Портпаролката и членка на Извршниот одбор на СДСМ, Богданка Кузеска, на денешната прес-конференција упати серија обвинувања по повод две години од доаѓањето на Христијан Мицкоски и неговата коалиција на власт. Од опозициската партија обвинуваат дека во овој период граѓаните не виделе реализација на ветените проекти, туку се соочуваат со уназадување на стандардот. „Две години во кои граѓаните наместо резултати добија лаги, дефокус и закани. ...

Продолжува информативниот караван за презентација на мерките од Оперативниот план за вработување за 2026 година, денес средби во Куманово, Гевгелија и Кавадарци. Во Куманово пред поголем број заинтересирани невработени лица се дискутираше за можностите, деталите и начинот за аплицирање на трите јавни повици од мерката за самовработување (претприемништво). Заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески се осврна за мерките во ...

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на денешната прес-конференција упати остри критики до лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го за молк по објавувањето на документот со чувствителни информации од страна на Бугарија. Петрушевски истакна дека по дипломатскиот преседан со кој беа загрозени безбедносните информации за претседателот Христијан Мицкоски и неговото семејство, јавноста очекувала јасна осуда и извинување ...

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во интервју за емисијата „Вин-Вин“ на телевизија Телма, посочи дека новата програмска рамка на СДСМ е поставена инклузивно и дека во неа се издвоени неколку клучни сфери кои се од интерес на граѓаните и на кои следната влада ќе треба да им посвети најголемо внимание. „Процесот на подготовка на програмската рамка беше работен многу инклузивно. Идентификувавме неколку главни теми, околу кои што сметам ...

Вчера во 12:00 часот во Полициското одделение Теарце било пријавено дека настанал пожар на нива на регионалниот пат Тетово–Јажинце, во атарот на село Теарце, при што била опожарена сува трева. Пожарот бил целосно локализиран од екипа на Територијалната противпожарна единица Тетово. По преземени мерки од полициски службеници било констатирано дека пожарот го предизвикал Г.Ц.(55) од с.Теарце. Тој е лишен од слобода поради сомневање за сторено ...

Утрово во осум часот во ОВР – Неготино било пријавено дека на автопатот Демир Капија – Гевгелија, после тунел Т-2, П.З., 58-годишник од Република Србија, управувајќи товарно возило „мерцедес“ со приколка со српски национални ознаки, изгубил контрола и приколката се превртела на коловозот. Во несреќата настанала само материјална штета – рекоа од СВР – Велес. Оттаму додадоа дека увид извршила увидна екипа од ОВР – Неготино. За време на увидот, ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ предизвика големо внимание во јавноста со презентацијата на два нови роботи, наречени Милутин и Драгутин, кои се облечени во автентична српска национална носија и со традиционална шајкача на главите. Овие современи технолошки изуми веднаш станаа главна атракција откако пред присутните ја демонстрираа својата специјална програма – традиционалното српско оро „Моравац“. Српскиот претседател ја искористи оваа ...

Времето утре сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне, претежно во планинските региони ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопшти УХМР. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Под влијание на топла воздушна маса од југ до средината на следната седмица времето ќе ...

Десетици граѓани упаднаа во неколку продавници кои беа уништени во двата разорни земјотреси што ја погодија Венецуела, по кои следуваа уште триесет последователни потреси. Качувајќи се на покривите на урнатините и движејќи се низ уништените улици, групи луѓе влегоа во објектите во Ла Гваира за да земат храна, лекови, но и бела техника и апарати за домаќинство, пишува венецуелскиот „Ефекто Кокујо“. Еден од ограбените објекти беше и познатиот ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервјуто за „Вин-Вин“ на Телма рече дека Владата на Христијан Мицкоски намерно ги манипулира граѓаните околу европскиот процес, ширејќи стравови наместо да работи за државните интереси, стои во партиското соопштение. Филипче истакна дека власта свесно ги искривува фактите од преговарачката рамка и европските документи, претставувајќи ги како закана наместо како можност за Македонија. „Ги толкуваат ...

Грчката влада воведува финансиски поттик за рибарите кои ќе ја ловат инвазивната риба лагоцефалос, позната и како „зајачка усна“, во обид да го намали нејзиното ширење и да го заштити морскиот екосистем. За секој уловен килограм од оваа риба ќе се исплаќа субвенција од 5,33 евра. Мерката ја најави министерот за рурален развој и храна, Маргаритис Схинас, по состанокот со претставници на рибарските организации, нагласувајќи дека грчкото ...

