Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска, денеска на прес-конференција ја обвини опозициската СДСМ дека води политика на деструкција и калкулации наместо да даде поддршка за клучните закони од Реформската агенда за ЕУ. Според неа, додека СДСМ постојано зборува за европскиот пат на прес-конференции, нивните пратеници одбиваат да гласаат во собраниските сали кога реформските закони се ставени на дневен ред. Василевска ги објави ...

Вкупно 120.000 сообраќајни прекршоци се регистрирани преку системот „Безбеден град“ во периодот од 2 февруари до 22 јуни 2026 година. Најголемиот дел од нив, односно над 95 проценти, се за пречекорување на брзината. Ова го соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во својот последен отчет, нагласувајќи дека новата технологија веќе придонела за намалување на бројот на загинати во сообраќајот за 40 отсто. Наместо 55 жртви лани, во ...

Македонија и Албанија денеска ќе го официјализираат договорот за воспоставување заеднички гранични премини, со што комплетно се заокружува системот „One Stop“ со соседните земји кои се надвор од Шенген зоната. Оваа информација ја соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во рамки на презентацијата на отчетот за сработеното во изминатиот период. Министерот Тошковски во својата изјава потенцираше: „Денеска потпишуваме договор со ...

Поранешната депонија Вардариште, која со децении важеше за една од најголемите еколошки црни точки во Скопје, се наоѓа во фаза на интензивно одгасување и санација. Процесот се одвива со одлична динамика и согласно предвидениот проект, информираше градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Според неговите информации, на теренот веќе интензивно се поставуваат цевки, шахти и целокупната потребна инфраструктура, како дел од системскиот ...

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска одржа прес-конференција на која даде отчет за реализираните активности, проекти и реформи на Министерството за дигитална трансформација во изминатите две години. Во своето обраќање, министерот Андоновски истакна дека отчетот не е само приказ на бројки, системи и закони, туку показател за тоа дали државата станува подостапна, поефикасна и поправедна за граѓаните. „Кога ...

Вчера во 17:50 часот во СВР Битола e пријавено дека на магистралниот пат Градско – Прилеп, кај с.Ореовец, товарно возило „мерцедес” со приклучно возило, со битолски регистарски ознаки, управувано од С.А.(58) од Битола, излетало од патот. Во несреќата починал С.А., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Прилеп. По наредба на јавен обвинител, телото е предадено за обдукција, а увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола. Вчера ...

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен правец, соопшти УХМР. Под влијание на топла воздушна маса од југ до средината на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе достигне до 39°C. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови. Од ...

Високи температури се регистрирани на територијата на целата држава уште во претпладневните часови, покажуваат официјалните податоци од мерните станици за денешниот ден, 27.06.2026 година. Според мерењата во 09:00 часот по UTC (односно 11:00 часот по локално време), највисока температура е измерена во Велес, каде живата во термометарот се искачи до 33.3 степени. Веднаш зад Велес се наоѓа Гевгелија со измерени 32.9 степени, како и Скопје каде ...

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја известува јавноста дека согласно насоките од Владата како и барањата од корисниците на шумите – ЈП „Национални шуми“ и Националните паркови кои управуваат со заштитените подрачја, даде согласност за воведување на целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште. Согласност се издава согласно членот 57, став 3 од Законот за шумите, поради зголемена опасност и превенирање од ...

Претседателот на Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ), Трајче Сточјевски, денеска на прес-конференција обвини за класичен партиски реваншизам и притисоци врз младите во институциите. Сточјевски изјави дека лично се соочил со рестриктивни мерки поради неговите јавни политички ставови и критички однос кон извршната власт. „Криминалната организацијата на власт сака да ме замолчи мене, да ги замолчи младите, да ги замолчи сите што ...

Министерот за здравство, Азир Алиу, на јавната панел-дискусија посветена на органодарителството, која вчера се одржа во Гостивар, ги презентираше системските мерки и политики што се спроведуваат за унапредување на органодарителството во државата. „Особено ми значи што денес за органодарителството зборуваме токму во Гостивар, во мојот роден град. Постојат теми кои не бараат само политика, туку и човечност, доверба и морална зрелост на ...

Владата го усвои новиот Закон за оружје, кој претставува дел од предвидената Реформска агенда на државата, соопштија од Министерството за внатрешни работи. Со новите законски измени се предвидува значително поедноставување на административните постапки, проширување на роковите и воведување нови електронски услуги за граѓаните. Министерството за внатрешни работи соопшти дека клучните промени се насочени кон поголема безбедност, побрзи услуги и ...

