Скопје
29ᴼ /
29ᴼ
На 11.07.2026 во СВР Скопје е пријавено дека околу 15:00 часот пред угостителски објект во с.Сарај, скопско по претходна расправија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 14-годишен малолетник и друг малолетник. По кратко време пред продажен објект се сретнале 14-годишникот и 16-годишен малолетник кој го нападнал со остар предмет при што му нанел тешка телесна повреда, а 14-годишникот му возвратил со тврд предмет и му нанел ...
Пожар избувна вчеравечер во познатиот угостителски локал „Baking Bread“ на улицата „Димитрие Чуповски“ кај Рекорд, кој се наоѓа во приземјето на станбена зграда во центарот на Скопје. Благодарение на брзата интервенција на Противпожарната бригада, огнот беше локализиран и изгаснат пред да се прошири кон останатиот дел од објектот. По настанот, сопственикот Мише Цвејевски се огласи на социјалните мрежи, посочувајќи дека никој не е повреден и ...
СДС нема кредибилитет да зборува за Европа, по 7 години неисполнети ветувања, национални отстапки и понижувања. СДС зборува за Европа, а го кочи носењето на Изборниот законик, возвраќаат од ВМРО-ДПМНЕ. СДС е партија која што бланко потпишуваше се што им беше побарано само за да се на власт, СДС ги излажа граѓаните и покрај сите понижувања не успеаја да го испорачаат тоа што ветиле и се договарале. СДС е партијата која седум години ја ...
Не можете да кажете дека СДСМ шири невистини, кога граѓаните сами гледаат. Не треба никој да ги убедува. За ова нема лаги – само вистина, велат од СДСМ. Oрганизираната криминална група ВМРО повторно се обидува со суви бројки и пропаганда да го убеди народот дека живее подобро. Тврдат дека имаме најниска инфлација во регионот и дека СДСМ шири паника. Но народот не живее од статистички извештаи. Народот живее од тоа што го гледа во ...
Изборниот законик е еден од најважните закони во секоја демократија и токму затоа е несериозно владејачкото мнозинство да се повлекува од процесот и сопствената одговорност да ја префрли врз опозицијата. ДПМНЕ ја пушти змијата во процесот – постави црвени линии околу гласањето на дијаспората, го оптовари целиот процес со тема што не беше предмет за формирање на Работната група, а потоа се повлече на страна, оставајќи ја опозицијата сама да го ...
Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска, заедно со претставници од МВР – Одделението за превенција, полициските станици Кисела Вода и Драчево, претседателот на Советот, советниците, директорите на основните училишта, претставниците на советите на родители и наставници, како и општинската администрација, викендов, во вечерните часови, реализираше заеднички превентивни активности преку проектот „Соседска патрола“. Во петокот и саботата, ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека и наредил на армијата да биде подготвена за напади врз Иран, ако Техеран се обиде или изврши атентат врз него. – Илјада ракети се распоредени и насочени кон Исламската Република Иран, а уште илјадници се подготвени веднаш да следат доколку иранската влада ја исполни својата закана, упатена на многу места низ целиот свет, за атентат или обид за атентат врз актуелниот претседател на САД – во овој ...
Портпаролката и членка на Извршниот одбор на СДСМ, Богданка Кузеска, на денешната прес-конференција упати остри критики до премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи го дека свесно ја жртвува иднината на државата. Според неа, со своите последни ставови Мицкоски потврдил дека ѝ кажува збогум на Европа и избира Македонија со децении да чека заглавена во изолација додека регионот напредува. Кузеска истакна дека зад ваквата политика стои страв од ...
ДОБРО УТРО Со оваа фотографија од една вечер која зборуваше повеќе од илјадници зборови, каде обичните граѓани се обединија за да го одбранат своето достоинство, историја и иднина, ви посакувам мирна недела полна со надеж, пишува на социјалните мрежи Бујар Османи. Бидејќи, секогаш кога луѓето избираат да не молчат пред регресот, национализмот и неспособноста, има причина да се верува дека утрешниот ден може да биде подобар, стои во објавата ...
Уставниот суд упатува остри критики кон обидите за груба партизација и политизација која деновиве одредени политички партии се обидуваат да ја наметнат со цел да ја зголемат сопствената визибилност на политичкиот простор, користејќи ги работата, одлуките, како и меѓународните активности на Судот. „Така, унапредувањето на меѓународната соработка на Уставниот суд беше ставена во дневнополитички контекст и искористена за партиски пресметки и ...
