Скопје
29ᴼ /
29ᴼ
Несекојдневен инцидент ги изреволтира жителите на скопската населба Кисела Вода. Во групата на Фејсбук насловена „Кисела Вода-Пријави проблем”, беа објавени фотографии од детско игралиште во населбата, полеано со уље. -„Вака јавно да го прашам тој што детските реквизити ги истури со уље во паркчето каде што дечињата од најмали до најголеми се радуваат ,дали сега помирно ќе спиеш, дали совеста ќе те копка? Не бе другари, не е до државата, не е ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ја посети детската градинка „13 Ноември“, каде во текот на летниот период се згрижуваат деца од училишна возраст, во рамки на програмата што ја реализира локалната самоуправа. За време на посетата, Герасимовски разговараше со вработените и децата, при што се информираше за дневните активности и начинот на кој најмладите го поминуваат летниот распуст. Во дворот на градинката тој ...
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) успешно спроведе акција за отстранување на неексплодирана артилериска граната од 155 милиметри, тешка околу 45 килограми, која датира од Првата светска војна. Гранатата била пронајдена во атарот на селото Пепелиште, општина Неготино, а поради местоположбата и непристапниот терен, нејзиното отстранување се одвивало во сложени услови. ДЗС „Поради непристапниот терен и локација на неексплодираното убојно ...
Од Територијалната Противпожарна Единица во Крива Паланка, информираат за сообраќајна несреќа во која морале да интервенираат и да го вадат повреденото лице од автомобилот. Според податоците, несреќата се случила вчера, 09.07.2026, на улицата „Партизанска” во Крива Паланка. -По примена дојава за настаната сообраќајна незгода на ул.Партизанска со 1 противпожарно возило и 3 пожарникари пристапивме со вадење на повреденото лице по што беше ...
Според најновите податоци на Народната банка, цените на становите во Скопје во вториот квартал од годинава пораснаа за дополнителни 13,3% на годишно ниво. Трендот на вештачко пумпање на цените продолжува со уште позабрзано темпо, додека институциите не прават ништо за да ги заштитат граѓаните, пишува во денешното соопштение. -Ситуацијата се случува во реалност каде што македонскиот работник е официјално најниско платениот работник во цела ...
ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осудува ниските и подмолни навреди на Фатмир Битиќи кон министерката Гордана Димитриеска-Кочоска, која освен тоа што е носител на јавна функција, е и жена, мајка, ќерка и активен граѓанин на Република Македонија, човек со интегритет и докажана професионалност, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение. -Нападите и омаловажувањата искажани од Фатмир Битиќи се одраз на слаб и исплашен човек. Само човек кој е несигурен во себе ...
Кичево вчера се прости од полицискиот службеник Генц Арслани, кој ненадејно почина на 44-годишна возраст. Зад себе ги остави сопругата и двете малолетни деца. Арслани, роден на 3 ноември 1982 година, беше меѓу првите припадници на полицијата кои ја започнаа својата служба во 2002 година. На 1 февруари истата година го започнал работниот ангажман во Полициската станица Кичево, каде повеќе од 20 години професионално и посветено ја извршувал ...
Лошите едноцифрени рејтинзи на ниво на статистичка грешка на СДС, Левица и ДУИ е причина што го опструираат и го блокираат новиот Изборен законик, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение. -Ваквиот нивен однос нема друго оправдување, затоа што консензусот помеѓу политичките партии за носењето на овој закон со месеци се градеше во работната група. Изборниот законик е дел од Реформската агенда и наместо да седнат на маса со сите политички чинители и ...
Македонија со најниска инфлација од земјите во регионот, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ успешно се справува со поскапувањата и цените ги задржа на најниско можно ниво, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение за јавноста. -Додека светот се соочува со ценовни шокови, со преземените владини мерки за време на енергетската криза предизвикана од војната во Иран, состојбата во државата остана стабилна и контролирана. Државниот завод за статистика ...
Поранешниот македонски премиер Никола Груевски се огласи на Фејсбук и објави дел од негов есеј, на тема „Историјата на идеите за Балканска КонФедерација”. -На балканот долго низ историјата се говореше за создавање балкански сојуз во форма на федерација или конфедерација, заради повеќе цели и мотиви, но тоа никогаш не се случи. Наместо тоа се случуваа освојувачки војни и многу ѕверства во нив, асимилации и многу терор, од каде произлезе голема ...
Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 13.07.2026 година (понеделник), ќе почне реализацијата на терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје. -Терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци ќе се врши од 13.07.2026 година (понеделник) до 16.07.2026 година (четврток), од 22 до 03 часот наредниот ден. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ...
Невообичаен случај е пријавен во полиција во Скопје, откако 54-годишна жена се јавила и кажала дека родителите не ја пуштаат да излезе од дома. Случајот бил пријавен вчера во 16:30 часот во СВР Скопје. Според пријавата, настанот се случил на 2 јули на подрачјето на Центар, кога жената била спречена од нејзините родители да излезе од семејниот дом. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности ...
На 8 јули 2026 година, во 16:30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат Скопје–ХЕЦ Козјак се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.В. (63) од село Батинци, скопско, и мопед управуван од А.Д. (18) од село Цветово, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 13-годишен сопатник на мопедот, додека возачот на мопедот се здобил со телесни повреди. ...
На 8 јули 2026 година, во 18:30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат Скопје–Тетово, во близина на село Ласкарци, се случила сообраќајна несреќа во која патничко возило „Ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А. (33) од село Сарај, скопско, удрило во малолетен пешак од село Ласкарци. Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. ...
УХМР ги измери температурите во градовите низ Македонија, во осум часот утринава. Мерењата покажаа дека најсвежо ова утро е на Попова Шапка со измерени 11 степени, по што следи Берово со 12 степени Целзиусови. Најтопло е во Гевгелија со 24 степени, па следи Струмица како еден од најтоплите градови во осум часот, со измерени 20 степени. Во Скопје утринава се измерени 19 степени, соопшти УХМР. Денешниот ден ќе биде претежно сончев, проследен со ...
По повод 11 Јули – Меѓународниот ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница, денеска во Собранието на Република Северна Македонија ќе се одржи комеморативен настан. Според најавата од Собранието, одбележувањето ќе се одржи во салата „Борис Трајковски“, а со програмата ќе раководи претседателот на Комитетот за односи меѓу заедниците, Аднан Азизи. Пред присутните ќе се обратат претседателот на Собранието, Африм Гаши, пратеникот Амар Мециновиќ, ...
Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска со почеток во 12:30 часот ќе ја продолжи расправата по амандманите поднесени на Предлог-ребалансот на Буџетот. За предложениот ребаланс се доставени вкупно 224 амандмани. Од нив, 90 ги поднела ДУИ, 78 СДСМ, 51 Левица, а пет коалицијата ВРЕДИ. Комисијата во изминатите седници веќе разгледа дел од предложените измени. Со ребалансот, вкупните буџетски приходи се планирани на 379,2 милијарди ...
Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска ќе престојува во работна посета на Општина Тетово. Во рамки на посетата, заедно со градоначалникот Биљал Касами, ќе изврши увид во завршената реконструкција на улицата „Штипска“, каде што ќе биде презентиран реализираниот инфраструктурен зафат. Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска ќе престојува во работна посета на Општина Тетово. Во рамки ...
Амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија, Михалис Рокас, денеска ќе престојува во работна посета на Општина Кичево, во рамки на иницијативата насочена кон доближување на Европската Унија и евроинтегративниот процес до локалните заедници. Посетата ќе започне со средба на Рокас со градоначалникот на Кичево, Александар Јовановски, како и со членовите на општинскиот Совет. Од Делегацијата на ЕУ во Скопје информираат дека разговорите ...
Поради закажани работи на електродистрибутивната мрежа, денеска дел од жителите на општина Ѓорче Петров ќе останат без електрична енергија, соопшти ЕВН Македонија. Планираниот прекин ќе трае од 09:30 до 14:30 часот, а ќе ги опфати делови од улиците „Борис Сарафов“, „Македонска Преродба“ и „Знеполе“. Од компанијата информираат дека прекинот е предвиден поради редовни активности за одржување и модернизација на електродистрибутивната ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, заедно со градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска ќе го посети новиот Центар за услуги – ЕТУ Прилеп, наменет за административни услуги за граѓаните. Од Министерството за дигитална трансформација информираат дека посетата е планирана за 11:00 часот. По посетата, пред новата канцеларија ќе бидат дадени изјави за медиумите од министерот Андоновски и градоначалникот ...
