Скопје
-1ᴼ /
-1ᴼ
Грабежот на векот се случи во Лувр, а се сомнева дека зад сето тоа стои познатата банда од Балканот Пинк Пантери. Според првите проценки, крадците украле вредни предмети во вредност од вртоглави 88 милиони евра! Криминалци преправени како градежни работници на кран со корпа влегле во музејот, а потоа извршиле грабеж! Осомничените се уште се во бегство, а се стравува дека уникатните предмети ќе бидат стопени и уништени пред крадците да можат да ...
Џејкоб Пери, поранешен директор на израелската разузнавачка агенција Шин Бет, е ангажиран да ги пронајде одговорните за грабежот во Лувр. Според неговите тврдења, можно е еден од вработените во музејот Лувр да помогнал во злосторството! Пери ја води приватната фирма за обезбедување CGI, која претходно го истражуваше грабежот на скапоценостите од Зелениот трезор во Дрезден во 2019 година. Грабеж во срцето на Париз Дрзок грабеж се случи во ...
Решение за војната во Украина би можело да се најде прилично брзо ако се земат предвид три клучни прашања за Русија, изјави Кирил Дмитриев, специјален претставник на Кремљ и извршен директор на Рускиот фонд за директни инвестиции, кој моментално е во посета на САД. – САД, Украина и Русија разбираат какво може да биде решението и се надеваме дека ќе се постигне во разумен временски рок, изјави Дмитриев за „Фокс њуз“. На прашањето да појасни какво ...
Руските трупи ги концентрираа своите главни ударни сили во правец на градот Покровск во Доњецкиот регион на Украина, каде што продолжуваат жестоките борби на територијата на градот, објави украинскиот претседател на Украина, Володимир Зеленски. -Разговарав со војската – посебно внимание беше посветено на Покровск, како и на соседните области, рече Зеленски во своето редовно вечерно видео обраќање, пренесено од Укринформ. Тој истакна дека во овој ...
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ја оцени состојбата на безбедносната архитектура во Евроазија на Меѓународната конференција за евроазиска безбедност во Минск, говорејќи за „агресивните планови на Западот“, ширењето на НАТО, изгледите за решавање на конфликтот во Украина и односите со Вашингтон. Лавров предупреди дека Русија нема да дозволи Евроазија да стане „феуд на НАТО“, обвинувајќи ги западните земји дека се „подготвуваат ...
Рускиот претседател Владимир Путин се фали со својата нова нуклеарна крстосувачка ракета Буревестник – „уникатен изум“ со „неограничен дострел“. Што всушност се знае за оружјето? Во видео објавено од Кремљ, кое наводно покажува пробив во развојот на сосема ново оружје, првото нешто што го забележувате е она што не можете да го видите: самото оружје. Наместо тоа, снимката го прикажува рускиот претседател Владимир Путин како седи високо на маса во ...
Руската нафтена компанија Лукоил ги продава своите меѓународни средства на „Гунвор“, во сопственост на шведскиот милијардер Торбјорн Тернквист, објави „Лукоил“. Трансакцијата сè уште е предмет на исполнување на одредени услови. Порано оваа недела, „Лукоил“ објави дека започнал преговори со потенцијални купувачи на меѓународни средства, откако новите санкции на САД ѝ го отежнаа работењето на компанијата надвор од Русија. „Лукоил“ има интереси во ...
Торбјорн Торнквист, новиот газда на Лукоил е роден во 1953 година во Стокхолм и дипломирал бизнис економија на Универзитетот во Стокхолм. Ја започнал својата кариера во Бритиш Петролеум од 1977 до 1983 година, а потоа станал директор за трговија со нафта во Скандинавската трговска компанија АБ. Кон крајот на 1990-тите, заедно со својот руски партнер Генадиј Тимченко, ја основал групацијата Гунвор, која станала глобален играч во трговијата со ...
Во средината на октомври, цената на златото достигна 4.380 долари за унца, што е историски рекорд. Во изминатата година, цената на златото порасна за повеќе од 55 проценти во номинален износ. Главно поради геополитичките тензии, инфлацијата и побарувачката од Азија, но и голем број други фактори. Покрај основната причина, побарувачката за безбедни средства во неизвесни времиња, цената на златото е водена од стравот од инфлација и економска ...