Кочанчанецот А.Л. (41), кој бил приведен откако во возило во кое се наоѓал била пронајдена бела прашкаста материја, успеал да избега од полициската станица во Кочани додека бил задржан за распит. Според информациите од полицискиот билтен, на 9 јули 2026 година околу 23:55 часот, на влезот во селото Истибања, виничко, полициски службеници од ОВР Кочани, ОВР Делчево и Полициското одделение Македонска Каменица ги лишиле од слобода Ј.Ј. (25) и ...
На 11.07.2026 во 12:30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишија од слобода С.С.(32), М.Х.(22) и Б.Ј.(19) сите од Скопје. Претходно, 39-годишна велешанка пријавила дека забележала две машки лица кои го напуштаат објектот каде била вработена со поголема количина на роба и кога се упатила кон нив, истите се дале во бегство, по што влегле во патничко возило и го напуштиле местото, а пријавителката забележала дека од објектот ...
На 11.07.2026 во 18:46 часот во СВР Тетово, А.Ч.(38) од село Жеровјане побарал помош за него и уште две лица, Н.М. од с.Слатино и Б.А. од с.Глоѓи. Пријавителот известил дека со возило пристигнале до местото викано „Три води“, атар на село Теарце, по што пешки се упатиле кон Шар Планина и останале заглавени, а притоа оддеднаш му се влошила здравствената состојба со болки во градите и отежнато дишење. Веднаш по добиената пријава се известени ...
Во пресрет на денешниот голем христијански празник Петровден, вчера во Виница, го посетив првиот Петровденски базар. Искрено ме воодушевија талентот, креативноста и посветеноста на локалните уметници и занаетчии, информираше на социјалните мрежи лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Секоја рачна изработка носи своја приказна и сведочи за богатата традиција, трудот и љубовта што луѓето од овој крај ги вложуваат во она што го создаваат. Базарот беше ...
Христијан Мицкоски и неговата влада се подготвуваат за предвремени парламентарни избори Иако коалициониот партнер Фатмир Лимани најави 18 април 2027 година како можен термин, поради драматичниот пад на рејтингот и целосниот економски колапс, Мицкоски ќе се обиде да ги распише многу порано – најверојатно до крајот на оваа или на почетокот на следната година, велат од СДСМ. Причината е јасна и не може да се прикрие: во буџетот нема пари, ...
Рената Младеновска, членка на Извршниот одбор на СДСМ, на денешната прес-конференција јавно го обвини министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за нов, тежок скандал во МВР. Таа обелодени дека познатиот криминалец Александар Лазаров, со прекар Цуна, кој и претходно бил осудуван за трговија со дрога, успеал да побегне низ прозорец од полициската станица во Кочани. Младеновска остро реагираше на овој настан, посочувајќи дека ваквите ...
Тројца планинари синоќа успешно биле извлечени од планината Бистрица. Преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, во 18:46 часот, во Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Тетово била примена пријава од лице кое побарало помош за извлекување од планината Бистрица, поради заглавеност на непристапен и тежок терен. Како што соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), според добиените информации, станувало збор за група ...
Ако не сте во групата ревносни проучувачи на Библијата, веројатно не сте ни забележале дека апостолот Петар имал сопруга. Всушност, во свеста ни е вградено дека апостолите не биле женети, иако тоа, барем кај некои од нив, е малку веројатно. Но, податоци имаме само за Петар, а вниманието е насочено кон нејзината мајка, која како и сопругата на апостолот, не е именувана. Иако Римокатоличката црква тврди дека Петар е првиот папа, таа би сакала ...
Единствената коалција која функционира е Левица, СДС и ДУИ кои се обединети за блокада на изборниот законик, поради страв од избори си подготвуваат предвреме алиби, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Наместо да поддржат закон кој ги вградува препораките и го подобрува изборниот процес, тие свесно ја кочат постапката и бараат нови изговори. На јавноста и е јасно дека ова не е борба за подобар Изборен законик, туку обид однапред да се создаде алиби за ...
Со околу двочасовна интервенција од воздух и со формирање на заштитен појас од копно за да се спречи натамошно ширење, пожарот кај месноста Пирин Чешма во Општина Валандово е локализиран. Ова за МИА го потврди градоначалникот на Валандово, Ѓоко Камчев, кој очекува пониските вечерни температури да помогнат за целосна ликвидација на пожарот во утринските часови. – Пожарот во моментот е локализиран. Пресечени се приодите, односно со помош на ...