Денешниот ден ќе биде претежно сончев, проследен со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринските температури ќе се движат од 11 до 20 степени, додека дневните ќе достигнат меѓу 28 и 34 степени. Во Скопје се очекува сончево време со мала облачност и слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе изнесува околу 15 степени, а максималната ќе достигне до 34 степени. Прогнозата на УХМР за сабота ...
Документарниот филм „Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска испиша нова страница во историјата на македонската кинематографија, со две номинации за 78. Emmy Awards, најпрестижните награди во светската телевизиска индустрија. Ова е првпат македонски филм да биде номиниран за Emmy Awards, со што успехот на „Силјан“ добива историско значење не само за Македонија, туку и за документарниот филм во регионот. Филмот е номиниран во категоријата ...
По денешниот состанокот на централното раководство, ВЛЕН јасно порачува: односите со Албанија, институционалната комуникација и меѓуалбанската соработка не смеат да бидат жртва на тесни партиски интереси. Албанците во Северна Македонија, Албанија, Косово и регионот имаат потреба од повеќе единство, повеќе доверба и повеќе заедничка одговорност. Токму затоа, секој обид за кодошење, лажно известување, политичко подметнување или нарушување на ...
Отровната риба-зајак почнала да се појавува во водите на Грција околу 2003 година, но летово нејзиниот број е драстично зголемен. Грчките медиуми почнаа да споделуваат интерактивна мапа на која се одбележани места на кои се појавувала рибата низ годините. Иако податоците не се од оваа година, мапата покажува каде постои поголем ризик рибата да се појави и годинава. Отровната „риба-зајак“ летово им создава проблеми на Грците, но и туристите во ...
На 08.07.2026 во 17:00 часот полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода Г.А.(43) од Куманово, Ќ.М.(41), А.М.(34) и И.М.(67) сите од с.Липково, општина Липково, постапувајќи по претходна пријава дека во стан на ул.„Србо Томовиќ“ во Куманово, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка, во која Г.А. од огнено оружје, испукал неколку куршуми во воздух. По целосно документирање на случајот, против ...
Македонија ја зацврстува улогата како сигурен партнер на Интерпол. Од размена на разузнавачки информации и заеднички операции, преку обука на полициски кадар, до испраќање на експерти. Шефот на Интерпол, кој е во официјална посета на Скопје порача дека нашата држава покажува сериозен пристап кон меѓународната полициска соработка, а тоа го докажува преку практични примерии. „Од соработката што ја видов на вашата граница со Албанија, како и од ...
Христијан Мицкоски денеска се сретна со генералниот секретар на Интерпол и најави зајакнување на соработката во борбата против организираниот криминал.Ако навистина сака да се бори против криминалот, тогаш нека почне од најблиску – околу себе, велат од СДСМ. Нека ги замоли Интерпол веднаш да ја истражат аферата со петте тони дрога што слободно поминаа преку македонската граница и царина. Нека им каже дека дрога завршила во Србија, во селото ...
За Мицкоски знаеме дека стои финансиски добро, ама народот воопшто не стои финансиски добро. Граѓаните се доведени до просјачки стап. Го бројат секој денар, прават невозможни математики како да го протуркаат месецот, со платата која едвај стигнува за храна, а не па за сметки или други потреби, велат од СДСМ. Лесно му е на Мицкоски, премиерот со колекцијата од најскапите часовници од 60 илјади евра. Човек кој не сака да чуе за 600 евра ...
Денеска остварив средба со генералниот секретар на Интерпол, Валдеси Уркиза, информираше на социјалните мрежи премиерот Христијан Мицкоски. Разговаравме за унапредување на соработката со Интерпол, за зајакнување на борбата против организираниот криминал, сајбер-криминалот, трговијата со луѓе и сите облици на прекуграничен криминал, како и за понатамошно јакнење на капацитетите на нашите институции. Македонија останува посветен и доверлив ...