Германски лекар призна за убиствата на 12 пациенти, речиси една година откако започна неговото судење во Берлинскиот регионален суд. 40-годишниот лекар за палијативна нега првично е обвинет за убиство на вкупно 15 пациенти – 12 жени и тројца мажи – во периодот помеѓу септември 2021 и јули 2024 година. Според обвинението, тој на жртвите, на возраст меѓу 25 и 87 години, им давал смртоносна мешавина од разни лекови додека работел за служба за ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има мали услови за локална ...

Масовна тепачка на хотелски базен: Девојка (13) удрена со тупаница во лицето, скршен нос Девојка (13) од Велика Британија била удрена со тупаница во лицето за време на масовна тепачка на хотелски базен, при што ѝ бил скршен носот и завршила во болница. Ужасни крици можело да се слушнат покрај базенот додека десетици туристи скокнале да ѝ помогнат на тинејџерката, објави „Сан“. На шокантната снимка, толпи туристи натопени со сонце се гледаат ...

Бројот на жртвите по двата катастрофални земјотреси што ја погодија Венецуела се зголеми на најмалку 235 лица, додека спасувачките екипи неуморно трагаат по преживеани под урнатините. Според официјалните податоци, околу 4.300 лица се повредени, а десетици илјади сè уште се водат како исчезнати. Министерот за здравство, Карлос Алварадо, соопшти дека во болниците низ земјата веќе се хоспитализирани повеќе од 1.500 повредени граѓани. ...

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева во гостување на емисијата „Анализа’’ на Телевизија 24, се осврна на случувањата на собраниската седница за пратенички прашања, каде што како што напомена, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, одговори на поставено прашање на пратеникот Венко Филипче во однос на тоа дали се чувствува виновен за одредени политики, премиерот јасно и децидно кажа дека се чувствува виновен за тоа што луѓето како ...

Европа се затоплува побрзо од остатокот од светот, а топлотните бранови стануваат сè почести, подолги и поинтензивни. Директорот на Хрватскиот државен хидрометеоролошки институт (ДХМЗ), Иван Гитлер, предупреди дека во иднина нè очекуваат уште потопли лета. Во гостувањето на Дневник Нова ТВ, тој образложи како климатските промени влијаат врз секојдневието и што може да се направи за да се подобри животот во градовите. „Иако климатските промени ...

Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ) издаде низа итни предупредувања поради силен топлотен бран што во наредните денови ќе ја зафати земјата. Според најновите прогнози, се очекува период на екстремно високи температури кои ќе се движат од 32 степени на почетокот на бранот, до критични 39 степени за време на викендот и почетокот на следната недела. Особено изразено ќе биде во областа на Белград од 26 јуни до 2 јули, каде покрај топлите ...

Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, на Фејсбук објави дека општината започнала со настава без мобилни телефони за повеќе внимание и знаење. -Нашата цел е училиштето да биде место каде што учениците ќе бидат целосно посветени на знаењето, наставата и својот личен развој. Токму затоа, во сите општински основни училишта на територијата на општина Гази Баба успешно се реализира наставата без користење на мобилни телефони за време на ...

Премиерот Христијан Мицкоски се обрати на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук, каде напиша дека знае дека некој не сака да ја гледа државата успешна, споделувајќи видео од неговото обраќање вчера, во македонското Собрание. -Јас знам дека некој не сака да ја гледа успешна Македонија, не сака да ја гледа консолидирана, не сака да ја гледа како си ги завршува своите обврски и прави реформи. Прва е во Европската агенда за испорака во ...

Вчера (25.06.2026) околу 18:00 часот во Кочани полициски службеници од Мобилниот тим при Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции, сопреле патничко моторно возило „Опел“ со кочански регистарски ознаки управувано од Р.А.(37) од Кочани. При извршената контрола било констатирано дека лицето не поседува возачка дозвола а при преглед на возилото биле пронајдени 1.848 парчиња брендирана роба (маици, ...

Тендер коалицијата на Христијан Мицкоски се распаѓа пред очите на граѓаните. Наместо Влада којашто работи за интересот на граѓаните гледаме отворена тепачка за фотелји, позиции и бизниси, која се заканува да премине во вистинска војна меѓу криминалните кланови, стои во соопштението од СДСМ. ЗНАМ, партијата која беше создадена и финансирана од Мицкоски, повеќе не постои. Преостанати се само двајца – Максим Димитриевски и Горан Минчев, кои сега ...