Албанија нема да го искористи правото на вето против Северна Македонија во процесот на пристапување кон Европската Унија, дури и ако претходно стане членка на Унијата. Ова го порача албанскиот премиер Еди Рама, одговарајќи на прашање на студент од Скопје за време на младинскиот камп „RinCamp 2026“ во Јал, каде што учествуваат и млади од Северна Македонија. Рама истакна дека со години се спротивставува на користењето на ветото во процесот на ...
Во последните години сведоци сме дека секоја јавна расправа за рударството, а особено за проектот „Иловица – Штука“, сè почесто се претвора во натпревар кој погласно ќе зборува, наместо кој ќе понуди повеќе факти. Веруваме дека е време оваа дебата да се врати таму каде што припаѓа – кај науката, експертите и институциите. Кога се носат одлуки што ќе имаат влијание врз животната средина, здравјето на луѓето, економијата и иднината на државата, ...
Романски државјанин синоќа бил успешно пронајден во кањонот Матка, откако побарал помош преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112. Лицето се изгубило при самостојно движење во реонот на Матка, во близина на пештерата Врело, на подрачјето на Општина Сарај. Веднаш по приемот на пријавата, Центарот за управување со кризи (ЦУК( ги презел сите неопходни активности и ги известил Министерството за внатрешни работи (ЦИК Скопје), ...
Послените пораки од Европската Унија се најсилниот доказ дека Македонија повеќе не е на европската агенда, велат од СДСМ. Додека Европската Унија на таканаречениот „супер вторник“ отвора нови кластери и поглавја со земјите кандидати, Македонија повторно останува надвор од европскиот пат. Украина и Молдавија ги отвораат преговорите, Црна Гора и Албанија напредуваат, а нашата држава не е дел од европската динамика. Ова е директна последица на ...
Единствената коалција која функционира е Левица, СДС и ДУИ кои се обединети за блокада на изборниот законик, поради страв од избори си подготвуваат предвреме алиби, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Наместо да поддржат закон кој ги вградува препораките и го подобрува изборниот процес, тие свесно ја кочат постапката и бараат нови изговори. На јавноста и е јасно дека ова не е борба за подобар Изборен законик, туку обид однапред да се создаде алиби за ...
СДС секојдневно шири невистини и се обидува да создаде чувство на економска несигурност, но официјалните податоци повторно ги демантираат нивните тврдења, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Бројките и податоците јасно покажуваат дека Македонија има најниска инфлација во регионот. Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, годишната инфлација во јуни изнесува 3,4 проценти, а во однос на мај е намалена за 0,5 проценти. Тоа се официјални ...
Денешниот ден ни носи променливо облачно време со сончеви периоди во претпладневните часови, додека во попладневните се очекуваат услови за појава на локален пороен дожд проследен со грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер, кој во западните делови ќе биде од западен правец, а во источните предели ќе дува од северозападен правец. Наутро температурите ќе се движат во интервал од 9 до 15 степени, додека максималните дневни вредности ќе достигнат ...
Пиротехничарот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Зоран Пејев, безбедно отстрани неексплодирана артилериска граната со калибар од 100 мм, тешка 13,6 кг, на брегот на Дојранското Езеро. Гранатата потекнува од Првата светска војна, наменета е за ,,хаубица” М14 а вакви неексплодирани убојни средства најчесто се пронаоѓаат во Дојранскиот, Гевгелискиот, Битолскиот и Охридскиот регион. Пиротехничарот на Дирекцијата за заштита и ...
Градоначалникот денеска оствари работна средба со тимот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во Македонија, предводен од директорот Фатих Туркменоглу, на која беа направени финалните координации за следните чекори во реализацијата и оптимализацијата на проектот Брз автобуски превоз (БРТ). На средбата беше потврдена заедничката определба за успешно спроведување на проектот, кој претставува една од најзначајните инвестиции во ...
Скандалот во Полициската станица во Кочани отвора сериозни сомнежи за тешки пропусти, злоупотреби и спрега на ВМРО со криминалци. Лице приведено за трговија со дрога избегало од полициска станица во Кочани, велат од СДСМ. Панче Тошковски не смее да молчи. Јавноста има право да знае: Кој е одговорен за овој скандал? Дали има грижа на совест што го пушти да избега наркодилерот А. Л викан Цуната, кој се поврзува и со дискотеката „Пулс“ во ...