Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Министерството за култура и туризам изразува длабоко жалење по повод смртта на Владо Јаневски, еден од највлијателните македонски музички автори и изведувачи, кој со своето богато творештво остави неизбришлива трага во современата македонска музика. -Владо Јаневски беше уметник кој со својата исклучителна музикалност, препознатлива интерпретација и безвременски песни обедини генерации љубители на македонската музика. Неговото творештво, ...
Министерството за култура и туризам со длабока тага ја прими веста за смртта на истакнатиот македонски театарски режисер, драматург и културен деец Сашо Миленковски. -Со неговото заминување, македонската култура загуби еден од своите најзначајни и најавтентични театарски творци, чиј богат уметнички опус остави неизбришлива трага во современиот македонски театар. Во текот на својата повеќедецениска кариера, Миленковски реализираше повеќе од ...
Во парламентарна процедура во Црна Гора е доставен предлог за измени на Законот за работни односи со кој се предлага воведување право на продолжен викенд еднаш месечно за вработените. Новото законско решение веќе се наоѓа пред пратениците и предизвика голем интерес во јавноста. Предлогот, поднесен од Клубот на пратеници на Демократска Црна Гора, предвидува работниците да имаат слободен петок пред последниот викенд во месецот. Со тоа, ...
Единаесет лица го загубија животот во тешка авионска несреќа што се случи во градот Томблен, во североисточниот дел на Франција, соопштија попладнево од локалната префектура. Надлежните служби веднаш излегле на терен, но за жал, на патниците и екипажот им немало спас. Авионот бил во сопственост на училиште за падобранство, објави 4news.mk. Според првичните информации од теренот, сите лица кои се наоѓале во леталото загинале на лице место при ...
Се случува тотален распад на ЗНАМ. ЗНАМ беше вештачки создаден проект чија единствена цел беше да го ослабне СДСМ и да му обезбеди гласови на Мицкоски, стои во соопштението на СДСМ. Сега, кога таа функција е завршена, дојде време за нивниот крај. Во ЗНАМ во тек е последната битка за фотелји и тендери меѓу единствените што останаа, Горан Минчев и Максим Димитриевски. Веќе не му се потребни на Мицкоски, па меѓусебе се борат за последните ...
Македонската манекенка Дунавка Трифуновска, се огласи на Фејсбук, за да се прости од Владо Јаневски. -Си замина отако ми ги оствари сите желби, ме однесе секаде со тебе каде што ќе посакав, ми купи се што сакав, спиев до тебе кога јас сакам и ми ги откри тие тајни што ти ги сакаше. Знаев дека без тебе Скопје повторно ќе биде главен град на тагата. Исто како во нашиот спот за Скопје. Чаршија нема лик, а усти илјада…така ти напиша. Дунавка, ние ...
Примероците од вода земени за микробиолошка анализа од 43 мерни места во Скопје се во согласност со Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје во неделниот извештај. Секторот за санитарна контрола во периодот од 22 до 26 јуни извршил земање на 189 примероци за физичко-хемиска и 189 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 43 мерни места во градот. Примероците ...
Франција регистрираше околу 1.000 дополнителни смртни случаи за време на рекордниот топлотен бран што ја зафати Европа, соопшти француската агенција за јавно здравје. Според прелиминарните податоци на надлежните институции, најголем дел од жртвите се лица постари од 65 години, но здравствените власти предупредуваат дека конечниот биланс најверојатно ќе биде значително повисок. Главната причина за ваквите црни прогнози е што сè уште не се ...
Во 2024 и 2025 година беа направени значајни чекори во спроведувањето на Реформската агенда, кои се дел од процесот на усогласување со европските стандарди и исполнување на обврските од Планот за раст на ЕУ, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Европските институции го препознаваат напредокот на Македонија и затоа и оваа година Македонија ќе биде лидер во регионот по Планот за раст. СДС не гласаше ниту за едно од законските решенија што се дел ...
Пејачката Тијана Дапчевиќ се огласи на Инстаграм, каде сподели емотивна објава за Владо Јаневски. -Другарче мое…мирно патувај кон вечноста..многу ќе и недостасуваш на твоја “Тијанисимо” ..ме искрши💔, напиша Тијана. View this post on Instagram A post shared by Tijana Dapčević (@tijana.dapcevic) Македонската музичка сцена вчера изгуби едно од своите најголеми и најпрепознатливи имиња. По кратко боледување, на 66-годишна возраст почина ...