34 годишниот Зохран Кваме Мамдани кој е избран за градоначалник на Њујорк е роден во Кампала, Уганда. Средното име му е во чест на првиот претседател на Гана, Кваме Нкрумах. Американските медиуми пишуваат дека тој се лути кога му го грешат името па наместо Зохран го нарекуваат Зоран. Биографија на Зохран Мамдани Зохран Мамдани е роден во Уганда во 1990 година, а на седумгодишна возраст со своето семејство се преселил во Њујорк. Дипломирал на ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека американските санкции за рускиот гас и нафта нема да бидат воведени за Унгарија сè додека тој е премиер на земјата, а Доналд Трамп е претседател на Соединетите Американски Држави. Тој рече дека со Трамп „се ракувал“ во врска со изземањето на Унгарија од американските санкции за нафтата на неопределено време и истакна дека не е претерување да се каже дека штотуку завршиле „досега најважните ...
Група европратеници од редовите на десничарските и екстремно десничарските партии поднеле тужба против Европскиот парламент до Општиот суд при Судот на правдата на ЕУ, со тврдење дека не било почитувано нивното право за покренување истрага околу начинот на набавка на антиковид вакцини од страна на ЕУ. Во тужбата се оценува дека одлуката на Конференцијата на претседатели, што ја сочинуваат претседателката на Европарламентот, Роберта Мецола и ...
Соединетите Американски Држави објавија дека делумно ги суспендираат некои од своите најстроги санкции врз Сирија за дополнителни 180 дена, откако претседателот Доналд Трамп го угости сирискиот претседател Ахмед ал-Шара во Белата куќа. Трамп се сретна со ал-Шара за време на првата посета на сирискиот претседател на Вашингтон, шест месеци по нивниот прв состанок во Саудиска Арабија и само неколку дена откако Вашингтон изјави дека поранешниот член ...
Тито верувал дека југословенските народи на крајот ќе се спојат во една нација, и тука тој остро се разликувал од неговиот генерал Туѓман – кој го восхитувал до таа мера во текот на целиот свој живот што Душан Биланџиќ го опишал односот на Туѓман со Тито како заљубеност. „Луѓето доаѓале кај Туѓман. Тој самиот рекол дека без Тито нема да има Југославија, па дури ни Хрватска. За некои тоа звучи многу тажно. Туѓман бил заљубен во Тито“, изјавил ...
Здружение на Македонците по потекло од Албанија „Зошто“, со седиште во Ресен е регистрирано денеска, а негова мисија е афирмација на македонската култура и идентитет. – Денеска е запишан како историски ден за Македонците со потекло од Албанија. Во Македонија официјално се регистрираше Здружението на Македонците по потекло од Албанија „ЗОШТО“, чија мисија е афирмација на македонската култура и идентитет, информираше Панди Јани, претседател на ...
Заменичката на генералниот секретар на НАТО, Радмила Шеќеринска денеска во Сараево изјави дека Алијансата нема да дозволи безбедносен вакуум во Босна и Херцеговина. Претходно, српскиот лидер Милорад Додик изјави дека ќе побара од Москва да биде прекината воената мисија ЕУФОР во БиХ. – НАТО трајно е посветен на суверенитетот и територијалниот интегритет на БиХ. НАТО нема да дозволи дестабилизација на БиХ. Без оглед на исходот од претстојната ...
Генералот Небојша Павковиќ вчера пристигна во Белград по 20 години поминати во Хаг. Тој беше ослободен од затвор пред да ја отслужи целата казна поради нарушено здравје, а лекувањето ќе го продолжи во ВМА. Toj беше на чело на српската војска за време на НАТО бомбардирањето. Патот до Приштинскиот корпус, командантот на Третата армија и началникот на Генералштабот на ВЈ Од 1994 година, тој имал неколку позиции во Приштинскиот корпус – бил началник ...
Древниот бугарски град и главен град Воден е познат по своите водопади, кои денес се природни убавини, а во неодамнешното минато биле извор на благосостојба за Бугарите во градот, пишува БГНЕС во денешниот текст во кој се гледа невидена леснотија со која се прогласуваат бугарски градови во Грција, а Софија не бара за тоа да расправа историска копмисија, пишува бугарската агенција „БГНЕС“. „Благодарение на ова водно богатство, го добил и своето ...
ез бродски и железнички сообраќај е денеска Грција поради 24-часовниот генерален штрајк на најголемите грчките синдикати на вработените во државниот сектор (АДЕДИ) и во приватниот сектор (ГСЕЕ), во кој учествуваат и државни службеници, наставници, здравствени работници, морнари, таксисти итн, јави дописничката на МИА од Атина. Штрајкот, што ќе ја парализира земјата е поради новиот закон за работни односи, кој според синдикатите предвидува и 13 ...
Ниту еден генерал на Југословенската армија не смее да остане жив затоа што ни донесоа срам, како никој во историјата, рекол Весли Кларк на состанокот на американскиотна воениот и државниот врв во Вашингтон, генералот Весли Кларк два месеци по завршувањето на војната во која тој командуваше со силите на НАТО, кои спроведоа агресија врз СР Југославија во 1999 година, пишува „Република.рс“ Изјавата на Кларк била резултат на длабока фрустрација од ...
