Вчера во 18:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Рилски Конгрес“ во Скопје, по претходно недоразбирање во сообраќајот, едно лице кое управувало патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки удрило во мотоцикл управуван од Г.Н.(29) од скопско, кој паднал од ударот, а откако се подигнал, според пријавеното, возачот на возилото „пежо“ го придвижил возилото и неколку пати удрил во мотоциклот, како и во патничко возило „цитроен“ ...

Министерството за дигитална трансформација и ФИНКИ денес официјално го означија почетокот на проектот „Везилка“ – првиот Национален центар за вештачка интелигенција во Македонија, кој ќе претставува клучна национална инфраструктура за развој на знаење, иновации и примена на вештачката интелигенција. Проектот се реализира како стратешко партнерство меѓу Владата, Министерството за дигитална трансформација, академската заедница и Европската ...

Членката на Извршниот одбор на СДСМ, Симона Цветаноски, преку изјава за медиумите упати сериозни обвинувања до власта, тврдејќи дека поради административен хаос е загрозено здравјето на најмладите пациенти на Детската клиника. „Животот на децата со имунолошки болести е загрозен, поради административен и институционален хаос на власта на Мицкоски. Нема медицински кадар на Детската клиника. Распад на здравствениот систем кој не може ниту за ...

„Организирана криминална група постоеше во едно друго време, кога вие се сликавте и бевте дел со Чипсио, го пречекувавте во Прилеп, се дружевте итн. Вакви работи нема повеќе, вакви командири, вакви полициски службеници во МВР не постојат. Ова е едно време кога вие, и кога кралот на марихуаната царуваше во државата. Сега е друго време, на спроведување закони, реформи, следење европска агенда, работа во интерес на граѓаните“, истакна Пеце ...

Емилија Ангелова пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница се осврна на резултатите и мерките кои се превземени од страна на МВР за засилените сообраќајни контроли, за акциите против возење под дејство на алкохол и дроги, за санкционирање за безообѕирно возење, за борбата против организираниот криминал и поголема безбедност на граѓаните. „Јас сум за владеење на правото колешке, но не по селективна правда, тоа што не ...

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, презентирајќи ги резултатите од двегодишната работа на ресорот, порача дека реформите во образовниот систем ќе продолжат, но без да се загрозат работните места на наставниот кадар. Процесот на оптимизација на училишната мрежа и воведувањето на едносменска настава, која веќе се практикува во над 200 училишта, остануваат меѓу клучните приоритети. Јаневска појасни дека нема да има отпуштања на ...

Во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден на јавната администрација, министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Република Србија, Снежана Пауновиќ. На средбата беше потврден заедничкиот интерес за натамошно продлабочување на институционалната соработка и размена на искуства во областите од заемен интерес, особено во делот на ...

Пратеникот на СДСМ, Миле Талески, на собраниската седница за интерпелација на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски порача дека по сите скандали, безбедносни пропусти и трагедии во изминатите две години, Тошковски одамна требаше да си поднесе оставка. „Да имаше право и правна држава, да имаше Закон кој што важи за ВМРО, Панче Тошковски одамна ќе беше сменет. А да имаше морал, Панче Тошковски денес не требаше да биде предмет на ...

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска се обрати по повод промоцијата на проектот „Везилка“, со кој се воспоставува Националниот центар за вештачка интелигенција. Тој истакна дека станува збор за стратешко вложување во иднината и во потенцијалот на домашните научници, истражувачи, студенти и компании. „Повикувајќи се на вредноста на проектот, тој претставува вложување во иднината, во потенцијалот на македонските научници, истражувачи, студенти ...

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, од собраниската говорница одговори на интерпелацијата за неговата работа поднесена од политичката партија „Левица“. Тој истакна дека во изминатите две години е континуирано напаѓан од коалиција меѓу ДУИ, Левица и СДСМ. „Не се напаѓа оној што не работи, не се троши толкава енергија за оној што не менува, туку само за оној што менува нешто, а токму тоа и најмногу ве боли. Најбитно од се, вас ве ...

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривични пријави против пет физички лица: Б.Г., Г.Ф. во својство на надзорни инженери, и Е.Н., М.Г. и Н.М., сопственици и управители на две правни лица, како и против самите правни лица, за сторени кривични дела „Злоупотреба на службената положба и овластување“ од чл. 353 од КЗ на РСМ, ...

