земји што ќе станат членка на ЕУ. Знаете што треба да се направи, а ние сме тука да ви помогнеме и да ве поддржиме тоа да се случи, истакна аавчера данската амбасадорка за земјава со седиште во Белград, Перниле Деилер Кардел, претставувајќи ги приоритетите на данското претседателство пред Националниот совет за евроинтеграции во Собранието. Досега сме виделе многу земји кои го ...

Ракометарите на скопски Алкалоид ќе играат против германски Хановер во квалификациите за пласман во групната фаза во ЕХФ Лигата на Европа, одлучи денешната жрепка. Алкалоид, кој минатата сезона го освои трофејот во Европската лига на ЕХФ, беше во групата на неносители и го доби најтешкиот можен противник. Квалификациското коло е закажано за 30/31 август и 6/7 септември. Тогаш Алкалоид ќе го добие и трофејот како победник на Европскиот куп. ...

Одбраната на еден од обвинетите членови на криминалната група Грчец за трговија со дрога најави жалба на првостепената пресуда. Бранителот на Неџати Исени, кого Судот денеска го прогласи за виновен за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги“ и го осуди на казна затвор од пет години, адвокат Ангел Ѓорѓиев во изјава за медиумите рече дека главни аргументи во жалбите кои што ги најавуваат, ќе биде, како што вели, ...

Сулејман Љамалари – Командант Барути кој ја нападна градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска заминува во притвор, одлучи кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје. Ова доаѓа откако обвинителството поднесена против решение на судија на претходна постапка од 12.07.2025 година, ценејќи ги наводите во жалбата како и одговорот на жалба, па затоа донесе решение дека жалбата е основана и мерката куќен притвор му ја замени со мерка притвор. ...

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, откри дека бил мета на жестоки напади и закани по неговиот живот, поради извештајот за напредокот на земјава кој минатата недела беше изгласан во Европскиот парламент. Во интервју за Канал 5, Вајц вели дека е задоволен од извештајот, но ја осудува кампањата на оцрнување што ја воделе против него, особено од бугарска страна. – Да, бев под силен напад, тоа беше цела кампања за ...

Фудбалерите на тетовска Шкендија првакот на Македонија денеска го играат реванш натпреварот од првото квалификациско коло од Лигата на шампионите. Ривал им е ТНС од Велс, а на првиот дуел натпреварот заврши без голови 0:0. – Сега имаме појасна слика за противникот, кој често го менува составот. Но, и тие знаат повеќе за нас. На првиот натпревар игравме по внимателно, но сега сметам дека сме подготвени да одиграме многу подобро. Како и да е ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека имал многу добар разговор со американскиот претседател Доналд Трамп по неговата објава за испраќање ново оружје во Украина, додавајќи дека се согласиле во иднина почесто да разговараат за да ги координираат своите чекори. „Беше многу добар разговор. Му се заблагодарив на Трамп за неговата подготвеност да ја поддржи Украина и за понатамошна соработка со цел да се запре убивањето и да ...

Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација Лука Модриќ потпиша договор со Милан, објави синоќа италијанскиот гигант. Триесетидеветгодишниот Модриќ во Милан ќе го носи дресот со број 14, кој го носеше во Тотенхем од 2008 до 2012 година. „Милан со задоволство објавува дека Лука Модриќ потпиша договор со клубот до 30 јуни 2026 година, со можност за продолжување за уште една година – до 30 јуни 2027 година“, соопшти клубот од Милано. Модриќ се ...

Се воведува ново правило во Бугарија. Сите што имаат имот во Грција, ќе докажуваат приход за последните пет години, објави „Лентата.бг. Секој Бугарин со имот во Грција мора да се подготви за проверка на приходите . Оваа година, агенцијата за приходи планираше кампања против лица кои стекнале недвижен имот во Грција. Проверката е дел од политиката на NRA за расветлување на непријавените приходи Даночните власти спроведуваат проверки и ревизии ...

Како што објавува британскиот весник „Сан“, нов секс скандал го тресе Кремљ откако беше откриено дека висок функционер од кругот на Путин користел воени авиони вредни 100 милиони долари за да ја превезува својота љубовница. Марија Шалаева (23) сподели на социјалните мрежи дека авионот на Министерството за одбрана, тип Иљушин-76, ја однел на викенд патување во Ростов на Дон, местото каде што се наоѓа главниот штаб на руските вооружени сили. ...

Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ попладнево пристигна во Милано за да ги мине задолжителните лекарски прегледи и да потпише едногодишен договор со Милан, јавија локалните медиуми. „Многу сум среќен што сум тука“, им изјави Модриќ на новинарите кои го пречекаа на аеродромот Малпенса. „Ме чекаат големи предизвици тука, ќе имаме време да разговараме за сè“, порача 39-годишниот хрватски фудбалер. Модриќ настапи со Реал Мадрид на Светското ...

Римак Невера Р ја презеде круната како нов крал на перформансите, соборувајќи 24 светски рекорди во една сесија. Продолжувајќи го успехот на оригиналната Невера, која ги освои насловните страници во 2023 година со 23 рекорди, Невера Р сега оди уште побрзо и подалеку. Тестирана на патеката за тестирање автомобили Папенбург во Германија и верифицирана од Девесофт, Невера Р достигна 400 км/ч и повторно целосно застана за само 25,79 секунди, ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
2.57
76%
1023
weather icon

Белград

6ᴼ / 6ᴼ
2.06
82%
1024
weather icon

Загреб

8ᴼ / 3ᴼ
1.03
78%
1024
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
93%
1023
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
1.92
77%
1024
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 2ᴼ
0.51
86%
1024
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
7.72
84%
1017
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
0.0
87%
1019
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
2.57
62%
1021
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 9ᴼ
1.03
82%
1025
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
1.79
80%
1025
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
4.12
94%
1020
Currency

61.53

Currency

53.5432

Currency

69.8134

Currency

34.869

Currency

37.9335

Currency

66.0382

Currency

7.50983

Currency

0.65819

Currency

0.34762

Currency

0.52431

Currency

0.60355

Currency

1.27209