ВЛЕН одбележа 24 месеци владеење под мотото „Транспарентност и отчетност“, докажувајќи дека промената е можна кога постои волја. Пред две години, ВЛЕН презеде голема одговорност: да ја врати довербата на граѓаните во политиката што работи. Не со зборови и бескрајни оправдувања, туку со одлуки што се спроведуваат, проекти што се реализираат и резултати што го подобруваат секојдневниот живот на граѓаните, стои во соопштението на ВРЕДИ. Во текот ...
На 28.06.2026 во периодот од 17:00 до 23:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи и Одделението за сообраќајно и ескортно обезбедување спроведоа акциска контрола на подрачјето на град Битола, со цел санкционирање на возачи на мопеди, мотоцикли, трицикли, четирицикли и електрични тротинети кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата изречени се вкупно 58 ...
Измените на Изборниот законик, кои до петокот беа усогласувани од членовите на работната група, би можеле денеска да се најдат на собраниска седница како предлог на пратеници. Предлогот треба да биде потпишан од пратеничките групи и формално доставен до Собранието, што според извори од владејачкото мнозинство би можело да се случи уште денеска. Собранието денеска треба да започне нова седница, па дневниот ред би можел да се дополни со нови ...
Македонската пејачка Тамара Тодевска се прости од својот колега и пријател, Владо Јаневски. -Премногу направено, дадено и оставено… стиховите на кој никој не остануваше рамнодушен ќе бидат потврда за твојата вечност и големина. Ми беше чест што те познавав. Патувај мирно, драг мој Владо, напиша Тамара на Инстаграм. View this post on Instagram A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska) Македонската музичка сцена вчера изгуби едно од ...
Македонскиот пејач Дарио Панковски се прости од Владо Јаневски преку емотивна објава на социјалната мрежа Фејсбук. -Јаневски мајсторе, толку многу години заедно на сцена и толку многу работи сме поминале заедно, што би можел книга да напишам. Некогаш се сложувавме, понекогаш и не, но исклучително многу се почитувавме како блиски колеги. Ти мене Панковски, јас тебе Јаневски, така си се обраќавме кога ќе се видевме, к’о бајаги официјално, а у ...
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ постојано работи да ја зајакне меѓународната позиција на Македонија, работи на развој на економијата и на подобрување на животниот стандард на граѓаните, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Од друга страна, од СДС и од опозицијата се трудат да и штетат на Македонија. Кога во прашање се доведуваат државни интереси, без разлика дали станува збор за власт или опозиција, треба да се бранат истите. Дипломатскиот ...
Македонскиот шоумен Игор Џамбазов на социјалната мрежа Инстаграм се прости од македонскиот пејач и музичар, Владо Јаневски, кој почина на 66-годишна возраст по кратко боледување. -Збогум Владо… Понекогаш зборовите не се доволни. А понекогаш се излишни. Слава ти! И ти благодарам за се’ што направи…, напиша Џамбазов. View this post on Instagram A post shared by Igor Djambazov (@igordzambazov) Македонската музичка сцена вчера изгуби едно од ...
На 27.06.2026 година, околу 11:00 часот, во Тетово, на крстосницата од улиците „Видоје Смилевски Бато“ и „29 Ноември“, полициски службеници од СВР Тетово ја лишиле од слобода Н.Б. (65), државјанка на Република Албанија, поради сомнение за сторено кривично дело „измама“ по член 247 од Кривичниот законик. Според пријавата поднесена претходниот ден од 67-годишен маж од Тетово, тој бил измамен од женско лице кое лажно се претставувало како ...
УХМР ги објави температурите во осум часот, во градовите низ Македонија. Мерните станицаи покажаа дека ова утро најтопло е во Кавадарци каде се измерени 26 степени, Велес и Виница со 25, како и Скопје, Гевгелија и Демир Капија со 24. Најниска утринска температура е измерена на Попова Шапка, 19 степени. Топлото време продолжува и денеска, со температури до 39 степени. Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и слаб до ...
„Замина Владо Јаневски, еден од најголемите македонски поети на 21 век. Неговите стихови и песни ќе живеат засекогаш. Вечна му слава“. View this post on Instagram A post shared by Slatkaristika (@slatkaristika.official) Ова го напиша Марко Маринковиќ Слаткар по веста за смртта на македонската музичка легенда, Владо јаневски. По својата објава, тој објави и бројни стихови од песните на Владо Јаневски, на своето Инстаграм стори. Македонската ...
