Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Франција стана првата земја надвор од африканскиот континент која потврди случај на инфекција со вирусот ебола на своја територија, откако опасната болест е дијагностицирана кај лекар кој неодамна престојувал во Демократска Република Конго. Претходните сомнителни случаи во Бразил и Италија не беа потврдени од тамошните власти. Епидемијата, која во помал степен ја погоди и Уганда, е предизвикана од редок сој на вирусот познат како „Бундибуџо“, ...
На територијата на државата до 18 часот се регистрирани вкупно девет пожари на отворен простор. Од нив, еден пожар е активен, еден пожар е ставен под контрола, а седум пожари се изгаснати. Како што соопшти Центарот за управување со кризи, активен пожар има во Штип каде што гори депонија, а под контрола е ставен пожар во општините Свети Николе и Лозово – село Делисинци и село Сарамзалино каде што гори ниска вегетација. Изгаснати се пожарите во ...
Бебе од Велика Британија ја изгуби битката за живот во болница, откако неколку дена помина на интензивна нега по извлекување од хотелски базен на Канарските Острови. Инцидентот се случил во раните утрински часови на 15 јуни во станбен комплекс во Лахарес, село во северниот дел на Фуертевентура, каде девојчето било пронајдено како плови во водата. На местото на настанот била извршена реанимација поради срцев удар, по што детето со хеликоптер ...
Вработени во ЈУ Национален парк „Пелистер“ Битола спасија срнче на планината Баба, нападнато од куче бездомник. Од ЈУ Национален парк „Пелистер“ соопштија дека Зоран Пројчевски, раководител на помошно-техничко одделение и ренџерот Неџип Сефедини спасиле мала срна која била нападната од куче бездомник, а подоцна со помош на емитирање на звуци малата срна повторно е вратена кај својата мајка срна. Хуманите акции и активности на вработените од ...
Бране Петрушевски, пратеник во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва гостуваше во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија, при што се осврна на односите на Република Македонија со источниот сосед Бугарија како и случувањата поврзани со јавно споделената дипломатска нота во која беа содржани информации за патувањето на членовите на најтесниот круг на семејството на премиерот Мицкоски, кое како што рече Петрушевски претставува ...
Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски го посетил MUNI EXPO во Тел Авив, еден од најзначајните меѓународни настани посветени на локалната самоуправа, паметните градови, урбаните иновации и современото управување со кризи. На настанот, на кој бил заедно со градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, присуствувале претставници на градови од светот, општини, институции и компании со можност да разменуваат искуства за тоа како локалната власт може ...
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски во гостување на МРТ Радио Скопје, упати критики кон лидерот на СДС, Венко Филипче, обвинувајќи го дека бара уставни измени без обезбедени гаранции и дека таквиот пристап е спротивен на националните интереси. „Венко Филипче бара уставни измени без гаранции, затоа што тој смета дека доколку слугува на туѓи држави, на туѓи влади, дека така може да дојде на власт, а ние како ВМРО-ДПМНЕ внимателно ги ...
Собранието не ја прифати интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, поднесена од Левица, откако по завршениот претрес 77 пратеници гласаа, од кои 58 беа против, а 19 за. Пратеникот на Левица, Амар Мециновиќ, сумирајќи ја интерпелацијата оцени дека „Република Северна Македонија е небезбедна држава поради нејзиното Министерство за внатрешни работи“ и дека „апаратот за обезбедување на граѓаните не функционира ...
Благица Ласовска, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница во Собранието најнапред истакна дека во самата интерпелација наместо да бидат изнесени факти и бројки, во истата се содржани лични навреди и претпоставки, како и обид за лична дискредитација на министерот при што се замешани и делови од неговото семејство. Ласовска во продолжение образложи дека интерпелацијата за министерот Тошковски не е основана и истата не треба да ...
Екстрадирано лице од Србија барано по меѓународна потерница. Денеска (24.06.2026) од Република Србија во нашата земја екстрадиран е Саит Саитов (19) од Скопје, кој беше баран со меѓународна потерница поради основано сомнение за сторени кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, како и „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“ за кривично правен настан кој се случил во Скопје на 09.01.2026 година. ...