СФР Југославија добро знаела кого има за јужен сосед. Односите меѓу Југославија и Грција биле затегнати токму поради Македонија. И тогаш како и сега проблем меѓу двете земји бил Александар Македонски или Велики. На почетокот на деведесеттите години, кога веќе било извесно дека Македонија ќе прогласи независност грчките власти грчките власти поставиле статуа на „Александар веднаш на границата со Југославија на граничнниот премин Ники- Лерин. ...
Првиот американски амбасадор во Белград, Вилијам Монтгомери, за прв пат ги презентираше деталите за тоа како 5 октомври, кој беше планиран и спроведен, беше доведен до падот на Слободан Милошевиќ.Во книгата „Недипломски животи“, која наскоро ќе биде објавена,тој наведува дека во 2000 година, речиси никој не предвидувал дека Милошевиќ ќе ја изгуби власта навреме, пишува „Република.рс“. Специјаниот помошник на државниот секретар за балкански ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ синоќа покажа видео од први ноември минатата година направено неколку часа пред настрешницата на железничката станица во Нови Сад да падне. На снимката се гледа еден од лидерите на опозицијата Миша Бачулов како во кратки ракави се шета со мобилен телефон во рака. Бачулов живее во Нови Сад и речиси никогаш не користел воз туку во Белград патувал секогаш со автомобил ТВучиќ вели дека се уште не верува ...
Продолжува крвавиот судир меѓу црногорските криминални групи. 33-годишниот Бобан Сјеклоќа, истакнат член на Шкаљарскиот клан од Цетиње, беше пронајден мртов во автомобил „Голф“ со подгорички таблички кај плажата Трстено, во близина на Будва. Според информациите од Вишото државно обвинителство, убиството се случило во петокот околу 18 часот. Телото на Сјеклоќа го пронашле пожарникари кои добиле пријава дека возило излетало од патот. Како што ...
Европската комисија денеска најави проширување на програмата „Фабрички антени за вештачка интелигенција“ (АИФА) во седум земји членки и шест партнери на ЕУ, меѓу кои и во Македонија. Во соопштението се посочува дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска во Тирана најави проширувањето на фабриките за вештачка интелигенција во Македонија и Србија. Можам да објавам дека ќе ги отвориме нашите фабрики за вештачка ...
По иницијатива на грчката Влада, супермаркетите во Грција најавија намалување на цените на над 2.000 основни производи во просек за 8 отсто. Ова го објави генералниот директор на Сојузот на супермаркетите во Грција, Апостолос Петалас, по состанокот со министерот за развој, Такис Теодорикакис, јави агенцијата АНА-МПА. Иницијативата потекнува од Министерството за развој, а нејзината цел е да ги убеди трговските синџири да го намалат својот ...
Во 2024 година, 17,4% од населението на ЕУ се сметало за субјективно сиромашно, што е подобрување во однос на 19,1% регистрирани во 2023 година, обајави Евростат. Меѓу земјите на ЕУ, Грција има највисока стапка на луѓе кои се сметале за субјективно сиромашни (66,8%), по што следуваат Бугарија (37,4%) и Словачка (28,7%). На другиот крај од скалата, најниски стапки се пријавени во Холандија и Германија (и двете 7,3%) и Луксембург (8,5%). Гледајќи ...
Синоќа во тешка сообраќајна несреќа во Нов Белград загинаа три лица. Во несреќата загинаа Никола Ѓ. (24), државјанин на Босна и Херцеговина, сообраќајниот полицаец Бојан Живковиќ (43), неговата сопруга Дијана Каиш (38) и нивниот деветгодишен син. Сообраќајната несреќа се случила синоќа на раскрсницата на улиците Хероја са Кошара и Омладински бригади, во близина на кулата Запад 65 во Нов Белград. Досегашната истрага утврди дека осомничениот ...
По извинувањето до демонстрантите, српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека ќе се распишат предвремени избори, истакнувајќи дека сака да ја смири политичката клима и да покаже подготвеност за дијалог. За вчерашното одбележување на трагедијата во Нови Сад, кога пред една година по падот на надстрешница на железничката станица загинаа 16 луѓе, Вучиќ рече дека на комеморацијата присуствувале околу 40.000 граѓани, дека сè поминало „мирно и ...
Народните избраници го изгласаа Дополнетио предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, како и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за прекршоците. Со овој Предлог на закон се предвидува можност за примена на новите технологи (систем за детектирање преку технички средства и уреди за снимање) кои можат да бидат добра алатка за брзо и ефикасно детектирање на сообраќајните ...