Ребека Јанковска-Ристевски се прости од својот колега и пријател Владо Јаневски, на социјалната мрежа Инстаграм. -Е тука си правевме планови, кај нас дома, во Чаир, на мојот 24ти роденден. Ти ми кажа дека имаш хит песна за мене. И така бидна Мачо. Ти благодарам за музиката, дружбите и долгите дискусии за поезија и животот. Патувај кон прегратките на Господа. Царство небесно , напиша Ребека за својот колега и пријател, Владо Јаневски. ...
Македонската актерка Весна Петрушевска се прости од Владо Јаневски преку трогателна објава на социјалните мрежи. -Тогаш некоја темна, необјаснива сила ме извади од гробот. Не знаев кој или што е тоа. Не зборуваше, но јас го следев без отпор. Патувавме низ бескрајниот космос. Ѕвездите светеа околу нас, а Земјата исчезна зад нас. По долго патување, далеку во вселената, здогледав друга планета. Личеше на Земјата, но беше поубава, посветла и ...
На покана на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денеска во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува министерот за надворешни работи на Република Литванија, Кестутис Будрис, соопшти МНРиНТ. Во фокусот на разговорите ќе бидат унапредувањето на билатералните односи меѓу двете земји, соработката во рамките на НАТО, како и поддршката од Литванија за европската интеграција на Северна ...
Министерот без ресор задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030, Шабан Салиу, денеска на прес-конференција ќе ги презентира досегашните активности, постигнатите резултати и идните приоритети во спроведувањето на политиките за интеграција и инклузија на Ромите. Од Кабинетот на министерот информираат дека прес-конференцијата ќе се одржи во Медија центарот на Владата на Република Северна Македонија. ...
Поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска (29 јуни) делови од општините Кисела Вода и Карпош ќе останат без електрична енергија, информираат од ЕВН Македонија. Во општина Кисела Вода, од 05:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат корисниците на улиците „Герника“ (бр. 8 и 10) и „Иван Хаџиниколов“ (бр. 3 и 5) во населбата Драчево. Во општина Карпош, од 09:00 до 13:00 часот прекин во снабдувањето ќе има на улицата ...
Топлото време продолжува и денеска, со температури до 39 степени. Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од источен правец. Температурата ќе се движи од 14 до 39 Целзиусови степени. Во Скопје се очекуваат температури од 21 до 38 степени. Од утре попладне, под влијание на циклонска активност, се најавува промена на времето со повремени врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Локално се можни ...
Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за политички систем, за прашања на изборите и именувањата, за финансирање и буџет, како и Законодавно-правната комисија. Комисијата за политички систем ќе го разгледува Предлог-законот за соодветна и правична застапеност во второ читање. Комисијата за прашања на изборите и именувањата ќе одлучува за неколку предлог-одлуки, меѓу кои и за именување заменик на генералниот секретар на Собранието. ...
Собранието денеска ќе одржи три седници – 109., 105. и 104., на кои пратениците ќе разгледуваат повеќе предлог-закони, одлуки и извештаи. На 109. седница на дневен ред се измените на одлуката за продолжување на кризната состојба, дополнетиот Предлог-закон за игрите на среќа и забавните игри, измените на Законот за испитување и жигосување на огненото оружје и муницијата, како и Предлог-законот за јавни претпријатија и трговски друштва во ...
Земјотрес со локална магнитуда од 3,0 степени според Рихтеровата скала ноќеска во 00:06 часот е регистриран во тетовско-гостиварското епицентрално подрачје, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Според досегашните податоци, потресот бил почувствуван во Гостивар, Тетово и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала. -Според податоците со кои располага Сеизмолошката ...
Слаб земјотрес со јачина од 2,90 степени според Рихтеровата скала е регистриран кратко по полноќ во западното подрачје на земјата. Сеизмичкиот настан е забележан точно во 00:06 часот (00:06:54) по локално време, објави 4news.mk. Според официјалните податоци прикажани на сеизмолошката мапа, епицентарот на потресот бил лоциран на координати 41.890° СГШ и 20.760° ИГД. Хипоцентарот на овој потрес се наоѓал на длабочина од 10 километри под ...