ВМРО-ДПМНЕ преку пратеникот Бране Петрушевски побара денеска реакција од лидерот на СДСМ, Венко Филипче, по објавувањето на дипломатската нота од страна на бугарските власти, со која, според партијата, директно се загрозува безбедноста на премиерот Христијан Мицкоски. „Специјалниот бугарски пратеник Филипче наместо молк, да го осуди преседанот во дипломатијата, откако преку неговите партнери од Бугарија излезе дипломатска нота со која се ...

Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, денес во своето излагање на собраниска седница се осврна на безбедноста при управување со електрични возила. Тој кажа дека во последните години, иако појавата на електричните возила донесе поголема мобилност, истовремено создаде и нови предизвици за безбедноста во сообраќајот. Затоа, како што вели тој, мерките од Предлог-законот за изменување и дополнување на законот за ...

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, денеска во 14:00 часот ќе одржи прес-конференција во просториите на Дирекцијата. Главна тема на прес-конференцијата ќе биде уништувањето на две хемиски гранати од 75 mm, кои содржат екстремно отровен боен отров. Станува збор за неексплодирани убојни средства (НУС) со хемиско полнење кои датираат од периодот на Првата светска војна. Покрај најавата за настанот, од ...

Западна Европа се соочува со екстремен топлотен бран кој веќе однесе повеќе од 40 животи во Франција, додека температурите во неколку региони се искачија над 40 степени Целзиусови. Главниот виновник за оваа состојба е атмосферскиот феномен познат како „омега блокада“. Оваа специфична конфигурација придонесува огромна маса на топол воздух да остане заробена над истата географска област со денови, со што се создаваат опасни температури и ...

На 89-годишна возраст денеска во Скопје почина Јован Павловски, истакнат македонски енциклопедист, поет, раскажувач, романописец, писател за најмладите и публицист. Павловски во три мандати ја извршуваше функцијата претседател на Друштвото на писателите на Македонија, а беше и член на Македонскиот ПЕН центар. Во својата богата кариера работеше како долгогодишен уредник на повеќе рубрики во весникот „Нова Македонија“, а беше и нејзин дописник ...

Вчера во 17:35 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.У.(43) од Скопје, лице со здравствени проблеми, постапувајќи по претходна пријава дека во с.Горно Оризари, скопско, предизвикал пожар во плевна со сено. Нема повредени лица, а Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. Вчера во 17:35 ...

Министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, денеска на прес-конференција во Владата презентираше отчет за двегодишната работа на Министерството за образование и наука (МОН). „Пред две години затекнавме катаклизма. Запревме понатамошен пад и со одговорно и посветено работење сега веќе го подигнуваме квалитетот на образованието и ја раздвижуваме науката“, истакна министерката Јаневска. Таа нагласи дека во изминатите две ...

Директорот на Центарот за управување со кризи, г-дин Мухамед Али, официјално го потпиша договорот за реализација на повеќегодишниот проект G10231 – „Интероперабилен систем за командување со инциденти управуван од вештачка интелигенција за прекуграничен одговор при кризни и итни состојби (NICS-2)“, кој се спроведува во рамки на НАТО програмата „Наука за мир и безбедност“ (Science for Peace and Security – SPS). По многу години, за првпат ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска одржа прес-конференција по повод две години од мандатот на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, на која ги презентираше клучните резултати и активности реализирани во изминатиот период. „Во изминатите две години работевме со јасна визија, јасни приоритети и една цел – посилна меѓународна позиција на државата, посилни партнерства и конкретни ...

Општина Центар ги обнови детските игралишта кај „Зебра“ во Капиштец и кај КАМ маркет во Дебар Маало, при што дотраените и оштетени реквизити се заменети со нови за да се обезбедат побезбедни и поквалитетни услови за игра и рекреација на децата. Градоначалникот Горан Герасимовски упати апел за зачувување на урбаната опрема , нагласувајќи дека јавниот простор е заедничка одговорност. „На барање на жителите побаравме засилено присуство на МВР на ...

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, денес оствари средба со фудбалерите и претставниците на Фудбалскиот клуб ”КУЛ”, по повод нивните одлични спортски резултати остварени во изминатата натпреварувачка сезона. Повод за средбата беше двојниот успех на клубот – шампионската титула во младинската категорија и пласманот на сениорската екипа во Третата фудбалска лига. Фудбалскиот клуб КУЛ ја одбележа сезоната со ...