Македонија бележи намалување на вкупниот криминалитет и постигната е вкупна ефикасност од 69 проценти во расчистувањето на делата, соопшти денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во отчетот за сработеното во изминатите две години. Според првиот човек на МВР, во изминатиот период се сузбиени над 30 организирани криминални групи кои дејствувале во различни области, вклучително и корупцијата, каде е забележан сериозен напредок. ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски утрово даде детален отчет за сработеното во изминатите две години, потенцирајќи ги институционалните реформи и безбедносните резултати. Настанот се одржа во Центарот за обука во Идризово, каде министерот се осврна на сите клучни сегменти од полициското работење во неговиот мандат. Тошковски напомена дека МВР во овој период значително ги зајакнало капацитетите и ја унапредило борбата против ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне, претежно во планинските региони ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринските температури се движеа во интервал од 12 до 20, а максималната дневна ќе достигне од 30 до 38 степени. Во Скопје и околината ...

Откако ЗНАМ се распадна и повеќе не постои како функционална структура, Христијан Мицкоски веќе работи на создавање на нов сателит, велат од СДСМ. „Последните двајца преостанати во ЗНАМ – Горан Минчев и Максим Димитриевски сега се борат за фотелји. Кога и таа последна битка ќе заврши, бидејќи можеби и нема да останат во Владата, Мицкоски ќе остане без инструментот што го користеше за да го ослабне опозицискиот блок. Затоа веќе започнува со ...

СДС и ДУИ и од опозиција не придонесуваат никако за реформските процеси и со своите постапки продолжуваат да ги блокираат законските решенија кои се дел од Реформската агенда, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „На СДС и ДУИ треба да им биде јасно дека станува збор за реформи кои се во интерес на граѓаните и на државата, а не за партиски прашања. Затоа е јасно дека со ваквото однесување СДС и ДУИ не и мислат добро на Македонија, а граѓаните тоа добро го ...

Едно лице го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што вечерва се случи на превојот Плетвар, кога се превртел камион со битолски регистарски таблички. Според првичните информации, несреќата се случила околу 18 часот на патниот правец Прилеп–Градско, кај селото Ореовец. Потврда за смртниот случај пристигна од Итната медицинска помош од Битола. Поради несреќата, сообраќајот на овој патен правец е во целосен прекин, а на терен се формирани ...

Вчера во раните утрински часови во скопската населба Бутел биле опожарени две патнички возила – „пасат“ и „мерцедес“, а едното од нив е во сопственост на скопскиот адвокат Асмир Алиспахиќ. Полицијата работи на расчистување на случајот, додека сопствениците засега не знаат кој стои зад инцидентот. „На 25.06.2026 година, околу 02:20 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Бутел се опожарени две возила – „пасат“ со скопски ...

Судот во Виена го осуди 56-годишниот хрватски државјанин на 12 години затвор за бруталното убиство на Србинот Мирко Вереш (49). Трагичниот инцидент се случил во стан во виенската населба Леополдштат, откако обвинетиот „изгубил трпение“ за време на жестока расправија за политика. Настанот се случил на 29 ноември 2025 година, по неколкучасовно конзумирање алкохол во станот на нивна заедничка пријателка, исто така српска државјанка (46), која ...

-СДСМ БЛОКИРА ЗАКОНИ ОД РЕФОРМСКА АГЕНДА. Нема да дозволиме да се закочат реформските закони што значат напредок на државата и исполнување на обврските побарани од Европската комисија – токму оние реформи што вие не успеавте да ги реализирате изминатите седум години. СО ВАША ОПСТРУКЦИЈА ИЛИ БЕЗ НЕА, ОВИЕ ЗАКОНИ ЌЕ БИДАТ ДОНЕСЕНИ! МАКЕДОНИЈА ПОВЕЌЕ НЕМА ДА БИДЕ ЗАЛОЖНИК НА ВАШИТЕ ПОЛИТИЧКИ БЛОКАДИ И НЕСПОСОБНОСТ! Во моментот е 22:10 часот, а ...

Војната „никогаш не е благословена од Бога“, истакна денеска папата Лав Четиринаесетти на отворањето на состанокот на кардинали од целиот свет, нагласувајќи дека Католичката црква носи пророчка порака за мир во светот опустошен од конфликти. Папата ги повика кардиналите на дводневниот состанок како одговор на нивното барање да бидат консултирани почесто отколку за време на 12-годишниот понтификат на папата Франциск, кој имаше наклонетост да ...