Бројот на жртви од двата последователни силни земјотреси што ја погодија Венецуела се зголеми на најмалку 188, изјави денеска претседателот на Националното собрание на Венецуела, Хорхе Родригез. Според најновите податоци од веб-страницата каде што се пријавуваат исчезнати лица по земјотресот, речиси 40.000 луѓе се пријавени како исчезнати, пренесува Скај њуз. Родригез соопшти дека 1.520 повредени лица се веќе хоспитализирани, додека околу 200 ...

Министерството за образование и наука го распиша Конкурсот за доделување на стипендии „Борис Трајковски“ за студии од втор циклус во рамки на Паневропската извршна МБА-програма на Универзитетот Јорк за академската 2026/2027 година. Конкурсот предвидува 20 стипендии за вонредни двегодишни студии со двојна диплома од Универзитетот Јорк и Универзитетот во Стразбур, кои се реализираат на Европскиот кампус на Универзитетот Јорк во Солун. ...

Алекса Тешин (21) од Кикинда почина во Универзитетскиот клинички центар на Војводина во Нови Сад. И покрај напорите на лекарите да му го спасат животот, младиот маж кој по тешката сообраќајна несреќа со мотоцикл на 18 јуни веднаш беше префрлен од болницата во Кикинда во оваа здравствена установа, им подлегнал на повредите речиси една недела подоцна. Несреќата се случила на патниот правец меѓу Кикинда и Башаид, во близина на спортскиот ...

Уште еден тропски ден ја чека Македонија, но и цел регион. Според информациите од српските медиуми, топла воздушна маса од Западна Европа го шири своето влијание кон исток и ќе го зафати и нашето подрачје. Од денеска се очекува тропски бран со температури повисоки од 35 степени. Поради високите температури, Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ) за денеска активираше портокалов и жолт метеоаларм. Температурата низ целата земја ќе ...

Објавувањето на доверлива дипломатска комуникација од страна на Бугарија е скандал без преседан и директен удар врз безбедноста и достоинството на Македонија. Тоа е сериозен дипломатски скандал и чин кој отвора низа прашања за одговорноста, професионалноста и почитувањето на меѓудржавните односи, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Бугарското МНР тврди дека документот е за далечното минато, но без разлика на обидите на бугарското ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју на МРТ по повод две години од мандатот на владата, истакна дека позади провокациите кои се случија изминатиот период станува збор за организирана бугарска кампања во нашата држава, кои имаат за цел промоција неприфатливи работи, преку еден или двајца политички ликови, се вели во соопштението од Владата. „Ниски страсти и организирана кампања која овој период е забележлива. Ние сме ...

Од Шпанија и Франција до Италија, Германија и Велика Британија, екстремните температури го нарушуваат секојдневниот живот на милиони луѓе, а последиците веќе се чувствуваат низ целиот континент. Најтешко погодена е Шпанија, каде што националниот систем за следење на смртноста проценува дека дури 212 смртни случаи во изминатите денови можат да се поврзат со екстремната жештина. Во многу региони температурите надминуваат 40 целзиусови степени, ...

Малолетниот М.М., кој на 13-годишна возраст го уби својот другар Андреј Симиќ, на 26 јуни ќе сведочи преку видеоврска пред Вишиот суд во Ниш. Кривично неодговорниот малолетник М.М., кој како 13-годишник го уби својот соученик Андреј Симиќ (13) во семејната куќа во Нишка Бања, на 26 јуни ќе биде сослушан пред Вишиот суд во Ниш во судскиот процес против неговите родители, М.М. и М.М.М., кои се обвинети за тешко дело против општата безбедност и ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
0.95
50%
1018
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
6.0
55%
1019
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
1.79
73%
1023
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
0.51
55%
1019
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
0.64
56%
1017
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 17ᴼ
0.5
93%
1023
weather icon

Атина

25ᴼ / 25ᴼ
3.67
38%
1012
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
1.97
49%
1015
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
4.17
39%
1016
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 22ᴼ
5.81
61%
1019
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 17ᴼ
2.24
54%
1023
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
3.02
100%
1015
Currency

61.5217

Currency

53.3095

Currency

71.9016

Currency

37.6328

Currency

38.2957

Currency

65.7252

Currency

7.903

Currency

0.64661

Currency

0.3348

Currency

0.52421

Currency

1.11625

Currency

0.55894

Родиум

278103.96

Алуминиум

3.34

Рутениум

53852.50

Бакар

13.36

Платина

56328.11

Злато

141498.65

Кобалт

56.29

Цинк

0.00

Калај

56.16

Сребро

2102.98

Паладиум

43853.62

Иридиум

252383.36