Министерот за здравство, Азир Алиу, заедно со еврокомесарот за здравство, Оливер Вархеј, денеска во Брисел го потпишаа договорот за учество на Република Северна Македонија во програмата EU4Health, најголемата програма на Европската Унија во областа на здравството. На свеченото потпишување, министерот Алиу истакна дека пристапувањето кон EU4Health претставува значаен чекор во европската интеграција на македонското здравство и потврда дека ...
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски во гостување на МРТ Радио Скопје, оцени дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатите две години успеала да ја стабилизира државата и да постави основа за економски раст, инфраструктурен развој и технолошка модернизација. „Точно две години ВМРО-ДПМНЕ ја предводи Владата на Република Македонија и претседателот Мицкоски. Ако паметиме како започнавме, од еден хаос, од едно безредие, од празни ...
Бугарскиот амбасадор повикан во македонското МНР. Дипломатската нота која излезе во јавноста за патувањето на сопругата на премиерот Мицкоски и неговиот син во Пампорово, Бугарија отвори нова тензична епизода во односите меѓу Скопје и Софија. Министерот Муцунски побарал објаснување од бугарските власти како безбедносен документ со лични податоци и доверливи информации протекол во јавноста. Конкретниот случај го оцени како сериозен безбедносен ...
На денешната собраниска седница се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јамалов кој истакна дека резултатите на Министерството за внатрешни работи во изминатиот период покажуваат значителен напредок во борбата против криминалот и корупцијата, оценувајќи дека поднесената интерпелација нема основа во реалните показатели. -Кога ќе ги погледнеме резултатите на Министерството за внатрешни работи за 2024, 2025 и 2026 една ...
Пратеникот на Левица, Борислав Крмов, во рамки на собраниската расправа за интерпелацијата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, упати серија критики кон Министерството за внатрешни работи, обвинувајќи го за системско непостапување во случаи на насилство врз жени. Крмов како еден од најсериозните примери го посочи случајот со советничката на Левица во Град Скопје, Евгенија Станковска, за која рече дека била мета на организирана ...
Град Скопје претстојниов викенд ќе ја реализира редовната авионска дезинсекција на подрачјето на главниот град со цел уништување на возрасните форми на комарци. Акцијата на терен ќе се одвива во текот на двата дена од викендот, односно во раните утрински часови кога фреквенцијата на движење е најмала. „Градот Скопје ги известува граѓаните дека претстојниов викенд, односно на 27.06.2026 година (сабота) и на 28.06.2026 година (недела), во ...
Силен топлотен бран ја погоди Европа, а неговиот врв во регионот, поточно во Хрватска, допрва се очекува во наредните денови. Метеоролошките прилики се под влијание на специфична антициклонска омега ситуација, карактеризирана со длабок циклон над Атлантикот и друг источно од Балтикот, која донесе продор на топол и сув африкански воздух. Ветровите на голема надморска височина од север и североисток повремено носат помали количини на влажен ...
Во пресрет на вечерашното отворање на „Струшките вечери на поезијата“, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими Луис Гарсија Монтеро, директор на Институтот „Сервантес“ и истакнат шпански поет, придружуван од Рафаел Сориано Ортиз, амбасадор на Шпанија во Скопје. Во својство на покровителка на фестивалот, таа истакна дека шпанската поезија има посебно место во неговата историја, потсетувајќи на учеството на Рафаел Алберти во 1978 ...
Тетовската полиција вчера уапси малолетник од тетовско Порој кој возел во спротивна насока, па избегал од полицијата. Бегал низ улиците, а на паркинг удрил во полициско „јети“ со својот џип. – Претходно, во периодот од 03:00 до 04:00 часот на ул.„Ѓоце Стојчевски“ во Тетово, полициски службеници забележале патничко возило „џип“ со битолски регистарски ознаки како се движи во спротивна насока. Возачот не застанал на даден знак за запирање, туку ...
Пратеникот на СДСМ, Благој Бочварски, во денешната собраниска расправа за интерпелацијата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, оцени дека по две години мандат ветувањата за професионална полиција, реформи и поголема безбедност останале само празни зборови. „Министерот Тошковски на самиот почеток на мандатот ветуваше професионална и ефикасна полиција, реформи, зголемување на безбедноста и довербата на граѓаните. Понатаму ...