Во голема меѓународна полициска акција издадени се налози за апсење на 10 лица, припадници на моќна криминална структура за шверц на кокаин. Меѓу клучните осомничени е Сокол Бибај (43), кој во земјава е познат од аферата „Двојник“ со нелегално издавање македонски пасоши. Криминалната група дејствувала во периодот од 2019 до 2021 година, организирајќи транспорт на кокаин од Еквадор и Колумбија кон европските пазари, главно преку пристаништата ...

Воспоставен е комуникациски канал меѓу Иран и САД за да се спречат воени инциденти во Ормуската Теснинац, објави денеска иранската државна телевизија Прес ТВ, повикувајќи се на извор запознаен со преговорите. „Според конечното соопштение издадено од двајцата медијатори по минатонеделните разговори во Цирих, каналот е создаден за да се избегнат инциденти на стратешкиот воден пат што би можеле да доведат до воен конфликт и да се спроведат ...

-Бил Али Ахмети во Бутел и на јавен говор ги повикал Албанците во општина Бутел да се обединат. Но, за што? Ако Ахмети бара обединување, тоа, според мене, пред сè е заради криминал, поточно за негово лично богатење и за богатењето на неколкумина негови послушници. Тоа е првото. Второ, за градење згради и создавање урбан хаос, кој нему лично и на неколкумина други им носи финансиски бенефит. Секоја чистинка во Бутел, секој парк, тие го гледаат ...

Пратеникот на СДСМ, Јован Митрески, во собраниската расправа за измените на законите за основното и средното образование порача дека најавената оптимизација во образованието не смее да се спроведува на сметка на наставниците. Тој предупреди дека илјадници просветни работници се соочуваат со неизвесност за своите работни места, додека Владата не покажува подготвеност да ги намали сопствените трошоци и привилегии. Митрески порача дека доколку ...

Припадник на Иранската револуционерна гарда, баран со меѓународна потерница од САД за кибер-криминал тежок милијарди долари, вчера беше лишен од слобода во Котор, Црна Гора. Амир Барати (39), кој има двојно државјанство – турско и иранско, е уапсен во координирана операција на локалните безбедносни служби и американското ФБИ. Црногорската полиција соопшти дека Барати е обвинет за заговор, компјутерска измама и хакирање и кражба на идентитети, ...

Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам (ДИГУ) ќе спроведе присилно административно отстранување на бесправен објект во старото градско јадро на Охрид, откако при вонреден инспекциски надзор било утврдено дека не е постапено по претходно донесеното решение за негово уривање. -По информации добиени од јавноста, денеска државен инспектор од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, излезе на терен и направи вонреден контролен ...

На 43-годишниот македонски државјанин, кој го призна убиството на 45-годишната жена на грчкиот остров Крит, денеска му е одреден притвор по заедничка одлука на истражниот судија и јавниот обвинител. Осомничениот се товари за убиство со умисла, а пред истражните органи во Ханија изјавил дека злосторството било извршено по расправија со жртвата и дека не било однапред испланирано. Според грчките медиуми, тој во својот исказ побарал прошка од ...

Јапонските власти денеска наредија итна евакуација на повеќе од два милиони луѓе поради сериозни предупредувања од поплави и лизгање на земјиштето, соопштено е по приближувањето на тајфунот Мехала. Претходно, обилните дождови предизвикани од бурата парализираа делови од Тајван, каде приближно шест милиони луѓе останаа без работни обврски, а учениците беа ослободени од настава. Иако во меѓувреме ослабе во тропска бура, Мехала во моментов се ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
0.95
50%
1018
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
6.0
55%
1019
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
1.79
73%
1023
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
0.51
55%
1019
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
0.64
56%
1017
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 17ᴼ
0.5
93%
1023
weather icon

Атина

25ᴼ / 25ᴼ
3.67
38%
1012
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
1.97
49%
1015
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
4.17
39%
1016
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 22ᴼ
5.81
61%
1019
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 17ᴼ
2.24
54%
1023
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
3.02
100%
1015
Currency

61.5217

Currency

53.3095

Currency

71.9016

Currency

37.6328

Currency

38.2957

Currency

65.7252

Currency

7.903

Currency

0.64661

Currency

0.3348

Currency

0.52421

Currency

1.11625

Currency

0.55894

Калај

56.16

Бакар

13.36

Иридиум

252383.36

Алуминиум

3.34

Цинк

0.00

Сребро

2102.98

Злато

141498.65

Рутениум

53852.50

Платина

56328.11

Кобалт

56.29

Родиум

278103.96

Паладиум

43853.62