УХМР ги измери температурите во 11 часот на територијата низ Македонија. Најтопло е во Велес, Гевгелија и Скопје со 30 степени. Најниска температура во 11 часот е измерена на Попова Шапка, 15 степени. Денеска се најавува нестабилно време со врнежи, грмежи и засилен ветер, поради влијание на циклон од југоисточниот дел на Балканот. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, на повеќе места ќе има дожд и електрични празнења, а ...

Три лица се пронајдени мртви во студентски дом во бугарскиот град Угарчин, јавуваат локалните медиуми. Жртвите во овој трагичен настан се две жени и еден маж. Според првичните информации, на настанот му претходел жесток конфликт меѓу неколку лица во објектот, кој наводно бил поврзан со нерасчистени лични односи и љубовен триаголник. Медиумите пренесуваат дека за време на расправијата, маж со криминално досие со нож нападнал возрасна жена и ...

Вработените во ЈУ Национален парк Пелистер спасија мала срна која била нападната. -Вработените во ЈУ Национален парк Пелистер Зоран Пројчевски – раководител на помошно-техничко одделение и ренџерот Неџип Сефедини спасија мала срна која беше нападната од куче бездомник. Подоцна со помош на емитирање на звуци малата срна беше повторно споена со својата мајка, напишаа од Националниот Парк. Вработените во ЈУ Национален парк Пелистер спасија ...

Образованието и науката се клучен двигател на развојот на државата, порача министерката за образование и наука Весна Јаневска на денешната прес-конференција во Владата, на која презентираше отчет за сработеното во изминатите две години. Таа истакна дека во изминатиот период се реализирани низа реформи насочени кон унапредување на условите во основното, средното и високото образование, како и во научно-истражувачката дејност, со цел ...

Ели Панова, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничка, во гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ се осврна на реформската агенда и посочи дека бројните закони коишто се носат во Собрание, а коишто се дел од реформската агенда, се закони кои го подобруваат квалитетот на живот на граѓаните. Таа додаде дека исплатените средства од страна на реформската агенда претставуваат признание дека ЕУ гледа дека државата има капацитет и е способна да ...

Цигарите во Германија би можеле драстично да поскапат во следните неколку години. Германското Министерство за финансии планира постепено зголемување на даноците на тутунот, пренесува германската новинска агенција ДПА. Според нацрт-законот во кој увид имала агенцијата, просечната цена на пакување од 20 цигари би можела да се зголеми од околу 8,80 евра во 2027 година на околу 11,40 евра до 2030 година. Како дел од овие измени, даночната ...

УХМР издаде метео аларм за локално невреме низ Македонија. Се најавува нестабилно време со врнежи, грмежи и засилен ветер, поради влијание на циклон од југоисточниот дел на Балканот. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, на повеќе места ќе има дожд и електрични празнења, а локално се можни и поинтензивни атмосферски процеси проследени со обилни врнежи, силни налети на ветер и појава на град. Утринските температури ќе се ...

На 23.06.2026 во 16:25 часот, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода К.И.(37) од Кочани. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. На 23.06.2026 во 16:25 часот, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода К.И.(37) од Кочани. При претрес ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
0.68
34%
1019
weather icon

Белград

22ᴼ / 22ᴼ
2.9
55%
1021
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
2.4
60%
1024
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
0.54
41%
1019
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
1.0
39%
1018
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 20ᴼ
0.96
81%
1024
weather icon

Атина

31ᴼ / 28ᴼ
4.47
36%
1013
weather icon

Тирана

30ᴼ / 30ᴼ
1.2
36%
1015
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
3.58
35%
1017
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 24ᴼ
5.81
59%
1019
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 20ᴼ
0.89
48%
1024
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 26ᴼ
4.98
76%
1015
Currency

61.5217

Currency

53.3095

Currency

71.9016

Currency

37.6328

Currency

38.2957

Currency

65.7252

Currency

7.903

Currency

0.64661

Currency

0.3348

Currency

0.52421

Currency

1.11625

Currency

0.55894

Паладиум

43596.41

Платина

56263.81

Цинк

0.00

Бакар

13.39

Злато

141562.95

Родиум

278907.73

Сребро

2099.49

Калај

55.56

Кобалт

56.29

Алуминиум

3.36

Рутениум

53852.50

Иридиум

252383.36