Управата за хидрометеоролошки работи регистрираше сериозна дестабилизација на времето на повеќе локации во земјата, каде попладнево се развиваат силни облачни маси. Првиот бран веќе донесе влошување на временските услови на југот и на истокот. „Гевгелиско зафатено со невреме. Штипскиот регион зафатен со нестабилна облачна маса“. Истовремено, радарските софтверски системи на метеоролошката служба лоцираа ново брзо активирање на облачноста во ...
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) попладнево издаде итно предупредување за дестабилизација на времето во неколку региони низ државата, каде веќе се регистрирани интензивни врнежи и силен ветер. Најкритична е состојбата во југоисточниот дел на земјата, каде покрај поројните дождови, падна и град. „Струмица и околината зафатена од нестабилна облачна маса проследена со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и појава на град“, соопштуваат ...
Тешка несреќа ја потресе белградската општина Грочка, откако едно и полгодишно машко дете се здоби со повреди опасни по живот откако било прегазено со трактор во дворот од семејната куќа. Несреќата се случила вчера во попладневните часови во населбата Бегаљица. Според првичните информации, членовите на семејството го палеле возилото со намера да закачат приклучна шина, кога детето се нашло до тешките тркала. Таткото и дедото биле присутни во ...
На територијата на државата до 14:30 часот се регистрирани вкупно пет пожари на отворен простор. Од нив, три пожари се активни, еден е ставен под контрола, а два пожари се изгаснати. Како што соопшти ЦУК, активни пожари има: во Општина Демир Хисар – с. Обедник каде гори ниска вегетација, во Општина Куманово – населба Перо Чучо каде се зафатени бандери и дрвја, и во Општина Илинден – с. Јурумлери запален е кабаст отпад. Под контрола е ставен ...
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конферениција нагласи дека изјавите на Мицкоски за вториот пензиски столб отворија сериозна загриженост кај граѓаните кои со години издвојуваат средства за својата пензиска иднина. Филипче, предупреди дека контрадикторните ставови на премиерот создаваат неизвесност и страв кај и побара власта да одговори дали е загрозен Вториот пензиски столб и дали поради немање пари во буџетот ќе ...
Шеесет и шестгодишна адвокатка од Куманово вчера попладне била пронајдена без знаци на живот во просториите на нејзината адвокатска канцеларија. Од Секторот за внатрешни работи Куманово информираат дека случајот во полициската станица бил пријавен на 23 јуни 2026 година во 12:23 часот. „Во СВР Куманово било пријавено дека во сопствената адвокатска канцеларија во Куманово е пронајдена почината С.З.П.(66) од Куманово“, соопштија од полицијата. ...
На 24.06.2026 во 08:20 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода П.П.(48) од Струмица, постапувајќи по претходна пријава од неговата 43-годишна поранешна партнерка дека на 23.06.2026 околу 23:00 часот во двор од нејзината семејна куќа, по кратка расправија, физички ја нападнал. Според пријавеното, тој подолг период психички и физички ја малтретирал и ѝ упатувал закани. На 23.06.2026 во 16:30 часот, полициски ...
Утрово во 03:40 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода К.Ш.(18) од Велес, постапувајќи по пријава дека ја држел во неговиот дом неговата 18-годишна партнерка од село во виничко, ѝ се заканувал и не ѝ дозволувал да го напушти домот. Известени биле јавен обвинител и Центар за социјални работи Велес. Утрово во 03:40 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода К.Ш.(18) од Велес, ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 13 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив 11 управувале возило без возачка дозвола (двајца малолетници), а две лица возеле под дејство на алкохол. Четири лица во Скопје (еден малолетник) управувале возило без возачка дозвола, по две лица во Тетово (еден малолетник) и Куманово и по едно лице во Гостивар, Кочани и Прилеп возеле ...
Времето утре во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност, проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пороен дожд, засилен ветер и појава на град, соопшти УХМР. Во петок во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност, проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пороен дожд, засилен ...